-“Денес, живееме во време кога сите заедно мораме да размислуваме за опстанокот на нашата нација, да размислуваме како ќе се справиме со фактот на намалување на наталитетот со кој секојдневно се соочува нашата држава. Семејството е основна клетка за градење на едно здраво општество. Семејството е главниот столб за опстанокот на еден народ, на една нација” – порача Беличанец - Алексиќ.
Таа упати јасна порака дека Општина Кисела Вода се грижи, и понатаму ќе продолжи да се грижи за своите најмали жители и најави дека овој проект во Програмата од социјалната сфера на Општина Кисела Вода ќе се запази се до крајот на истекот на четиригодишниот мандат.
-“Да Ви се живи и здрави, големи да раснат. Ви посакувам да се гордеете со нив, а покрај Вас и ние како општина” – заврши градоначалникот Беличанец – Алексиќ, честитајќи им на родителите.
Истовремено, ги повика сите родители кои ги исполнуваат критериумите заедно со барањето да достават лична карта или друг документ за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот на поднесување на барањата е 90 дена од моментот на раѓање на детето.
Родителите кои присуствуваа на свеченоста, ја поздравија иницијативата на градоначалникот и изјавија дека средствата ќе им бидат од големо значење.
Коментари