Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Стоп урбана мафија

Почитувани граѓани,

1.  Во рамките на проектот Стоп урбана мафија, започнуваме со ревизија на сите донесени урбанистички планови во Општина Кисела Вода. За реализација на овој проект на веб страната на општината https://gis.kiselavoda.gov.mk/gis-preglednik/, ги објавивме сите важечки Детални Урбанистички Планови.

Почитувани,

Ве повикуваме да направите увид во плановите и сите ваши забелешки, сугестии и предлози за измени, дополнувања или укинувања на плановите да ни ги доставите во рок од 30 дена.

Образецот на кој може да ги  наведете вашите предлози може да го симнете тука , како и во архивата на општината. Пополнетиот Образец може да ни го доставите на емаил адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., или во архивата во седиштето на општината.

Поднесените барања ќе бидат разгледани од Комисијата за Урбанизам на Општина Кисела Вода, како и од новоформираното Партиципативно тело на граѓаните на Кисела Вода и по истите ќе се поведат конкретни постапки согласно законските прописи.

Со почит,

Општина Кисела Вода

 

 

2. ЈАВЕН ОГЛАС за формирање на Партиципативно тело за обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичко планирање

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa