Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

О Г Л А С За доделување награди за најдобри наставници истручни соработници ( просветни работници ) од општинските основни училишта од Општина Кисела Вода

Врз основа на член 6 од Правилникот за условите и критериумите за доделување награди за најдобри наставници и стручни соработници од општинските основни училишта од Oпштина Кисела Вода ( Сл.Гласник на Општина Кисела Вода бр.04/2019), и Програма Н1 и НА за основно образование за 2022 година (Сл.Гласник на Општина Кисела Вода бр. 01/2022), Општина Кисела Вода  објавува

 

О Г Л А С

За доделување награди за најдобри наставници истручни соработници ( просветни работници ) од општинските основни училишта од

Општина Кисела Вода

  1. 1.        Право на учество на огласот имаат просветни работници кои се вработени  во општинските основни училишта од Општина Кисела Вода по услови и критериуми утврдени воПравилникот за условите и критериумите за доделување награди за најдобри наставници и стручни соработници од општинските основни училишта од општина Кисела Вода ( Сл.Гласник на Општина Кисела Вода бр. 04/2019).

 

  1. УСЛОВИ   И  КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ ЗА НАЈДОБРИ НАСТАВНИЦИ ОД ОПШТИНСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ОД ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА

-          Кандидатите треба да ги исполнат следните општи услови и критериуми

 

1. Планирање, реализирање и организирање на наставата (Годишно тематско планирање, дневно планирање, уредно пополнет дневник, уредно водење на е-дневник, навремено внесување на оцени, додатна и дополнителна настава);

2. Да применуваат иновативни наставни методи, форми и техники;

3. За својата работа добива признание од учениците, колегите, родителите и целата заедница;

4. Да ги подготвуваат учениците да станат активни и одговорни граѓани;

5. Соработка и работа со наставници, родители, со заедницата, споделува наставни материјали со колегите;

6. Учество во подобрување на училишната структура, организација на работата и училишната клима, креира развојни политики во училиштето;

  1. 7.  Изработка и примена на нагледни средства;

8. Користи современи средства за комуникација за образовни цели (е – пошта, социјални мрежи, блогови и сл....);

9. Учество во училишни инклузивни тимови;

10. Учествува во работата на стручните активи (отворен час, презентација );

11. Промовирање на училиштето ( медиуми, фестивали, настани организирани од општината);

12. Споделување добри наставни практики во списанија и групи за просветни работници;

13. Награда на училишен натпревар и училишен конкурс;

 

-          Кандидатите треба да ги исполнат следните посебни услови и критериуми

1. Да е вработен во воспитно – образовна установа на територија на Општина Кисела Вода верифицирана со акт од Министеството за образование и наука;

2. Да имаат добиено потврди за менторство во последните 5 години на наградени ученици на општински, регионален, државен и меѓународен натпревар за предмети согласно наставните планови и програми за воспитно образовна дејност во основното образование, како и индивидуални награди;

Индивидуални награди

Прво место општински натпревар

Второ место општински натпревар

Трето место општински натпревар

Прво место регионален натпревар

Второ место регионален натпревар

Трето место регионален натпревар

Прво место државен натпревар
Второ место државен натпревар

Трето место државен натпревар

Прво место меѓународен натпревар

Второ место меѓународен натпревар

Трето место меѓународен натпревар

 

2.1.Дипломите од меѓународен натпревар се признаваат, ако претходно се поминати сите фази на натпревари на национално ниво. За оние предмети за кои нема организирани државни и меѓународни натпревари ќе се земат во предвид резултатите од општинските натпревари по следниве поени:

Прво место општински натпревар

Второ место општински натпревар

Трето место општински натпревар

 

3. Мислење од наставнички совет во училиштето во кое работи ( во кое ќе се даде мислење за исполнување на општите услови и критериуми наведени во огласот);

4. Сертификати за учество во реализација на проекти и семинари кои се од значење за воспитно образовниот процес согласно наставните планови и програми за основно образование, добиени во последните 5 години од акредитирани установи и институции;

                Координатор на проект;

                Учество и дисеминација на семинари и обуки;

                Член на тим;

5. Автор или коавтор на учебници, стручна литерстура и други написи.

 

  1. УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ ЗА НАЈДОБРИ СТРУЧНИ СОРАБОТНИЦИ ОД ОПШТИНСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ОД ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА

 

1.Стручните соработници да има имаат добиено потврди за менторство во последните 5 години, да имаат аплицирано и добиено проект или грант за училиште.

Индивидуални награди;

Апликација;

Проект;

Грант;

 

2.Сертификати за учество во реализација на проекти и семинари кои се од значење за воспитно образовниот процес согласно наставните планови и програми за основно образование, добиени во последните 5 години од акредитирани установи и институции а се однесуваат на тековната година.

                Координатор на проект;

                Учество и дисеминација на семинари и обуки;

                Член на тим;

 

3. Автор или коавтор на учебници, стручна литература и други написи;

4.Стручни трудови и апликации;

5.Промовирање на училиштето ( медиуми, фестивали, настани организирани од општината);

6.Споделување добри наставни практики во списанија и групи за просветни работници;

7.Учествува во акциски истражувања, студија на случај, споредбени анализи;

8.Реализира работилници и други активности за превенција и други разни теми ( зависности, справување со насилство и разрешување конфликти, справување со дискриминиција, надминување на стереотипи и предрасуди...);

9.Промовирање на иновативни приоди во наставата (иновативни техники и стратегии за поучување и др...);

10.Организира и реализира групни и индивидуални советувања со родители за деца кои имаат проблем со учењето, несоодветно однесување и др.

11.Води документација за професионален развој на наставниците, следи наставни и воннаставни активности;

12. Воспоставува процедури за целокупна педагошка евиденција за наставници и ученици;

 

 

.

  1. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

 

Наставникот/ стручниот соработник  треба да достави БАРАЊЕ  кон кое ги доставува потребните документи наведени во условите и критериумите во Огласот за доделување награди на најдобри наставници/ стручни соработници од општинските основни училишта од Општина Кисела Вода.

Воедно треба да достави и ИЗЈАВА за обработка на личните податоци потпишана од наставникот/стручниот соработник.

Рокот за пријавување започнува од 06.06.2022 година и трае 5 дена од денот на објавувањето на огласот.

Барањата и изјавите со потребната документација да се доставуваат по пошта на адреса Општина Кисела Вода ул. “Петар Дeљан” бр.17, или во архивата на општината со назнака - “За избор на најдобар наставник/стручен соработник” - Комисија за доделување на награди за најдобри наставници и стручни соработници од општинските основни училишта на Општина Кисела Вода.

 

Барањето и изјавата се достапни на веб страната на општина Кисела Вода на следниот линк:

 

КЛИКНИ ТУКА ЗА БАРАЊЕ

КЛИКНИ ТУКА ЗА ИЗЈАВА

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa