Изложени Детални Урбанистички Планови на јавна анкета

Градска четврт ЈИ 08, Општина Кисела Вода

Границата на плански опфат е прикажана во графичките прилози и е дефинирана помеѓу:

-На северо - исток границата е по основина на железничка пруга, односно коинцидира со североисточната граница на Градска четврт ЈИ 07 и Градска четврт ЈИ 09;

-На југо - исток границата коинцидира со дел од југо – источната граница на ГУП Скопје 2012;

-На југо – запад е по осовината на булевар „Македонија“, односно коинцидира со дел од североисточните граници на Градска четврт Ј19 и Градска четврт Ј16;

-На северо - запад е по осовината на булевар „Србија“, односно коинцидира со дел од југоисточната граница на Градска четврт И17;                                                                                                                                                                                                                                                                                                                          Според опишаните граници за Градска четврт ЈИ 08 вкупната површина на планскиот опфат изнесува:

-вкупната површина до регулациони линии на граница на градска четврт 127.63ха.

-вкупната површина по осовините на  примарните сообраќајници изнесува  141.10ха.

Во рамките на планскиот опфат на предмдетниот локалитет со ГУП на Град Скопје 2012 се планира развој со доминантна намена на површина

А- домување

М(А-домување + Б- комерцијални и деловни намени) – мешовита намена

М(Б-комерцијални и деловни намени + Г-производство, дистрибуција и сервиси)

Г- производство, дистрибуција и сервиси

Е2-комунална супсратсруктура

Датум на објава на 15.03.2017 година.

и ќе се спроведе со излагање на   предлог -Планот во просториите во урбана единица У.З. ” 11 Октомври - бараки”.

                Jавната анкета ќе трае 10 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението, секој работен ден од 7-15 часот, контакт   Елизабета  Тасевска  тел.071/391- 176 (У.З. ” 11 Oктомври - бараки”).

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 21.03.2017 година во 12 часот во У.З. 11 Октомври – бараки, Општина Кисела Вода.

 

Градска четврт Ј14, Општина Кисела Вода

Деталниот урбанистички план за Градска четврт 14, Општина Кисела Вода, плански период 2016-2021,  е со граници на планскиот опфат помеѓу: улица „Првомајска“ или улица „Борис Трајковски“,   улица „бул. Србија“, улица „ Христо Татарчев“ и улица „Народни Херои.

Површината до регулациони линии на граница на градски четврт е 77.75ха, додека пак површината по осовините на примарните сообраќајници е 82.09ха.

Просторот во рамките на планскиот опфат според ГУП на град Скопје 2012-2022 е планиран со класа на намена А-домување, Мешовита со Б-комерцијални и деловни намени и Г-производство и дистрибуција.

Датум на објава на 14.03.2016година.

Јавната анкета и јавната презентација по   предлог Деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј14,  ќе се спроведе со излагање на   предлог -Планот во просториите во урбана единица У.З. ”Расадник”.

Јавната анкета ќе трае 10 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението, секој работен ден од 7-15 часот, контакт  Наташа Настеска  тел.070/294-434.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавна презентција со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 17.03.2016 год. во 12 часот во барака 7-Голема сала при Општина Кисела Вода.

 


 

Градска четврт Ј20 – Блок 04, Општина Кисела Вода

Повторна јавна анкета и јавна презентација

Деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј20 – Блок 04, Општина Кисела Вода, плански период 2015-2020,  е со граници на планскиот опфат помеѓу: улица „Антон Попов“ , улица „Димо Хаџи Димов“, улица „Мариовска“, улица „ Милан Мијалковиќ“, улица „Пржино“, улица „Наум Охридски“ и улица „ Павел Шатев“.

Опфатот е со површина од 32,90ха.

Основната класа на намени согласно Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 е А-домување, која што ќе биде надополнувана со други класи на намени.

Датум на објава на соопштението за повторна јавна анкета - 21.01.2016 година.

Повторната јавна анкета по предлог Деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј20 – Блок 04,  ќе се спроведе со излагање на   предлог -планот во просториите во урбана единица У.З. ”Пржино”, во урбаната единица У.З. “Црниче” и во урбаната единица У.З. “Бирарија” на ул. Иван Козаров бр.5.

Повторната јавна анкета ќе трае 5 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението секој работен ден од 7-15 часот.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 25.01.2016 година во 12 часот во просториите  на Општина Кисела Вода – барака 7, Голема сала.


 

Градска четврт Ј20 – Блок 04, Општина Кисела Вода

Деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј20 – Блок 04, Општина Кисела Вода, плански период 2015-2020,  е со граници на планскиот опфат помеѓу: улица „Антон Попов“ , улица „Димо Хаџи Димов“, улица „Мариовска“, улица „ Милан Мијалковиќ“, улица „Пржино“, улица „Наум Охридски“ и улица „ Павел Шатев“.

Опфатот е со површина од 32,90ха.

Основната класа на намени согласно Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 е А-домување, која што ќе биде надополнувана со други класи на намени.

Датум на објава на соопштението за јавна анкета - 15.10.2015 година.

Јавната анкета трае 10 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот се одржи на ден 22.10.2015 година во 12 часот во просториите  на Општина Кисела Вода – барака 7, Голема сала.

 


 

Градска четврт Ј20 – Блок 01, Општина Кисела Вода

Деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј20 – Блок 01, Општина Кисела Вода, плански период 2015-2020,  е со граници на планскиот опфат помеѓу: улица „Рилски Конгрес“, улица  „Пржино“ и улица „Јужна обиколница - Водно“.

Опфатот е со површина од 29,12ха.

Основната класа на намени согласно Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 е А-домување, која што ќе биде надополнувана со други класи на намени.

Датум на објава - 02.09.2015 година

Јавната анкета ќе трае 10 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението, секој работен ден од 7-15 часот, контакт  Сузана Крстевска  тел.071/391- 164.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 15.09.2015 година во 12 часот во просториите во урбана единица У.З. ”Пржино”.


 

 

Градска четврт Ј20 – Блок 10, Општина Кисела Вода

 

Деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј20 – Блок 10, Општина Кисела Вода, плански период 2015-2020,  е со граници на планскиот опфат помеѓу: улица „Христо татарчев“, улица „Димо Хаџи Димов“ и улица „14ти Декември“.

Опфатот е со површина од 5,68ха.                                              

Основната класа на намени согласно Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 е А-домување, која што ќе биде надополнувана со други класи на намени.

Датум на објава - 26.08.2015 година

Јавната анкета ќе трае 10 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението, секој работен ден од 7-15 часот, контакт  Марија Захова  тел.071/391-177.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 11.09.2015 година во 12 часот во просториите во урбана единица У.З.Кисела Вода

 


 

 Градска четврт Ј20 – Блок 07, Општина Кисела Вода

Деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј20 – Блок 07, Општина Кисела Вода, плански период 2015-2020,  е со граници на планскиот опфат помеѓу: улица „Димо Хаџи Димов“, улица „Јужна обиколница - Водно“ и улица „Мариовска“.

Опфатот е со површина од 22,47ха.

Основната класа на намени согласно Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 е А-домување, која што ќе биде надополнувана со други класи на намени.

Датум на објава - 26.08.2015 година

Јавната анкета ќе трае 10 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението, секој работен ден од 7-15 часот, контакт  Сузана Крстевска  тел.071/391- 164.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 10.09.2015 година во 12 часот во просториите во урбана единица У.З. ”Пржино”.

 


 

 

 Реон Ј, четврт Ј10, дел од плански опфат  МЗ Цветан Димов II

Деталниот урбанистички план за реон Ј, четврт Ј10, Општина Кисела Вода, плански период 2013-2018, кој е со граница на планскиот опфат помеѓу: улица Сава Ковачевиќ, улица Народни Херои, улица Димо Хаџи Димов и булевар Есенинова.

Опфатот е со површина од 30,56ха.

Основната класа на намени согласно Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 е А-домување, која што ке биде надополнувана со други класи на намени (Б-комерцијални и деловни намени, В-институции, Д-зеленило, спорт и рекреација и меморијални простори, Е-инфраструктура).

 


 

Реон Ј, градска четврт Ј13

Граници на планскиот опфатот се :

-на североисток границата се движи по осовината на транзитната магистрална улица Булевар Македонија “Ж” ;

-на југоисток границата се движи по осовината на Булевар Србија;

-на југозапад границата започнува да се движи по осовината на улица Борис Трајковски (Првомајска);

-на северозапад границата се движи по осовината на  улица Народни Херои (Михаил Чахов).

 Опфатот е со површина од 28,40ха.

 Основната, основно доминантна класа на намени е согласно одредбите на Генралниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022, која што местимично ќе биде надополнувана и со други класи на намени.


 

Реон Ј, четврт Ј12-  дел од локалитет "Цветан Димов - Славија" и дел од локалитет "11 – ти Октомври – тврда градба, блок 1"

 

 

Граница на планскиот опфат помеѓу: булевар "Македонија", улица "Петар Дељан", улица "Првомајска" и улица "Есенинова, а со намена

1 А- Домување

2. Б- Комерцијални и деловни дејности

3. В. Јавни институции

4. Д - Зеленило и рекреација

 


 

 Реон Ј, четврт Ј08, дел од плански опфат  МЗ Цветан Димов II - 64

 

Граница на планскиот опфат  помеѓу бул.”Македонија”, ул.”Павел Шатев”, ул.”Христо Татарчев”, ул.”Марко Цепенков” и ул. “Антон Попов”, а со намена А-домување, Б-комерцијални и деловни намени, В-институции, Д-зеленило, спорт и рекреација и меморијални простори, Е-инфраструктура.

 


 

Реон Ј, четврт Ј10, дел од плански опфат  МЗ Цветан Димов II

Граница на планскиот опфат помеѓу: улица Сава Ковачевиќ, улица Народни Херои, улица Димо Хаџи Димов и булевар Есенинова, опфатот е со површина од 30,56ха.

Намени: А-домување, Б-комерцијални и деловни намени, В-институции, Д-зеленило, спорт и рекреација и меморијални простори, Е-инфраструктура

 

Коментари  

 
+4 #15 aleksandar 2014-01-19 14:02
aleksandar dali mozete da mi pisete za parcela 4157 ili imoten list 1357 dali ima promena vo DUP za gradba, imam A1 domuvanje baram A2. Dalie predvideno nov DUP vo toj reon dokolku e predvideno i vo koj periodke se sluci
Цитат
 
 
+1 #14 aleksandar 2014-01-08 14:26
dali mozete da mi pisete za parcela 4157 ili imoten list 1357 dali ima promena vo DUP za gradba, imam A1 domuvanje baram A2. pozdrav.
Цитат
 
 
+16 #13 Златка 2013-12-24 08:51
Кога ќе има план за Припор а згради како луди никнуваат
Цитат
 
 
+7 #12 angel 2013-12-12 20:00
dali e predvideno vo dup planot da se izgradi nesto vo pintija
Цитат
 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода вложи преку 2 милиони евра во населбата Пинтија https://t.co/IEZlO7ahAy
15hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Утре ул.„Марко Орешковиќ“ без струја https://t.co/qIAgeS0Ko9
O_KiselaVoda Во тек е акција за расчистување на депонијата во Драчево https://t.co/e3Wp5Nzuls