Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Надлежности

Советот ги врши следните работи:

1. Донесува Статут на Општината;
2. Донесува Деловник на Советот;
3. Донесува Програма за работа;
4. Донесува Буџет на Општината и Годишна сметка на Општината;
5. Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи  за финансирање на Општината, во рамките  утврдени со Закон;
6. Донесува детални урбанистички планови и урбанистички планови за село и урбанистички планови вон населени место; 
7. Донесува Програма за уредување на градежното земјиште;
8. Донесува прописи од областа на заштитата на животната средина и природата, локалниот економски развој, културата, спортот и рекреацијата; социјалната заштита и заштита на децата, образованието, здравствената заштита; во рамките на надлежноста определена со посебен закон или во согласност со национална програма;
9. Донесува Програма за изградба и одржување на локални патишта и улици;
10. Донесува Програма за јавно осветлување;
11. Донесува Програма за изградба, реконструкција и одржување на локални водоводи; 
12. Донесува Одлука за одржување и користење на јавните пазаришта;
13. Го уредува начинот на чистењето на оџаците;
14. Го уредува одржувањето на јавниот простор за паркирање и начинот на неговото користење од локално значење;
15. Одобрува Програма за одржување и користење на парковите, зеленилото и други јавни рекреативни површини од локално значење;
16. Го уредува одржувањето  на гробиштата, како комунална дејност и јавна функција;
17. Ја  утврдува организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација, на предлог на Градоначалникот;
18. Основа јавни служби и врши надзор над нивната работа;
19. Именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги основа;
20. Усвојува Програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, кои ги основала;
21. Усвојува извештаи за извршување на  Буџетот и годишната сметка  на Општината како и  извештаи  за извршување на годишните програми на Општината;
22. Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење, во согласност со Закон;
23. Ги усвојува извештаите за работата и годишните сметки на јавните служби, кои ги основала;
24. Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на Општината;
25. Одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на Буџетот на Општината, во согласност со Закон;
26. Со одлука  ја  утврдува  висината  на  комуналните  такси и надоместоци;
27. Формира  Комисија  за  утврдување  на  пазарната  вредност  на  имот  според  пропишаната  Методологија  од  страна  на  Владата  на  Република  Македонија  и  ги  утврдува  стапките на  даноци на имоти;  
28. Го  определува  работното  време  на  занаетчиските  дејности  во  зависност  од  месните  обичаи  во  општината;
29. Усвојува  План  за  мерки  и  активности  за  надминување  на  финансиската  нестабилност  на  општината  предложен  од  градоначалникот  кој  е  задолжителен  за  општината;
30. Го избира лицето кое раководи со подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во Општината, во согласност со Закон;
31. Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавна безбедност на подрачјето на Општината, кој го доставува до Министерот за внатрешни работи и Народниот Правобранител;
32. Може да дава препораки на раководното лице на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот;
33. Избира и разрешува претседател на Советот;
34. Формира постојани и повремени комисии;
35. Врши одделни овластувања во согласност со Закон врз добрата од општа употреба и врз природните богатства на подрачјето на Општината;
36. Востановува општински признанија и награди;
37. Дава мислење по предлог законите кои се однесуваат на Општината;
38. Врши други избори и именувања од своја надлежност;
39. Донесува други прописи за работите од своја надлежност;
40. Донесува Програми за дезинфекција и дератизација, и
41. Донесува и други програми, прописи, предлози и врши други работи по иницијатива на градоначалникот или стручните служби на општината;
42. Врши и други работи.

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa