Донесени ДУП-ови за градски четврти и блокови

 

Детални урбанистички планови донесени за Градски четврти кои се дефинирани согласно Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година и блокови во рамки на градски четврти дефинирани согласно Урбанистички планови за одделна Градска Четврт од ГУП на Град Скопје, плански период 2012-2022.

 

 

 


 

Детален урбанистички план Реон Ј, Четврт Ј08 - Општина Кисела Вода

Планскиот опфат се наоѓа во близина на централното градско подрачје на Скопје. На северо-исток границата се движи по осовината на Бул.„Македонија“ додека пак нa северо-запад по осовина на ул.„Павел Шатев“ (Бихачка), на исток границата е поставена долж осовината на ул. „Христо Татарчев„ (Иван Козаров), на југ границата се движи по осовината на ул. „Марко Цепенков“ (Есенинова) на запад границата се движи по осовината на ул. „Антон Попов“ (Огњан Прица).


 

Детален урбанистички план Реон Ј, Четврт Ј10 - Општина Кисела Вода

Планскиот опфат на северо – исток границата се протега по осовината на улицата „Сава Ковачевиќ”, на југо – исток  границата се протега по осовината на улицата “Народни Херои”, на југо - запад границата се протега по основината на улицата “Димо Хаџи Димов” и на северо – запад  границата се протега по осовината на булеварот “Есенинова”.

 


 

Детален урбанистички план Реон Ј, Четврт Ј12 - Општина Кисела Вода

Планскиот опфат на североисток границата се движи по осовината на транзитната магистрална улица Булевар Македонија „Ж“ В.31-В.33, на југоисток границата се движи по осовината на собирната улица Народни Херои, на југозапад границата започнува да се движи по осовината на собирната улица Борис Трајковски, па продолжува по осовината на собирната улица Христо Татарчев B.30-D.80 и на северозапад границата се движи по осовината на собирната улица Есенинова D.83-D.20, сѐ до спојот со почетната точка.


 

 

Детален урбанистички план за Градска Четврт Ј13 - Општина Кисела Вода

Планскиот опфат е помеѓу Булевар “Македонија Ж“ од североисточна страна, Булевар “Србија“ од југоисточна страна, улица “Борис Трајковски“ (Првомајска) од југозападна страна и улица “Народни херои“ (Михаил Чаков) од северозападна страна.


 

Детален урбанистички план за Градска Четврт Ј20, Блок 01 - Општина Кисела Вода

Границата на Блок 01 од Градска четврт Ј20 е дефинирана согласно Урбанистички план за четврт Ј20 од ГУП на Град Скопје, плански период 2012-2022. Границата се движи на северо-исток по сервисната улица “Рилски Конгрес“, југо-источно по сервисната улица “Пржино“ и на југо-западна страна по собирната улица “Јужна обиколница - Водно“.


 

 

Детален урбанистички план за Блок 20.7, Четврт Ј20, Реон Ј - Општина Кисела Вода

Границата на Блок 01 од Градска четврт Ј20 е дефинирана согласно Урбанистички план за четврт Ј20 од ГУП на Град Скопје, плански период 2012-2022. Границата се движи на северо-исток по осовина на улица “Димо Хаџи Димов“, од југ по улица “Мариовска“, ја сече КП 4398, КП 4687/1, КП 4890/1, КП 4697/1, КП 4697/2, КП4700/1, по улица “Марко Орешковиќ“, ја сече КП 4730 и просолжува на северо-запад по улица“Мариовска“ до улица “Димо Хаџи Димов“.


 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Министерот Сугарески и градоначалникот Темeлковски на увид во градежни активности во Кисела Вода https://t.co/rIQBTNNq5C
23hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda ООУ “Кирил Пејчиновиќ” ќе добие нова, термоенергетска фасада https://t.co/cXcO7ssD83
O_KiselaVoda Целосна реконструкција на тоалетите во објектот "Сончоглед" при ЈДГ „Весели Цветови“ https://t.co/fiuJXesfmJ