Дискусии

Добредојдовте на страницата за дискусии.

Изберете од зададените теми и кажете го вашето мислење.

 

ПОСТАВЕТЕ ПРАШАЊЕ

 

 

 

 

  

 

 

Име и Презиме: Виолета Крстевска Јаневска

Датум: 14.07.2014

Прашање: Дали општината ке превземе нешто во врска со приватизација на земјиштето во Драчево?.

Одговор: Почитувани,

Барањата за приватизација на земјиште не се во надлежност на Општина Кисела Вода, туку на Министерството за финансии – Управа за имотно правни работи, во кругот на Општина Кисела Вода, барака 9.


 

 

Име и Презиме: Жители на улица Три Круши

Датум: 09.07.2014

Прашање: Почитувани навистина ќе ви бидеме благодарни доколку не удостоите со одговор барем , дали планирате нешто со краците на истава улица што останаа не асфалтирани или поплочени со бекатон и покрај тоа што беше ветено на секои избори. Ова не е хумано навистина после секој дожд да се гази во кал а во летниов период да се гушиме во прашина и самите знаете дека не  станува збор  за некоја голема квадратура а есента имаше некое мерење за водата да се појача по обиколниот пат постои ли проект за истиот или не уште еднаш ќе ви бидеме благодарни доколку не удостоите со одговор на истово прашање веќе поставено повеќе пати на вашава веб страна поздрав 

Одговор: Почитуван, Наскоро во месноста Три Круши Општината планира изградба на водоводна мрежа со цел подобрување на водоснабдителноста на месноста па од тие причини не започнува градежни  активности од типот асфалтирање или поплочување со бехатон. Откако ќе се заврши изградбата на водо мрежа ќе се пристапи кон санирање на улиците 


 

Име и Презиме: Соња

Датум: 09.07.2014

Прашање: Како што гледаме општината и владата градат игралишта за најмладите дали имате во план едно такво игралиште да се направи на ул.сердарот поточно кај местото викано  ;дупки; на последна 41 типо таму има преку 50 деца кој нема кај да играат играат на улица и по дворови или ако не општината барем да ја искоси тревата на игралиштето и околу него  па  децата да можат таму да играат

Одговор:  Почитувана, почетокот на месец август кај местото викано „дупки“ ќе никне убаво уредено детско катче каде најмладите ќе можат да играат и да се забавуваат

Со почит,


 

Име и Презиме: Анета

Датум: 06.07.2014

Прашање: Колку се комуналиите по m2 во к.вода. за градење спрат. Поздрав

Одговор:Почитувани,

Дали е изготвениот новиот урбанистички план за Нас. Драчево, посебно за делот на Ул. Малешевска?

Ви благодарам на брзиот одговор.

Одговор: Почитувани,

Бидејки дел од парцелите на улица Малешевска се во рамки на ГУП на Град Скопје 2012 – 2022 година, во рамки на четврт Ј18 а дел се опфатени со Општ акт За утврдување на услови за начинот на градење во село Драчево, Општина Кисела Вода за кое нема урбанистички план. Со цел поконкретно да Ви одговориме на прашањето Ве молиме да ни дадете информации за која катастарска парцела и катастарска општина се работи.

За подетални информации можете да се обратите секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот во просториите на Општина Кисела Вода, барака 3.


 

 

Име и Презиме: Андријана Петковска

Датум: 30.06.2014

Прашање: Колку се комуналиите по m2 во к.вода. за градење спрат. Поздрав

Одговор: Почитувани,

Регулирањето на надоместок за уредување на градежно земјиште (Комуналии) е во надлежност на Градот Скопје, односно, Секторот за Планирање и уредување на просторот, Одделение за планирање и уредување на просторот за уредување градежно земјиште и изградба на инфраструктурни и капитални објекти при истиот Орган.

Повеќе информации можете да добиете на web-страната на Град Скопје, односно за конкретната проблематика повикајте се на следниот link:

http://www.skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=292


 

Име и Презиме: Ѓоре

Датум: 26.06.2014

Прашање: На 02.04.14 ми беше одговорено дека предметот за легализација е предаден кај екипата за увид и дека ке бидам контактиран телефонски за нивното доаѓање.Епа сега е 26.06.14 а од нив ни трага ни глас.Ве молам да ми сеодговори па макар и одговорот бил дека ке дојдат во 2020 год

Одговор: Почитувани, 

Со цел подетално да се посветиме на поединостите на Вашиот предмет би Ве замолиле да закажете увид во педмет за легализација. Увид во предметите за легализација на бесправни објекти се врши секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот. Закажување на термин за увид може да направите во просториите на Општина Кисела Вода, барака 2, соба 8, или на телефон 2785-453, лице за контакт Мартин


 

Име и Презиме: Тане

Датум: 24.06.2014

Прашање: Каде да се обратам доколку соседите над мојот стан во зградата многу прават врева ( тропаат ) Тие се дојдени од провинција и очигледно не знаат да живеат во стан.

Одговор: Во врска со прашањето Ве известуваме дека за наведениот проблем можете да се обратите до ќукниот совет кој треба да ги известат сопствениците на станот односно станарите да го почитуваат ќукниот ред кој е донесен во зградата. За нарушување на јавниот ред и мир во период од 15,00 до 17,00 часот и 22,00 до 08,00 часот може да пријавите во полициска станица


 

 

Име и Презиме: Дејан Атанасов

Датум: 24.06.2014

Прашање: Почитувани

Живеам во зграда на ул. Сава Ковачевиќ бр. 43А влез 2. Комшиите под мене имаат шпорет на терасата и постојано готват, при што цеалата миризба оди нагоре т.е. во мојот стан. Поради ова неможам да отворам прозор, неможам да сушам алишта на мојата тераса и воопшто да ја употребувам. Постојано се шири непријатна миризба од нивното готвење на тераса.
Што може да се превземе, дали постои начин да се спречи истото и кој е надлежен за тоа?

Со почит

Одговор: Во врска со вашето прашање Ве известуваме дека немаме надлежност за постапување во посебните делови од станбените згради, односно во становите.


 

 

Име и Презиме: Марјан

Датум: 24.06.2014

Прашање: Почитувани,Кога се планира измена на ДУП за Кисела Вода 1, поточно дел Ј20 ?

Одговор: Секторот за урбанизам и просторно планирање на Општина Кисела Вода, согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање  (Сл.весник на РМ бр. 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/2014) и ГУП на Град Скопје 2012 – 2022, пристапи кон изработка на нови детални урбанистички планови на ниво на градски четврти дефинирани со регулациони линии согласно ГУП на град Скопје 2012 - 2022.

Ве известуваме дека градската четврт Ј20 е со површина од 150ха. На барање на Општина Кисела Вода, Градот Скопје пристапи кон изработка на ГУП по регулациони линии, односно поделба на градската четврт на блокови. Град Скопје изработи урбанистички план на четврт Ј20 од ГУП на Град Скопје 2012-2022 година и согласно истиот оваа четврт е поделена на 10 блокови.

Во подпрограмата (Ф1) урбанистичко планирање, приоритетна изработка на урбанистички планови и урбанистичко планирање за вклопување на бесправно изградени објекти од програмата (Ф) за урбано планирање на Општина Кисела Вода за 2014 година во Изработка на урбанистички планови во скратена постапка е вброена и изработката на Детални урбанистички планови за блоковите кои се дел од четврт Ј20.

Согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање  (Сл.весник на РМ бр. 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/2014) за секој Предлог план Општината е должна да спроведе јавна анкета и јавна презентација. Вашите забелешки и сугестии ги очекуваме на јавната анкета и презентација за која граѓаните ќе бидат информирани во пишаните медиуми (дневни весници) и на web – страната на Општина Кисела Вода.

За подетални информации можете да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање, барака 3, во кругот на Општина Кисела Вода, секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот.


 

 

Име и Презиме: Виктор

Датум: 23.06.2014

Прашање: Почитувани, минатата недела имаше многу дождови и невреме. Поради тоа јавното светло во детската градинка(задниот дел) и дел од улица Благоја Гојан во населба Пржино воопшто не работи.

Ве молам да под итно испратите екипи кои би го активирале осветлувањето

Одговор: Почитувани,

Пред се да Ви се заблагодариме на информацијата, службите од општината ќе излезат на терен  да го констатираат и остаранат дефектот. Имајте убав ден.

Со Почит, општина Кисела Вода


 

Име и Презиме: Ордан Марковски

Датум: 21.06.2014

Прашање: Кога ќе биде решен предметот?

Одговор:  Почитувани,

            Ве молиме да го проверите повторно бројчето на Вашето барање и да го пишете во целот, исто така да ни пишете за што се однесува истото и на која дата е поднесено.

Ви благодариме


 

Име и Презиме: Филип Блажевски

Датум: 20.06.2014

Прашање:  Имаме тераси кои се направени со самата изградба на зградата и истате стоат во проектот. Терасите не е впишани во имотните листови на ниту еден стан.

Прашањето е:
- Која е процедурата да се впишат истите со оглед на тоа што не се дивоградби (сигурно не би требало да се плаќа било каков вид на легализација)
- Која е процедурата доколку некоја тераса е заградена

Одговор: Почитувани,

      Прашањето се однесува до Агенцијата за катастар на недвижности, доколку таму не Ви го решат проблемот можете да поднесете Барање за утврдување на правен статус на бесправен објект (тераса) се поднесува преку електронски систем на Општина Кисела Вода и во прилог на истото треба да се достави:

-       геодетски елаборат

-       лична карта

-       сметки од вода и струја

За дополнителни информации можете да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање, соба 10, барака 3, во кругот на Општина Кисела Вода, секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот.


 

Име и Презиме: Биљана Мановска

Датум: 20.06.2014

Прашање:  Почитувани


Имама прашање зошто само Општина Кисела Вода на својата web страна нема објавено ниту еден документ од ДУП-от на оваа општина? Погледнете ја страницата на Центар и Гази Баба на пример... Нели мислите дека со објавуавње на ваквите документи на интернет најпрво, ќе си заштедите време на Вашите службеници кој ќе може да работат нешто продуктивно во интерес на граѓаните и второ, на граѓаните, кој според последната статистика од Завод за статистика 89,1% од нив користат компјутер поврзан на интернет. Со ова ќе им ги намалите трошоците за доаѓање до
Општина, губење на драгоцено време ако има каде да го видат истото. Молам размислете за ова затоа што е срамота најголемата општина во Скопје да се однесува бирократски само затоа што ете тоа била досегашна пракса наместо да се адаптира на новите технологии и новото време во 21-ви век.
Да не зборам што се се случува по населбите - кал до колена, испораскопани улици, ударни дупки на булевари, и ред други работи ...

Поздрав

Одговор: Почитувани,

Општина Кисела Вода започна со имплементација на интегиран Географски Информационен Систем со чија примена граѓаните ќе имаат постојан увид во усвоените детални урбанистички планови на територијата на Општина Кисела Вода.

Во брзо време преку web-страната на Општината ќе можете да пристапите кон Географски Информационен Систем и да имате увид во плановите.


 

 

Име и Презиме: Томислав Чавкароски

Датум: 20.06.2014

Прашање:  Имам гаража на мое место од 1975г. На ул С.Ковачевиќ 24/81. На сама граница со Опш. Сопиште. Кат парцела 6534/1 и 6534/2.. Нормално излегува на локална улица,и на таа позиција не е ништо променето.. Комуналии се платени на Општ Сопиште 2003г. Пред мојата гаража ул е широка повеке од 7 метра, а долж целата улица нема ширина повеке од 2.5 до 3 метра. Додека се правеа објекти шмаркет на сам влес на улицата од страна на Сопиште,зидови на сам пат- камени по 2-3 метра,шупи гаражи и т.н.ќ ние жителите од оваа ул реагиравме до вас. Но ништо од тоа. ЗОШТО МИ Е ОДБИЕНО БАРАЊЕТО ДО ВАС ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ГРАЖАТА КОЈА ПОСТОИ ОКОЛУ 40ГОД,НА МОЕ МЕСТО,НА НИКОГО НЕ СМЕТА, СО ШИРИНА НА ПАТ 7- 8 МЕТРА. ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА КУКАТА, ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ЗЕМЈИШТЕ ИЗВРШЕНО Е ВО 2003Г И ПЛАТЕНИ КОМУНАЛИИ НА ОПШТ. СОПИШТЕ. СО ПОЧИТ.

Одговор: Почитувани,

            Во Решението или Заклучокот за прекин на предметот Ви се наведени причините за одбивање или прекинување на постапката и исто така Ви е дадена правна поука на која можете да се повикате.


 

 

Име и Презиме: Звонирмир Ќурчиев

Датум: 20.06.2014

Прашање: Почитувани,поминаа девет месеци од јавната анкета за предлог ДУП за Ј 13,а тој се уште не е донесен.Ќе ни дадете ли некаква информација што се случува со ДУП-от.Кога ќе го донесете.Очекувам конкретен одговор.Ви благодарам.

Одговор: Почитувани,

Советот на Општина Кисела Вода на ден 24.06.2014 година го усвои Предлог планот за ДУП за реон Ј, четврт Ј13.

За подетални информации можете да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање, Одделение за планирање на просторот, барака 3, во кругот на Општина Кисела Вода, секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот.


 

Име и Презиме: Љупчо Арсовски

Датум: 19.06.2014

Прашање: Почитувани,
 големите дождови од оваа пролет само ја влошија состојбата на патот за Теферич во должина од околу 1 км. Поројните дождови нанесуваат камења и го поткопуваат асфалтот а немање банкина и нокно осветлување и ниту еден сообракаен знак и сигнализација го прави ова парче пат како да е од периодот мегу двете светски војни.

Навистина е чудно да не добиеме  одговор кој е упатен до вас  на 16 мај оваа година кој е испратен од Г-га Славица Курциева Арсовска

Очекуваме одговор и  молиме час побргу  контролните служби од одредени општински екипи да направат мала прошетка до Теферич и лично да се уверат во нашите тврдења

Одговор: 

Почитувани,

Општината е запознаена со целиот Ваш проблем и потполно  се согласуваме со вашето барање, затоа во корист на сите нас изведувачот ќе започне со работа наредната недела.

Со Почит, општина Кисела Вода


 

 

Име и Презиме: Љупка Кареска

Датум: 19.06.2014

Прашање:Почитувани,
Дали некогаш ул. Христо Татарчев ќе се направи како што треба или само пред избори ќе се прават ситни реконструкции?

Одговор: 

Почитувани,

Во интерес на жителите кои секојдневно ја користат улицата Христо Татарчев, општината поднесе барање до Градот Скопје за целосна реконструкција се надеваме дека одговорот ќе биде позитивен во корист на сите нас.

Со Почит, општина Кисела Вода


 

 

Име и Презиме: Гоце Сталески

Датум: 17.06.2014

Прашање: Почитувани на 26 05 2014 ви поставив прашање за Општиот акт за н.Пинтија а Вие сеуште не ми одговоривте.Јас сакам да да инвестирам  во вашата општина и да си платам комуналиии по редовна цена а не да легализирам за 1евро па мислам дека заслужувам за било каков одговор.Се
надевам дека ке ме удостоите со вашиот одговор дали кога или нема да се дозволи градба,ако не да си купувам плац во друга Општина
Поздрав

Одговор: Почитувани,

Секторот за урбанизам и просторно планирање, согласно Прирачникот за начинот на водење и донесување на општ акт за село за кое нема урбанистички план изработен од Министерството за транспорт и врски со број 02-7754/1 од 23.05.2014 година, започна со изработка на Општи акти за села за кои нема урбанистички планови. Постапката е во тек.

За подетални информации можете да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање, барака 3, во кругот на Општина Кисела Вода, секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот.


 

Име и Презиме: Јордан Пеевски

Датум: 17.06.2014

Прашање: Почитувани,

Сакам да купам плац на катастарска парцела 5430/1 КО Кисела Вода 1, се наоѓа на урбанистичка документација за населено место Усје во зона на семејно домување. Парцелата е физички делива и има Маркица за градба на семејна куќа. Моето прашање е колку изнесуваат комуналиите за м2 на таа парцела.

Со почит

Одговор:  Почитувани,

Согласно член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на Република Македонија број 163/2013), урбaнистичките планови, документации и општи акти кои не се усогласиле во утврдените рокови согласно со членот 78 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ број 51/2005) и членот 46 од Законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ број 137/2007), не се применуваат, а просторот опфатен со истите се смета за простор вон плански опфат. Согласно оваа измена во законот, Општина Кисела Вода престана да издава одобренија за градење за КО Горно Лисиче.

Со промените во Правилникот за стандаарди и нормативи за урбанистичко планирање (Службен весник на Република Македонија број 37/2014) се овозможува со изготвување на општ акт со кој до донесување на план за село може да се врши изградба во селата кои немаат урбанистичка документација. По донесување на овој општ акт ќе може да се извади Извод од план врз основа на кој ќе можете да поднесете барање за одобрение за градење во Пинтија. Општина Кисела Вода ја започна постапката за донесување на овој Општ акт.

Секторот за урбанизам и просторно планирање, согласно Прирачникот за начинот на водење и донесување на општ акт за село за кое нема урбанистички план изработен од Министерството за транспорт и врски со број 02-7754/1 од 23.05.2014 година, започна со изработка на Општи акти за села за кои нема урбанистички планови. Постапката за усвојување на Општ акт за село Усје и дел од КО Горно Лисиче е во тек.

Регулирањето на надоместок за уредување на градежно земјиште (Комуналии) ќе биде утврден со Одлука на Советот на Општина Кисела Вода по донесување на Општиот акт врз основа на кој ќе може да се поднесуваат барања за одобрение за градење во населано место Усје.

За подетални информации можете да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање, барака 3, во кругот на Општина Кисела Вода, секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот.


 

Име и Презиме: Горан

Датум: 04.06.2014

Прашање: 

Веке една година живеам на ул”Христо Татарчев”,бр.79б/3-11,ве молам да ми кажете ако сте во можност,дали е во процедура нашиот предмет во врска за издавање на имотни листови,благодарам.

Одговор: Почитувани,Доколку се работи за предмет за легализација би Ве замолиле да закажете увид во педмет. Увид во предметите за легализација на бесправни објекти се врши секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот. Закажување на термин за увид може да направите во просториите на Општина Кисела Вода, барака 2, соба 8, или на телефон 2785-453, лице за контакт Мартин.

Имотните листови се во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности.

Со Почит, општина Кисела Вода


Име и Презиме: Филип Мирчевски

Датум: 01.06.2014

Прашање: 

Во контекст на горенаведениот предмет би ве замолил електронски да ме известите дали е изгласан новиот урбанистички план за Цветан Димов 2 реон ј10...

Однапред ви благодарам

Одговор:Почитувани,Ве известуваме дека Предлог планот за реон Ј, четврт Ј10, беше усвоен од страна на Советот на Општина Кисела Вода, со број на Одлука 07-18/11 од 27.05.2014 година.Со Почит, општина Кисела Вода


Име и Презиме: Игор Матлиески

Датум: 01.06.2014

Прашање: 

Неколку пати се обративме до вас околу проблем со паркинг на ул Мишко Михајлоски, каде пајак службата ровараи заедно со улица Емил Зола.Сметам дека е крајно време да се заложите како општина и да им  кажете на одговорните во Градски паркинг дека станарите едноставно нема кај да паркираат. Или пак прашајте ги зошто пајакот не поминува во Карпош каде возилата исто така се наоѓаат на коловозот? Или направете паркинг зона каде што сите станари кои имаат имотен лист на свое име......ќе си плаќаат????? Само немојте да ми речете дека тоа требало да го
реши инвеститорот на зградата............бидејќи тогаш ќе ве прашам ЗОШТО СТЕ МУ ДОЗВОЛИЛЕ ДА ГРАДИ АКО ВО ПРОЕКТОТ НЕ ПРЕДВИДЕЛ ПАРКИНГ МЕСТА?

Однапред ви благодарам

Одговор:

Почитувани,

Ве известуваме дека согласно Законот за градење, Одобрение за градење се издава за објекти за кои имаат обезбедено потребен број на паркинг места согласно Правилникот за стандарди и нормативи.Со Почит, општина Кисела Вода


Име и Презиме: Тони

Датум: 22.05.2014

Прашање: Почитувани,

сакам да пријавам дека пристапната улица до населбата Расадник, кој минува веднаш покрај спортската сала Расадник веќе некое време е прекопана на две места од (за мене) непознати изведувачи. Точната локација на прекопите може да се види на следната мапа: http://goo.gl/0gvoQX

Проблем е што прекопите не се соодветно санирани, па улицата која сите жители од Расадник ја користат за да се приклучат кон улицата Народни Херои е невозможно да се извози безбедно (освен можеби со теренско возило).

Незнам дали за прекопот изведувачот имал одобрение или е работено „на диво“, но ситуацијата е катастрофална. За жал, поради вакво несовесно однесување на изведувачите Кисела Вода ја бие лош глас за изгледот на улиците.

Ве молам да преземете мерки во најкратко време прекопите да се санираат (или од страна на изведувачот или од страна на Општина Кисела Вода). Улицата се користи секојдневно од голем број возила на жителите на населбата Расадник, па оттаму и ургентноста овој проблем да биде решен поскоро.

Ви благодарам за разбирањето и се надевам на поскоро решавање на проблемот

Одговор: Почитувани,

Екипи од општината ќе излезат на терен да ја констатираат фактичката состојбата и согласност увидот ќе превземат соодветни  мерки. Ви благодариме на инфорамцијата имајте убав ден.

 Со Почит, општина Кисела Вода


 

Име и Презиме: Група граѓани

Датум: 20.05.2014

Прашање: Почитувани,
речиси цела година Ве молиме да ни одговорите дали и кога веќе еднаш побогу, ќе ги закрпите кратерите од дупки што се наоѓааат на ул. Мишко Михајловки бр.17. Искршивме коли,раце,нозе, ни останаа уште прстите па можеме да ви поставиме прашање по четврти пат. Ало. Кога ќе ги закрпите дупките.

Одговор: Почитувани,

Ве известуваме дека во тек е комплетирање  на потребната документација за реконструкција на ул„ Мишко Мохајловски“ ,реализацијата ќе биде во најскоро време.Ви благодариме на разбирањето.

Со Почит, општина Кисела Вода


 

 

Име и Презиме: Жане

Датум: 19.05.2014

Прашање: Здраво
Честит празник
Моето прашање е т.е. молба да поминете по улицата ГЕРНИКА по која се движи автобусот 41 и да видите дека е навистина како планинска патека. Од улицата Киро Фетак кога се врти за улица Герника има канал кој е отворен и не се гледа до каде има асфалт , бидејќи е толку лоша кривина ништо не се гледа дали доаѓаат автомобили. автобуси или пешаци а сето тоа е затоа што ништо не е средено. Нема тротоар а има трева околу 2метра,а од спротивната страна нелегален објект ОТПАД на кого воопшто не му е местото тука меѓу населено место.
Па ве замолуваме сите ние што живееме во тој дел да ни посветите малку внимание бидејќи и ние на Вас сме ви посветиле со нашето присуство за гласање.
Само постојаниот одговор од Вас е ќе го разгледаме проблемот.
Тоа не е некоја голема инвестиција за нашата општина а и целиот тој простор може да се уреди во еден прекрасен парк за забава за дечињата и останатите жители од овој дел на населбата.
освен ѓубре,трева и змии од левата и десната страна на улица Герника која сега е тесно уличе и страв да се движите по неа сите ние сто живееме во тој дел се чувствуваме како граѓани од никој ред.
П.С.
Уличните светилки не светат  некои бидејќи никој не поминува да ги провери и по главната Герника и по споредните 2,4,6....
Секое добро а се надевам и за нас ќе има добро

Одговор:  Почитувани,

Општина Кисела Вода е место во кое живеат неколку стотици илјади граѓани кои гравитираат на нејзина територија.Се согласувам со вас и запознаени сме со работите но постојат правила и начини на работење, затоа уште еднаш би Ве замолиле да доставите барање едношалтерски во барака 1 во кое ќе ги наведете сите работи за да можеме да пристапиме кон решавање на проблемите.

Со Почит, општина Кисела Вода


 

Име и Презиме: Благородна

Датум: 16.05.2014

Прашање: Почитувани

            Убаво што се поставиа детски реквизити во паркот срце во Расадник,меѓутоа само ги поставивте на тревата и толку,паркот не е досреден,секако фалат уште лулашки, клупи (старите ги извадивте а на нивно место не се донесени нови) насадете некое дрво за сенка.Овој парк за Расадник ке значи многу ако се направи како што треба и доликува.Би ве замолиле за негово реализирање

Одговор:  Почитувани,

Ве известуваме дека општината планира да изврши садење на дрвца на места каде што е направен дрворед, а реализацијата ќе зависи од приливод на средствата во буџетот. Ви благодариме на разбирањето.

Со Почит, општина Кисела Вода


 

Име и Презиме: Сандра Стефановска

Датум: 14.05.2014

Прашање: Јас сум мајка на две деца кој учат во ОУ Круме Кепевски ,едното е е 6 одделение , а другото 1 одделение .Дали знаете пред колку време сечевте лента за салата,ниту едно дете ниту едно одделение нема час во таа сала освен кога им доаѓа инспекција.Првачињата имаа физичко образование во училната .....вас тоа ви е нормално ? децата се се покилави , а салата у ниту еден случај не ја направивте за овие деца ....во ред е таа да носи профит во попладневните часови но нормално е и децата да осетат и да знаат што е физичко образование ...што значи носење опрема на училиште , што значи греда и ред други работи.Греота е за за овие генерции , а ги манипулирате во секој пред изборни кампањи...позз

Одговор: Почитуван родител,

Го разгледавме Вашето прашање и во консултација со директорот на училиштето Круме Кепески добивме одговор дека за учениците од прво до девето одделение часовите по физичко и здравствено образование се одржуваат редовно во големата или малата сала во зависност од  распоредот на часови, наставната единица која се реализира и временските услови. Доколку Ви се потребни повеќе информации во врска со реализацијата на часовите по физичко и здравствено образование, Ве упатуваме да се обратите кај одговорниот наставникот.

Ви благодариме за разбирањето.

 


 

Име и Презиме: Ирена

Датум: 14.05.2014

Прашање: Почитувани,

1.За регистрирање на куќен совет потребно е број на имотен лист, НО имотните листови на сите станари се водат на поранешното име на улицата т.е на НИКОЛА ДОБРОВИЌ а сега е ПУШКИНОВА.Што во ваков случај ДАЛИ ќе биде тоа пречка за регистрацијата на куќниот совет?
2.Дали доколку станарите се незинтересирани за регистрација на куќна заедница која е задолжителна со законот за домување дали со пријава до општината Вие имате законско право по автоматизам да ни дадете управител кој ќе го стори тоа? Ако не е ова можно молам за совет што во ваков случај?
Ви благодарам однапред на одговорите.
Со почит.
Ирена

Одговор:  Во врска со првото прашање мислам дека променетото име на улицата не би било проблем за регистрација на Заедница на сопственици, односно доколку сакате да назначите фирма управител. Ако се појави таков проблем Потврда за промена на името на улицата се издава во Град Скопје.

Во врска со второто прашање управителот може да го определи  судот во вонпарнична постапка на предлог на кој било од сопствениците на посебни делови или на барање на овластениот инспектор за домување.Судот во вонпарнична постапка избира управител од Регистерот на управители на станбени згради.

Со почит!!!


 

Име и Презиме: Виолета Павловска

Датум: 13.05.2014

Прашање: Дали и оваа година ќе има награди за учениците од основните училишта кои оствариле посебни резултати во областа на спортот,културата,науката и уметноста која досега изнесуваше 10000 денари и каде да се обратам за да проверам дали моето дете ги исполнува критериумите.Благодарам однапред.

Одговор: Почитуван родител,

Поради покажаниот голем интерес и постигнатите резултати на учениците во повеќе области  од основните училишта кои се на територија на општина Кисела Вода при реализација на многубројните проекти од повеќе области ( уметност, наука, култура, спорт ) и учество на натпревари (меѓународни, државни, регионални), Општина Кисела Вода  и оваа година ќе додели  еднократна парична награда.

  Насоките и критериумите за аплицирање на учениците од секое  основно училиште  ќе ги добиете кај класниот раководител, кој комплетната документација (копија)  по разгледувањето од Наставнички совет и донесување на одлука, ќе ја достави до директорот на училиштето, па до Комисијата за реализација на проектот во  општина Кисела Вода.


 

 

Име и Презиме: Марика Велјаноска

Датум: 13.05.2014

Прашање:  Не знам дали вие сте надлежни или градот со оглед на тоа сто се поголем број на луге пешачат секојдневно до пеленица потребно е да се изгради пешачка патека  зошто е се поопасно да се движиш по коловоз

Одговор: Почитувани,

Екипи од општина Кисела Вода ќе излезат на терен да ја констатираат фактичката состојба и согласно увидот ќе преземат соодветни мерки. Ви благодариме на информацијата.

Со Почит, општина Кисела Вода


 

 

Име и Презиме: Соња

Датум: 12.05.2014

Прашање: 

Mе интересира  кога планирате да ги вклучите пумпите за вода кој се наогаат во село  драчево поточно во местото викано"порупа" засто пумпите се веке исклучени од 18декември 2013 год и ние кој сме на повисоките места немаме притисок треба да чекаме 23.часот за да можеме да ги завршиме обврските ги контактиравме од водовод и ни велат дека не е во нивна надлежност дека тоа е на општината се надеваме дека проблемот ке се реши побрзо се надевам на ваш одговор.

Одговор: Почитувани,
Општината во мометов работи на адаптација за пумпната станица,по завршување на работата пумпите ќе се пуштат во употреба. Ви благодариме на рабирањето.

Со Почит, општина Кисела Вода


 

Име и Презиме: Куќен Совет

Датум: 07.05.2014

Прашање: Почитувани, ви пишувам во името на Заедницата на сопственици на стаnбена зграда на ул.Иван Козаров бр 24.1 (Белата зграда со пошта влез 1 ). Имено во месец Ноември одоговорни лица од општината дојдоа и ги одстранија сите рекламни паноа кој беа поставени во тревникот пред влезот (веднаш до седнвичарата вили ) и ни беше ветено дека набрзо  тревникот ќе биде преуреден во мини паркче во кое ќе бидат засадени дрвца и хортикултурно ќе се смени ликот на тревникот. Исто така ни беше ветено дека во просторот позади трговскиот ќе се реконструира и ќе се

направи нов паркинг за одприлика 25 возила. (за паркингот има и неколку иницијативи кој на писмено се доставени до општината, потпишани од сите сопственици на дуќаните ). Од сето ова горе наведено кое што беше ветено нема ништо, За воља на вистината состојбата единствените 5  дрвца од ветувањата завршија само пред вториот влез на зградата а од парклчето и од паркингот нема ништо. Дополнителен хаос на Емил Зола(пред школото златен сремец) е тоа што пајак службата во континуитет во изминативе неколку месеци без престан на секои 15мин ги
одстранува сите возила.
Се надеваме дека општината ќе најде за оправдано да ги реши овие ситни но важни проблеми за нашето маало кое за жал како да е заборавено од нашата општина

Одговор: 

Почитувани,

 Ве известуваме дека во најскоро време ќе отпочнеме со реализирање на предвидениот план,знаете и сами понекогаш работите можат да се одолжат од оправдани причини,за таа цел Ве молиме за трпение и разбирање.

 Со Почит, општина Кисела Вода 

 


 

Име и Презиме: Иван Митровски

Датум: 07.05.2014

Прашање: Почитувани,

Искрено кажано веќе незнам по кој пат ви пишувам за нашите проблеми во таканаречената НАСЕЛБА пинтија. Во продолжение можам само да ви предложам да не ја нарекувате веќе НАСЕЛБА бидејќи ПОГОЛЕМО СЕЛО ВО СКОПЈЕ НЕМА !!! Значи незнам од кај да започнам за да Ви докажам тоа што го говорам, улици поточно незнам дали може да се каже улици или селски патчиња од по 2 метри и со така наречен пропаднат асфалт :(
Во Пинтија нема услови за живот како за во 21 век, тука времето застанало, се радуваме на водовод. Во 21 век се радуваме на вода а којзнае кога ќе се радуваме на канализација, може моите деца ќе го доживеат некогаш тоа чуство. Како прво ние немаме улици тоа се селски улички кој во нашата општина некој дозволува да се гради куќа на сама улица или поточно дава маркици да се гради огромна куќа на плац од 200 или 250 метри квадратни. Незнам зашто е проблем во нашата општина да се направи добра анализа и да се направи план за тоа колкави улици ( колку би
биле широки и да не се дозволува да се гради во тој простор ) Јас знам дека секоја градба и платени комуналии се добре дојдени во општината и се дозволува секој да прави како што му одговара. За да ни биде подобро на сите и во остатокот од животот треба да се мисли за во иднина. Во нашата населба/село нема да може да влезе недајбоже пожарна ако има некој пожар од што се мали таканаречените улици. Кај нас неможеш да се разминат две коли од што се куќите до таканаречените улице. УЛИЦИ НЕМА - КАЛ ИМА КОЛКУ САКАШ !!! Искрено во овој момент па не ни сакам
да дискутирам за тоа што се направи во населбата со копањето на таканаречените улици за да ги приклучат куќите на водовод. Знам дека ќе ми одговорите дека треба да се стрпиме и дека работите на санација на таканаречените улици, не почитувани ние едноставно немаме повеќе сили. Едноставно кажано ДОЈДЕТЕ И ВИДЕТЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ПИНТИЈА, па да дискутираме понатаму....
Поздрав

Одговор: 

Почитувани,

Општина Кисела Вода е место кое им овозможува егзистенција и  живот на неколку стотици илјади граѓани кои гравитираат на нејзината територија.Се согласуваме со вас и потполно сте во право, но дали некогаш сте се запрашале колку  граѓани има оваа наша општина,колку места, локации кои имаат потреба од нас? Верувајте дека максимално со сите сили и можности што ги поседуваме работиме за вашето добро за доброто на оваа општина.Затоа би Ве замолиле за малку трпение и поголема верба кон нас,затоа што заедно сме посилни.

Со Почит, општина Кисела Вода


 

Име и Презиме: Жане

Датум: 06.05.2014

Прашање: Здраво

Честит празник
Моето прашање е т.е. молба да поминете по улицата ГЕРНИКА по која се движи автобусот 41 и да видите дека е навистина како планинска патека. Од улицата Киро Фетак кога се врти за улица Герника има канал кој е отворен и не се гледа до каде има асфалт , бидејќи е толку лоша кривина ништо не се гледа дали доаѓаат автомобили. автобуси или пешаци а сето тоа е затоа што ништо не е средено. Нема тротоар а има трева околу 2метра,а од спротивната страна нелегален објект ОТПАД на кого воопшто не му е местото тука меѓу населено место.
Па ве замолуваме сите ние што живееме во тој дел да ни посветите малку внимание бидејќи и ние на Вас сме ви посветиле со нашето присуство за гласање.
Само постојаниот одговор од Вас е ќе го разгледаме проблемот.
Тоа не е некоја голема инвестиција за нашата општина а и целиот тој простор може да се уреди во еден прекрасен парк за забава за дечињата и останатите жители од овој дел на населбата.
освен ѓубре,трева и змии од левата и десната страна на улица Герника која сега е тесно уличе и страв да се движите по неа сите ние сто живееме во тој дел се чувствуваме како граѓани од никој ред.
П.С.
Уличните светилки не светат  некои бидејќи никој не поминува да ги провери и по главната Герника и по споредните 2,4,6....
Секое добро а се надевам и за нас ќе има добро

Одговор: 

Почитувани,

Започната е градежната сезона за крпење на ударни дупки, затоа би ве замолиле да доставите барање едношалтерски во Барака1, за да можеме коректно и правилно да постапиме кон решавање на проблемите.

 

Со Почит, општина Кисела Вода

 


 

Име и Презиме: Тања

Датум: 04.05.2014

Прашање: Почитувани,
веке подолго време ние граѓаните од зграда А4 адреса ул.Ѓорѓи Сугаре бр.8, зграда до технички преглед не тишти еден проблем.
Имено пред зградата од 4-ти до 6-ти влез нема улично осветлување.
Едната светилка на бандерата што е на малата раскрсница е прегорена ,а другата пред 6-тиот влез е навалена,
И прашање на време е кога ке падне врз некое паркирано возило,а не дај боже врз некој човек.Таа дури повремено И работи но би требало да се поправи.
Значи навечер е хорор,децата им е страв да се вракаат навечер бидејки слушнале и дека се вртел И ги вознемирувал другарките некој мањак.
Затоа ги чекаме навечер кога се вракаат загрижени некој да не ги нападне.А покрај тоа оваа темнина е идеална И за крадци.
Тоа се потврди со неодамнешната кражба во нашиот влез.
Ве молиме да ги проверете овие светилки И најбрзо да ги поправите,бидејки тоа го очекуваме од Вас за нашата сигурност И воопшто,
како И поради тоа што во нашите сметки за струја има ставка улично осветлување.
И уште нешто.
Во нашиот влез во 5-тиот влез на оваа зграда имаме уште еден поголем проблем.
На приземје стан бр.1 веке долго време станот е како напуштен.Се шири многу непријатна миризба од која што сигурно може да се рашири некоја епидемија.
Влегуваат мачки,кучиња сигурно И таму остануваат мократ И оставаат измет.
Неколку пати мислам станарите сакаме да ја најдеме газдарицата мегутоа таа се крие И ретко се појавува.
Кога ке застанеме пред лифтот се пласиме да не закачиме некоја болест а поготово во летниот период.
Мислам некој од соседите рече дека има некоја служба во општината за санитарна инспекција така нешто,каде што треба да пријавиме.
Ве молиме И за ова да ни дадете одговор или нешто да превземете.
Поздрав И се надевам ке ми одговорите И нешто ке превземете

Одговор: Почитувани,

Екипи од општината ќе излезат на терен да ја констатираат фактичката состојба и согласно увидот ќе преземеме соодветни мерки.Ви благодариме на информацијата

Со Почит, општина Кисела Вода


 

 

Име и Презиме: Валентина

Датум: 29.04.2014

Прашање: Почитувани,  89899

Како можевте да дозволите да ја затвори патеката покрај Насгас сопственикот кој го купил земјиштето по која секојдневно поминуваат жителите над Стаклара мегу кои има деца кои секојдневно одат во школо?Имате ли во план некакво решение?Патот до главната улица(Борис Трајковски) и автобуската станица сега е неколку пати подолг а воедно нема никаква пешачка патека кога ке се излезе на Борис Трајковски до автобуската станица.

Одговор:  Почитувани,

Ве известуваме дека сме запознаени за Вашиот проблем,за таа цел општината максимално работи кон релизирање и решавање  на проблемите за подобар и спокоен живот во корис на Вас граѓаните.

Со Почит општина Кисела Вода


 

Име и Презиме: Никола

Датум: 29.04.2014

Прашање:Здраво,

Ме интересира дали се планира во скоро време асвалтирање на улицата пред зграда 47Љ на ул. Христо Татарчев во населба Расадник! и дали е готов изменетиот урбанистички план за тој реон.

Благодарам

Одговор: Почитувани,

Ве известуваме дека Вашето барање ќе биде земено во предвид а реализацијата ќе зависи од приливот на средствата од општината.

Со Почит, општина Кисела Вода

 


 

Име и Презиме: Тони Даневски

Датум: 29.04.2014

Прашање: Почитувани
Ме интересира дали сеуште важи рокот за откуп на дворно место.Имам поднесено барање на име на татко ми кој во меѓувреме е починат и направена е оставинска постапка каде право на користење на дворното место е поделено на двајца корисници.Би сакал да поднесам ново барање на мое име,кој документи ми се потребни и каде треба да се достават.Ви благодарам на одговорот.
Поздрав

Одговор: Почитувани,

За барањата за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија со непосредна спогодба врз основа на објект изграден согласно законот за бесправно изграден објект ако во планот на таа  парцела не се предвидува изградба на објекти од јавен интерес утврден со закон НЕМА РОК во кој барателот  да го достави барањето, но при тоа треба да се има во предвид дека прво треба да се оконча постапката за утврдување на правен статус на бесправен објект, како што наведува странката дека има куќа, па потоа да се поднесе горенаведеното барање за земјиште. Во прилог кон барањето  да се достават следните докази во оригинал (фотокопија со нотарска заверка за верност на оригиналот) и еден примерок во копија:

           1. Извод од урбанистички план со дефинирана градежна парцела;

           2. Геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела;                       

3.Имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на објектот на подносителот на барањето,

4. Имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на земјиштето односно КП.,

5.Имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена;

            6.Уверение за редослед на извршените промени во катастарската евиденција за предметното градежното земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина;

7.Доказ за регистрација од Централен Регистар на Република Македонија ако подносител на барањето е правно лице односно фотокопие од лична карта ако подносител  на барањето е физичко лице.

За дополнителни информации можете да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање, соба 10, барака 3, во кругот на Општина Кисела Вода, секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот.

 

Доколку станува збор за приватизација на дворно место барањата се поднесуваат во се поднесуваат во Министерството за финансии – Управа за имотно правни работи, во кругот на Општина Кисела Вода, барака 9, а рокот е заклучно со Септември 2014 година, дополнителни информации можете да побарате во гореспоменатиот орган.


 

 

Име и Презиме: Виктор

Датум: 29.04.2014

Прашање: Почитувани,

Имам плац кој се наога во втор ред, физички немам пристап до пат.  Во новиот ДУП гледам дека е предвиден пат до мојата парцела, знаци нацртан е пат. Тој пат треба да помине низ комшијата парцелата, значи од неговиот имот треба да се одземе дел за да се добие пат. Прашањето е како е процедурата сега, дали општината треба да изврши експропријација на земјиштето, И да прати служби да се направи патот, или треба да јас поднесам некое барање.  Кои се можните варијанти, дали доколку е нацртан патот во ДУП тоа е валидно или може комсијата да ја закочи работата да не дозволува, да не се согласува И слично.

За да би се забрзала работата дали може јас да допринесам нешто, пример одредени трошоци јас би се согласил да одат на моја сметка доколку општината нема пари И слично.

Одговор: 

Почитувани,

Доколку сте во можност Ве замолуваме да не информирате за која катастарска парцела се работи како би можеле да Ви дадеме напатствија како да постапите понатаму.


 

 

 

Име и Презиме: Билјана Мановска

Датум: 29.04.2014

Прашање: 

Почитувани,

Незнам по кој пат ние ГРАЃАНИТЕ од ПИНТИЈА пишуваме до Вас нашата матична општина во врска со состојбата на улиците во целата НАСЕЛБА. Знаете, Пинтија е НАСЕЛБА а не село и во Пинтија живеат граѓани кој Ви ја дадоа довербата на последните локални избори токму заради Вашите ветувања - дека Пинтија навистина ќе стане населба како и што доликува и дека токму оваа гарнитура ќе ја среди инфраструктурата. Слушаме постојано дека градоначалничката вели дека токму таа во нејзиниот мандат пуштила нов водовод во Пинтија.Па добро, само да потсетам, и
пред неа ние во Пинтија, а таму живеам 30 години, имавме ГРАДСКИ водовод и не користевме дождовница. Проектот за новиот водовод - односно новата водоводна мрежа со басенот беше проект почнат многу порано од доаѓањето на г-ѓата градоначалничка на позиција така да воопшто не е фер да се претставуаваат некој проекти како заслуга исклучиво на оваа гарнитура. Да, пуштањето во оптек беше за нејзнина среќа токму во нејзиниот мандат.

Накратко господа, дојдете и прошетајте се деновиве во Пинтија за да видите што се случува а не само пред избори. Дојдете и направете ги Вашите кондури со ронка кал која ние секојдневно ја газиме. Дојдете и видете од каде доаѓаат вашите гласови и покажете бар малку интерес за нашите проблеми.

Најитно Ве молам за одговор кога мислите да ги санирате сите улици вклучително и онаа од школото нагоре каде има нови градби кој платиле комуналии по редовна цена односно не се предмет на легализацијата по 1 еур/м2 туку уредно си платиле според тарифникот и според законот за градење.

Поздрав
Биљана

Одговор: Почитувани,

Општината се залага за подобра инфраструктура и таа е место кое им овозможува егзистенција и живот на неколку стотици граѓани, за таа цел ве известуваме дека максимално работиме кон остварување на обврските, Вашето барање ќе биде реализирано.

Со Почит, општина Кисела Вода


 

 

Име и Презиме: Габриела Бабамова

 Датум: 29.04.2014

 Прашање: Почитувани,
Поседувам стан во зграда во која станарите не водат воопшто грижа за одржување и функционалност на заедничките простории. Лифтот не функционира со месеци (без активности за негово поправање), искршени стакла, неокречени влезови.
Не сите станари редовно ја подмируваат својата обврска. Тие што ја подмируваат никогаш не добиле известување за финансиската состојба.
Сега сакам да го продадам станот, а оваа ситуација дирекно влијае на вредноста на имотот.
Бидејки нема начин за подобрување на состојбата, ве молам за информација каде да се обратам за посредство за решавање на проблемот. Претпоставувам во рамки на општината постои инспекција одговорна за спроведување на законот за домување.
Со почит

Одговор: Во врска со вашето прашање Ве информираме дека управителот има законска обврска да ги известува сопствениците на посебни делови во зградата за својата работа , месечните тошоци во зградата и други работи поврзани со функционирање и одржување на зградата. Доколку досега не сте известени за текот и начинот на одржување во зградата  , писмено побарајте од управителот известување. Доколку не добиете одговор од упрвителот можете да се обратите до овластениот инспектор за домување во Општина Кисела Вода : Билјана Тренчовска контакт тел: 071 377 538.

 Со почит!


 

 

Име и Презиме: Наташа

 Датум: 28.04.2014

 Прашање:Господа од општина кисела вода дали е во план алсфалтирање на улица 3 во усје зошто поради дождов е не проодна ако воопшто знаете каде се наоѓа таа уличка и воедно да ве известам се собираа потписи во моето сосетство за да се прикажи животот со гумени чизми во нашава ''метропола'' зошто од општина не лажат повеке од една година им ставија асфалт на улиците што веке беа асфалтирани а нашата никој не ја ни погледна  и нема да бидам изненадена ако не ми одговорите.голем позз.

Одговор:Почитувани,

Ве известуваме дека општината се залага за подобрување на патната инфраструктура, Вашето барање ќе биде реализирано во најскоро време.

 Со Почит, општина Кисела Вода


 

Име и Презиме: Зоран Стоилов

 Датум: 27.04.2014

 Прашање: Ова ми е втора порака а на претходната не добив одговор. Каде да се обратам за да ја пополнат дупката со пречник од 1м спроти вера јоциќ 8? Исто така позади зградата на Вера Јоциќ 8 има привремен објект кој е покриен само со церада а не се употребува за ништо. Каде треба да пријавам за да се тргне од таму бидејки не е во функција и мислам дека е нелегален а ние станарите нема каде да паркираме?

Одговор: Почитувани,

За да може општината да ви излезе во пресрет, Ве молиме да поднесете барање во Барака1 едношалтерски  ,а да пријавите нелегален објект ќе треба да дојдете во општината во  Барака 2, соба 11 градежна инспекција.

Со Почит, општина Кисела Вода


 

Име и Презиме: Атанас

 Датум: 27.04.2014

 Прашање: 

Почитувани Господа,
Едно прашање на кое верувам дека може добијам соодветен одговор.
Дали вреди да чекам и да се надевам дека набрзо ке се одлучи да може да се гради во Пинтија,додека пропуштам други шанси и одам во загуба чекајки ваш одговор веке долго време ?
Ке ве молам на кратко ако можете да ми одговорите без членови ,службени весници и правилници,ние обичните граѓани не ги разбираме таквите одговори а ако незнаете поинаку со едноставен одговор тогаш сепак ви Благодарам ама подобро нека остане не одговорено моето прашање.
Благодарам.

Одговор:

Почитувани,

Секторот за урбанизам и просторно планирање на Општина Кисела Вода, во подпрограмата (Ф1) урбанистичко планирање, приоритетна изработка на урбанистички планови и урбанистичко планирање за вклопување на бесправно изградени објекти од програмата (Ф) за урбано планирање на Општина Кисела Вода за 2014 година во Изработка на урбанистички план за село е влезена изработка на УП за Усје – Пинтија, локалитет КО Усје, КО Горно Лисиче – Градежен и КО Кисела Вода 1, за кој е започната постапката и во изработка е Планска програма.

Согласно член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на Република Македонија број 163/2013), урбaнистичките планови, документации и општи акти кои не се усогласиле во утврдените рокови согласно со членот 78 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македо-нија“ број 51/2005) и членот 46 од Законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ број 137/2007), не се применуваат, а просторот опфатен со истите се смета за простор вон плански опфат. Согласно оваа измена во законот, Општина Кисела Вода престана да издава одобренија за градење за КО Горно Лисиче.

Со промените во Правилникот за стандаарди и нормативи за урбанистичко планирање (Службен весник на Република Македонија број 37/2014) се овозможува со изготвување на општ акт со кој до донесување на план за село може да се врши изградба во селата кои немаат урбанистичка документација. По донесување на овој општ акт ќе може да се извади Извод од план врз основа на кој ќе можете да поднесете барање за одобрение за градење во Пинтија. Општина Кисела Вода ја започна постапката за донесување на овој Општ акт.

Секторот за урбанизам и просторно планирање на Општина Кисела Вода започна постапка за донесување на Општ акт за начинот на изградба во населените места во Општина Кисела Вода кои немаат урбанистичка документација. Поднесено е барање до Агенцијата за катастар на недвижности од кои согласно законот треба да добиеме дигитална ажурирана подлога, планерска куќа веке ги спрема нацртите за кои треба да добиеме согласност од Министерството за транспорт и врски. Точен временски период неможеме да Ви дадеме но се трудиме Општиот акт да се донесе во накус временски период.

За дополнителни информации може да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање на Општина Кисела Вода, барака 3, секој вторник и петок до 13 – 15 часот


 

Име и Презиме: Весна Станисавовска

Датум: 26.04.2014

Прашање:Почитувани ке ве замолам за една работа. на улица славка динкова во драчево број81,89,91,93,95,97  повеке од 10 години газиме кал.сега со дождовите се нправи блато не можеме да излеземе како од количани да сме. ве молам не бараме асфалт само ако може  кога правите улици гребениот асфалт да го донесете истурете го на купче ние ке си го постелеме .ве молам  и очекувам ова да го реализираме.поздрав

Одговор: Почитувани,

Екипи од општината ќе излезат на терен да ја констатираат фактичката состојба и согласно увидот ќе преземеме соодветни мерки.Ви благодариме на информацијата

Со Почит, општина Кисела Вода

 


 

 

Име и Презиме: Сретан

Датум: 25.04.2014

Прашање: 

Ве молам да ми кажете која е процедурата за продолжување на одобрението за градба кое ми истекува во мај месец.Поради неможност да почнам во овие две години би сакал да го продолжам.Која е процедурата.Однапред Благодарам

Одговор:

Почитувани,Во самото одобрение за градба Ви пишува дека одобрението престанува да важи доколку инвеститорот не почне со изградба во рок од две години од денот на правосилноста на одобрението за градење, согласно член 66 од Законот за градење.

Согласно законот за градење немапостапка за продолжување на одобрението за градење туку треба да се отпочне нова постапка за добивање на одобрение за градење


Име и Презиме: Поликсена

 Датум: 25.04.2014

 Прашање: 

Почитувани,
Ви се обраќам во врска со предмет за легализација на дивоградба, за која е доставено барање за утврдување на статус на бесправниот објект со уредна документација, а исто така е извршено увид на самото место од страна на Комисија од општината Кисела Вода.
Ве молам да ме информирате за временскиот рок во кој општината постапува по извршениот увид(утврдена фактичка состојба, фотографиии од објектот) и изготвува урбанистичка согласност.
Однапред Ви благодарам

Одговор:

Почитувани,Со цел подетално да се посветиме на поединостите на Вашиот предмет би Ве замолиле да закажете увид во педмет за легализација. Увид во предметите за легализација на бесправни објекти се врши секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот. Закажување на термин за увид може да направите во просториите на Општина Кисела Вода, барака 2, соба 8, или на телефон 2785-453, лице за контакт Мартин.


Име и Презиме: Група граѓани

Датум: 25.04.2014

Прашање: Почитувани,
Истото прашање од 11-02-2014, што го постави еден наш комшија ,значи после два месеца ве молиме да ни одговорите дали се изнајде друго решение за кантите за отпад што се на локација позади зградите кај поштата во н.Драчево.
Би ве замолиле кантите да ги промените во КОНТЕНЕРИ за да неможат уличните кучиња да го растураат по улицата отпадот,ве молиме стварно многу грда слика е влезот во нашето маало и во неколку наврати нашите соседи се принудени сами да ги тргатаат од улица кесите со отпад за да поминат со возилата.
Со почит и се надеваме дека ке го решите овој проблем што постои веке долго време

Одговор: Почитувани,

Ве молиме да доставите барање во Барака1(едношалтерски) за да можеме коректно и прецизно да постапиме според правилата на работата  со цел да Ви помогнеме и  заедно да го решиме проблемот,однапред Ви благодариме на разбирањето.

Со Почит општина Кисела Вода


 

 

Име и Презиме: Раде Џартов

 Датум: 24.04.2014

 Прашање: 

Повод да Ви се обратам е писмото од Госпоѓа Ана Несторова испратено до Вас на 15 04 2014 год.и Вашиот одговор на него.
Мислам дека Вашиот одговор на писмото на Госпоѓата Несторова не е во склад со заложбите на Владата на Република Македонија,администрацијата максимално да се ангажира и да ги решава проблемите на граѓаните.Сметам дека во случајов надлежните од Општината Кисела Вода треба да испратат барање до надлежните во Град Скопје и да го решат проблемот,без оглед во чија надлежност е улицата.Проблемот е на жителите на Општина Кисела Вода и Општината треба да се обрати до надлежните да го решат.
Ќе бев многу задоволен ако во Вашиот одговор прочитав уверување до Госпѓата Несторова дека Општината ќе направи се,надлежните од Град Скопје да го решат овој сериозен проблем.Така ќе бев сигурен дека и Вие се придружувате кон напорите администрацијата во Р.Македонија да биде во служба на граѓаните.
Ве уверувам дека писмово е добронамеро и срдечно Ве поздравувам,
 Раде Џартов

Одговор: 

Почитуван г-дине Џартов

Општина Кисела Вода е место кое им овозможува егзистенција и  живот на неколку стотици илјади граѓани кои гравитираат на нејзината територија.Се согласуваме со Вас дека безбедноста на граѓаните е секогаш на прво место и општината стои секогаш покрај Вас.Така во прилог на Вашето прашање би Ве замолиле да поднесете писмено барање , едно шалтерски во Барака 1 кое ќе потекнува од Вас граѓаните како иницјатива  а ќе биде подржана и од нас како општина затоа што заедно сме посилни.

Со Почит, општина Кисела Вода


 

Име и Презиме: Никола

 

Датум: 24.04.2014

 

Прашање: Овој пат ќе барам еден одговор...дали во скоро време ќе дојде некој да види каде живееме ние ?! Драчево (Порупа,Партизански Пат) ?

Одговор: Почитувани,

Општината е запознаена со Вашиот проблем затоа моментално работиме кон решавање на проблемот со водоснабдување Порупи.

Со Почит, општина Кисела Вода 


 

 Име и Презиме: Димитар Сикалевски

 

Датум: 24.04.2014

 

Прашање: Почитувани,

Ве молам за информација дали општината има во план да опреми (да изгради) дел кој ќе биде детско катче (игралиште) и зелен појас во реонот веднаш после влезот во општината Кисела Вода (гледано од Стара рампа). На овој потег, од Стара рампа се до општината, односно економското училиште “Васил Антевски Дрен”, не постои ниту детско катче ниту зелен појас и многу недостасува опремен простор за игра за дечињата и зелен појас со клупи за одмор. Јас живеам на влезот во Кисела Вода близу училиштето Златен Сремец и навистина нема локација за играње на
децата. Со оглед дека дворот на училиштето Златен Сремец е оградено со висока железна ограда и капијата е затворена попладне, децата се принудени да се протнуваат низ шипките од оградата како би можеле да влезат за да играат.

Ве молам да се вклучи (доколку веќе немате во програма) во планот и во програмата која ја имате за овој дел од Кисела Вода (на влезот од општината после Стара рампа) издвојување на соодветна локација за изградба и опремување на детско катче (игралиште) и опремен зелен појас за одмор. Детското катче кое го изградивте и просторот кој е оплеменет до Економското училиште е навистина за подравување - полн погодок.

Благодарам и Поздрав

Одговор: 

Почитувани,

Пред се да Ви се заблагодарам на убавите зборови. Општината се зала за соодветно решение (хортикултурно и партерно уредување),  просторот  да се уреди, но можностите и реализацијата зависат од приливод на средствата во општината.

Со Почит, општина Кисела Вода


 

Име и Презиме: Тодор

Датум: 21.04.2014

Прашање:Повеќе од две години има поминато откако е искочен ГУП  на град Скопје. Истиот беше донесен на седницата на Советот на Град Скопје со Одлука бр.07/5068/1 од 03.12.2012 год.(Службен гласник на Град Скопје бр.18/12).Од ова се гледа дека не е точно вашето тврдење дека ГУПот на Град Скопје 2012-2022 год е во фаза на изработка.
Ме интересира зошто сеуште не е излезен ДУПот за реон Ј,четврт Ј14? Во што е проблемот што не го давате на јавна расправа?Колку време е потребно да се изработи?
Не сум само јас што се интересирам, гледам дека за Ј14 со потполно право се интересираат поголем број на граѓани на оваа општина.
Па затоа ве замолувам да кажете попрецизно. кога ке биде даден на јавна анкета и презентација на граѓаните ( а не само да ни кажете наскоро и ќе бидете известени).

Одговор:  Почитувани,

Ве информираме дека постапката за донесување на Деталниот урбанистички план за реон Ј, четврт Ј14 (локалитет Расадник, југоисточна изндустриска зона Кисела Вода и локалитет МЗ 70 Кисела Вода – 3, плански опфат помеѓу: улица "Првомајска", булевар "Србија", улица "Сава Ковачевиќ" и улица "Народни Херои"), согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на РМ“, бр. 51/2005, 137/2007, 91/2009, 124/2010, 18/2011, 53/2011, 144/2012 и 55/2013), Правилникот за поблиска содржина, размер и начин на графичка обработка на урбанистички планови (Сл. весник на РМ бр. 78/06), Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање (Службен весник на РМ, 63/12, 126/12 ,19/13 и 95/13) и  Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година е во фаза на изработка.

Пред да биде даден на јавна анкета и презентација деталниот урбанистички план треба да добие согласности од надлежните институции.

Вашите забелешки и сугестии ги очекуваме на јавната анкета и презентација за која граѓаните ќе бидат информирани во пишаните медиуми (дневни весници) и на web – страната на Општина Кисела Вода.

За подетални информации можете да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање, барака 3, во кругот на Општина Кисела Вода, секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот.


 

Име и Презиме: Никола

Датум: 18 .04.2014

Прашање: По револтиран не сум бил во овие 20 години,иако пред 2 год. добив право да гласам и да одлучувам за иднината,се каам што воопшто идам да гласам.Живеам во Драчево,поточно Порупа(тоа е всушност црна дупка на Драчево а може и на цела К.Вода),значи во овие 20 години јас не памтам некој од надлежните да дојде и барем една клупа да постави(клупа значи,3 греди споени,ништо повеќе) а не пак да барам игралиште и пат каде ќе можат да се разминат барем автомобил и точак,немора автомобил со автомобил,тоа е многу за вас.Е сеа,револтот е уште поголем со помислата
дека пред избори доаѓа кандидатот во 11 саат,кога нема жив човек освен 3-4 стари луѓе кои се вртат низ маало и на нив им се објаснува дека ќе се направи игралиште,што на пензионерите многу им е гајле.Е,следно е што ниедно ветување не се извршило до крај,иако било само едно.Пример,рекоа дека ќе се појачал притисокот на вода,иако тоа не беше потребно,ама ајде...наводно се појача,ама се направи поголема штета...патот е целиот ископан,потесен е од тоа што беше и целиот е кал и со врнеживе се слече кон каналот,тоа е така затоа што го ископаа и не го
поправија.Епа фала ви многу,еден ден кога ќе се слече скроз,незнам како би се симнале во цивилизација.Ок,следно е игралиштето...30-35 деца,МАШКИ деца значи,играат во кал или прашина,зависи од времето како ќе се погоди,додека пак пример во Усје има игралиште а нема 5 деца...Значи,кога ќе направиш еден вкупен преглед на сево ова,доаѓаме до заклучок дека сме најотсечени од цела К.Вода,нецивилизиран народ...барем еднаш да дојде некој и да види каде живеат овие граѓани на К.Вода.Значи е ќе ве молам да го одобрите овој текст за секој да го прочита,и ако
може да ми одговорите,зашто многу ме интересира вашето мислење. Благодарам

Одоговр: Почитувани,

Ве известуваме дека Вашето барање ќе го земеме во предвид а реализацијата ќе зависи од приливот на средствата во општината.

Со Почит, општина Кисела Вода


 

Име и Презиме: Дејан Димитровски

Датум: 17.04.2014

Прашање:  Почитувани,

Не информиравте дека на ул„Христо Татарчев“ на зелениот појас-сквер  ќе се прави патека од бекатон и ќе се постават детски реквизити уграсени со цвеќина.Освен две патеки и цвеќенцата, остана старата неискосена треба и многу прашина и смет.Дали е во план да заличи на нешто зелениов појас, ќе се засади ли некое дрвце за промена

Одговор: 

Почитувани,

Деновиве изведувачот ќе отпочне со поставување на детски реквизити на сверот кај ул„Христо Татарчев“, за таа цел Ве молиме за малку трпение работите се одвиваат во најдобар ред но понекогаш и временските услови не дозволуваат да се заврши изведбата во предвидениот рок.

Со Почит, општина Кисела Вода


 

 

Име и Презиме: Мирјана

Датум: 16.04.2014

Прашање: Почитувани, сакам да знам дали има можност да се среди паркирањето на возилата што се паркираат  долзж целата  Есенинова, мислам на оние возила чии сопственици работат по фирмите во близина. Од нив се прави голем метеж додека трае раб. време, пешачите мораат да се движат по коловозот, децата се деца и ги демне опасност, накратко речено, секаде во центар и во другите населби овој проблем е решен, пајак службата до некаде го решава ова, има ли решение за овој дел од К.Вода

Одговор: Почитувани,

Општината е запознаена со Вашиот проблем  но понекогаш е  потребна  и совеста на граѓаните за таа цел ќе пристапиме кон решавање на проблемот.Ви благодарам  на разбирањето .

Со Почит, општина Кисела Вода


 

 

Име и Презиме: Мартин

Датум: 16.04.2014

Прашање: Дали ви е во план реновирање или санација на игралиштето во припор ( Теферич ) бидејќи е во очајна состојба и ние младите иако имаме желба немаме простор за рекреација

Одговор: Почитувани,

Општината континуирано работи на осовременување,реконструкција и одржување на постојните паркови и зелени површини за таа цел Вашиот проблем ќе биде реализиран во најскоро време.

Со Почит, општина Кисела Вода


 

 

Име и Презиме: Ана Несторова

Датум: 15.04.2014

Прашање: Имам до вас едно барање или молба,незнам како да го наречам.Имено се работи за следново:Јас сум родител на ученик во ОУ,,Партенија Зогравски,,.Повекепати на совет на родители го актуелизирав овој проблем но досега ништо.Веројатно никој и не покренал иницијатива.На улицата кај "шампионче" има пешачки премин каде секој ден, освен моето дете и стотици други одат на школо,а и многу родители ги носат децата во градинката Мимоза.Со оглед дека тука има дупла кривина и доста е непрегледно јас се плашам да поминам на пешачкиот.Затоа душата ми се
тресе кога керками која има 10г. оди и се врака од школо.Од 10 коли дали 1 ке застане на пешачкиот.Еднаш ми се случи за малку да не собереше една кола  мене сосе дете и количката со бебето.Незнам каде и кој би можел да побара да се постави семафор кај оваа опасна двојна кривина и пешачки премин.Затоа како жител на оваа општина ви се обраќам на вас.Ве молам да најдете начин ова некако де се реши.А не само јас, туку и сите родители чии деца го користат овој пешачки, верувам ке се ослободат од секојдневен стрес за децата.Со надеж дека  ке има решение,
искрено ви се заблагодарувам и голем поздрав.

Одговор:  Почитувани,

Ве информираме дека треба да се обратите до Град Скопје-Сектор за сообраќај- Одделение за контрола на сообраќајна сигнализација и утврдени режими на сообраќај, затоа што шампионче се наоѓа на ул„Антон Попов“ која е во надлежност на  градот.

Со Почит, општина Кисела Вода    


Име и Презиме: Драган

Датум: 15.04.2014

Прашање: 

Куката ми е лепенка поделена на три дела ( роднини ) имам проблеми со кровот  и сакам да изврсам санација само на мојот дел а не сме во добра врска со роднините како  и сто се ми е потребно за да го средам овој проблем

Одговор: 

 Почитувани,

Согласно член 97 од Законот за градење (“Службен Весник на Република Македонија” број 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/1, 79/13 и 137/13), за реконструкција на објект или дел од објект сопственикот на објектот до надлежниот орган од членот 58 (во Вашиот случај објектот е од локално значење и одобрение за градење издава градоначалникот на општината) на овој закон треба да поднесете барање за одобрение за реконструкција при што со барањето потребно е да поднесете:

-доказ за правото на сопственост на посебниот дел од објектот, односно станот или делот од стан,

-основен проект за предвидената реконструкција на објектот со извршена ревизија во два примерока,

-извод од урбанистички план со кој се потврдува дека објектот од ставот (2) на овој член е предвиден со важечкиот урбанистички план.

Доколку со соседите сте под заеднички кров ќе треба да имате согласност од нивна страна.

За дополнителни информации можете да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање, барака 3, во кругот на Општина Кисела Вода, секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот.


 

Име и Презиме: Тане

Датум: 15.04.2014

Прашање: Што се планира со спортската сала Расадник ?  Целата е во многу лоша состојба .
Исто така деловите околу неа се ептен запоставени ,има куп ѓубре , треви , отворени шахти.

Одговор: Почитувани,

Ве известуваме дека спортската сала Расадник е дадена под концесија за понатамошното реализирање ќе добиете подетални информации

Со Почит, општина Кисела Вода


Име и Презиме: Регина

Датум: 14.04.2014

Прашање: 

Би сакала да прашам сто се случува со ДУП за Црниче потоцно ме интересира , за реон Ј20, кога ке биде на јавна анкета ? Веке подолго од година дена се интересираме за планот и кажано ни е дека е во процедура.

Исто така ме интересира која е постапката за приватно  уцртување на маркица, на парцела на која според ГУП е предвидена градба ? Ако е можно би сакале порано од донесувањето на ДУП за Црнице да уцртаме маркица,

Одговор:

Почитувани,

Секторот за урбанизам и просторно планирање на Општина Кисела Вода, согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање  (Сл.весник на РМ бр. 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13 и 163/13) и ГУП на Град Скопје 2012 – 2022, пристапи кон изработка на нови детални урбанистички планови на ниво на градски четврти дефинирани со регулациони линии согласно ГУП на град Скопје 2012 - 2022.

Ве известуваме дека градската четврт Ј20 е со површина од 150ха. На барање на Општина Кисела Вода Градот Скопје пристапи кон изработка на ГУП по регулациони линии, односно поделба на градската четврт на блокови.

Град Скопје изработи урбанистички план на четврт Ј20 од ГУП на Град Скопје 2012-2022 година и согласно истиот оваа четврт е поделена на 10 блокови.

За увид во урбанистичкиот план на четврт Ј20 можете да се повикате на следниот линк:

хттп://www.скопје.гов.мк/ДесктопДефаулт.аспx?табиндеx=0&табид=663

Општина Кисела Вода ќе пристапи кон изработка на Детални урбанистички планови за секој од десетте блокови во рамки на четврт Ј20. Доколку сакате да направите промена ќе треба најпрво да се изработи Детален урбанистички план за блокот во кој припаѓа Вашата парцела.

За подетални информации можете да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање, барака 3, во кругот на Општина Кисела Вода, секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот.


 

Име и Презиме: Ивана

Датум: 12.04.2014

Прашање: 

Почитувани

Имам прашање, каква е процедурата за изградба на куќа, односно за изградба на куќа во населба Припор и која е цената за комуналии во населба Припор и други давачки?!
Ви Благодарам однапред
Поздрав

Одговор:

Почитувани,

 Ве информираме дека Припор е влезен во планскиот опфат на Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година и се до донесување на Детален урбанистички план за конкретната локација неможе да Ви се издаде Одобрение за градење.

Барањата за одобрение за градење се поднесуваат само по електронски пат.  За подетални информации можете да се повикате на следниот link:

https://www.gradezna-dozvola.mk/Account/Login?ReturnUrl=%2f

Регулирањето на надоместок за уредување на градежно земјиште (Комуналии) е во надлежност на Градот Скопје, односно, Секторот за Планирање и уредување на просторот, Одделение за планирање и уредување на просторот за уредување градежно земјиште и изградба на инфраструктурни и капитални објекти при истиот Орган. Повеќе информации можете да добиете на web-страната на Град Скопје, односно за конкретната проблематика повикајте се на следниот link:

http://www.skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=292

За подетални информации окулу условите за проектирањето напоткровје можете да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање, барака 3, во кругот на Општина Кисела Вода, секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот.


Име и Презиме: Кире

Датум: 12.04.2014

Прашање: 

Деленик сум со друго лице на 1/2 од баракана која сме наследници,дворот е на Р.М. а бараката е малку повекје во делот на дворот на другото лице и нему му следува во мојата половина мал дел(шупа),за да не се мешаме еден кај друг и кога судски би се решило и јас го добијам и неговото мало парче или во случај да му го платам за да отстапи ,дали би можел да го откупам по 1 евро м2 од државата или по друга цена и по која,а претходно имам поднесено за откуп само за мојата 1/2.Или што би се случило ако тој во дадениот рок не поднесе за откуп  на земјиштето,дали јас можам да го откупам тој дел без негова согласност,поради тоа што делот е на Р.М.

Одговор:

Почитувани,

Бидејки се работи за посложен случај, Ве замолуваме со имотниот лист да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање, соба 10, барака 3, во кругот на Општина Кисела Вода, секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот


 

Име и Презиме: Граѓанин

Датум: 11.04.2014

Прашање: Дали негде Дуп Црниче 1 можам онлине да го најдам?

Одговор: 

Почитувани,

Увид во Деталниот урбанистички план за Црниче 1 можете да направите секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот во Секторот за урбанизам и просторно планирање, соба 5, барака 3 во кругот на Општина Кисела Вода

 


 

 

Име и Презиме: Александар

Датум: 09.04.2014

Прашање: 

Почитувани,

Имам неколку прашања во врска со добивање на градежна дозвола за изградба на семејна куќа помала од 300м2 во населба 11ти Октомври:
* дали поднесувањето на барање за добивање на градежна дозвола се врши само по електронски пат со проект потпишан со електронски потпис или може сеуште по старо?
* дали е потребно мислење (МПС) од ИЗИИС?
* дали уплатата за комуналии може да се изврши на рати и под кои услови?
* колкав е цената по м2 за комуналии за семејна куќа, за спрат (приземје), подкровје и подрум
* дали можете на кратко да опишете кои се генералните услови за подкровјето да се квалификува за цена за комуналии за подкровје (овде предпоставувам дека цената на комуналии за подкровје е помала одколку за спрат)

Благодарам

Одговор: 

Почитувани,

Барањата за одобрение за градење се поднесуваат само по електронски пат.  За подетални информации можете да се повикате на следниот link:

https://www.gradezna-dozvola.mk/Account/Login?ReturnUrl=%2f

Регулирањето на надоместок за уредување на градежно земјиште (Комуналии) е во надлежност на Градот Скопје, односно, Секторот за Планирање и уредување на просторот, Одделение за планирање и уредување на просторот за уредување градежно земјиште и изградба на инфраструктурни и капитални објекти при истиот Орган. Повеќе информации можете да добиете на web-страната на Град Скопје, односно за конкретната проблематика повикајте се на следниот link:

http://www.skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=292

За подетални информации окулу условите за проектирањето напоткровје можете да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање, барака 3, во кругот на Општина Кисела Вода, секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот


 

Име и Презиме: Кате

Датум: 08.04.2014

Прашање: Ве молам што поскоро да ми одговорите бидејки неколкупати прашувам и не добивам никаков одговор.Мојот објект во н.Припор е веке во процес на легализација,имам долен кат и уште една соба на вториот кат.Сакам да направам реконструкција на кров со тоа што ке ги споиме со веке постоечката соба,прашањето ми е дали имам потреба од дозвола за реконструкција на кров,и што,како ке ми е потребно ако дополнително сакам да имам поткровни соби,каде најпрво треба да се обратам.

Однапред благодарам

Одговор: 

Почитувани,

 Ве информираме дека Припор е влезен во планскиот опфат на Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година и се до донесување на Детален урбанистички план за конкретната локација неможе да Ви се издаде Одобрение или Решение за градење.

Согласно член 97 од Законот за градење (“Службен Весник на Република Македонија” број 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/1, 79/13 и 137/13), за реконструкција на објект или дел од објект сопственикот на објектот до надлежниот орган од членот 58 (во Вашиот случај објектот е од локално значење и одобрение за градење издава градоначалникот на општината) на овој закон треба да поднесете барање за одобрение за реконструкција при што со барањето потребно е да поднесете:

-доказ за правото на сопственост на посебниот дел од објектот, односно станот или делот од стан,

-основен проект за предвидената реконструкција на објектот со извршена ревизија во два примерока,

-извод од урбанистички план со кој се потврдува дека објектот од ставот (2) на овој член е предвиден со важечкиот урбанистички план.

Согласно Законот за градење (“Службен Весник на Република Македонија” број 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/1, 79/13 и 137/13), доколку сакате да правите доградба односно поткровје ќе треба да поднесете барање за одобрение за градење. За подетални информации можете да се повикате на следниот link:

https://www.gradezna-dozvola.mk/Account/Login?ReturnUrl=%2f

За дополнителни информации можете да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање, барака 3, во кругот на Општина Кисела Вода, секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот.


 

 

Име и Презиме: Амела Апостоловска

Датум: 08.04.2014

Прашање: 

Живееме во населба во барака земјиштето не ни е откупено дали може да се откупи и што документација ни е потребна но да нагласам и дека баба ми е почината а куката се води на неа додека земјиштето е државно ви благодарам

Одговор: 

Почитувани,

Доколку се работи за барака која е запишана во имотен лист а земјиштето е во сопственост на Република Македонија потребно е да поднесете барање за приватизација на земјиштето во Министерството за финансии, Управа за имотно – правни работи, Одделение за првостепена управна постапка кое е сместено во кругот на Општина Кисела Вода, барака 9


 

Име и Презиме: Габриела

Датум: 08.04.2014

Прашање: Почитувани,

Ве молам за информација која е постапката за легализација на тераси пренаменети во станбен простор.

Со почит,
Габриела

Одговор: Почитувани,

Барањето за утврдување на правен статус на бесправен објект се поднесува преку електронски систем на Општина Кисела Вода и во прилог на истото треба да се достави:

-       геодетски елаборат

-       лична карта

-       сметки од вода и струја

За дополнителни информации можете да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање, соба 10, барака 3, во кругот на Општина Кисела Вода, секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот.


 

 

Име и Презиме: Мирјана

Датум: 08.04.2014

Прашање: Почитувани,

Ве молам кога ќе се асвалтираат улиците во нас. Пинтија(кај бараките), многу се раскопани со тие шахти, све е земја и многу прашина, неможе во двор да се седне, ниту пак со деца да се прошета.
Ве молам поитно, летово да не останеме во прашина како секогаш.

Одговор:Почитувани,

Ве известуваме дека во текот на наредната недела ќе започне втората фаза на санација и крпење на ударни дупки во кој ќе влезат и Вашите улици. Би благодариме на довербата.

Со Почит, општина Кисела Вода.


Име и Презиме: Кате

Датум: 06.04.2014

Прашање: Почитувани,на веке постоечки објект сакаме да направиме реконструкција на кровот,бидејки има еден дел изграден на горниот спрат да се направи еден целосен кров и да се искористи како подкровни соби.Ве молам да ми кажете која е постапката,дали ми треба некоја посебна дозвола,каде прво да се обратам,дали се плакаат комуналии и сл. Однапред благодарам

Одговор:

Почитувани,

Согласно Вашето објаснување треба да направите надградба. Согласно законот за градење надградба е изведување на работи на постоен објект со кои се влијае на основните елементи според кои е изграден објектот, а посебно на конструкцијата во висина, со изградба на нови етажи до максимално дозволената висина со урбанистичкиот план при што може да се влијае на конструктивниот систем во рамките на постојните габарити на основата. Согласно членот 63 од Законот за градење: “При доградба и надградба на објект се спроведува истата постапка предвидена за добивање на одобрение за градење пропишана со овој закон”.

Барањата за одобренние за градење се поднесуваат електронски, а за повеќе информации можете да се повикате на следниот link:

https://www.gradezna-dozvola.mk/Account/Login?ReturnUrl=%2f

На следниот link моќете да се повикате за формуларот за Б А Р А Њ Е за одобрение за градењe на дел или делови на градба

http://www.kiselavoda.gov.mk/content-data/formulari/baranje%20za%20odobrenie%20za%20gradenje%20na%20del%20ili%20delovi%20od%20gradba.pdf

            За подетално информации можете да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот, барака 3 во кругот на Општина Кисела Вода.


Име и Презиме: Лидија

Датум: 05.04.2014

Прашање: Почитувани,

 Помина скоро една година одкога ми одговоривте на истово прашање, а поминаа веќе пет години од кога се бараме начин како да го решиме проблемот. Минатата година поставив прашање: Кога ќе поставите осветлување на улицата Димо Хаџидимов на некаде 500 метри на средината на улицата нема осветлување. Ние живееме на бр.103. Ми рековте дека работите на случајот и дека ќе треба да се договорите со град Скопје и дека улицата е собирна (што и да значи тоа) и дека ќе го решите проблемот. Не е можно една година да се договарате со град Скопје за тоа чија ингеренција е и ништо да не превземате. Три бандери со осветлување ќе ја решат темницава и вам ви треба една година да префрлате еден на друг. И за ова од нашите плати се одвојува, нели? Општината е таа што треба да ги решава овие проблеми. Повторно се обраќам до вас да најдете решение што поскоро. Навечер е многу темно и ништо не се гледа дури и кога е полна месечина. Треба со светло на батерија да излегуваме како да сме во планина. Со почит и надеж за најскоро можно решавање, Ве поздравувам, Лидија.

Одговор:Почитувана,

Ве известуваме дека нашите службеници ќе излезат на терен да го консатираат проблемот.По извршениот увид општината соодветно ќе реагира.Имајте убав ден и Ви благодариме на разбирањето.

Со Почит, општина Кисела Вода.


 

Име и Презиме: Оливера

Датум: 03.04.2014

Прашање: Почитувани,имаме поднесено барање за приватизација на градежно земјиште со барање број 26 3954/1 од 26.12.2012 година а сеуште немаме добиено никаква информација за предметот. Ве молам за информација што треба да се превземе околу предметот.Ви благодарам

Одговор:Почитувани,

Барањата за приватизација на градежно земјиште се однесуваат на Министерството за финансии – Управа за имотно правни работи, сместена во кругот на Општина Кисела Вода, барака 9. Општина Кисела Вода не е надлежна во постапувањето по овие барања

Со Почит, општина Кисела Вода.


Име и Презиме: Ѓоре

Датум: 02.04.2014

Прашање: Почитувани,

Ве молиме да ни го дадете архивското бројче под кое е примен Вашиот предмет за легализација, како би можеле конкретно да Ви одговориме за постапувањата по конкретниот предмет.Бројот на предметот за легализација е : УП08  735/1.Се надевам на позитивен одговор и брза разресница на проблемот.

Одговор:Почитувани,

 Вашиот предмет е распределен на комисијата која излегува на терен за увид. Ќе бидете телефонски известени за денот и времето од страна на членовите од комисијата.Секој од доставените предмети за легализација се прегледува од страна на правни лица за да се утврди дали е комплетирана потребната документација. Комисијата извелгува на терен само за предмети со комплетна документација. Документацијата која се бара во предметите за легализација на бесправно изградени објекти е согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти.


 

Име и Презиме: Виктор

Датум: 02.04.2014

Прашање: Почитувани

Купив плац со стара куќа која е лепенка во нас.Црниче. Земјиштето е приватизирано, објектот е легален но е стар. Сакам да ја срушам старата куќа и по некоја година да изградам нова.  Со комшијата со кого сум лепенка сме согласни да се одделиме и во иднина кога ќе градам да се повлечам од него нормално во рамки на својата парцела.
Прашањето е дали треба да дојде некој од општина да направи записник како ќе се ми се уважат веќе платените комуналии?
Второ дали треба извадам некоја дозвола за рушење?
Трето, дали е дозволено да се одделам од комшијата бидејќи не сакаме и двајцата да сме лепенки

Одговор:

Почитувани, Во однос на уважување на веќе платените комуналии, нема потреба од правење записник истите се утврдуваат согласно имотниот лист. Во врска со рушењето на објектот  Ве информираме дека согласно Законот за градење:

Отстранувањето  на објектот се врши со одобрение  за отстранување. Барање за отстранување на објект поднесува  сопственикот на објектот. Покрај сопственикот, барање можат да поднесат и други заинтересирани  лица.  Кон барањето подносителот доставува:

-  проект за отстранување на објектот во три примероци и

-  доказ за сопственост

Државниот службеник проверува дали барањето е јасно и дали кон него се приложени потребните документи, односно дали кон барањето е приложен проект за отстранување во три примероци, и дали има доказ за сопственост. Понатаму, државниот службеник проверува дали за отстранување на објектот се потребни дополнителни мислења или согласности од други институции. Доколку оцени дека се потребни дополнителни мислења и согласности, по службена должност ќе побара од тие институции да достават мислење или согласност.

 

Во однос на градбата, можете да се одделите од соседот, при што објектот треба да е во рамки на Вашата парцела и во рамки на површината за градење.


Име и Презиме: Maja

Датум: 01.04.2014

Прашање: 

Здраво, би сакала да се информирам од вас, за легализација на државно земјисте треба да се изработи елаборат и да се достави до вас, а за елаборатот е потребно извод од план од општина или извод од катастарски план

Одговор: 

Почитувани,

Легализација на државно земјиште не постои.

Доколку мислите на трансформација на државно земјиште, треба да се обратите до Министерството за финансии – Управа за имотно правни работи, во кругот на Општина Кисела Вода, барака 9.

Доколку мислите на отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија со непосредна спогодба врз основа на објект изграден согласно законот за бесправно изграден објект ако во планот на таа  парцела не се предвидува изградба на објекти од јавен интерес утврден со закон, но при тоа треба да се има во предвид дека прво треба да се оконча постапката за утврдување на правен статус на бесправен објект, па потоа да се поднесе горенаведеното барање за земјиште. Во прилог кон барањето  да се достават следните докази во оригинал (фотокопија со нотарска заверка за верност на оригиналот) и еден примерок во копија:

1. Извод од урбанистички план со дефинирана градежна парцела;

2. Геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела;             

3.Имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на објектот на подносителот на барањето,

4. Имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на земјиштето односно КП.,

5.Имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена;

6.Уверение за редослед на извршените промени во катастарската евиденција за предметното градежното земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина;

7.Доказ за регистрација од Централен Регистар на Република Македонија ако подносител на барањето е правно лице односно фотокопие од лична карта ако подносител  на барањето е физичко лице.


Име и Презиме: Гоце

Датум: 26.03.2014

Прашање:

Почитувани би сакал да ве пашам за плац во н.Пинтија  со бр. на парцела2467/1 кој со околу 1200м2 на кој плац сопствениците веке си имаат кука и сакаат долниот дел од плацот да ми го продадат.Прашањето ми е дали би можел за тој плац да добијам градежна дозвола за да си изградам кука поради тоа што слушнав дека нешто е стопирано околу издавањето на дозволи.И дали би ми можеле да ми кажето за колку време би ми ја издале дозволата поради тоа што продавам стан за да ја направам таа куќа? Очекувам побрз одгововор за да знам што да правам со станот да не
останам на улица.
Со ПОЧИТ
Гоце

Одговор: 

Почитувани,

Секторот за урбанизам и просторно планирање на Општина Кисела Вода, во подпрограмата (Ф1) урбанистичко планирање, приоритетна изработка на урбанистички планови и урбанистичко планирање за вклопување на бесправно изградени објекти од програмата (Ф) за урбано планирање на Општина Кисела Вода за 2014 година во Изработка на урбанистички план за село е влезена изработка на УП за Усје – Пинтија, локалитет КО Усје, КО Горно Лисиче – Градежен и КО Кисела Вода 1, за кој е започната постапката и во изработка е Планска програма, очекуваме оваа постапка да  се заврши до крајот на годината.

Согласно член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на Република Македонија број 163/2013), урбaнистичките планови, документации и општи акти кои не се усогласиле во утврдените рокови согласно со членот 78 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ број 51/2005) и членот 46 од Законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ број 137/2007), не се применуваат, а просторот опфатен со истите се смета за простор вон плански опфат. Согласно оваа измена во законот, Општина Кисела Вода престана да издава одобренија за градење за КО Горно Лисиче.

Со промените во Правилникот за стандаарди и нормативи за урбанистичко планирање (Службен весник на Република Македонија број 37/2014) се овозможува со изготвување на општ акт со кој до донесување на план за село може да се врши изградба во селата кои немаат урбанистичка документација. По донесување на овој општ акт ќе може да се извади Извод од план врз основа на кој ќе можете да поднесете барање за одобрение за градење за КО Горно Лисиче.

За дополнителни информации може да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање на Општина Кисела Вода, барака 3, секој вторник и петок до 13 – 15 часот.


Име и Презиме: Тони

Датум: 26.03.2014

Прашање: Паркирањето на возила на тротоарите е генерален проблем на територијата на целиот град. Сепак, сметам дека при реконструкцијата на тротоарите на улицата Франк Х. Манинг беше добро да се постават столпчиња кои ќе оневозможуваат да се паркираат возила на тротоарите. Станува збор за прометна улица на која се наоѓаат Тинекс маркет, пазарче и детски парк со игралиште, па циркулацијата на луѓе и возила е доста голема. На улицата постои и паркинг на кој може да се паркираат возилата, но за жал возачите сепак се решаваат да ги остават возилата на
тротоарите, при што го блокираат слободното движење на пешаците и ги приморуваат да ги да се симнат на коловозот со што ги изложуваат на опасност.
Особено поради големата фреквенција на деца (поради паркот и игралиштето, а и училиштето Круме Кепески во непосредна близина) сметам дека е добро во заедничка акција со Град Скопје да се постават столпчиња и на улицата Христо Татарчев во околината на кулите, со што ќе се стави крај на окупирањето на тротоарите со возила пред петте кули и паркот, а ќе се зголеми безбедноста на пешаците (особено децата).
Да нагласам само дека сообраќајната полиција кампањски врши санкционирање на несовесните возачи кои се паркираат на тротоарите. Во текот на една календарска година само еднаш со пајак возила се отстрануваат возилата, што е недоволно, бидејќи во останатиот дел од годината тротоарите остануваат окупирани од возила и недостапни за пешаците

Одговор: Почитувани,

Општината се залага за подобра инфраструктура се поставија повисоки ивичњаци со цел да не се паркираат моторните возила и камиони, но понекогаш е  потребна  и совеста на граѓаните.Ви благодарам на разбирањето .

Со Почит, општина Кисела Вода


 

 

Име и Презиме:Мирјана Димишковска

Датум: 26.03.2014

Прашање: Почитувани ,, би сакала да знам, што се работи на поранешната локација од гп.Пелагонија,веднаш под пругите, на крајот од Есенинова. Секој ден камиони вршат истовар на земја,за да веке другиот ден, ја изнесуваат некаде, ова предизвикува револт кај жителите од Есенинова,бидејки уште сега има голема прашина а што ке биде летово, допрва ке видиме.На нашите прашања упатени до лугето од општината добиваме најразлични одговори:ке се прави парк, надвозник, улица и уште разни содржини, а ништо од тоа не  е официјално. Која е вистинската намера со ова место

Одговор: Почитувани,

Општината имаше во план изработка на парк но бидејќи имаме проблем со имотно правни односи работата се стопираше и сега во моментот само се нивелира земјиштето.Реализацијата ќе продолжи по решавање на  имотно- правни односи.

Со Почит

 


 

Име и Презиме:Трајко

Датум: 26.03.2014

Прашање: Здраво ,

Би сакал да се информирам за следното :Во нашата зграда на ул Георги Димитров на секој спрат постојат заеднички простории како тераси ( Логии ) .Имено секој од станарите од секој спрат има право на користење на истите , за различни намени ( чувањевелосипеди , и слично )  НО еден од моите соседи од мојот спрат буквално си ја има присвоено таа терасат.е терасата ја користат за ГОТВЕЊЕ , си ставиле шпорет и тамо готват . Мене тоа ми пречи затоа што сешири непријатна миризба на нашиот спрат , па прашањето ми е кој е надлежен за ова ?

Одговор: Заедничките делови од станбената зграда можат да се користат само за намената за која се определени и на начин определен со договор за заемни односи. Претседателот на Заедницата на сопственици (куќниот совет), односно управителот има обврска за редовно одржување и функционирање на заедничките делови. 


 



Име и Презиме: Раде Ненадиќ

Датум: 25.03.2014

Прашање: Почитувани,
На ден 29.11.2013 поднесов целосна документација за легализација на дел од индивидуален стамбен објект.
На ден 11.02.2014 бев во Општината да извршам “ увид во предметот” при што ми е кажано дека е се во ред и дека треба да се излезе на лице место.
Со оглед на фактот што од тогаш помина месец ипол ме интересира докога ке чекам да се излезе на лице место
За полесно снаоѓање број на предметот е 08-9744

Одговор: 
Почитувани,

Секој од доставените предмети за легализација се прегледува од страна на правни лица за да се утврди дали е комплетирана потребната документација. Комисијата извелгува на терен само за предмети со комплетна документација. Доколку Ви е комплетирана документацијата ќе бидете телефонски контактирани од страна на членовите од комисијата за нивното излегување на терен. Документацијата која се бара во предметите за легализација на бесправно изградени објекти е согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти.  Вашиот предмет е распределен на комисијата и во брзо време ќе бидете контактирани.


 

Име и Презиме: Љубица Бубевска

Датум: 25.03.2014

Прашање: Ве молам за линк од формулар со жиро сметка за сумата што треба да се уплати за издавање одобрение за градба.Благодарам

Одговор: 

Почитувани,

На следниот link моќете да се повикате за формуларот за Б А Р А Њ Е за одобрение за градењe на дел или делови на градба

http://www.kiselavoda.gov.mk/content-data/formulari/baranje%20za%20odobrenie%20za%20gradenje%20na%20del%20ili%20delovi%20od%20gradba.pdf

Уплатница во вредност од 250 денари на трезорска сметка:

Цел на дознака: За административни такси

Назив на примачот: трезорска сметка Буџет на Кисела Вода

Сметка: 100-0000000-630-95

Уплатна сметка:840-180-03182

Банка на примач: НБРМ

Приходна шифра: 722315

Програма: 00


 

Име и Презиме: Кате

Датум: 24.03.2014

Прашање: Ме интересира дали почна со работа базата за алсфалтирање и дали за кратко време ке биде асфалтирана улица 3 во усје зошто бесе ветено дека ке се асфалтира ве молам за поконкретен одговор

Одговор: 

Почитувани,

Ве известуваме дека сеуште не е започната градежната сезона, со самиот почеток Вашиот проблем ќе биде релизиран. Ви благодариме на довербата

Со Почит, општина Кисела Вода


 

 

Име и Презиме: Куќен Совет ул.Есенинова 15

Датум: 22.03.2014

Прашање: Ве молиме да не инфирмирате што се слуцува со просторот кај поранесна Пелагонија- занатси погон на ул Жил Верн и Есенинова. До пред 1 месец со камиони се посипуваше земја за наводно правење парк.Да не ви кажуваме каква кал и прашина сормацијае направи.Откако се постигна потребната височина и сето тоа се израмни,почна нова тура на камиони да истураат секаков вид на земја од разни ископи со што многу се подигна нивото/ н.з. /И повторно две недели во калови и прашина. По реакција на некои соседи , им било кажано дека нема ништо од парк ( наводно се
јавиле некои сопственици на земјиштето). Денеска 22,03,2014 гледаме доаѓаат празни камиони и се товара земјата што беше донесена и ПОВТОРНО прашиништа и галама. Ова е неподносливо веке.дали некој знае што се работи , има ли инспекција кој ја контролира ситуацијата и хигиената , и дали е санкциониран некој. 

Одговор: 

Почитувани,

Општината имаше во план изработка на парк но бидејќи имаме проблем со имотно правни односи работата се стопираше и сега во моментот само се нивелира земјиштето.Реализацијата ќе продолжи по решавање на  имотно- правни односи.

Со Почит


 

Име и Презиме:Ѓорѓи

Датум: 20.03.2014

Прашање:Здраво,

Бидејќи бројот на автомобили на ул. Пушкинова е значително зголемен, и наоѓање слободно паркинг место е вистински предизвик, дали општината располага со средства, и е во план да го среди паркингот во овој дел на општината.
Предлог: дел од парцелата западно од Пушкинова бр. 4, јужно од Пушкинова бр. 2 кон старите гаражи, кој и онака не е хортиклутурно уреден а ни децата од оваа маало не си играат таму, да се уреди со павер елементи, каде сигурно би собрало едно педесетина возила.

Ви благодарам однапред
Срдечен поздрав

Одговор: 

Почитувани,

Ве известуваме дека на ул „Пушкинова“ бр 4 во план е да се уреди просторот со павер елементи,реализацијата ќе зависи од буџетот на општината

Со Почит


 

Име и Презиме:Дејан Галевски

Датум: 20.03.2014

Прашање:Ќе ве молам за одговор кога ке се донесе дуп за место викано градинар ј10 реон 16?

Одговор: Почитувани,

Согласно ГУПот на Град Скопје 2012-2022 година, градот е поделен на градски четврти кои се дефинирани со регулациони линии и за истите ќе се спроведат постапки за донесување на Детални урбанистички планови. Согласно Вашите информации делот за кој Вие се интересирате спаѓа во за реон Ј, четврт Ј16, оваа четврт ја опфаќа територијата на локалитет  Градинар, граница на планскиот опфат помеѓу: булевар "Македонија", улица "Првомајска" и булевар "Србија".

            Предлог планот за реон Ј, четврт Ј16 согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на РМ“, бр. 51/2005, 137/2007, 91/2009, 124/2010, 18/2011, 53/2011, 144/2012 и 55/2013), Правилникот за поблиска содржина, размер и начин на графичка обработка на урбанистички планови (Сл. весник на РМ бр. 78/06), Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање (Службен весник на РМ, 63/12, 126/12 ,19/13 и 95/13) и  Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година е во фаза на изработка. Вашите забелешки и сугестии ги очекуваме на јавната анкета и презентација за која граѓаните ќе бидат информирани во пишаните медиуми (дневни весници) и на web – страната на Општина Кисела Вода.

            За подетални информации можете да се обратите секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот во просториите на Општина Кисела Вода, барака 3.


 

 

Име и Презиме:Граѓанин

Датум: 20.03.2014

Прашање: 

Поздрав,
Ви пишувам во врска со уличното осветлување во 11 октомври населбата .. освен на 3 та та улицакоја е осветлена како што треба ( тоа е така наречената главна улица ) но мора да просетате навечер по другите улици страшно е !
Се надевам дека ке превземете соодветни мерки !

 

Одговор:

Почитувани

Ве известуваме дека нашите службеници се запознаени за Вашиот проблем и напорно работат кон поставување на инсталација на нови линии и замена на старите со нови штедливи светилки на цела територија на општината

Со почит, општина Кисела Вода


 

Име и Презиме:Владмир

Датум: 17.03.2014

Прашање: 

Јас како жител на Кисела Вода сум презадоволен од активностите што ги превзема општината како и една од последните нејзини активности за реконструкција на тротоарите на улицата: Франк Ханкорт Манинг. Тротоарите се прекрасни со нови бекатон плочки, но ме интересира дали истите треба да се користат за паркирање на моторни возила и камиони? Со паркирањето на возилата тротоарите веќе ја губат намената за која се направени, а со паркирање на камиони дури и ќе се оштетат. Ве молам ако имате надлежност да испратите ваши испектори на терен и да го
проверат тоа, а потоа да ја известите и сообраќајната полиција и да се превземат мерки ова повеќе да не се случува.
Мое мислење е тоа што се направило требаи да се сочува, а не одма да се уништи.
Со почит
Владимир

Одговор:

Почитувани,

Општината се залага за подобра инфраструктура се поставија повисоки ивичњаци со цел да не се паркираат моторните возила и камиони, но понекогаш е  потребна  и совеста на граѓаните.Ви благодарам на разбирањето.

Со Почит, општина Кисела Вода


 

Име и Презиме:Зоран

Датум: 17.03.2014

Прашање: 

Почитувани,
Ве молам за информација, што планирате да се гради на ул Христо Татарчев, во тревникот до 5-тата кула кај кулите Расадник. Денес на тоа место е лоцирана градежна механизација, направени се некои почетни обележувања, дознав дека присуствувала и градоначалничката, но ме интересира што ке се гради.
Ви благодарам,
Со почит,
Зоран

Одговор:

Почитувани,

Ве информираме дека на ул„Христо Татарчев“ на зелениот појас-сквер  ќе се прави патека од бекатон и ќе се постават детски реквизити уграсени со цвеќина.

Со Почит, општина Кисела Вода


 

Име и Презиме:Весна

Датум: 17.03.2014

Прашање: 

Почитувани, се надевам дека сте запознаени со состојбата со атмосферската канализација во нас.11 Октомври - бараки, ул.Лазар Димитров и други улици. Иако пред нецели 2-3 години се изведуваше некаква атмосферска канализација и улиците останаа раскопани и калливи 5-6 месеци (во есен и зима), резултатот е крајно лош: пропаднато земјиште и асфалт (дупки со длабочина од 30-тина и повеќе цм.) поради нестручно изведени шахти; шахтите за атм.канализација се поставени повисоко од нивото на улицата па водата наместо во нив останува на улица; нерамна
површина на улиците на кои и по најмал дожд се прават езера токму пред влезовите во дворовите (на пр.ул.Лазар Димитров влез пред бр.42-б и бр.44, и соседните објекти, итн.). Што се планира за да се санира состојбата на оваа улица и на другите пристапни улици и кога?
Освен тоа, останаа прекопи на централната улица во населбата по кои поминуваме секој ден, и кои се исто така пониско изведени (пропаднати) од останатото ниво на улицата. Кога ќе се санираат?
Поздрав, и Ве молам да бидете сосема конкретни во одговорот

Одговор:

Почитувани,

Ве известуваме дека споменатата улица е влезена во програмата на општината Кисела Вода за 2014 година,за Ваша информација моментално е започната изведба на лиено железни елементи,а во мометот  работат на  Вашата улица.

Со почит, општина Кисела Вода


Име и Презиме:M.Ѓорѓиевска

Датум: 15.03.2014

Прашање: 

Би сакала да прашам кога ќе се асфалтира улицата Локов ?! Стои раскопана веќе 3 месеци! Има ненормална прашина и дупки кои ни ги уништуваат колите!!!

Ви благодарам

Одговор: Почитувани,

Ве известуваме дека сите прекопи ќе бидат санирани со почетокот на градежната сезона т.е. со отварањето на базната станица за асфалтирање.

Со Почит, општина Кисела Вода


 

Име и Презиме:Анита

Датум: 15.03.2014

Прашање: 

Почитувани, веќе подолго време сме засегнати во врска со фреквенцијата на линија со број 24П. Имено, во населба Припор линијата 24 е потребна да биде пофреквентна или сите  линии со 24 да одат до горе бидејки има многу лугје кои сто имаме потреба од истите засто во утринските часови има само една-две линии кои сто не се доволни за да се стигне навреме на работа, а истите се секогас преполни (посебно вторник и петок). За враканје во период од 16-17х исто така не се покриени соодветно и ве молам да се реагира до ЈСП за продолзуванје на насокота на 24 до Припор, бидејки и Припор е во рамките на општина Кисела Вода и треба да ни се излезе во пресрет на сите грагјани на опстината Кисела Вода.

Поздрав

 

Одговор:

Почитувани,

Запознаени сме со Вашиот проблем ама одговорот од ЈСП Скопје е дека се  работи за нерентабилна и совпаѓачка линија,се надеваме дека во поскоро време ќе се најде соодветно решение.

Со Почит, општина Кисела Вода


 

Име и Презиме:Мина

Датум: 15.03.2014

Прашање: 

Почитувани,

Ве молам да ми кажете дали има некакви најави за изградба на улица која ќе ги поврзува населбите Кисела Вода и Аеродром? Имено, се најавуваше улица која ќе поминува од кај топланата на БЕГ (Здружението на возачи) и ке излегува на Трета македонска бригада?

Со почит,

Одговор: Почитувани,

Општината нема никаква најава за изградба на нова улица но се надеваме дека  во најкраток можен рок ќе пристапиме кон остварување на целта.

Со Почит, општина Кисела Вода


Име и Презиме:Ирена

Датум: 15.03.2014

Прашање: 

Почитувани,
Станарите од зградата во која живееме немаме разбирање за регистрирање на куќна заедница(куќен совет) па прашањето е дали има некој начин по сила на закон тоа да го стори општината, бидејќи еве неколку месеци функционираме без струја поради неплатени сметки и сл.) а и за многу други работи исто така кога ќе се обратиме како на пример за кабелска,за работи околу водовод и канализација бараат дали имаме куќен совет.Што во ваков случај кога се има пасивни и незаинтересирани станари????
Со почит.

Одговор: 

Доколку сопствениците на посебни делови не определат управител, управителот го определува судот во вонпарнична постапка на предлог на кој било од сопствениците  на посебни делови или на барање на овластениот инспектор за домување


 

Име и Презиме:Стојан Петровски

Датум: 15.03.2014

Прашање: 

Ве поздравувам и воедно пофалувам за вашиот труд вложен во урбанизација на општината и санација на оштетените коловози и тротоари. но имаме еден предизвик, на улицата георги димитров поставена е атмосферска канализациона мреза но за таа цел е раскопан паркинг просторот со поцеток од зградата со бр 48 се до бр 52.кога планирате да се санира (вратат бекатонските коцки) на своето место, затоа сто прасината и калта се разнесува по асфалтот и ја полни новата канализациона мрежа и се уништуваат останатите бекатонски плочки.
ви благодарам.
ПС ако пречат паркираните возила (како што ми кажаа ангажираните работници за тој проект) предлагам да се стави лента  која ќе пишува градежни работи и да се достави допис до кукните совети за времетраењето на  санацијата како не би паркирале или биле прецка во изведувањето на градежниот зафат.
Столе

Одговор: 

Почитувани,

Ве известуваме дека се спрема потребната документацијата за санација на тротоарите за ул„Ѓорги Димитров’ а нивната изведба ќе отпочне во најскоро време.

Со Почит,општина Кисела Вода

 


Име и Презиме:Александра Петровска

Датум: 15.03.2014

Прашање: 

Почитувани,
Свесни за гломазната администрација и потешкотиите со кои што се соочувате, ве молам да ми дадетете одговор кога и како и дали воопшто може да се добие одобрение за градба во населбата Пинтија, на земјиште кое што првично било градежно, па „станало“ вон градежен реон.
Каква е процедурата и што треба да се преземе. Молам за конкретен и брз одговор

Одговор: 

Почитувани,

Секторот за урбанизам и просторно планирање на Општина Кисела Вода, во подпрограмата (Ф1) урбанистичко планирање, приоритетна изработка на урбанистички планови и урбанистичко планирање за вклопување на бесправно изградени објекти од програмата (Ф) за урбано планирање на Општина Кисела Вода за 2014 година во Изработка на урбанистички план за село е влезена изработка на УП за Усје – Пинтија, локалитет КО Усје, КО Горно Лисиче – Градежен и КО Кисела Вода 1, за кој е започната постапката и во изработка е Планска програма, очекуваме оваа постапка да  се заврши до крајот на годината.

Согласно член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на Република Македонија број 163/2013), урбaнистичките планови, документации и општи акти кои не се усогласиле во утврдените рокови согласно со членот 78 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македо-нија“ број 51/2005) и членот 46 од Законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ број 137/2007), не се применуваат, а просторот опфатен со истите се смета за простор вон плански опфат. Согласно оваа измена во законот, Општина Кисела Вода престана да издава одобренија за градење за КО Горно Лисиче.

Со промените во Правилникот за стандаарди и нормативи за урбанистичко планирање (Службен весник на Република Македонија број 37/2014) се овозможува со изготвување на општ акт со кој до донесување на план за село може да се врши изградба во селата кои немаат урбанистичка документација. По донесување на овој општ акт ќе може да се извади Извод од план врз основа на кој ќе можете да поднесете барање за одобрение за градење за КО Горно Лисиче.

За дополнителни информации може да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање на Општина Кисела Вода, барака 3, секој вторник и петок до 13 – 15 часот.


 

Име и Презиме:Ангел Јованов

Датум: 14.03.2014

Прашање: 


Ме интересира и молам да ми одговорите дали е потребно да се вадат одредени дозволи и одобренија од Општина Кисела Вода за дислоцирање на нисконапонски разводен орман. Кој сектор е надлежен за оваа постапка. Се работи за нисконапонски разводен орман сопственост на ЕВН а е поставен во моето дворно место кое ми е откупено од државата во 2010 година и истото е во моја приватна сопственост т.е. впишано во имотен лист. Конкретно прашувам, дали воопшто е потребно да се води постапка , а дококлку треба дали оваа постапка ја водам јас или ЕВН пред
Општина Кисела Вода, со оглед дека ЕВН го имаат поставено во време кога дворното место било во државна сопственост т.е. не било приватизирано, и дали воопшто за вакво дислоцирање се потребни согласности, елаборати или одобренија од Ваша страна, со оглед дека се работи за мал електронапонски објект со приближни димензии (висина 1 метар и ширина 0,5 метар). Дали се вцртуваат локации за нисконапонски разводен електричен орман во деталните урбанистички планови (конкретно населба Драчево), и кој е најмал електронапонски објект кој се планира и
вцртува во урбанистичките планови.

Одговор: 

Почитувани,

За дислокација на нисконапонскиот разводен орман треба да поднесете барање за дислокација во ЕВН


 

 

Име и Презиме:Мина

Датум: 13.03.2014

Прашање: 

Почитувани,

Ве молам да ми кажете дали има некакви најави за изградба на улица која ќе ги поврзува населбите Кисела Вода и Аеродром? Имено, се најавуваше улица која ќе поминува од кај топланата на БЕГ (Здружението на возачи) и ке излегува на Трета македонска бригада?

Со почит,

Одговор: 

Почитувани,

Општината нема никаква најава за изградба на нова улица но се надеваме дека  во најкраток можен рок ќе пристапиме кон остварување на целта.

Со Почит, општина Кисела Вода


 

Име и Презиме:Ирена

Датум: 13.03.2014

Прашање: 

Почитувани,
Станарите од зградата во која живееме немаме разбирање за регистрирање на куќна заедница(куќен совет) па прашањето е дали има некој начин по сила на закон тоа да го стори општината, бидејќи еве неколку месеци функционираме без струја поради неплатени сметки и сл.) а и за многу други работи исто така кога ќе се обратиме како на пример за кабелска,за работи околу водовод и канализација бараат дали имаме куќен совет.Што во ваков случај кога се има пасивни и незаинтересирани станари????
Со почит.

Одговор: 

Одговор:

 Доколку сопствениците на посебни делови не определат управител, управителот го определува судот во вонпарнична постапка на предлог на кој било од сопствениците  на посебни делови или на барање на овластениот инспектор за домување


 Име и Презиме: Ива Толевска

Датум: 13.03.2014

Прашање: Почитувани,

На ден 24.10.2013 уредно поднесов барање за доделување на еднократна парична помош на семејства со новороденчиња. На ден 12.11.2013 арх.19-488/4 примив известување дека за истото сум одбиена  бидејќи ги немам поднесено сите документи (напоменувам дека сите документи ги имам поднесено) . По извршениот увид при посетата на општината кај Вашето одговорно лице Г-га Тања Стојановска , кои документи ми се потребни плус од тоа што сум ги доставила , одговорено ни е дека поради тоа што сум самохран родител ( не сум мажена) ова право моето дете неможе да го оствари.
Имено таткото на моето дете е со лична карта од друга општина и тоа била причината за одбивање на моето барање, а не дека не сум ги поднела сите документи. Морам да напоменам дека моето дете е признато од таткото и го носи неговото презиме (ова го напоменувам со цел да ја појаснам ситуацијата која е крајно иритирачка).
Зошто во писмото кое го имам добиено не ме известивте дека јас немам право на ваков надоместок , туку дека не сум ги доставила сите документи?

Дали Општина Кисела вода прави дискриминација?

Дали моето дете не е исто како и детето кое е родено во брачна заедница?
Дали јас и моето дете не сме семејство? (одлуката гласи : одлука за доделување на еднократна парична помош на семејства со новороденчиња). Согласно Законот за локална самоуправа Сл.Весник на РМ 5/2002 член 22 во листа на надлежности, точка 7 каде се наведува дека општините се надлежни за вршење на социјална заштита и заштита на децата во кој меѓу другото и деца од еднородителско семејство, јас и моето дете како еднородителско семејство ова право ни е ускратено .
Дали Општина Кисела Вода го крши Законот за локална самоуправа?
Морам да напоменам дека не се работи за 6.000,00 денари , се работи за еднаквост и право.
Причината зошто толку доцна го поставувам ова прашање  е револтот , кој не се смирува и по неколку месеци.
Ве молам да ми одговорите дали сите новородени деца кои се родени во Општина Кисела Вода се рамноправни , или можеби е ова пропуст на службите?

Одговор: Почитувани,

     Врз основа на Вашето барање со арх.бр.19-488/1 од 24-10-2013 год. за доделување на еднократна парична помош на семејства со новороденче на подрачје на Општина Кисела Вода, за жал мора да Ве известиме дека финансиските средства не Ви се одобрени.

      Врз основа на член  22 точка 7 и 62 точка 1 и 2 од Законот за локална самоуправа                    (Службен весник на Р.М. бр. 5/02)  и член 34 точка 8 од Статутот на Општина Кисела Вода (Службен гласник на Град Скопје бр.8/05) и (Службен гласник на општина Кисела Вода бр.13 /06) и Програма за активности на Општина Кисела Вода од областа на социјална заштита во 2013 год. (Службен гласник на општина Кисела Вода бр.13 /12) и измените и дополнувањата на истоимената Програма со бр.07-26/4 од 20-06- 2013г., Совет на Општина Кисела Вода на Четвртата пленарна седница  одржана на  20-06-2013 година донесе Одлука за доделување на еднократна парична помош на семејства со новороденче на подрачје на Општина Кисела Вода од 20-06-2013год. до 31-12-2013год. која стапува на сила со нејзино донесување, а  истовремено, не  важи за непотполна поднесена документација, новороденчиња родени пред овој датум и родители кои со адреса на живеење се  од друга општина, а во Вашиот случај таткото на новороденчето е со место на живеење во општина Карпош.


 

Име и Презиме: Мина

Датум: 11.03.2014

Прашање: Почитувани,

Ве молам да ми кажете дали Општина Кислеа Вода, согласно примената на Законот за домување, има инспекциска служба надлежна за примена на овој закон?
Упатив барање до Регулаторна комисија за домување (како надлежна институција) за проверка на работењето на претседателот за зедницата на станари, но од истата добив известување дека во секоја општина треба да има овластени инспектор,и кај кои треба да се достави барање за постапување.
Со почит,

Одговор: Почитувани,

Општина Кисела Вода има назначено инспектор за домување. 

Доколку имате потреба Ве молиме обратете се кај Билјана Тренчовска, овластен инспектор за домување, на телефонскиот број 2785-475.

Со почит,


 

Име и Презиме: Игор Петровски

Датум: 10.03.2014

Прашање: Имам поднесено барање за дозвола за градба за семејна кука со комплет документи.КО:Драчево 2.  КП:9990/2. Уп.бр 13-1769 од 26.09.2013год.Од Општина ми рекоа дека во моментов не се издаваат дозволи за градба во овој дел,дали мозе да ми казете од кога би продолзиле со издавање на дозволи за градба,и дали ке има некои измени во цената на комуналиите?Однапред ви благодарам.Поздрав

Одговор: 

Почитувани,

            Секторот за урбанизам и просторно планирање на Општина Кисела Вода, во подпрограмата (Ф1) урбанистичко планирање, приоритетна изработка на урбанистички планови и урбанистичко планирање за вклопување на бесправно изградени објекти од програмата (Ф) за урбано планирање на Општина Кисела Вода за 2014 година во Изработка на урбанистички план за село е влезена изработка на УП за Драчево, за кој е започната постапката и во изработка е Планска програма, очекуваме оваа постапка да  се заврши до крајот на годината.

Согласно член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на Република Македонија број 163/2013), урбaнистичките планови, документации и општи акти кои не се усогласиле во утврдените рокови согласно со членот 78 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македо-нија“ број 51/2005) и членот 46 од Законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ број 137/2007), не се применуваат, а просторот опфатен со истите се смета за простор вон плански опфат.

Со промените во Правилникот за стандаарди и нормативи за урбанистичко планирање (Службен весник на Република Македонија број 37/2014) се овозможува со изготвување на општ акт до донесување на план за село да се врши изградба во селата кои немаат урбанистичка документација. По донесување на овој општ акт ќе може да се извади извод од план и врз основа на тоа да поднесете барање за одобрение за градење.

За дополнителни информации може да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање на Општина Кисела Вода, барака 3, секој вторник и петок до 13 – 15 часот.


 

Име и Презиме: Лидија

Датум: 10.03.2014

Прашање: Почитувани,
Ние жителите долж улицата Димо Хаџи Димов,како пешаци во сообракајот имаме проблем со користењето на тротоарот за одвивање на нормално двизење  поради тоа што истиот од двете страни служи како паркинг за возилата на жителите кои стануваат во новоизградените објекти (од потегот Комплекс згради на Зоре Темелковски до кривината односно маркетот на СП, и лево до домот за слепи лица).Поради ваквата состојба принудени сме да пешачиме по самата улица која е многу прометна при што сме изложени на голем ризик од собрајкјана незгода.Ме интересира дали расчистувањето на оваа состојба е во ингеренција на општината или ке треба да се обратиме до друга адреса со цел да се превземе нешто конкретно за расчистување на тротоарите, затоа што од ден на ден состојбата е се поизразена

Одговор: 

Почитувана,

Ве известуваме дека нашите службеници ќе излезат на терен да го консатираат проблемот.По извршениот увид општината соодветно ќе реагира.Имајте убав ден и Ви благодариме на разбирањето.

Со Почит, општина Кисела Вода


 

Име и Презиме: Живко

Датум: 10.03.2014

Прашање: Почитувани,
Ние жителите долж улицата Димо Хаџи Димов,како пешаци во сообракајот имаме проблем со користењето на тротоарот за одвивање на нормално двизење  поради тоа што истиот од двете страни служи како паркинг за возилата на жителите кои стануваат во новоизградените објекти (од потегот Комплекс згради на Зоре Темелковски до кривината односно маркетот на СП, и лево до домот за слепи лица).Поради ваквата состојба принудени сме да пешачиме по самата улица која е многу прометна при што сме изложени на голем ризик од собрајкјана незгода.Ме интересира дали расчистувањето на оваа состојба е во ингеренција на општината или ке треба да се обратиме до друга адреса со цел да се превземе нешто конкретно за расчистување на тротоарите, затоа што од ден на ден состојбата е се поизразена

Одговор: Почитувани,

Ве молам да се обратите до Град Скопје бидејќи за овие сообраќајници се под надлежност на градот.

Со Почит, општина Кисела Вода


 

 

Име и Презиме: Игор

Датум: 06.03.2014

Прашање: 

За колку време ке биде во градежен реон ,,ко - горно лисице ,, пинтија

Одговор: 

Почитувани,

            Секторот за урбанизам и просторно планирање на Општина Кисела Вода, во подпрограмата (Ф1) урбанистичко планирање, приоритетна изработка на урбанистички планови и урбанистичко планирање за вклопување на бесправно изградени објекти од програмата (Ф) за урбано планирање на Општина Кисела Вода за 2014 година во Изработка на урбанистички план за село е влезена изработка на УП за Усје – Пинтија, локалитет КО Усје, КО Горно Лисиче – Градежен и КО Кисела Вода 1, за кој е започната постапката и во изработка е Планска програма, очекуваме оваа постапка да  се заврши до крајот на годината.

Согласно член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на Република Македонија број 163/2013), урбaнистичките планови, документации и општи акти кои не се усогласиле во утврдените рокови согласно со членот 78 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македо-нија“ број 51/2005) и членот 46 од Законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ број 137/2007), не се применуваат, а просторот опфатен со истите се смета за простор вон плански опфат. Согласно оваа измена во законот, Општина Кисела Вода престана да издава одобренија за градење за КО Горно Лисиче.

Со промените во Правилникот за стандаарди и нормативи за урбанистичко планирање (Службен весник на Република Македонија број 37/2014) се овозможува со изготвување на општ акт со кој до донесување на план за село може да се врши изградба во селата кои немаат урбанистичка документација. По донесување на овој општ акт ќе може да се извади Извод од план врз основа на кој ќе можете да поднесете барање за одобрение за градење за КО Горно Лисиче.

За дополнителни информации може да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање на Општина Кисела Вода, барака 3, секој вторник и петок до 13 – 15 часот


 

 

Име и Презиме: Баже

Датум: 06.03.2014

Прашање: 

Барам прием кај градоначалничката на Општина Кисела Вода за горе наведениот проблем за кој имам поднесено барање на ден 29.06.2012 година број предмет.1671/1со согласност на станари за санирање на зграда на Кров. Најпрво била консултирана општината и досега немам никаков одговор ниту дозвола са санација.И Инвеститорот НГ Инжинеринг за истиот проблем . Исто со потписи од станари и претседател на Заедница на станари и наведено член 663 став 1се надевам на разбирање и давање на содветна дозвола за санирање на кровот да нема протекување во становите бр 7, 8, 9.

Одговор: 

Почитувани,

Согласно нашата евиденција предметот 13-1671/1 е Барање за извод од план. Ве замолуваме да го проверите уште еднаш бројчето и да ни напишете на која организациона едниница се однесува и на чие име е поднесено.

За дополнителни информации може да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање на Општина Кисела Вода, барака 3, секој вторник и петок до 13 – 15 часот.


 

 

Име и Презиме: Игорче Нешкоски

Датум: 06.03.2014

Прашање: На оваа парцела имам купено место од 300 квадрати на истата парцела се изградени и сеуште се градат станбени објекти во овие два месеци не ми е јасно зошто ми викаат кога идам во општина к.вода дека не е поминат дуп-от на совет за да ти се издади градежна дозвола , па оваа парцела е иста каде што се градат и има изградено куки, ве замолувам за објаснуванје.

Ви благодарам...

Одговор: Почитувани,

            Секторот за урбанизам и просторно планирање на Општина Кисела Вода, во подпрограмата (Ф1) урбанистичко планирање, приоритетна изработка на урбанистички планови и урбанистичко планирање за вклопување на бесправно изградени објекти од програмата (Ф) за урбано планирање на Општина Кисела Вода за 2014 година во Изработка на урбанистички план за село е влезена изработка на УП за Усје – Пинтија, локалитет КО Усје, КО Горно Лисиче – Градежен и КО Кисела Вода 1, за кој е започната постапката и во изработка е Планска програма, очекуваме оваа постапка да  се заврши до крајот на годината.

Согласно член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на Република Македонија број 163/2013), урбaнистичките планови, документации и општи акти кои не се усогласиле во утврдените рокови согласно со членот 78 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македо-нија“ број 51/2005) и членот 46 од Законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ број 137/2007), не се применуваат, а просторот опфатен со истите се смета за простор вон плански опфат. Согласно оваа измена во законот, Општина Кисела Вода престана да издава одобренија за градење за КО Горно Лисиче.

Со промените во Правилникот за стандаарди и нормативи за урбанистичко планирање (Службен весник на Република Македонија број 37/2014) се овозможува со изготвување на општ акт со кој до донесување на план за село може да се врши изградба во селата кои немаат урбанистичка документација. По донесување на овој општ акт ќе може да се извади Извод од план врз основа на кој ќе можете да поднесете барање за одобрение за градење за КО Горно Лисиче.

За дополнителни информации може да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање на Општина Кисела Вода, барака 3, секој вторник и петок до 13 – 15 часот.


 

 

Име и Презиме: Грaѓанин

Датум: 06.03.2014

Прашање: Поздрав,

Ви пишувам во врска со уличното осветлување во 11 октомври населбата .. освен на 3 та  улица која е осветлена како што треба ( тоа е така наречената главна улица ) но мора да просетате навечер по другите улици страшно е !
Се надевам дека ке превземете соодветни мерки !

Одговор: Почитувани

Ве известуваме дека нашите службеници се запознаени за Вашиот проблем и напорно работат кон поставување на инсталација на нови линии и замена на старите со нови штедливи светилки на цела територија на општината

Со почит, општина Кисела Вода


 

Име и Презиме: Група граѓани од Припор

Датум: 05.03.2014

Прашање: Почитувани,


Ние сме група граѓани од улица 23 во Припор кој секојдневно поминуваат низ кал и едвај излагаме со колите. Требаше да ја асфалтирате нашата улица мегутоа престанавте со работа бидејки биле затворени асфалтните бази, но сега гледаме дека некој улици се поправаат со асфалт. Затоа ве молиме да ни ја асфалтирате уличката, како што ни ветивте пред зимата. Со голема надеж сме дека ке ни помогнете и ке можеме да газиме по нормална улица, како сите граѓани, бидејки стварно калта и водата по улицата е премногу,навистина вака не можеме да функционираме.......Ве молиме за помош и разбирање на проблемот.

Благодариме

Одговор: 

Почитувани,

Ве известуваме дека сеуште не сме започнале со асфалтирање на ударни дупки и реконструкција на улици лоцирани на територија на општината.Со почетокот на градежната сезона Вашиот проблем ќе биде земен во предвид за реализација

Со Почит, општина Кисела Вода


 

 

Име и Презиме: Димитар

Датум: 05.03.2014

Прашање: Дали општината планира да постави канализациска мрежа во Усје

Одговор: Општината Кисела Вода ќе пристапи кон изработка на проектно техничка документација за изработка и изградба на подземна инфраструктура во нас.Усје,а реализацијата ќе зависи од приливод на сретствата од буџетот на општината.

Со Почит,


 

Име и Презиме: Марјан

Датум: 05.03.2014

Прашање: 

Здраво,

Живеам во зграда на улицата Емил Зола, и секој ден сум сведок на одземање на возила на пајак службите придружени од еден полициски службеник. Ќе бидам искрен, и јас сум бил една од "жртвите",  и се сложувам со одземањето на неправилно паркираните возила, но не во сите случаеви.

Имено, пред неколку месеци улицата почна да се расчистува од возила паркирани од двете страни на коловозот на потегот од училишната врата до семафорите (кај сендвичарата Вили), при што беше поздравено од сите кои што имавме проблем да се разминеме на одреден дел од улицата. Сите возила беа отстранувани правилно бидејќи знак за забрането паркирање е поставен пред училиштето и важи до семафорите. Но пајак службата по одреден времеснки период почна да ја расчистува улицата и на погорниот дел каде што не постои знак за забрането паркирање и
коловозот е доволно широк така што паркираните возила не сметаа за непречено одвивање на сообраќајот.

На неколку наврати кога службеното лице беше запрашано зошто нема знак кој важи за целата должина на коловозот, а притоа возилата се отстранети без предходна најава, добивме или молчење или непотполно објаснување - од службено лице најмалку барем се очекува да ви го покаже правилникот од законот по кој што извршувате прекршок.

Према правилник, пајак службата може да биде повикана од приватни или службени лица во случај кога возило го попречува сообраќајот и го прекршува законот. Најчесто возилата од оваа улица се отстранети према член 63/1 од ЗБСП што мислам дека нема врска, затоа што ако е така треба да бидат отстранети и од улицата Киро Крстески, а не се. Ако се влезе во таа уличка многу повеќе прекршоци има, али ајде, не е мое да му објаснувам на полициски службеник кој работи по "специјална" нарачка баш само на тој потег од улицата, лево и десно не се гледат
прекршоци

Е сега во овој случај, вашиот одговор го знам, бидејки сте одговориле на 22.01 на исто така засегната сограѓанка по овој проблем, со објаснување дека зградите си имаат паркинг. Епа немаат доволно голем и за сите нас. А колку што знам уште нема закон за кој колку автомобили поседува и на која адреса. Сакам да добиеме стручно подкрепен одговор, како тоа го загрозуваме сообраќајот и тоа баш во најнепрометниот дел од денот каде што према член 66 алинеа 7 (види подолу), не правиме никаков прекршок, нема ни надолжна линија, а ширината до спрортивниот раб
изнесува 4 метри

чл66. ал.7:
(1) Возачот односно сопственикот на возилото не смее да запре или
паркира возило особено:
- на дел од јавен пат, каде ширината на слободниот премин од запреното
или паркираното возило до полната надолжна линија на коловозот или до
спротивниот раб на коловозот или до некоја пречка на патот би била помала од
три метри;

Бидејќи поради принципи, ќе се обидете да ми го дадете истиот одговор, и не велам дека не сте во право, но ете тоа пак не го решава вашиот примарен проблем, да направите се за подобри услови на граѓаните од општината. Зградата се изградила таква каква што е, паркингот не е доволен, што правиме со возилата? Има многу решенија и мислам дека барем сте можеле да одговорите дека ќе го разгледате овој проблем.

Мој предлог е да се искористи примерот на помали населени места или субурбани места одпоголемите градови во Европа (претпоставувам следите како тоа се решава во странство), каде што тесни улички како нашата имаат забрана (ама јасно поставена со СООБРАЌАЕН ЗНАК) за паркирање до 19:00ч, кога улиците се прометни, а потоа паркирањето е слободно. И баш кога ние вистинските станари се враќаме дома, а не да се паркираме за лесковачка во Вили, вие го праќате пајакот :-)
Значи веќе имате поставено ваков знак со додатна назнака на ул. 11ти Октомври, пред продавниците во редот до стара рампа, каде што под знакот за забрането паркирање пишува - ОСВЕН НА ТРОТОАР. Епа тука нели се загрозува безбедноста на пешаците??? Залетани возила од семафор директно во излогот на Европа чоколади :-) Да не навлегувам дека фреквенцијата на тој тротоар е 200пати поголема од тротоарот на Емил Зола, цела Кисела Вода поминува од тука кон Центар, плус ние НЕ паркираме на тротоар. Стварно не ја гледам логиката на сообраќајниов техничар што
го имате во советот.

И, бидејќи претпоставувам дека службените лица се пратени од општината, освен ако пајакот не го повикало приватно лице, Ве молам дајте му копија од ЗБСП, а не да го праќате со рацете в џеб и фото апарат ко некој турист, има место во еден од камионите и за цел том книги од Толстој, а па не за еден закон. Изгледа како да не е официјално лице на сообраќајна полиција и дека е во договор со Пајак Компанијата. До сега 2 пати сум бил запрен за прекршоци во сообраќај и ми било објаснето до збор, и во двата наврати покажано во законот кај правам прекршок.
Стварно сакам да видам на дело како ни се објаснува према кој прекршок е одстрането секое возило. Е тогаш нема да има бунење од никого. Вака само стварате сомнежи дека некој е привилегиран а некој не, или како што често се слуша меѓу народот, "Си ја полните касата пред избори од пајакот". Не верувам дека е така, ги разбирам финансиите на општината, ама народот погрешна претстава добива.


Се надевам ќе размислите за предлогот да се направи временски паркинг на десниот дел од коловозот.

Одговор: 

Почитувани,

За да можеме Вашиот предлог да го примениме  ќе треба да доставите Барање во барака 1 (едношалтерски). Вашиот предмет ќе биде доставен  до одредениот сектор  за кое  подоцна нашите службеници  ќе ве информираат за понатамошните работи. 

Со Почит, општина Кисела Вода


 

Име и Презиме: Владимир Лазаровски

Датум: 05.03.2014

Прашање: Жител сум на нас Пржино во Општината Кисела Вода.Се родив  и растев во оваа населба, но отсекогас проблем бил превозот до Центар и другите населби.Едно време бевме поврзани со нас.Карпош со линијата 06.Некако и се доага до Центар и пешхки, но до Карпош и до Аеродром треба да се менуваат дури 4 автобуски линии.Има уценици и студенти кои одат во средни уцилиста и факултети во тие населби.Особено е трагично сто полседниот автобус е во 23:00 часот, а негогаш и не проага во зависнот од бројот на патниците.Би ве замолил да се разгледа ова прасанје и би сакал да се реси во поскоро време.Убава населба сме, еколоски циста но комуникацијата со другите населби е најлоса.
Би ја искористил оваа можност и за усте едно прасанје, иницијатива во однос на спортските игралиста.Имаме едно игралиште во горниот дел на населбата таканаречен “стадион на Славија”. Мегутоа за населението кај улицата Благоја Гојан и оклолу градинката и почетокот на населбата до потегот на последната 16 освен еден мал простор со лулашки нема ништо друго.Иницијатива за спорски простори каде би спортувале децата па и повозрасните ,како кошарка и мал фудбал, а има простор каде сто би можело да се направат овие далеку од потребни и корисни игралишта  од ''игранјето “ на фацебоок.
Благодарам и поздрав

Одговор: 

Почитувани,

Запознаени сме со Вашиот проблем ама одговорот од ЈСП Скопје е дека се  работи за нерентабилна и совпаѓачка линија.Додека за поставување на повеќенаменско игралиште Вашиот предлог ќе го земеме во предвид.

Со Почит, општина Кисела Вода  .

 


Име и Презиме: Зоран Костовски

Датум: 05.03.2014

Прашање: 

Дали блокаторите на паркингот  позади ул.марко цепенков бр.4 се легално поставени и ако не се која е постапката за да се отстранат бидејќи некои се поставени веднаш пред нашите локали3.

Одговор:

Почитувани,

Ве известуваме дека треба да се обратите до Град Скопје тие се надлежни за поставување на блокатори

Со Почит


Име и Презиме: Александар Стефанов

Датум: 05.03.2014

Прашање: 

Почитувани,

Како што можете да видите на сликата на улица Михаил Чаков 1 на потег кон игралиштето постои земјена површина која што при секој дожд станува калива и истата ни преставува огромен проблем бидејќи пред влезот имаме кал кој се пренесува од автомобилите. Површината се користи за паркинг бидејќи во околината никаде нема паркинг простор.
Дали планирате во блиска иднина на оваа површина да се направи паркинг кој што би ги опслужувал локалните згради? Потегот со изградба на игралиштето ви беше одличен бидејќи му даде еден нов лик на овој простор.

Со почит

Одговор:

Почитувани,

Општината се залага за подобра изградба и реконструкција на локални патишта. За таа цел Вашиот проблем ќе биде земен во предвид а реализацијата ќе зависи  од приливод на средствата во буџетот на општината.

Со Почит


Име и Презиме: Весна Крстевска

Датум: 05.03.2014

Прашање: ВИ се обраќам Вам бидејќи вашите вработени не ни даваат никаков одговор. Се надевам дека барем Вие ќе ни кажете во што е проблемот со улица Саса крак 18, таа е споредна улица долга околу 100м, поставивте цевки за новиот водовод само околу 12м и не продолживте понатаму  по целата улица како што тоа го направивте по сите споредни улици во Пинтија. Се обративме до Водовод тие ни рекоа доколку општината не ни намести цевки за да се уклучиме на новиот водовод ќе мораме да ги извадиме саатите за вода што сега ни се во дворовите и да ги поставиме во нови шахти наулица и да си поставуваме црева како што имаме до сега за стариот водовод. Во што е проблемот зошто не ни ставате цавки како сите улици мислам дека не бараме ништо посебно само сакаме вода

Одговор: 

Почитувана,

Монтажата на 12м цевка е направена согласно хидротехничките услови изработени од страна на ЈП Водовод и канализација. Обврска на општината е да ВИ воспостави  приклучок на главниот довод  ф200 за ул Саса18 со што  и го изработи.Ако сакате  цевките да Ви бидат донесени до пред врата ќе треба да изработите хидротехнички услови.

Со Почит, општина Кисела Вода  


Име и Презиме: Ивица Крзнариќ

Датум: 05.03.2014

Прашање:Дали следува еднократна парична помош за прво новороденче од страна на општината? Однапред Ви благодарам на повратната информација

Одговор: 

Да, следува и  во прилог на Барањето да доставите следнава документација:

1. Фотокопија од матичната книга на родените (за новороденчето);

2. Фотокопија од важечки лични карти или друга исправа за лична идентификација од двајцата родители, со

исклучок на новороденче на самохран родител, од која се видни податоците за живеалиштето во Општина

Кисела Вода;

3. Фотокопија од трансакциска сметка.


Име и Презиме: Мирослав Ангелов

Датум: 05.03.2014

Прашање: Почитувани.дали ке сакате да ми одговорите дали има дуп за пинтија и усје ,ако нема кога ке искочи.благодарам однапред

Одговор: 

Почитувани,

Детални урбанистички планови за Пинтија и за Усје нема.

Во подпрограмата (Ф1) урбанистичко планирање, приоритетна изработка на урбанистички планови и урбанистичко планирање за вклопување на бесправно изградени објекти од програмата (Ф) за урбано планирање на Општина Кисела Вода за 2014 година во Изработка на урбанистички планови во скратена постапка е вброена и изработката на Детален урбанистички план за реон Ј, четврт Ј19 - локалитети Стакларница и Пинтија, граница на плански опфат помеѓу: бул. Македонија,  на плански опфат на Скопје од ГУП на град Скопје и осовина на Усеански канал.

Во подпрограмата (Ф1) урбанистичко планирање, приоритетна изработка на урбанистички планови и урбанистичко планирање за вклопување на бесправно изградени објекти од програмата (Ф) за урбано планирање на Општина Кисела Вода за 2014 година во Изработка на урбанистички план за село е влезена изработка на УП за Усје – Пинтија, локалитет КО Усје, КО Горно Лисиче – Градежен и КО Кисела Вода 1, за кој е започната постапката и во изработка е Планска програма.

 


 

Име и Презиме: Марио Савиќ

Датум: 04.03.2014

Прашање: Кога Драчево ќе добие терени за баскет? Чисто за информација во Драчево нема ниту едно игралиште за баскет. Не знам да каде ќе иде оваа игнорантност пред се од градот, а потоа и од самата општина према жителите на Драчево.
Поздрав

Одговор: Почитувани,

Ве известуваме дека во тек е изградба на повеќенаменско игралиште во кругот на ОУ„ Св.Климент Охридски“, во кое се предвидени два гола за мал фудбал и ракомет и четири коша за рекреативно играње  кошарка.

Со Почит, општина Кисела Вода  


 

 

Име и Презиме: Викторија

Датум: 03.03.2014

Прашање: Почитувани,

Ве молам да ми напишете каква е постапката за добивање на Решение за ограда и дали мора и двете страни да дадат согласност за изведба на истата.

Со почит

Одговор: 

Почитувани,

За градбите од член 73 од Законот за градење, односно Градби за кои не е потребно одобрение за градење се издава Решение за изведување на градбата. Начинот е соглано член 74 од Законот за градење, односно:

(1) За изведување на градбите, односно поставување на опремата од членот 73 на овој закон инвеститорот поднесува барање со документација утврдена во прописот од став (2) на овој член до општината на чија територија треба да се изведе градбата, односно да се постави опремата. Доколку се исполнети условите за изведување на градбата, односно поставување на опремата градоначалникот на општината донесува решение за изведување на градбата, односно поставување на опремата, во рок од пет работни дена од денот на приемот на барањето.

(2) Формата и содржината на барањето, потребната документација и образецот на решението од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите за уредување на просторот.

(3) Против решението од ставот (1) на овој член може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.

(4) Доколку надлежниот орган од ставот (1) на овој член не донесе решение за изведување на градбата или поставување на опремата, односно не донесе решение за одбивање на барањето во рокот утврден во ставот (1) на овој член, инвеститорот може да поднесе барање до градоначалникот на општината согласно со член 59-ѓ на овој закон.

 

Имено, за да може да се отпочне изведување на ваков вид на градба потребно е инвеститорот да поднесе барање со кое се бара да се издаде решение за потврдување на основниот проект дека е изработен согласно важечките прописи, нормативи и стандарди за таков вид на градби.

Кон Барањето за издавање решение со кое се потврдува дека основниот проект е изработен во согласност со важечките прописи, нормативи и стандарди, треба да ги приложите следните документи:

1. доказ за сопственост, односно доказ за стекнато право на градење согласно со закон;

2. комплетен основен проект во најмалку два примероци со извршена ревизија и изјава на проектантот и ревидентот, заверена од нотар, со која се потврдува дека проектот е изработен во согласност со важечките прописи, нормативи и стандарди;

3. писмен извештај и согласност за нострификација ако проектот е изработен во странство бр.____________ од________________ год. извршена од Комората;

4. извод од урбанистички план за градби од член 62 став 2 алинеја 2, 3, 5 и 6 од Законот за градење и

5. геодетски елаборат за нумерички податоци за недвижноста изготвен согласно Законот за градење од член 62 став 2 алинеја 1, 2, 3 и 4 од Законот за градење и

6. согласност од други органи и институции во зависност од видот, намената и местоположбата на градбата.

 

-Доколку оградата е поставена на меѓа со соседите треба да имате согласност од нивна страна.


 

Име и Презиме: Тони

Датум: 01.03.2014

Прашање: Почитувани,
Ме интересира што се случува со просторот позади зградата на Илинден (Сава Ковачевиќ 1) покрај пругата и патеката. Откога се тргнаа диво населените Роми сега по цел ден камиони растовараат/ исфрлаат земја која на првиот дожд ја претвора околината и уличките во кал по која не може нормално да се помине. За прашината кога е суво не треба ни да се зборува.
Ви благодарам однапред.

Одговор: Почитувани,

Ве известуваме дека општината планира да  направи зелен појас за целосно остранување на дивото население кои преизвикуваат депонија и загадување на штета на  Вас граѓаните.

Со Почит, општина Кисела Вода


 

 

Име и Презиме: Јово Вагленаров

Датум: 28.02.2014

Прашање: Почитувани,
 Во врска со ДУП, реон Ј, четврт Ј14, ме интересира во која фаза е и кога може да очекуваме да биде даден на јавна анкета и презентација предлог-планот за истиот? При пуштањето во употреба на новата урбана заедница "Расадник", од страна на градоначалничката ми беше соопштено дека Ј14 ќе биде УСВОЕН во текот на 2014 година. (Дали претстојните претседателски избори ќе влијаат на динамиката за изработка на планот?)

Одговор: Почитувани,

Ве информираме дека постапката за донесување на Деталниот урбанистички план за реон Ј, четврт Ј14 (локалитет Расадник, југоисточна изндустриска зона Кисела Вода и локалитет МЗ 70 Кисела Вода – 3, плански опфат помеѓу: улица "Првомајска", булевар "Србија", улица "Сава Ковачевиќ" и улица "Народни Херои"), согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на РМ“, бр. 51/2005, 137/2007, 91/2009, 124/2010, 18/2011, 53/2011, 144/2012 и 55/2013), Правилникот за поблиска содржина, размер и начин на графичка обработка на урбанистички планови (Сл. весник на РМ бр. 78/06), Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање (Службен весник на РМ, 63/12, 126/12 ,19/13 и 95/13) и  Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година е во фаза на изработка. Вашите забелешки и сугестии ги очекуваме на јавната анкета и презентација за која граѓаните ќе бидат информирани во пишаните медиуми (дневни весници) и на web – страната на Општина Кисела Вода. Во однос на динамиката на изработката на Предлог планот за ДУП за реон Ј, четврт Ј14 за време на изборите Ве информираме дека немаме мислење од Државната комисија за спречување на корупција за запирање на постапките.


 

 

 

Име и Презиме: Жаклина Лазаревска

Датум: 27.02.2014

Прашање: Неколку пати поставив прашање за улицата Герника по која се движи автобусот 41,улицата е тесна нема тротоари а од страните има огромни грмушки од кои во топлиот период излегуваат змии и е опасно за сите.На самата раскрсница со улицата Киро Фетак невозможно е да се оди пешки а и со автомобил нема никаква прегледност секогаш имате чувство дека ке пропаднете или во каналот или ке се судрите со некое возило.Па би ве молеле ние жителите од улиците Герника да го урбанизирате малку овј простор бидејки тука има голем празен простор кој може да бииде пријатно место за движење и релаксирање.За да се направи еден парк и тротоари не се потребни големи инвестиции , а сепак тука живеат голем број на граѓани кои се приморани да седат само во своите дворови бидејки нема услови за нормален живот ,ни за постарите а за помладите и да не зборуваме . Сепак нели треба социјализација и здрав живот за сите тоа е мотото на СИТЕ.

Наместо сето ова да го има на нашата улица ГЕРНИКА вие сте дале дозвола за на самата раскрсница со улицата Киро Фетак да се постави отпад за старо железо и се друго што според законот таков објект трба да биде на 2 км.надвор од населено место а не во сред населено место.
Се надевам дека не БАРАМЕ многу.
Поздрав од жителите на улица ГЕРНИКА-2,4,6,8,10

Одговор: Почитувани,

Ве известуваме дека Вашиот проблем ќе го земеме во предвид,  динамиката на извршување ќе зависи од приливот на средствата во буџетот на општината.

 Со Почит, општина Кисела Вода


 

 

Име и Презиме: Мара Попова

Датум: 27.02.2014

Прашање: Почитувана Градоначалничке.
Убаво што на  улиците Герника   4 , 6, 8 , 3 , 5 , 7 и др меѓу кои и на Герника 10 во нас. Драчево ни поставивте нова водоводна мрежа , но сега улиците ни останаа ископани , недобро израмнети со многу дупки, посебно Герника 10 која е главна улица по која се движи автобусот 41 . Тротоари нема , кал колку да сакаш , а  место да застанерш да чекаш автобус нема .Постојка со добра ознака исто така  не постои. Дали  имате план да ја реконструирате оваа улица , бидејќи сега е главна улица по која се движат многу возила и автобуси, а воедно и пешаци за кои не постои
простор слободно и без грижно да се движат. Ако има можност да се искоритат средства од IPAR фондовите како за улица Ратко Митровиќ пожелно е тоа да го направите и за оваа главна улица.

Одговор: 

Почитувани,

Поставувањето на новата водоводна мрежа е изведена од страна на ЈП Водовод и канализација. Со почетокот на градежната сезона изведувачот ќе отпочне со санација на прекопите изведени од негова страна.

Со Почит, општина Кисела Вода


 

Име и Презиме: Ирена Тодоровска

Датум: 27.02.2014

Прашање: Дали некој планира да го исчисти делот веднаш до подвозникот - на Јужен булевар покрај зградата на Монтенегро, во делот што е надвор од оградата  - од губре и да посади трева или несто за да заличи тоа на несто или тоа ке биде се уште паркигн на Автобуси и автомобили.

Јас лично живеам во таа зграда и секојдневно имам проблем да одам на песачки со количка со бебе таму. Едноставно проблемот се ресава со малку трева саденје, редовно цистенје од Комунална хигиена и ставанје на столбцинја за да не се паркираат возила. Познато ми е дека тој дел ке се прави од некој си Турци, мегутоа додека тоа се направи дали треба лугето таму да зивеат во губре и да лици тоа на ДИВ ЗАПАД.
Исто така, секоја цест за правенје на тротоарот од другата страна на зградата, но каде се столбцинјата таму. Веднас се сипаркираа коли и песак нема каде да помине.
Јас лицно ке поцнам да викам пајак да им ги собира возилата, бидејки е недозволиво лугје да одат на улица, а господата со мерцедеси и аудија да не сакаат да платат паркинг и да се паркираат на тротоар.
Ве молам да реагирате соодветно за да мозе нормален цовек нормално да функционира во овој луд град.
Поздрав,
Мајка на две мали деца - која секојдневно ризикува да ја згазат;

Одговор:

Почитувани,

Ве известуваме дека нашите службеници ќе излезат на терен да го констатираат Вашиот проблем, и се надевам дека реализацијата ќе биде во најкраток можен рок  во корист на Вас граѓаните.

Со Почит, општина Кисела Вода


Име и Презиме: Мирјана Денковска

Датум: 27.02.2014

Прашање: 

Ве молам кога ке биде исклучен стариот водовод, и дали сите мора да бидеме вклучени на новиот водовод (мислам со нови шахти) како што се прави во моментов. Сите копаат нови шахти како да немаме до сега шахти- непотребни трошоци за граѓаните. Никој не знае да објасни.

Одговор:Почитувани,Ве информираме дека најдобро е да се обратите во ЈП Водовод и канализација за концизен одговор, бидејќи тие се одговорни за исклучување и вклучување на новиот водовод .

Со Почит, општина Кисела Вода


Име и Презиме: Каровски Горан

Датум: 27.02.2014

Прашање: 

Пред една година добив решение за легализација, но сеуште не можам имотен лист од катастар да добијам.
Предмет број 08-13724

Однапред  благодарам

Одговор:

Почитувани,

Предмет за легализација со број 08-13724 нема во Нашата евиденција.  Ве замолуваме да го проверите уште еднаш бројот и да ни напишете на која дата е поднесено барањето и на чие име се води истото.

Доколку има некоја техничка грешка во Решението од Агенцијата за катастар и недвижности треба да Ви достават Потврда за запишување на промена во Катастар на недвижности, врз основа на која Општина Кисела Вода го корегира Решението и истото повторно се доставува до Агенцијата.


Име и Презиме: Ацо Таневски

Датум: 27.02.2014

Прашање: 

Кога ќе биде готов Дуп за Пржино или Ј20 ?

Однапред  благодарам

Одговор:

Почитувани,

Секторот за урбанизам и просторно планирање на Општина Кисела Вода, согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање  (Сл.весник на РМ бр. 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13 и 163/13) и ГУП на Град Скопје 2012 – 2022, пристапи кон изработка на нови детални урбанистички планови на ниво на градски четврти дефинирани со регулациони линии согласно ГУП на град Скопје 2012 - 2022.

Ве известуваме дека градската четврт Ј20 е со површина од 150ха. На барање на Општина Кисела Вода Градот Скопје пристапи кон изработка на ГУП по регулациони линии, односно поделба на градската четврт на блокови. Кога ќе ја добиеме поделбата за четврт Ј20 ќе се започне со разработка на блоковите.


Име и Презиме: М.Лазареска

Датум: 27.02.2014

Прашање: 

Дали деталниот урбанистички план за  Реон Ј, градска четврт Ј13, ке биде повторно изложен на јавна расправа пред граганите, бидејки има драстични промени, после првото излагање.
Благодарам

Одговор:

Почитувани,

Секторот за урбанизам и просторно планирање на Општина Кисела Вода, согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање  (Сл.весник на РМ бр. 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13 и 163/13) и ГУП на Град Скопје 2012 – 2022, поведе постапка за донесување на ДУП за реон Ј, четврт Ј13. За планот беше спроведена јавна анкета и јавна презентација и по постапувањето по барњата доставени за време на истата, Предлог планот за реон Ј, четврт Ј13 беше доставен на увид и барање на мислење од релевантните институции.

 Сите промени кои се направени во Предлог планот за реон Ј, четврт Ј13 по  на јавната анкета и јавната презентација се во согласност со  Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на РМ“, бр. 51/2005, 137/2007, 91/2009, 124/2010, 18/2011 , 53/2011, 144/2012 и 55/2013), Правилникот за поблиска содржина, размер и начин на графичка обработка на урбанистички планови (Сл. весник на РМ бр. 78/06) и Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање (Службен весник на РМ, 63/12, 126/12 ,19/13 и 95/13).


 

Име и Презиме: Снежана Панчевска

Датум: 26.02.2014

Прашање: Почитувани,

Живеам на ул.Никола Добровиќ 17/1/5 Ве информирам Вас а воедно и барам помош од Вас за следново:
Во мојот влез месец дена немаме струја,од страна на ЕВН е исклучена поради несовесните станари
од мојот влез кој ги немаат подмирено своите сметки.Незнам на каков начин би можеле да им ги земеме парите сто ги должат,не сме регистрирани како куќен совет а и дали ке се регистрираме?нема слога .Што е најтрагично во 21 век влегуваме,излегуваме со батерии до кога,додека недај боже нешто не не снајде.
Молам до Вас дали може некако да ни помогнете,каде би можеле да се обратиме.
Со почит ,Снежана

Одговор: 

Почитувана,

Во врска со ситуација на исклучена струја во влезот сопствениците на посебни делови (станови) мораат да најдат начин за соработка и подмирување на долгот за електрична енергија. За подобро функционирање и одржување на зградата треба да назначите управител кој ќе управува со зградата, односно ќе се грижи за нејзино одржување. Доколку сопствениците на посебните делови не определат управител , управителот го определува судот за вонпарнична постапка на предлог на кој било од сопствениците на посебни делови (станови).


 

 

 

Име и Презиме: Кристина Силјаноски

Датум: 23.02.2014

Прашање: Добар ден. Јас сум граѓанин кој живее на улица Борис Трајковски 7/9 населба Кисела Вода. На улица бр.7 сме сеуште со септицки јами, ме интересира дали воопшто имате во план да ни ставите канализација бидејки живееме во 21 век а ние сеуште сме со септички јами кои што до сега неколку пати ни избиле. Ви благодарам однапред поздрав и секое добро

Одговор: Почитувани,

Општината ја подготвува потребаната техичка документација а реализацијата ќе зависи од приливот на сретствата кој гo поседува буџетот на општината.

Со Почит, општина Кисела Вода 


 

 

 

Име и Презиме: Мирослав

Датум: 21.02.2014

Прашање: Почитувани
Во неколку наврати до Вашите служби се обратив со писмен допис(во прилог и потписи од засегнати граѓани),ќе се обидам и на овој начин да добијам одговор на прашање во врска со реконструкција на патот кој претставува единствена сообраќајна врска до нас.теферич-припор,имено.
Долж целот пат постојат дупки и нерамнини кои се причина за оштетување на нашите возила,а во обид да ги избегнеме истите се соочуваме и постои можност од излетување во провалија.Понатаму.
Широчината на патот е вон сите пропишани стандарди и НЕ постојат услови за нормално разминување на две возила.??/да не говориме за разминување со товарно возило или пак две товарни возила.
Ве молам за одговор во кој ќе се содржи ветување дека овој голем проблем ќе наиде на разрешница и со тоа што патот ќе се прошири и санираат постоечките дупки.
Поздрав

Одговор: Почитувани,

Општината е запозната со целосната ситуација на патот кон Теферич, но во моментот не е подготвена да изврши целосна реконструкција, бидејќи потребно е да обезбеди целосна  техничка документација(елаборат за нумерички податоци, одредување на трасата, решавање на имотно-правни односи. Како предлог-проектот ќе го поставиме во 2015 година, а негова реализација ќе се овозможи во зависност од финансиската можност на општината.

Со Почит, општина Кисела Вода

 


 

 

Име и Презиме: Слободан

Датум: 20.02.2014

Прашање: Почитувани,

Ве молам за информација дали е преименувана и ако е кој е точниот назив на улицта Сава Ковачевиќ (поточно на која улица се водат зградите во Расадник под број 47)

Одговор: Почитувани,

Надлежен за промена на имињата на улиците е Градот Скопје. За подетални информации посетете ја нивната web страна или обратете со во Архивата на Град Скопје.

Информативно новото име на улицата “Сава Ковачевиќ” е “Христо Татарчев”.


 

 

Име и Презиме: Тони

Датум: 20.02.2014

Прашање: Почитувани.Имам стан во градба,која е завршена,а касни повеќе од една година,од приватен Инвеститор.На прашањето кон Инвеститорот,зошто е каснењето,тој Одговара дека техничкиот прием на зградата и употребната дозвола,кои се добиваат од Општината,се главната причина за одолговлекувањето на вселувањето на станарите,заради ,, бирократијата на Општинската Администрација,,Ве молам дали е тоа точно,и ако е така да се убрза постапката во Општината Кисела Вода.Ве МОЛАМ за точна информација.Благодарам однапред.

Одговор: Почитувани,

Ве известуваме дека согласно Законот за градење, Општините не прават технички прием на објектите од втора категорија. Односно, во  Општината од страна на изведувачот се предава Завршен извештај од надзорен инженер, кој само се заверува од страна на Општината со приемен штембел.


 

 

Име и Презиме:Златка Стефановиќ

Датум: 19.02.2014

Прашање: 

1. Како се градат згради со Одобрение за градење во Припор кога нема детален урбанистички план донесен Општината?

2. Кога ќе се направи некое детско катче и да се обнови игралиштето на Теферич?

3. Месната заедница Припор да работи за доброто на сите жители што спаѓаат на таа месна заедница не само за нивните роднини и пријатели, а за поконкретни работи ќе Ве известам лично бидејќи мислам и на овие прашања ќе немам одговор од Ваша страна а веќе овој е четврт мејл што Ви праќам.
Со Почит и поздрав

Одговор:

Почитувани,

Пред донесувањето на Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година, одобренија за градење во Припор се издавале согласно ГУП за населено место Сопиште 2001-2011 година. Со стапување на сила на ГУП на Град Скопје 2012-2022 година Припор влегува во планскиот опфат на Генералниот урбанистички план на Скопје и не се издаваат одобренија за градење се до донесувањето на детален урбанистички план за конкретната градска четврт (Ј15 и Ј17).

Општина Кисела Вода се стреми за поттикнување на содржините за забава и рекреација на најмалите во општината.За таа цел Вашиот проблем ќе биде земен во предвид за реализација.

Со Почит, општина Кисела Вода


Име и Презиме:Мина

Датум: 19.02.2014

Прашање: 

Почитувани,Ви се обраќам во врска со паркинг просторот на зграда бр. 31 на ул.Огњан Прица кој е направен пред неколку години а НЕМА СОВЕТЛУВАЊЕ.Ве молам заради безбедност на станарите и возилата (кои се мета на крадци), истото да се постави во најкус можен рок.Благодарам за одговорот.

Одговор:

Почитувани,Ве известуваме дека нашите службеници ќе излезат на терен да го констатираат Вашиот проблем, а решението ќе зависи од можноста која ни дава ситуацијата

Со Почит, општина Кисела Вода


Име и Презиме: Милутин Соколовски

Датум: 19.02.2014

Прашање: 

Почитувани:Ве молам барем за одговор:се работи за уличка во Пинтија К.В.2-Саса бб до К.П. 6578/3,Има повеќе активности во населбата и тоа е за поздрав но конкретно нашето уличе нема ниту тампон,сеуште сме во кал.Во име на повеќе домови-куќи ве замолуваме барем да се стави тампон со бекатон плочки ако не е можно асвалтирање.Не се работи за голема должина а веќе не е изводливо ни дома да си дојдеме од кал.Ве Молам,и ве Поздравувам,Посакувам се најдобро.

Одговор:

Почитувани,

Целта и динамиката на општината е да ги придвижи работите, да отпочне со решавање на проблемите со кои се соочуваат граѓаните. За таа цел Вашиот проблем ќе биде релизиран во согласност со планот за работа.

Со Почит, општина Кисела Вода


 

Име и Презиме:Бетка Павловска

Датум: 19.02.2014

Прашање: 

Однапред ви благодарам  на одвоеното време за мене .Јас како самоxрана мајка на едно дете со посебни потреби  сакав да ве прашам вие како општина дали може да ми излезете во пресрет ололу самовработуване и станбено решение  за мене и моето дете .Доколку е тоа можно би сакала на моето дете да му овозможам подобри услови за живеене, поради нејзината болест сето тоа ни е многу потребно.Дали може јас да остварам средба со градоначалникот на Кисела вода

Одговор:

Почитувана,

Градоначалникот на Општина Кисела Вода одржува редовни средби со граѓаните. Средбите се одржуваат секој понеделник и четврток, а за да закажете Ве молиме јавете се на 2785-400.

Со почит,

Кабинет на Градоначалник


 

Име и Презиме:Сузи Стоименова

Датум: 19.02.2014

Прашање: 

Почитувани би сакала како локална самоуправа да побарате од Јавното сообраќајно претпријатие автобусот број 41 да добие нов возен ред со почеста фреквенција на автобусите бидејќи не можат да одговарат на потребите. Се почето се случува во поголемиот дел од работните денови на автобуската станица во 11Октомври да дојдат преполни автобусите од Драчево и да не може да се качи ниту еден патник. Ви благодарам

Одговор:

Почитувана,

Вашето барање ќе го проследиме до Јавното Сообраќајно Претпријатие - Скопје. Се надеваме дека доколку постои можност и оправданост за истото ЈСП-Скопје ќе излезе во пресрет на Вашето барање.

Со почит,

Кабинет на Градоначалник 


 

Име и Презиме: Силвана

Датум: 18.02.2014

Прашање:

Ме интересира под чива надлежност се концесионерите на кујните во училиштата,на која основа се формира ценовникот за истите (бидејќи во сите општини во училиштата се различни цени),дали важи ценовникот кој го спроведува Мин. за труд и социјала,и зошто еден концесионер кој ги добил тие кујни на неколку училишта во општината преку тендер на истата има различен ценовник во секое училиште,дали постои законска регулатива со која тој е задолжен да склучи договор со учениците т.е. родителите кои се обврзани да плаќаат месечна сметка.Поздрав и Благодарам

Одговор:

Почитувани,

Основните училишта самите ја спроведуваат набавката за избор на концесионери на училишните кујни.

Во прилог ви ги доставуваме одговорите на директорите на две основни училишта во Општина Кисела Вода :

 

Одговор од директорот Стефче Василевски :

 

       Надлежноста за исправноста на работата на концесионерите на училишните кујни е на сите соодветни институции задолжени за квалитетот на  храна и инспекции кои се задолжени за контрола на исправноста на храната, како и соодветна институција за норматив на храната.Ценовникот за храна од министерството за социјала и труд не на важност од едноставна причина бидејќи  се работи за училиште а не за градинки. Аналогно на тоа цената за храната во училиштата се формира врз основа на пазарни услови. Постапката е јавна и транспарентна преку биро за јавни набавки или преку јавен оглас објавен во најмалку два дневни весници што значи дека секој добавувач самостојно ја формира цената  врз основа на тендерската документација. Од тука може да има и разлика во цената пред се поради менито кое се изработува во договор со родителите (комисија). Училиштата согласно член 33 ,од законот за основно образование, организираат продолжен престој  како и член 62, од истиот закон, организира најмалку еден оброк во текот на престојот во училиштето, а трошоците за оброкот, ги плаќа родителот. На почетокот на секоја учебна година училиштата го организираат продолжениот престој кој е потреба на родителите и за истиот даваат изјава дека сакаат да го користат продолжениот престој и дека редовно ќе ги сервисираат обврските за топол оброк. Од тука произлегува обврската на родителот, старател да потпише договор со добавувачот.

Одговор на директорот Весна Настоска :

 

Секоја кујна во училиштата е под надлежност на економскиот оператор кој конкурирал на јавно распишаниот оглас за подготвување на топол оброк на учениците. Услов за да се добие на огласот е најниската цена на понудувачите бидејќи другиот услов за квалитет нема како да се измери.Училиштата во соработка со Советот на родители  подготвуваат тендерска документација во која е наведено двонеделно мени за појадок, ручек и десерт. Понудувачите ја подигнуваат тендерската документација и конкурираат со цена на менито кое се бара. Ценовникот од Мин.за труд и социјала важи за градинките . Законска регулатива нема за склучените договори меѓу кујната и родителите. Бидејќи ние им издаваме простор, а родителите си ја плаќаат храната, логично е економскиот оператор кој ја добил кујната да склучи договор со родителите за навремено плаќање на сметката. Тие уплаќаат на ж-ска на кујната, а не на училиштето. Нам само ни плаќа кирија на просторот. Нормално е дека училиштата водат контрола на квалитетот на храната и хигиената по сите  прописи.

Во договорот кој ние  го склучуваме со кујната има доста механизми и начини како да се заштитам од неквалитетно извршување на договорот (опомена, договорна казна, негативна референца, предвремено раскинување на договорот). Доколку дојде до такво нешто прво би ги свикала родителите кои се членови на Комисијата за кујна и секогаш се во поголем број. По разгледувањето на сите неправилности ќе се постапи по членовите од договорот.


 

Име и Презиме:Сашко

Датум: 18.02.2014

Прашање: Почитувани дали е возможно да се огради тротоарот со заштитни колчиња или сл. на Христо Татарчев во пределот кај кулите што би се овозможило барем на едната страна да нема коли и да се овозможи слободно движење на пешаците!!! мислам дека не барам многу и дека треба да се разгледа мојот предлог од страна на овластените служби

Одговор: Почитувани,

Ве информираме дека сообраќајниците на подрачјето на Кисела Вода се поделени на (градски и општински), бидејќи ул„Христо Татарчев“ е под градско подрачје тогаш ќе треба да се обратите до градот Скопје-сектор за комунални работи.

 Со Почит, општина Кисела Вода


 

 

Име и Презиме:Николче

Датум: 18.02.2014

Прашање:  Почитувани ве замолувам да ме информирате како и кога се свикува или закажува СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА. Или ако има закажано  за кога е ! Oднапред ви благодарам на одговорот

Одговор: Почитувани, Ве известуваме дека пред секоја седница се објавува известување на нашата веб страна за датумот и времето на одржување на наредната седница.

Седницата на Советот на Општина Кисела Вода се закажува најмалку еднаш месечно, а по потреба и повеќе пати. Датумот за одржување на седницата зависи од пристигнатите материјали и нивната итност, по одлука на координативното тело на Советот.

Наредната седница на Советот на Општина Кисела Вода сеуште не е закажана


 

Име и Презиме: Анита Димовска

Датум: 14.02.2014

Прашање: 

Семафорот на раскрсницата за влез во Усје откако е поставен не функционира па за жителите на Усје не можат безбедно да се приклучат во сообракајот особено наутро кога сите брзаат да пристигнат на работа.Кога ке почне да функционира семафорот?

Одговор: Почитувани,

 Ве молиме Вашиот проблем да го пријавите во Град Скопје, Сектор за сообраќај- Одделение за контрола на сообраќајна сигнализација и утврдени режими на сообраќај

 

Со Почит, општина Кисела Вода


 

Име и Презиме: Весна

Датум: 13.02.2014

Прашање: 

Почитувани, ние граѓаните од населба Драчево и имаме проблем со гужва во автобусите во период 06:45х и 07:00 ч. наутро дали може да се пуштат уште два авотобуса тој период, заради навремено стигање на работа, училишта, болници и.т.н.

Ви благодариме во името на граѓаните од наслеба Драчево

Одговор: 

Почитувани.

Ве информираме дека распоредот и ограничувањето на автобусите е во надлежност на ЈСП-Скопје.

Со Почит ,општина Кисела Вода


 

 

Име и Презиме:Игор Наумоски

Датум: 13.02.2014

Прашање: 

Почитувани
Според ДУП за РЕОН Ј, градска четвртЈ08, градежната парцела 6.15 е со намена А1, и со површина за градба 75,54м2. Ме интересира дали е можна промена на намената од А1 во А2, како и измена на површината за градба т.е наголемување на истата за 10%.
Однапред Ви благодарам

Одговор: 

Почитувани,

Деталниот урбанистички план за реон Ј, четврт Ј08 е усвоен од страна на Советот на Општина Кисела Вода на 25.12.2013 година. Барања за промена на уловите на градежните парцели односно анкетни листови,  се поднесуваа за време на јавната анкета и презентација на предлог планот за ДУП за реон Ј, четврт Ј08 во месната заедница Цветан Димов (Стара рампа). Во овој момент, се додека не се пропише со Законот за просторно планирање, не е можно да се прави измена на деталните урбанистички планови за градски четврти.


 

Име и Презиме: Билјана Мановска

Датум: 11.02.2014

Прашање: Почитувани,

Како што можав да прочитам подолу од сите прашања доминираат оние од граѓаните од Пинтија. Незнам дали сте имале прилика да дојдете во населбата но инфраструктурата личи на бојно поле испреплетено со ровови. Тешко е да се оди пеш а камо ли со автомобил. Ве замолувам за одоговр дали е во план да се санира (асфалтира или пак нареди со павер елементи) улицата од школото па се до последните куќи  и дали ќе бидат опфатени и споредните улички - конкретно улица "1513"? (за што веќе имаме поднесено барање преку месната заедница на н. Пинтија во писмена
форма). Исто така би Ве замолила и за одговор за тоа дали имате зацртан и одреден рок до кога сето ова ќе се направи бидејќи навистина е неподносливо и недозволиво да се живее во субстандардни услови во време на технолошка ера и забрзан развој и ако се зане дека секој од нас граѓаните допринесуваме активно во буџетот на Општина Кисела Вода со палќање редовно на даноците.

Ве поздравувам и заблагодарува на времето одвоено за одговорот.
Биљана Мановска

Одговор: 

Почитувани,

Како што можевте да прочитате од предходните одговорени  прашања и Вас ве известуваме дека асфалтирањето на ударните дупки зависи од финансиските можности на општина Кисела Вода. Населбата Пинтија во никој случај не е заборавена, имајќи во предвид дека општината во изминатиот период вложи  повеќе парични средства    за поставување на  подземна инфраструктура.  За таа цел  Ве молиме за трпение и разбирање. Општината вложува максимални напори за целосна урбанизација на сите  урбани заедници на нејзината територија.

Со Почит, општина Кисела Вода


 

Име и Презиме: Борис

Датум: 11.02.2014

Прашање: Почитувани,

Најнапред сакам да ја поздравам Вашата акција што ја спроведувате во Драчево во врска со уличното осветлување. Забележувам дека ги оспособувате светилките кои не функционираа, поставувате нови глави, ги бојадисувате столбовите и за секоја пофалба е што вградувате натриумови (штедливи) - жолти светилки. На овој начин сте обновиле многу улици, меѓу кои и Улица Драчевска односно Јустинијан Први.
Меѓутоа нови натриумови светилки се вградени на наведената улица само до центарот на селото односно до мостот на реката Мала Рада. Ме интересира дали се планира  да се заменат живините светилки со натриумови и во долниот дел на улицата кон О.У. Климент Охридски па се до крајот на истата ? На тој начин жителите на улица Драчевска ќе добијат  комплетно и квалитетно улично осветлување кое и за самата Општина ќе биде економски поисплатливо.

Се надевам дека наскоро овој проект со уличното осветлување ќе биде во потполност реализиран земајќи ги во обзир моите сугестии, а истите се израз на на жителите на улица Драчевска.

Одговор: 

Почитувани,

Сведоци сме дека општина Кисела Вода е една од најголемите општини во градот Скопје.  Проектот за улично осветлување со одвива во  4 реони и работите се реализираат  според  дадениот рок. За таа цел  Вашите сугестии ќе ги земеме во предвид, Ви благодариме на разбирањето.

Со Почит, општина Кисела Вода 


 

Име и Презиме: Љубе Ацевски

Датум: 11.02.2014

Прашање: Живеам во Драчево на ул.Стефан Цветковски продолжеток на ул.Тушинска.Жителите на овии две улици како и на другите имаме влез помеѓу зградите кај поштата и со години поминуваме низ растурено ѓубре и шут ,бидејки кантите се на самиот влез и многу грдо изгледа,се собираат кучиња и граѓаните ги бркаат со камења за да можат да си одат дома,со возилата поминуваме низ сето тоа ѓубре.
Треба хитно да се најде некое соодветно решение за овој проблем или дислоцирање или поставете големи континери за да неможат кучињата да ги превртуваат и расврлаат насекаде

Одговор: 

Почитувани,

Ве известуваме дека нашите службеници ќе излезат на терен да го констатираат Вашиот проблем. Со извршениот увид на лице место ќе се види дали постои  алтренатива за дислокација  на контејнерите.

Со Почит, општина Кисела Вода


 

 

Име и Презиме:Билјана Мановска

Датум: 10.02.2014

Прашање: Почитувани,

Ве молам да ми кажете кој документи е потребно да ги прикачам во електронскиот систем е-Дозволи како би поднела барање за градба на ограда. Истите дали е потребно да бидат во ПДФ формат единствено или пак е потребно да бидат и во друг формат? Локацијата е во н. Пинтија на парцела на која веќе има изградено објект по одобрение за гарење издадено од Вас (првата електронска дозвола во општината).

Поздрав
Биљана

Одговор: 

Почитувани,

За градбите од член 73 од Законот за градење, односно Градби за кои не е потребно одобрение за градење се издава Решение за изведување на градбата. Начинот е соглано член 74 од Законот за градење, односно:

(1) За изведување на градбите, односно поставување на опремата од членот 73 на овој закон инвеститорот поднесува барање со документација утврдена во прописот од став (2) на овој член до општината на чија територија треба да се изведе градбата, односно да се постави опремата. Доколку се исполнети условите за изведување на градбата, односно поставување на опремата градоначалникот на општината донесува решение за изведување на градбата, односно поставување на опремата, во рок од пет работни дена од денот на приемот на барањето.

(2) Формата и содржината на барањето, потребната документација и образецот на решението од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите за уредување на просторот.

(3) Против решението од ставот (1) на овој член може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.

(4) Доколку надлежниот орган од ставот (1) на овој член не донесе решение за изведување на градбата или поставување на опремата, односно не донесе решение за одбивање на барањето во рокот утврден во ставот (1) на овој член, инвеститорот може да поднесе барање до градоначалникот на општината согласно со член 59-ѓ на овој закон.

 

Имено, за да може да се отпочне изведување на ваков вид на градба потребно е инвеститорот да поднесе барање со кое се бара да се издаде решение за потврдување на основниот проект дека е изработен согласно важечките прописи, нормативи и стандарди за таков вид на градби.

Кон Барањето за издавање решение со кое се потврдува дека основниот проект е изработен во согласност со важечките прописи, нормативи и стандарди, треба да ги приложите следните документи:

1. доказ за сопственост, односно доказ за стекнато право на градење согласно со закон;

2. комплетен основен проект во најмалку два примероци со извршена ревизија и изјава на проектантот и ревидентот, заверена од нотар, со која се потврдува дека проектот е изработен во согласност со важечките прописи, нормативи и стандарди;

3. писмен извештај и согласност за нострификација ако проектот е изработен во странство бр.____________ од________________ год. извршена од Комората;

4. извод од урбанистички план за градби од член 62 став 2 алинеја 2, 3, 5 и 6 од Законот за градење и

5. геодетски елаборат за нумерички податоци за недвижноста изготвен согласно Законот за градење од член 62 став 2 алинеја 1, 2, 3 и 4 од Законот за градење и

6. согласност од други органи и институции во зависност од видот, намената и местоположбата на градбата.

Основниот проект се поднесува и во pdf и dwg формат.


 

Име и Презиме:Дарко

Датум: 10.02.2014

Прашање:Здраво,

Имам стан на улица Михаил Чаков 3,станува збор за доградба.
 има 51% согласност од мојата вертикала на зградата
 дали може да се изведе доградба само на мојот стан,бидејки живеам на
приземје.

Благодарам однапред

Одговор: Почитувани,

Имате право да направите поединечна доградба и потребно е да имате 51% согласности од нето развиената површина на градба од Вашиот влез. Доградба можете да правите доколку согласно деталниот урбанистички план има услови за истата


 

Име и Презиме:Кристина

Датум: 10.02.2014

Прашање:Почитувани..
Бидејќи не информиравте дека на дневен ред на последната седница било носење на одлука за утврдување Предлог Детален урбанистички план за Реон Ј, четврт Ј10, Општина Кисела Вода, Скопје, плански период 2013-2018, ме интересира дали одлука е донесена, и кога би се објавил планот со новите измени (доколку ги има), бидејќи овој план што во моментов е изложен на страницава е од 23.07.2013.
Благодарам

Одговор: Почитувани,

Предлог планот за ДУП за реон Ј, четврт Ј10 сеуште не е усвоен од страна на Советот на Општина Кисела Вода. Кога истиот ќе биде усвоен можете да направите увид во планот во Секторот за урбанизам и просторно планирање, барака 3 во кругот на Општина Кисела Вода. Исто така, во брзо време деталните урбанистички планови за градските четврти ќе бидат објавени на web страната на Општина Кисела Вода


 

Име и Презиме:Ангел Василевски

Датум: 07.02.2014

Прашање: Дали ке има асфалтирање на улица 1513 во населба Пинтија од школото па се до горе                                                 со почит

Одговор: Почитувани,

Асфалтирањето на ударните дупки зависи од финансиските можности на општина Кисела Вода. Населбата Пинтија во никој случај не е заборавена, имајќи во предвид дека општината во изминатиот период вложи  повеќе   за поставување на  нова водоводна мрежа во должина од 10 км. За таа цел  Ве молиме за трпение и разбирање. Општината вложува максимални напори за целосна урбанизација на сите  урбани заедници на нејзината територија.

 Со Почит,  општина Кисела Вода


 

 

Име и Презиме: Граѓанин на Кисела Вода

Датум: 07.02.2014

Прашање:Здраво,
Ме интересира кога кје го решите проблемот со паркирањето на Улицата Божидар Аџија и околу студентскиот дом "Пелагонија"? Пајакот секој ден собира возила по неколку пати а не се знае каде може да се паркира а каде не. Таксистите заземат повеќе простор на необележаните за такси места.
Дали е во план да се воведе зонско паркирање во тој регион?
Однапред благодарам.

Одговор: Почитувани,

Општината се залага за подобар и подинамичен живот кон Вас граѓаните. За таа цел Вашето прашање ќе биде  земено во предвид  и реализирано согласно финансиските можности.

Со Почит,  општина Кисела Вода


 

 

Име и Презиме: Мина

Датум: 06.02.2014

Прашање: Почитувани,
Ви се обраќам во врска со паркинг просторот на зграда бр. 31 на ул.Огњан Прица кој е направен пред неколку години а НЕМА СОВЕТЛУВАЊЕ.
Ве молам заради безбедност на станарите и возилата (кои се мета на крадци), истото да се постави во најкус можен рок.
Благодарам за одговорот.
Со почит,

Одговор: 

Почитувани,

Ве известуваме дека нашите слижбеници ќе излезат на терен да го констатираат Вашиот проблем.По извршениот увид  ќе се утврди  дали постојат технички можности за остварување на проблемот.

Со Почит, општина Кисела Вода


 

Име и Презиме: Влатко Пејковски

Датум: 05.02.2014

Прашање:Имам поднесено комплет документација за легализацијана на бесправно изграден објект,
во случајов се работи за деловни објекти (така е наведено и во геодетскиот елаборат)  во К.О. ДРАЧЕВО-1,ме интересира дали цената за легализација е исто така 1 евро за м2 или цената е друга?
Ако цената е повисока од 1 евро м2 ке ве молам да ме информирате која е?
Однапред ви благодарам

Одговор: Почитувани,

Доколку објектот е во детален урбанистички план пресметката за цената за легализација на бесправно изграден објект се прави во Град Скопје а доколку е надвор од детален урбанистички план цената за легализација на бесправно изграден објект со деловна намена изнесува 25€/м2.


 

Име и Презиме: Горан Крстевски

Датум: 04.02.2014

Прашање:Почитувани,
Пред извесно време поднесено беше барање од страна на мојата мајка до општината за пренамена на дел.објект во подрумски простор (што и беше претходно). Беше информирана дека треба да се поднесе барањето по електронски пат. Барањето е направено со прикачени документи кои се потребни за тоа, но не дозволува да биде испратено и покажува некоја грешка.Можете ли да ми објасните што е во прашање и зашто не можеме да го испратиме барањето.

Одговор: 

Почитувани,

Надлежни за функционирањето на информацискиот систем за е-одобрение за градење е Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија, односно ЗЕЛС.

Во продолжение е link  на кој можете да се повикате за да го добиете нивниот конткт:

http://www.zels.org.mk/Default.aspx?id=aac01ac5-2fb6-4643-b588-8d673ac84394

Или можете да им се обратите на следниот mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.


 

 

 


Име и Презиме: Марјан

Датум: 04.02.2014

Прашање:Почитувани,

Ве молам за една информација жител сум во Општина Кисела Вода и ме интересира дали е потребно да се поднесе барање за одобрение на градба на обична ограда од бетонско цокле и жица во виснина од 1 метар, ограда со која ке го разграничам моето земјиште од земјиштето на своите соседи, од причина што во Законот за градење во чл.73 ст.1 таксативно е набројано за кој градби не е потребно да се обезбеди одобрение за градба меѓу кој е наведено дека и за ОГРАДА не е потребно да се побара и добие одобрение за градба.

Одговор: 

Почитувани,

За градбите од член 73 од Законот за градење, односно Градби за кои не е потребно одобрение за градење се издава Решение за изведување на градбата. Начинот е соглано член 74 од Законот за градење, односно:

(1) За изведување на градбите, односно поставување на опремата од членот 73 на овој закон инвеститорот поднесува барање со документација утврдена во прописот од став (2) на овој член до општината на чија територија треба да се изведе градбата, односно да се постави опремата. Доколку се исполнети условите за изведување на градбата, односно поставување на опремата градоначалникот на општината донесува решение за изведување на градбата, односно поставување на опремата, во рок од пет работни дена од денот на приемот на барањето.

(2) Формата и содржината на барањето, потребната документација и образецот на решението од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите за уредување на просторот.

(3) Против решението од ставот (1) на овој член може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.

(4) Доколку надлежниот орган од ставот (1) на овој член не донесе решение за изведување на градбата или поставување на опремата, односно не донесе решение за одбивање на барањето во рокот утврден во ставот (1) на овој член, инвеститорот може да поднесе барање до градоначалникот на општината согласно со член 59-ѓ на овој закон.

 

Имено, за да може да се отпочне изведување на ваков вид на градба потребно е инвеститорот да поднесе барање со кое се бара да се издаде решение за потврдување на основниот проект дека е изработен согласно важечките прописи, нормативи и стандарди за таков вид на градби.

Кон Барањето за издавање решение со кое се потврдува дека основниот проект е изработен во согласност со важечките прописи, нормативи и стандарди, треба да ги приложите следните документи:

1. доказ за сопственост, односно доказ за стекнато право на градење согласно со закон;

2. комплетен основен проект во најмалку два примероци со извршена ревизија и изјава на проектантот и ревидентот, заверена од нотар, со која се потврдува дека проектот е изработен во согласност со важечките прописи, нормативи и стандарди;

3. писмен извештај и согласност за нострификација ако проектот е изработен во странство бр.____________ од________________ год. извршена од Комората;

4. извод од урбанистички план за градби од член 62 став 2 алинеја 2, 3, 5 и 6 од Законот за градење и

5. геодетски елаборат за нумерички податоци за недвижноста изготвен согласно Законот за градење од член 62 став 2 алинеја 1, 2, 3 и 4 од Законот за градење и

6. согласност од други органи и институции во зависност од видот, намената и местоположбата на градбата.

 


Име и Презиме: Александар

Датум: 04.02.2014

Прашање:

Почитувани,
Пред извесно време поднесено беше барање од страна на мојата мајка до општината за пренамена на дел.објект во подрумски простор (што и беше претходно). Беше информирана дека треба да се поднесе барањето по електронски пат. Барањето е направено со прикачени документи кои се потребни за тоа, но не дозволува да биде испратено и покажува некоја грешка.Можете ли да ми објасните што е во прашање и зашто не можеме да го испратиме барањето.

Одговор: 

Почитувани,

Надлежни за функционирањето на информацискиот систем за е-одобрение за градење е Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија, односно ЗЕЛС.

 

Во продолжение е link  на кој можете да се повикате за да го добиете нивниот конткт:

 

http://www.zels.org.mk/Default.aspx?id=aac01ac5-2fb6-4643-b588-8d673ac84394

 

Или можете да им се обратите на следниот mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.


 

Име и Презиме: Горан

Датум: 04.02.2014

Прашање: Здраво.Пред еден месец купив стан на ул.Вера Јоциќ бр.16,каде што претходниот сопственик несакал да учествува во откупот на земјиштето.Од другите станари веќе е поднесено барање за откуп на истото,па ме интересира која е процедурата да се приклучам кон нивното барање...Благодарам многу.

Одговор: Почитувани,

Барањата за откуп на земјиште кои се однесуваат на колективните објекти се поднесуваат во Министерството за финансии – Управа за имотно правни работи, во кругот на Општина Кисела Вода, барака 9.

Бидејќи претходниот сопственик не сакал да се приклучи кон барањето за откуп на земјиштето, Вие во согласност со другите баратели кои го поднеле барањето можете да се приклучите кон истото доколку Ви го достават архивското бројче под кое е поднесено барањето, при што Вие треба да го доставите купопродажниот договор во вид на солемизација или нотарски акт и имотен лист од кои ќе се утврди промената на сопственичкото право.

 

 

Име и Презиме: Предраг Стојановски

Датум: 03.02.2014

Прашање:Во време кога целиот свет оди со брзо темпо напред насекаде се гради а едно населено место кое гравитира да не рецам до самиот центар на градот {НАСЕЛБА УСЈЕ}се усте нема канализација сто е вон сите стандарди за зивот.Затоа би ве замолил ако мозе некој кој е компетентен за оваа проблематика да ни одговори дали во скоро време се планира поврзуванје на населбата со канализациски систем со сиот нормален свет

Одговор: Почитувани,

Ве информираме дека за да може да се постави инфраструктурна мрежа  пред се треба да се изработи урбанистчка планска документација-инфраструктурен проект. Овој проект општината планира да го реализира во следниот период.

 

 


Име и Презиме: Ангел Василевски

 Датум: 01.02.2014

 Прашање:Почитувани,

не интересира дали е во план да се асвалтираат сите улици во пинтија или само улицата према манастирот .затоа сто улицата од сколото нагоре кога врне целата е во кал  однапред ви благодариме
Ви благодарам пријатен ден

Одговор: 

 Почитувани,

Општината се стреми кон подобрување на инфраструктурата во нас.Пинтија затоа во оваа година се планира дел од улиците да се поплочат со павер елементи.

 

Со Почит,  општина Кисела Вода


 

 

Име и Презиме: Александар

 

Датум: 01.02.2014

 

Прашање:Почитувани,
Имам купено плац за градба на куќа во пинтија,се распрашав и дознав дека сега за сега неможе да се гради стопирано било издавањето на дозволи за градба во тој реон,сакам да знам дали ке се реши нешто во брзо време или пак ке треба да се чека со години ако е долго чекањето да знам да си барам решение на друга локација каде што ке можам сто поскоро да изградам семејна куќа,
Ви благодарам пријатен ден

Одговор: 

Почитувани,

Во фаза на подготовка се правилниците кои се однесуваат на оваа проблематика, односно Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и Правилникот за поблиска содржина, размер и начин на графичка обработка на урбанистичките планови. По објавувањето на овие правилници во Службен весник на Република Македонија, ќе бидеме во можност да Ви дадеме поконкретни информации


Име и Презиме: Виктор Јованов

Датум: 30.01.2014

Прашање:Социалното е преместено ако може да ми кажете каде е новата локација

Одговор: Подрачната единица за социјални работи – Кисела Вода е преместена во кругот на фабриката ОХИС                               


Име и Презиме: Тихомир Јотевски

Датум: 29.01.2014

Прашање:Градежно земјиште или дворно место со добиено решение . Дали постојат услови да се отплати на три рати. Со почит Тихо

Одговор: 

Почитувани,

Ве молиме да го допрецизирате Вашето барање со тоа што ќе посочите согласно која постапка сте го добиле решението и кој орган го издал истото

 


 

 

Име и Презиме: Славица Ќурчиева

Датум: 28.01.2014

Прашање: Почитувани,
Повторно ви се обраќам со прашање за тоа кои инвестиции ги планирате во населба Теферич во тековната година. Имено, ние жителите сме едногласни дека од врвен приоритет е поставување на банкина или друг вид ограда долж патот по улица Мариовска (од свиокот кај маркет ТО-МИ до населбата) во должина помалку од еден километар. Секако, мора да се разгледа и можноста за проширување на патот и поставување на соодветно осветление долж истиот како би заличеле на урбана населба. Ве молам за одговор дали планирате реализација на нашите барања и кога?
Славица Ќурчиева

Одговор:  Почитувана,

За да се започне со инвестиции и решавање на Вашите проблеми потребно е да се земат во план  сите технички средства и системи,објекти и постојки што се неопходни за развој на стопанството и што го обезбедуваат квалитетот на живеење.Кога ќе се комплетира потребната документација општината ќе започне со реализација.

 Со Почит, Општина Кисела Вода


 

 

Име и Презиме: Кате Стојановска 

Датум: 28.01.2014

Прашање: Дали ке се до алсфалтираат уличките кои што не се асфалтирани во Усје како што е улица 4 која воопшто не е асфалтирана во време на дожд е непроодна и пофалби до градоначалничката за досега сработеното.

Одговор: Почитувани,

Ве известуваме дека Ул„ 4 “ е веќе целосно реконструирана. Со почетокот на градежната сезона ќе се започне со асфалтирање и на другите улици.


 

 

Име и Презиме: Горан Миленковиќ 

Датум: 27.01.2014

Прашање: 

Имам гаража на ул . Вера Јоциќ 14 од времен карактер .
Какви се шансите тие да бидат легализирани ?
БЛАГОДАРАМ.

Одговор:  Почитувани,

Ве известуваме дека согласно Законот за легализација завршен е рокот за поднесување на барања за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти.

Доколку веќе имате поднесено барање, со цел да може подетално да се посветиме на поединостите на Вашиот предмет би Ве замолиле да закажете увид во педмет за легализација. Увид во предметите за легализација на бесправни објекти се врши секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот. Закажување на термин за увид може да направите во просториите на Општина Кисела Вода, барака 2, соба 8, или на телефон 2785-453, лице за контакт Мартин


 

Име и Презиме: Зоран Стоилов

Датум: 27.01.2014

Прашање: Здраво. Како жител на КВ, сакам да ја информирам општината  а воедно и да прашам кога ке се поправи огромната дупка која веќе 2 и повеќе години ни ги оштетува автомобилите а се наоѓа на уличката која ги поврзува вера јоциќ и христо татарчев? На хттп://скопје.он.нет.мк/ забележав дека го има истиот број како и вера јоциќ така да најверојатно е дел од вера јоциќ улицата. Инаку се наоѓа помеѓу жолто/кафеавата зграда на вера јоциќ 8 и христо татарчев. Дупката е толкава големина што е невозможно да се заобиколи така да мора со едното тркало да се влезе во неа.Ве молам под итно ова да санира бидејки нема смисла во 21век со вакви работи да се излозуваме секој ден. Поздрав

Одговор:  Почитувани,

Сведоци сме дека Општина Кисела Вода е една од најголемите општини во градот Скопје и не е  возможно работите да звршат во најкраток рок. Затоа со почетокот на градежната сезона ќе се започне со втора фаза на санација и крпење на ударни дупки во кој ќе се реализира Вашиот проблем.

Со Почит, Општина Кисела Вода


 

 

Име и Презиме: Александра Петреска

Датум: 24.01.2014

Прашање: Почитувани. Би сакала да прашам дали сте запознаени со следново: Се работи за чистење на оџак во приватна семејна куќа.Чистењето го изведе оџачарска фирма за која имаме сметка.Ме интересира дали општината излага во пресрет на граѓаните,односно дали дел од сметката ја субвенционира и доколку е така каде треба да се обратиме?

Однапред благодарни

Одговор: Почитувани,

Општина Кисела Вода нема предвидено средства за субвенционирање за чистење на оџаци. Доколку во иднина Општина Кисела Вода превземе вакви или слични активности ќе бидете информирани преку нашите гласила.

 Со почит,

Општина Кисела Вода


 

 

Име и Презиме: Гордана

Датум: 24.01.2014

Прашање:Ве молам за информација

1. која е постапката за откуп на градежна парцела со статус сопственост на Р. Македонија    (на ул. Тодор Чангов), постапката за легализација на објектот е во процедура во општина Аеродром.

2. Каква е процедурата за приватизација на плац кој е во сопственост на починато физичко лице, а наследниците не се познати. На истиот имаме изградена куќа од 1969 год. (на ул. Тодор Чангов)

Одговор:  Почитувани,

Ве информираме дека Општина Кисела Вода не е надлежна да дава одговори и информации за постапките кои се водат на територија Аеродром.


 

Име и Презиме: Стојан Ангелов

Датум: 24.01.2014

Прашање: Сакам да прашам за приватните ископи што се вршат во Пинтија. Поставувате само водоводни цевки до пред домовите на граѓаните во Пинтија, а јас со мои парични средства треба да најмам мајстори кои ке ми ископат - исечат бетон од пред двор и ископаат (соѕидаат) шахта. Мене лично некои "мајстори" ми побараа 100 евра за да се заврши ископот и сечењето на бетонот.
Како е можно јас од мои финансиски средства да плакам за повторен приклучок за вода ?
Да напоменам дека јас сум пензионер и дека мојата пензија нема да може да го поднесе овој зафат за приклучување на водоводни цевки.

Одговор: Почитувани,

Ве информираме дека обврската на изведувачот е ископот  да биде до границата на земјиштето кое припаѓа на Општината  се што е во приватен имот  е во надлежност на сопственикот.

Со Почит,  Општина Кисела Вода


 

 

Име и Презиме: Анета Дамјановска

Датум: 24.01.2014

Прашање:Почитувани,
На аголот на ул.Фредерик Шопен во делот кон ул.Томе Арсовски од пред некое време има неасфалтирана дупка која се повеќе се продлабочува и дополнително го отежнува разминувањето на тој дел од улицата и ја загрозува безбедноста.
Ве молам за информација дали е планирано санирање и кога би било изведено.

Одговор: Почитувани,

Ве известуваме дека со почетокот на градежната сезона ќе се отпочне со втора фаза на санација на улици и крпење на ударни дупки кои се лоцирани на територија на Општината.

Со Почит, Опшина Кисела Вода


 

 

Име и Презиме: Елена Боева

Датум: 23.01.2014

Прашање:Почитувани,

Жител сум на Општина Кисела Вода - ул. Пушкинова Број 5. Во Оваа општина живеам веќе 31 година и ова што се случува сега го немало никогаш.
Имено нашата зграда има дупли паркинг пред кој паркинг има и зелен појас кој во минатото беше секогаш насаден со зеленило - трева, имаше осветлување со еден збор изгледаше прекрасно ( осветлувањето сега во моментот е во ред).
Сега соседите од куките своите гаражи ги направија продавници, скари, сеничари и сл. и своите возила ги паркираат во зелениот појас со тоа сто и овој зелен појас е заграден (со ланци, колчиња и сл.)само за нив па дури и ги блокираат колите на станарите од зградата доколку се паркираат на нивното место.
Еднаш беше повикан пајак и сите возила од зелениот појас и тротоарите беа отстранети.
Зградата сто е изградена на самата улица нема паркинг и како сто веќе наведов се паркираат по тротоарите и не може две коли да се разминат, коли се паркираат непрописно пред спортската кладилница.
Нас предлог е ако може малце да се рашири улицата сто сметам дека има простор и константно да има надзор на оваа улица од причина сто имавме итен случај во зградата и медицинско возило Брза Помош не можеше да пристапи.
Или пак оној зелен појас сто го имавме во минатото повторно да го вратиме т.е да се изора тревникот и да се насади трева и да се постават колчиња за заштита за да не се паркираат повторно.
Ве молам ако може да го разгледате нашето барање.

Одговор: 

Почитувани,

За да можеме да Ви помогнеме на Вашиот проблем  ќе треба да доставите Барање во барака 1 (едношалтерски). Вашиот предмет ќе биде доставен до одредениот сектор, а нашите службеници ќе излезат на терен  да го констатираат  проблемот. Можноста за реализација ќе зависи од Деталниот урбанистички план.

Со почит, Општина Кисела Вода


 

Име и Презиме: Тихомир Јотевски

Датум: 23.01.2014

Прашање: Ве молам да ми одговорите дали постои можност износот за откуп на градежно земјиште да го исплатам на рати и колку .

Со почит Тихомир Јотевски

Одговор: Почитувани,

За да можеме да Ви одговориме на прашањето ни треба информација врз основа на каков акт (договор или уверение) Ви е определен износот за откуп на градежно земјиште.

За конкретен одговор и подетални информации, можете да се јавите во Секторот за урбанизам и просторно планирање, барака 3, соба 10, во кругот на Општина Кисела Вода, секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот


 

Име и Презиме: Ирина Илиевска

Датум: 22.01.2014

Прашање: Почитувани,

Би сакала да ме известите од каде може да се добие потврда дека  новото име на сегашната улица пр.Т.Арсовски се однесува на старото име на улицата. Гогољ  за да се потврди валидноста на документите кои претходно биле доставени до одредена институција како доказ дека станува збор за едно исто лице.
Ве молам за итност,
Ви благодарам однапред
Одговор: Почитувани,

Надлежен за промена на имињата на улиците е Градот Скопје. За подетални информации посетете ја нивната web страна или обратете со во Архивата на Град Скопје.


 

Име и Презиме: Ѓоре

Датум: 22.01.2014

Прашање: 

Зошто кога комисијата за увид на легализацијата на дивоградбите ке дојде на одредена улица во контрола,се задржува само во еден објект, а не во сите поточно 4 куки кои се наогаат во истата уличка се работи за Пинтија “саса” 12,нели е поефикасно така отколку да доагаат по сто пати и сите имаат доставено геодетски елаборати за легализација,дали и за ова треба да бараме “врски” како и секаде на друго место. Не бараме многу само да дојдат побрзо,ако треба ке организираме и превоз

Одговор: 

Почитувани,

Секој од доставените предмети за легализација се прегледува од страна на правни лица за да се утврди дали е комплетирана потребната документација. Комисијата извелгува на терен само за предмети со комплетна документација. Документацијата која се бара во предметите за легализација на бесправно изградени објекти е согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти.

Со цел да може подетално да се посветиме на поединостите на Вашиот предмет би Ве замолиле да закажете увид во педмет за легализација. Увид во предметите за легализација на бесправни објекти се врши секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот. Закажување на термин за увид може да направите во просториите на Општина Кисела Вода, барака 2, соба 8, или на телефон 2785-453, лице за контакт Мартин. 

 

Име и Презиме: Јелена Панчевска

Датум: 22.01.2014

Прашање: Ве молам да бидете љубезни и да ми одговорите на прашањето кое Ви го поставив на 17,01, бидејќи гледам дека веќе одговарата на прашања од 18 и 19.01. Прашањето беше во врска со проблемот кој го имаат жителите на улица Емил Зола со парконг места. Пајак службата секој ден по 3-4 пати со по пет возила, собираат автомобили, кои станарите нема каде да ги паркираат, поради тоа што нема доволно места за паркинг. Најдете решение, направете ја улицата едносмерна, за да може едната лента да биде за паркирање, или веќе како ќе го решите проблемот, НЕ НАВЛЕГУВАМ во

тоа. Но, ве молам одговорете на прашањето, сепак имам право да добијам одговор, ако немате одговор, пишете - ДЕКА НЕМАТЕ ОДГОВОР. Единствено во Кисела Вода и во Центар секојдневно оперира Пајак служба, многу ретко ( или воопшто) во другите населби. Го очекувам Вашиот одговор

Одговор:  Почитувана,

 Секоја зграда кога добива одобрение за градба, истото го добива врз основа на обезбедени паркинг места. Затоа Ве молиме да ги користите обезбедените перкинг места, односно подземните гаражи.Општината не може да гради паркинг простор од јавен карактер се дури не се донесе ДУП за тој реон.

 Со Почит, Општина Кисела Вода


 

 

 

Име и Презиме: Драган Ангеловски

Датум: 21.01.2014

Прашање: Почитувани,

Нашата фирма е носител на одобрение за градба издадено од општина кисела вода за изградба на стопански објект. Годинава продадовме дел од фирмата на инвеститор, заедно со дел од дејностите и дел од постоечки и планирани објекти.

Вклучително и дејноста за која е добиено одобрението за градба. Ве молиме за информација за тоа која е постапката да се промени инвеститорот за истиот да може да го изгради објектот. Односно дали префрлањето на одобрението може да се регулира со договор или постои постапка за промена на инвеститорот на одобрението за градба,

Со почит,
Драган Ангеловски

Одговор: Почитувани,

Промена на инвеститор се прави врз основа на правен акт, односно имотен лист или договор,согласно член 70 од Законот за градење:

(1)Доколку во текот на градењето се смени инвеститорот, за настанатата промена новиот инвеститор е должен, во рок од 15 дена од настанатата промена, да го извести органот надлежен за издавање на одобрението за градење и со известувањето да достави доказ дека има статус на инвеститор. На новиот инвеститор со решение ќе му се признае статус на инвеститор на градба, само доколку со преземањето на правото за градење ги преземе и правата и обврските кои претходниот инвеститор ги имал со учесниците во градењето (управителот на градбата, правните лица за вршење на работите на проектирање, ревизија, надзор и изведувачот), како и доколку ги преземе правата и обврските кои претходниот инвеститор ги имал како резултат на склучени договори за хипотека и други правни дела за промет на градбата или делови од градбата прибележани во листот за предбележување на градба, во спротивно по изградбата нема да му се издаде одобрение за употреба на градбата на негово име, односно нема да се изготви извештај за извршен технички преглед од страна на надзорен инженер. Исто така во овој случај надзорниот инженер не смее да изготви извештај за извршен технички преглед, а за градбите за индивидуално домување со бруто развиена површина до 300 м2 изведувачот не смее да даде изјава со која ќе потврди дека објектот е изграден во согласност со одбрението за градење и основниот проект или проектот на изведена состојба.


 

Име и Презиме: Ана Митровска

Датум: 20.01.2014

Прашање: Почитувани,

Сакам да прашам две работи и да дадам една забелешка за населба Пинтија !!!

Првата работа: Во текот на минатата година имав неколку пати напишано молби до општината ако може да биде асфалтирана улица 1515 бивша ( Саса 4 ) во Пинтија, во последната молба имав добиено одговор дека не е влезена таа улица за во годишниот план за 2013 година ама дека ќе се стави за во 2014 година. Незнам дали ви е ставена во годишниот план ама еве сакам да дадам пак предлог што би се надевам дека оваа година ќе не израдувате како што не израдувавте со водоводот, бидејќи станува збор за многу кратка улица која ќе ни го направите животот поубав и
посовремен во 21 век. Одкако ќе се направи улицата мислам дека уште многу куќи ќе се направат и општината ќе има добра наплата за комуналии, подобро живот за нас ама подобро и за вас :).

Втората работа: Последниов месец во населба Пинтија се вршат некои ископи кои не се потрупани а пак најмалку асфалтирани. Колите ги искршивме а за не пак да одиме и да купиме нешто до продавница или пак да прошетаме низ населбата. КАЛ ИМА ДО КОЛЕНА !!! Дали некој одговара за тие работи и дали ќе има санкции за изведувачот, зашто кој дојде ископај заврши работа и оди си. Никој не ја довршува работата со месеци или години а ние жителите страдаме. Се надевам дека ќе пратите некоја инспекција и ќе види за што станува збор. Оваа забелешка ја давам
поточно за улицата кај основното училиште Рајко Жинзифов кај што ни одат децата во школото и внесуваат КАЛ во училниците и се тоа децата дишат. Мислам дека е срамота за тоа што ни се случува во нашата населба. Ве молам да пратите луѓе на терен што се одговорни за оваа работа и да видат за што станува збор, верувајте ми ќе ви се згади животот.
Тоа ми беа прашањата а ова следното е забелешка и молба до општината.
На улица 1515 поранешна ( ул.Саса 4 )во Пинтија, сакам да дадам забелешка за бандерите на таа улица. Искрено кажано навечер неможе да се шета. бидејќи повеќе сијалици што се на бандерите што треба да светат на УЛИЦА тие се свртени светат во ДВОРОВИТЕ на сопствениците на тие куќи. Секој месец плаќам комунална такса за јавно осветлување од 136 денари, а улиците не ни се осветлени. Исто така сакам да искочи ваша екипа на терен и да ја види и оваа забелешка, бидејќи реагирав во ЕВН и ми дадоа одговор дека тие пари одат во Општината и дека треба на таа
адреса да се обратам.Се надевам дека во најбрз можен рок ќе ги свртите да светат кон улицата.
Тие ми беа прашањата и забелешките и се надевам дека ќе ни искочите во наша полза, бидејќи верувам во оваа градоначалничка. Општина Кисела Вода е многу подобра како општина одкако е дојдена г-ѓа Беличанец како градоначалник.

Поздрав

Одговор: Почитувани,

Ве известуваме дека додека е во тек изведба на приклучоци на водоводна мрежа во нас.Пинтија, неможе да се санираат улиците.Со самото завршување на изведбата се планира да се санираат улиците и адаптираат прекопите.Однапред Ви благодариме на разбирањето и истрајноста.

Со Почит, Општина Кисела Вода


 

 

 

Име и Презиме: Ѓоре Филиповски

Датум: 19.01.2014

Прашање:Ме интересира зошто оди бавно и се бараат  многу дополнителни документи од првичните за легализација на станбен објект во н.Пинтија на ул. “Саса” 12,како да поднесеме барање за откуп на земјиштето кога комисиите не доагаат на терен за да се убрза легализацијата на објектите

Одговор: Почитувани,

Ве информираме дека документацијата која се бара во предметите за легализација на бесправно изградени објекти се согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Комисиите излегуваат на терен секојднево, но бројот на предмети е голем.

Со цел да може подетално да се посветиме на поединостите на Вашиот предмет би Ве замолиле да закажете увид во педмет за легализација. Увид во предметите за легализација на бесправни објекти се врши секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот. Закажување на термин за увид може да направите во просториите на Општина Кисела Вода, барака 2, соба 8, или на телефон 2785-453, лице за контакт Мартин. 


 

 

Име и Презиме: Фунда Ибрахим

Датум: 19.01.2014

Прашање: Здраво, би сакала ако може да добијам информација дали  во општината може да се извади патна исправа поради изминат рок и ако може каде треба да се обратам.
 Благодарам однапред

Одговор: 

Почитувана,

Патни исправи издава Министерството за внатрешни работи на РМ. За подетални информации погледнете на следниов линк

 

http://www.mvr.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=184

Поздрав.


 

Име и Презиме: Мирјана

Датум: 19.01.2014

Прашање: Молам ако може да ми одговорите, поседувам 3 собен стан и сакам да отворам уште една влезна врата (од дневната-надворешен зид кон ходникот).Дали треба одобрение/какво од Општината или само од состанарите (од катот се согласуваат)/управителот

Поздрав

Одговор: 

Почитувани,

Ве информираме дека една станбена единица има еден влез, со отварање на дополнителен влез станува збор за две станбени единици и на тој начин согласно Законот за градење треба да се постапи во согласност со одредбите за адаптација. Повеќе информации за адаптација согласно Законот за градење, член 97, ви приложуваме во продолжение:

VIII. УПОТРЕБА, ОДРЖУВАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ НА ГРАДЕЖЕН ОБЈЕКТ

1. Употреба на градежен објект, пренамена, адаптација и реконструкција

Член 97

(1) Објектот се употребува согласно со неговата намена.

(2) По исклучок од ставот (1) на овој член, посебен дел од објект, стан или дел од стан, може да се пренамени за вршење на деловна дејност и обратно по барање на сопственикот и под услови утврдени со овој закон.

(3) Сопственикот на посебен дел од објект, стан или дел од стан за пренамената потребно е до надлежниот орган од членот 58 на овој закон да достави барање за одобрение за пренамена при што со барањето поднесува:

-   доказ за правото на сопственост на посебниот дел од објектот, односно станот или делот од стан,

-   согласност на мнозинството сопственици на становите во влезот на зградата,

-      основен проект за предвидената пренамена, адаптација со пренамена или за реконструкција со пренамена, со извршена ревизија, во два примероци,

-   извод од урбанистички план со кој се потврдува дека објектот од ставот (2) на овој член е предвиден со важечкиот урбанистички план,

-   мислења и согласности предвидени со посебните закони во зависност од пренамената и

-  доказ за регулиран надоместок за уредување на градежното земјиште.

(4) За реконструкција на објект или дел од објект сопственикот на објектот до надлежниот орган од членот 58 на овој закон поднесува барање за одобрение за реконструкција при што со барањето поднесува:

-   доказ за правото на сопственост на посебниот дел од објектот, односно станот или делот од стан,

-   основен проект за предвидената реконструкција на објектот со извршена ревизија во два примерока,

-    извод од урбанистички план со кој се потврдува дека објектот од ставот (2) на овој член е предвиден со важечкиот урбанистички план,

-        мислења и согласности предвидени со посебните закони во зависност од реконструкцијата и

-  доказ за регулиран надоместок за уредување на градежното земјиште.

(5) Доколку при вршење на адаптција и реконструкција на посебен дел од објект, стан или дел од стан се врши и пренамена, сопственикот на посебен дел од објект, стан или дел од стан е должен до надлежниот орган да поднесе барање за одобрение за адаптација со пренамена или реконструкција со пренамена и ги доставува доказите пропишани во ставот (3) на овој член.

(6) За адаптација на посебен дел од објект, стан или дел од стан, сопственикот на посебен дел од објект, стан или дел од стан, е должен до надлежниот орган да поднесе проект за адаптација кој содржи постојна состојба и нова состојба што се предвидува со адаптација, со барање за одобрување на проектот. По барањето надлежниот орган донесува решение за одобрување на проектот за адаптација или решение за одбивање на барањето за одобрување на проектот. Адаптација може да се изврши само доколку е донесено решение за одобрување на проектот. Примерок од проектот за адаптација и правосилното решение за одобрување на проектот се доставуваат до надлежниот орган за запишување на правата на недвижностите.

(7) Постапката за издавање на одобрение за пренамена, адаптација со пренамена, реконструкција и реконструкција со пренамена се спроведува согласно со Законот за општата управна постапка. Надлежниот орган е должен да донесе акт по поднесените барања за пренамена, реконструкција, адаптација, адаптација со пренамена и реконструкција со пренамена во рок од седум работни дена од денот на поднесувањето на барањето, а доколку не донесе акт во овој рок, барателот може да поднесе жалба за молчење на администрација согласно со членот 61 на овој закон.

(8) Против одобрението за пренамена, адаптација со пренамена, реконструкција и реконструкција со пренамена, како и решението за одобрување на проектот за адаптација, односно против решението со кое се одбива барањето за издавање на одобрение за пренамена, адаптација со пренамена, реконструкција и реконструкција со пренамена, како и решението со кое се одбива барањето за одобрување на проектот за адаптација издадено од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот, може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на одобрението, односно приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

(9) Против одобрението за пренамена, адаптација со пренамена, реконструкција и реконструкција со пренамена, како и решението за одобрување на проектот за адаптација, односно против решението со кое се одбива барањето за издавање на одобрение за пренамена, адаптација со пренамена, реконструкција и реконструкција со пренамена, како и решението со кое се одбива барањето за одобрување на проектот за адаптација издадено од градоначалникот на општината, односно градоначалниците на општините во градот Скопје, може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на одобрението, односно решението до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

(10) Примерок од издадените управни акти од овој член се доставува до градежната инспекција.


 

 

Име и Презиме: Наташа Лазова

Датум: 18.01.2014

Прашање: Здраво.... ме интересира какви се процедурите за градежна дозвола во н. Драчево во близина на поштата,  замолувам ако може и цена за метар квадратен.... однапред Благодарам !!!

Одговор: Почитувани,

Детални информации за процедурата за градежна дозвола можете да најдете на сајтот за информациски систем за е-одобрение за градење, односно со повикување на следниот link:

https://www.gradezna-dozvola.mk/Account/Login?ReturnUrl=%2f

На сајтот ги има сите законски акти и упатства кои ви се потребни.

Регулирањето на надоместок за уредување на градежно земјиште (Комуналии) е во надлежност на Градот Скопје, односно, Секторот за Планирање и уредување на просторот, Одделение за планирање и уредување на просторот за уредување градежно земјиште и изградба на инфраструктурни и капитални објекти при истиот Орган.

Повеќе информации можете да добиете на web-страната на Град Скопје, односно за конкретната проблематика повикајте се на следниот link:

http://www.skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=292

 


 

 

Име и Презиме: Маја Ангелова

Датум: 17.01.2014

Прашање: Би ве замолила да ми одговорите до каде е ДУП за Расадник,што е во план да се гради во расадникот и дали е предвидено спојување на улицата кај ГЕТ кафе со бул.Борис Трајковски?

Одговор:  Почитувани,

Ве информираме дека постапката за усвојување на Деталниот урбанистички план за реон Ј, четврт Ј14 (локалитет Расадник, југоисточна изндустриска зона Кисела Вода и локалитет МЗ 70 Кисела Вода – 3, плански опфат помеѓу: улица "Првомајска", булевар "Србија", улица "Сава Ковачевиќ" и улица "Народни Херои"), согласно Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година е во фаза на изработка. Вашите забелешки и сугестии ги очекуваме на јавната анкета и презентација за која граѓаните ќе бидат информирани во пишаните медиуми и на web – страната на Општина Кисела Вода.


 

 

Име и Презиме: Петар Велковски

Датум: 14.01.2014

Прашање: Прашањето ми е: каде треба да се обратам , кој документи ми се потребни за да го спроведам правото на откуп на дворно место на РМ по едно евро квадрат.

Одговор:

Почитувани,

Во прилог кон барањето за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија со непосредна спогодба врз основа на објект изграден според законот за бесправно изграден објект ако со планот на таа градежна парцела не се предвидува изградба на објекти од јавен интерес утврден со закон, треба да се достават следните докази во оригинал (фотокопија со нотарска заверка за верност на оригиналот) и еден примерок во копија:

           1. Извод од урбанистички план со дефинирана градежна парцела;

2. Геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела;                       

3.Имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на објектот на подносителот на барањето,

4. Имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на земјиштето односно КП.,

5.Имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена;

6.Уверение за редослед на извршените промени во катастарската евиденција за предметното градежното земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина;

7.Доказ за регистрација од Централен Регистар на Република Македонија ако подносител на барањето е правно лице односно фотокопие од лична карта ако подносител  на барањето е физичко лице.


 

Име и Презиме: Мирјана Иса

Датум: 10.01.2014

Прашање:Заинтересирана сум за градба на приватна кука во Кисела вода ( Припор, 11 Октомври) и сакам да ја знам цената на комуналиите

Одговор: 

Почитувани,

Регулирањето на надоместок за уредување на градежно земјиште (Комуналии) е во надлежност на Градот Скопје, односно, Секторот за Планирање и уредување на просторот, Одделение за планирање и уредување на просторот за уредување градежно земјиште и изградба на инфраструктурни и капитални објекти при истиот Орган.

Повеќе информации можете да добиете на web-страната на Град Скопје, односно за конкретната проблематика повикајте се на следниот link:

http://www.skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=292

Исто така, Ве информираме дека Припор е влезен во планскиот опфат на Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година и се до донесување на Детален урбанистички план за конкретната локација неможе да Ви се издаде Одобрение за градење. За подетални информации можете да се обратите до Секторот за урбанизам и просторно планирање, Општина Кисела Вода, барака 3, секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот.


 

Име и Презиме: М. Лазаревска

Датум: 08.01.2014

Прашање:

Зошто не одговарате на сите поставени прашања, конкретни, јас побарав информации за активностите на општината, во смисла на уредување на зелениот појас на бул. Б.Трајковски од семафорите кај зградите до семафорите кај цементара, на 19.12.2013г. со коментар на сегашната состојба.
Се надевам дека ке ми одговорите.

Одговор: 

Почитувани,

Уредувањето на зелениот појас  на бул„Борис Трајковски“ е во надлежност на Град Скопје – ЈП Паркови и зеленило.

Со Почит, Општина Кисела Вода


 

 

Име и Презиме: Тони

Датум: 08.01.2014

Прашање:ПОЧИТУВАНИ па што стана со главната улица во пинтија саса 18 дел асфалтиравте најлошиот дел подолу го оставивте ни тампон чиста земја се направи огромна дупка веке и коли нема да можат да одат,од едно место под НОВИОТ асфалт извира вода веке 15 дена тече пак ке го сецете пак крпеници ке биде цела улица ВЕ МОЛАМ ангажирајте некој што стварно знае да прави улици ова е срамота и кажете ако водовод не си ја врши работата зошто гледаме само цевки пукаат дајте ангажирајте ЈП ВОДОВОД од некоја соседна земја сигурно подобро и поевтино ке сработат

Одговор: Почитувани,

Ве известуваме дека е започнато со подготовка за санирање на улицата саса 18. Однапред ви благодариме на разбирањето.

 Со почит, Општина Кисела Вода


 

Име и Презиме: Томе

Датум: 30.12.2013

Прашање:Почитувани,
веќе неколку пати ви пишувам но не ми одговарате на форумот за прашања и одговори на веб порталот на Општина Кисела Вода.Не би сакал да верувам дека е тоа така бидејќи нудам решение на неколку горливи прашања на населба Пинтија а сепак никој не реагира на моите предлози.Се работи за тоа дека имам плац во населба Пинтија во површина од околу 800м2 кој е опфатен со постоечкиот детален урбанистички план за Пинтија но според тој ДУП морам да направам дооформување на урбанистичка парцела и тоа со земјиште од соседите односно треба да докупувам од
нивните дворни места а соседите воопшто не сакаат да чујат да продаваат дел од нивните дворни места.Прилично е апсурдно во ситуација кога имам плац од 800м2 да морам да докупувам уште земјиште за да морам да градам.Плацот се наоѓа во центарот на Пинтија.Доколку општината е заинтересирана за плацот јас сум согласен на експропријација согласно позитивните законски прописи за експропријација и на тој начин Општината може да реши три проблеми на населба Пинтија а тоа е :
1. Да го реши проблемот со градинка во Пинтија (Според изјава на актуелниот градоначалник на Општина
    Кисела Вода,Г-ѓа Б.Беличанец-Алексиќ,Општината веднаш ќе го реши проблемот со градинка на
    населбата само нема локација за реализација на таков проект)
2. Да го реши проблемот со струјата бидејќи во плацот според постоечкиот ДУП за Пинтија е предвидено
    трафостаница со што се решава и проблемот на населбата со слабата струја (според градоначалникот
    во моментов нема  локација во Пинтија каде ЕВН би монтирал трансформатор)
3. Преку плацот да направи поврзување на две асфалтирани улици односно да реализира улица која е
    предвидена согласно постоечкиот ДУП за Пинтија
Доколку не сте заинтересирани за експропријација тогаш ве молам кажете ми кога се планира нов урбанистички план за Пинтија а тоа е реон Ј19 за да со новиот урбанистички план ми се одблокира земјиштето и да можам да градам или пак да можам да го продадам.Според сегашниот урбанистички план за Пинтија земјиштето ми е блокирано а во исто време јас секоја година плаќам данок на имот на општина Кисела Вода и  Град Скопје.Значи,речиси 10 години ми го блокирате имотот да не можам да го користам а во исто време сум принуден да плаќам данок на имот.

Одговор: 

Почитувани,

Во подпрограмата (Ф1) урбанистичко планирање, приоритетна изработка на урбанистички планови и урбанистичко планирање за вклопување на бесправно изградени објекти од програмата (Ф)  за урбано планирање на Општина Кисела Вода за 2014 година во Изработка на урбанистички планови во скратена постапка е вброена и изработката на Детален урбанистички план за реон Ј, четврт Ј19 локалитети Стакларница и Пинтија, граница на плански опфат помеѓу: бул. Македонија,  на плански опфат на Скопје од ГУП на град Скоп и осовина на Усеански канал


 

Име и Презиме: Јовица Мицевски

Датум: 29.12.2013

Прашање: Почитувани,

Би сакал да прашам дали општината доделува помош за новороденче второ и трето дете и каква документација е потребна.
Ви Благодарам.
Со Почит,
Јовица

Одговор: 

Почитувани, општина Кисела Вода доделува еднократна парична помош за сите родени деца. Документи кои Ви се потребни се следните:

-       Извод од матично на родени за новороденчето

-       Фотокопии од лични карти со адреса на живеење во Кисела Вода на двата родитела

-       Фотокопија од трансакциска на еден од родителите

-        Пополнето барање во нашата архива во барака 6


 

 

Име и Презиме: Катерина

Датум: 29.12.2013

Прашање: Цела населба Расадник веќе 3 дена е без улично осветлување. Каде треба да се пријави за овој проблем 

Одговор:  Почитувани,

Проблемот можете да го пријавите во У.З.Расадник или на телефонскиот број на Општина Кисела Вода - сектор за комунални работи 02/2785-473

Со Почит, Општина Кисела Вода


 

Име и Презиме: Блажески Миле

Датум: 27.12.2013

Прашање: Ве молам да ми одговорите дали ке биде асфалтирана ул саса32 во нареднава година ,има поставено водовод канализација и припрема пред асфалтирање треба само асфалт да се потави ви благодарам.

Одговор: Почитувани, 

Ве известуваме дека нашите службеници излегоа на терен и  направија увид на лице место со што се констатираше Вашиот проблем. Во зависност од временските услови и почеток на градежната сезона Вашата улица ќе биде асфалтирана. Ви благодариме на довербата. 

Со Почит, Општина Кисела Вода

 


 

Име и Презиме: Тони

Датум: 25.12.2013

Прашање: Почитувани,

Кога се правеше пазарчето на улица Франк Харткорд Манинг беше направен прекоп на улицата за изведување на подземна инсталација, по што прекопот беше покриен со павер елементи.Очекувано, пропадна тлото под павер елементите, па сега на улицата зјае дупка на места и до десетина сантиметри длабока. Со оглед на тоа што станува збор за доста фреквентна улица, може ли истата да добие приоритет при санацијата?

Одговор:  Во врска со Вашето прашање, Ве известуваме дека Вашиот проблем е земен во предвид и истиот ќе се реализира со самиот почеток на градежната сезона

Со Почит, Општина Кисела Вода

 


 

Име и Презиме: Викторија Прошева

Датум: 21.12.2013

Прашање:Почитувани,

До улицата Михаил и Ефтихиј, е лоциран маркет каде што во зимскиот период по цел ден ја загадува околината со ужасен чад и дим од печката за греење.Сите имаме огромен проблем со загаденоста на воздухот во овој град, но загадувањето од маркетот е страшно, со самото излегување надвор се осеќа ужасна смрдеа на чад и се гледаат облаци од дим.
Па зар е во ред да неможам да отворам прозор понекогасш и да проветреам??? Ве молам итно да ме информирате каде да го пријавиме  овој проблем со кој се соочуваме сите станари од неколкуте згради кои се на ист регион?
Ви благодарам !

Одговор: Почитувани,

Од страна на овластениот инспектор за животна средина излезено е на лице место и направен е увид во просториите на  маркетот, при што е констатирано дека во маркетот се користат  дрвени пелети за греење кои се во продажба како огревен материјал и не вршат прекумерено загадување.

Со почит

Име и Презиме: Сузе Додевска

Датум: 20.12.2013

Прашање: Почитувани,
кога ќе се донесе нов детален урбанистички план за Реон Ј19 во кој спаѓа и Пинтија оти постоечкиот ДУП за Пинтија е од 2005 година и со легализациите стана апсолутно нефункционален и пречка при донесување на одлука за градење во Пинтија од причина што многу куќи дивоградби кои според стариот ДУП за Пинтија се лоцирани на улици се легализирани така да за да одлучам да градам во Пинтија немам претстава за распоредот и големината на улиците

Одговор:  Почитувани,

Во подпрограмата (Ф1) урбанистичко планирање, приоритетна изработка на урбанистички планови и урбанистичко планирање за вклопување на бесправно изградени објекти од програмата (Ф) за урбано планирање на Општина Кисела Вода за 2014 година во Изработка на урбанистички планови во скратена постапка е вброена и изработката на Детален урбанистички план за реон Ј, четврт Ј19 - локалитети Стакларница и Пинтија, граница на плански опфат помеѓу: бул. Македонија,  на плански опфат на Скопје од ГУП на град Скоп и осовина на Усеански канал.


 

 

Име и Презиме: Ангел Василевски

Датум: 17.12.2013

Прашање:

Кажете ни со едноставен одговор ,дали ние сто плаќаме вода на сметка ,а имаме контролни саати ке бидеме приклучени на терет на општината или ке треба сами да си го платиме приклучувањето на новата мрежа.

Одговор: 

Почитувани,

Сите граѓани кои имаат контролни саати треба да се обратат во ЈП Водовод и Канализација до  сектор-приклучоци

 Со почит, Опшина Кисела Вода


 

Име и Презиме: Ивица Најдовски

Датум: 16.12.2013

Прашање:Дали ке се поправа улица Мишко Михајловски? Дали имате план за оваа улица која веке 30 години не е пипната?

Одговор:

Почитувани,Ве известуваме дека со почетокот на градежната сезона ќе се започне со реконструкција на коловоз и тротоари на ул„Мишко Михајловски“. Ви благодариме на довербата 

Со почит, Општина Кисела Вода


 

Име и Презиме: Миле Манчевски

Датум: 15.12.2013

Прашање: Дали е донесен ДУП Градинар.Имаме подадено елаборат за легализација на кука.Немам одговор до сега.Дали во догледно време ке се легализира Градинар(од левата страна на улицата првомајска па се до бензиската на охис).Однапред ви благодарам

Одговор: Почитувани,

Во подпрограмата (Ф1) урбанистичко планирање, приоритетна изработка на урбанистички планови и урбанистичко планирање за вклопување на бесправно изградени објекти од програмата (Ф)  за урбано планирање на Општина Кисела Вода за 2014 година во Изработка на урбанистички планови во скратена постапка е вброена и изработката на Детален урбанистички план за реон ЈИ, четврт ЈИ08 - дел од локалитет Градинар и локалитет Охис, граница на плански опфат помеѓу: бул. Македонија, бул. Србија, граница помеѓу општина Кисела Вода и општина Аеродром (железничка пруга Скопје-Велес) и граница на плански опфат на Скопје.

 


 

 

 

Име и Презиме: Маја

Датум: 15.12.2013

Прашање:

Граѓанин сум на општина Аеродром И бо сакала да ви ја пофалам Опстината.Преубаво новогодисно располозение сте им дале на Вашите граѓани со убаво украсена (преубаво И со стил) улица.Сте го доловиле вкусот на секој граѓанин и верувам дека сте горди со тоа. Само напред и немој да си дозволите да изгледате како мојата Општина да ги украсувате дрвјата со нафрлени сијалички кој личат на смкнати гаќи.
Уште еднаш искрени честитки

 


 

Име и Презиме: Петар

Датум: 11.12.2013

Прашање:Би сакал да прашам до каде е постапката за фабриката за сапуни Цветан Димов. Имаше најави во медиумите дека земјиштето се продава на тендер, но нема никакви информации дали е продадено?Благодарам

Одговор: Почитувани,

Постапката за оттуѓување на државно градежно земјиште за парцелата на која е сместена фабриката “Цветан Димов” е прекината, односно поништена од страна на Комисијата за оттуѓување на градежно земјиште од Општина Кисела Вода, врз основа на членот 56 точка 7 од Законот за градежно земјиште, а во врска со член 267 став 1 точка 5 од Законот за општата управна постапка. По отстранување на непредвидените околности, согласно Законот за оттуѓување на градежно земјиште, ќе се пристапи кон нова објава за оттуѓување на споменатата парцела, за што јавноста ќе биде дополнително известена. Имајте убав ден.


 

Име и Презиме: Сашко Пескирски

Датум: 11.12.2013

Прашање: Би сакал да прашам кога е планирано да започне реконструкцијата на тротоарите и коловозот на ул Мишко Михајловски, и дали се размислува на улицата да се воведе еднонасочен сообракај, бидејки како жители на оваа улица се соочуваме со проблем од висока фреквенција на сообракај а улицата не задоволува   толку голема фрекфенција на возила

Одговор: Почитуван Г-дин Пескирски,

Ве информираме дека, во наредната година со почетокот на градежната сезона се планира реконструкција на тротоари и коловоз за ул„Мишко Михајловски” од страна на Агенција за државни патишта,додека за воведување на еднонасочен сообраќај потребно е проект од сообраќајно решение кое ќе ги задоволи потребите за воведување еднонасочен сообраќај.

 Со почит, Општина Кисела Вода

 


 

 

 Име и Презиме: Билјана

Датум: 08.12.2013

Прашање: Почитувани,

Пред се голема благодарност и уште поголема пофалба, што општина Кисела Вода за прв пат после 23 години е новогодишно украсена :) и конечно изгледа како дел од Скопје. Досега нашата општина беше целосно заборавена.
Елката и паркот карши општината се преубави.
Голем поздрав и успешна работа.


 

Име и Презиме: Билјана

Датум: 08.12.2013

Прашање: Би сакала  да прашам кога ќе започне реновирањето на училиштетото Невена Ѓоргиева - Дуња. Тоа беше најавено од страна на градоначалничката и е дел од Програмата

Одговор: Градоначалникот на Општина Кисела Вода се залага за подобрување на  условите за успешна реализација на воспитно образовниот процес во сите основни училишта. Во  програмата  за 2014 година  е предвидено изградба на нов училишен објект  за  основното училиште Невена Георгиева Дуња.  Проектот ќе се реализира во соработка со Владата на Република Македонија, а отпочнувањето на градбата ќе биде во текот на 2014 година


 

 Име и Презиме: Билјана

Датум: 07.12.2013

Прашање: Почитувани  имам куќа во населба црниче .Куќата е стара и е изградена од керпич .дали е потребна некаква посебна дозвола за изградба на цврсти потпорни зидови бидејки во куката неможам слика да закачам а камоли некој висечки елемент.Ѕидовите пукаат и се ронат .ве молам за одговор.Поздрав

Одговор: Почитувани,Согласно член 97 од Законот за градење (“Службен Весник на Република Македонија” број 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/1, 79/13 и 137/13), за реконструкција на објект или дел од објект сопственикот на објектот до надлежниот орган од членот 58 (во Вашиот случај објектот е од локално значење и одобрение за градење издава градоначалникот на општината) на овој закон треба да поднесете барање за одобрение за реконструкција при што со барањето потребно е да поднесете:

-доказ за правото на сопственост на посебниот дел од објектот, односно станот или делот од стан,

-основен проект за предвидената реконструкција на објектот со извршена ревизија во два примерока,

-извод од урбанистички план со кој се потврдува дека објектот од ставот (2) на овој член е предвиден со важечкиот урбанистички план.

Бидејќи немаме доволно информации за карактерот на измените, односно дали промените кои ги планирате се во внатершноста на објектот или на фасадата, за подетални информации обратете се во Секторот за урбанизам и просторно планирање, Општина Кисела Вода, барака 3, секој вторник и петок од 13;00-15:00 часот

 


 

Име и Презиме: Ангел Василевски

Датум: 06.12.2013

Прашање:Не интересира до каде е со приклучувањето на новата мрежа за вода во Пинтија . дали има некој редослед и каде да се информираме од напред благодариме  поздрав

Одговор: Почитуван Г-дин Василевски,Во врска со Вашето прашање Ве известуваме дека приклучувањето на новата водоводна мрежа е во фаза на реализација,додека распределеноста на објектите во населбата го диктира редоследот на приклучување согласно проектот. За подетални информации можете да се обратите во У.З. Пинтија.Со Почит


 

Име и Презиме: Марјан Трајковски

Датум: 06.12.2013

Прашање:Дали доградба на објект за која постои проектна документација и дозвола ,не е изведена во целост согласно   проектот,може да подлежи на санкции од градежната инспекција?Во габарит објектот не одстапува,мегутоа во изгледот на фасадата-да.Која е постапката ?Се работи за објект во нас.Црниче,општина К.Вода.Во очекување на Ваш одговор,срдечен поздрав.

Одговор:

Почитувани,

Согласно член 69 од Законот за градење (“Службен Весник на Република Македонија” број 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/1, 79/13 и 137/13):

       (1) Во текот на изградбата можат да се направат измени на градбата, доколку со измените не се влијае на исполнување на кое било основно барање за градбата и не се менува усогласеноста на градбата со параметрите од урбанистичкиот план или државната, односно локалната урбанистичка планската документација или проектот за инфраструктура. За вршење на измени инвеститорот е должен да поднесе барање кон кое приложува дополнување на основниот проект и само оние потврди и согласности пропишани со посебен закон чие прибавување произлегува од бараната измена.

       (2) Измените се одобруваат со решение кое е составен дел на издаденото одобрение за градење.

       (3) Надлежниот орган од членот 58 на овој закон со решение ќе го одбие барањето, ако утврди дека со бараното дополнување на дел од основниот проект се менува усогласеноста на градбата со параметрите од урбанистичкиот план или државната односно локалната планска документација или проектот за инфраструктура или се нарушува механичката отпорност, стабилност и сеизмичка заштита.

       (4) На дополнувањето на проектот, согласност дава проектантот на основниот проект и истото се заверува со потпис на овластено лице и печат на надлежниот орган од членот 58 на овој закон.

       (5) При одобрување на измена на градбата, проектот на изведена состојба се изработува согласно со дополнетиот основен проект.

       (6) Примерок од решението од ставовите (2) и (3) на овој член се доставува до надлежната градежна инспекција. Примерок од решението и од изменетиот, односно дополнетиот основен проект заверен од органот од членот 58 на овој закон инвеститорот го доставува и до надлежниот орган за запишување на правата на недвижностите, заради предбележување на изменетите податоци во листот за предбележување на градба. По одобрување на измените, односно дополнувањата на основниот проект инвеститорот е должен да изврши измени и дополнувања во актите/правните дела сврзани со градбата, а прибележани во листот за предбележување на градба и истите да ги достави до надлежниот орган за запишување на правата на недвижностите заради прибележување на настанатите промени во листот за предбележување на градба.

          

Бидејќи немаме доволно податоци за карактерот на измените кои се направени во текот на градбата подетални информации можете да добиете во Општина Кисела Вода, Барака 3, секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот.Со почит.


Име и Презиме: Кристина

Датум: 05.12.2013

Прашање: Кога ќе се гласа ДУП-от за Реон Ј четврт Ј10, дел од плански опфат М3 Цветан Димов 2

Одговор: Почитувани,Согласно Законот за Просторно и урбанистичко планирање – (Службен весник на Република Македонија, број 51/05, 137/07 и 91/09, 124/10, 18/11, 53/11 и 144/12), Секторот за урбанизам и просторно планирање, Општина Кисела Вода поведе постапка за усвојување на Детален урбанистички план за реон Ј, четврт Ј10. Ве информираме дека јавната анкета е завршена и Предлог  планот е даден на мислење пред надлежните институции. Откако ќе добиеме позитивни мислења од истите, Предлог планот ќе биде даден на усвојување пред Советот на Општина Кисела Вода.


 

Име и Презиме: Слаѓан

Датум: 05.12.2013

Прашање:ПочитуваниЖивееме во зграда во Кисела Вода и еден од станарите постојано ги крши сандачињата од влезот и ја фрла поштата на другите. Сакав да се информирам што можеме да преземеме т.е. дали има некоја служба каде што ваквото однесување може да се пријави

Одговор: Почитувани, Проблемот со кој се соочувате е во надлежност на Министерството за внатрешни работи. Доколку Вие како куќен совет неможете да го решите самостално, би Ве советувале да пријавите во најблиската полициска станица.Поздрав


 

Име и Презиме: Георгиевски Димитар

Датум: 05.12.2013

Прашање:Ке ве молам да ми кажете , бидејки знам дека беше донесен закон за јавните паркинг простори да не смеат да се затвараат. Имам кај мене пред зграда еден таков кој комшиите си го затворија со рампа со образложение дека еден од станарите работи во општината. Ке ве молам да ми кажете каде треба да се обратам да се одстрани таа рампа ?

Одговор: Почитувани,Ве повикуваме и охрабруваме случајов во писмена форма  со наведена точна адреса на објектот и  име и презиме на лицето кое ја поставило рампата да го пријавите во Секторот за инспекциски работи при Општина Кисела Вода.

Поздрав

 


 

Име и Презиме: Драган

Датум: 03.12.2013

Прашање:На ден 04.04.2011 год. поднесов барање за легализација на беспрабно изграден објект,

на 18.05.2011 год. го доставив изработениот геодетски елаборат. Бидејќи немав никакви информации
побарав увид во предметот. Ми побараа додатна документација која веднас ја доставив. Бидејќи повторно немав никаква информација на 08.11.2013 година лично се обратив до службеното лице и ми беше кажано дека предметот бил предаден кај комисијата која требала да изврши увид на лице место. До овој момент немам никаква информацијаа.
Прашањето ми е: колку треба да се чека и дали е во ред ако недостасува некој документ да не бидам известуван.

Одговор: Почитувани,Со цел да може подетално да се посветиме на поединостите на Вашиот предмет би Ве замолиле да закажете увид во педмет за легализација. Увид во предметите за легализација на бесправни објекти се врши секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот. Закажување на термин за увид може да направите во просториите на Општина Кисела Вода, барака 2, соба 8, или на телефон 2785-453, лице за контакт Мартин. 


Име и Презиме: Димитар

Датум: 03.12.2013

Прашање: Почитувана општина Кисела Вода

Би сакал да ве прашам која документација односно документи ми се потребни за легализација на дворното место.Инаку јас сум од општина Аеродром но таму ме упатија во вашата опстина.Ве молам да ми одговорите.Однапред ви благодарам за можниот одговор.

Одговор:

Почитувани,Во прилог кон барањето, треба да се достават следните докази во оригинал (фотокопија со нотарска заверка за верност на оригиналот) и еден примерок во копија:

1. Извод од урбанистички план со дефинирана градежна парцела;

2. Геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела;            

3.Имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на објектот на подносителот на барањето,

4. Имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на земјиштето односно КП.,

5.Имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена;

6.Уверение за редослед на извршените промени во катастарската евиденција за предметното градежното земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина;

7.Доказ за регистрација од Централен Регистар на Република Македонија ако подносител на барањето е правно лице односно фотокопие од лична карта ако подносител  на барањето е физичко лице.


 

Име и Презиме:Наташа

 

Датум: 01.12.2013

 

Прашање: 
Почитувани, веќе 3 месеци се мачам со комшијата кој живее над нашиот стан на ул. Тоне Томшиќ бр. 25 2/5. Во сите згради има уредно закачен закон за станување, но нема ништо за проблеми настанати меѓу станарите и кој треба да го реши. Конкретно во мојот случај, уредно го известивме комшијата над нас дека од неговиот стан, кој го користат киријаши, протекува вода во нашето ВЦ, по "брза" интервенција на комшијата, по 2 недели, конечно најде време да помине и да си го санира проблемот. За нашиот оштетен плафон отпрво се обидуваше да не убеди да ставиме
ламперија, за подоцна да се сложи да го санира за 2-3 недели додека засуши. Плафонот сеуште си стои целиот пожолтен и сронат со пластови веќе 3 месеци, комшијата н се јавува на телефон, куќниот совет се обиде да го исконтактира но не се одзива на повиците. луѓето под кирија се корисници моментално на станот и веќе 2-пат почна да прокиснува на друго место, би ве замолила за совет каде да се обратам за мојот проблем или треба лично да си го решавам, бидејќи полицијата не е надлежна, а општината е позната дека повеќе пати одговорила со излез на терен,
направениот увид од страна на инспектор за домување и укажување дека секој може да прави што сака во сопствениот стан, не земејќи предвид дека прави голема материјална штета на останатите станари, однапред благодарам

Одговор:Почитувани,Доколку штетата  е настаната во посебните делови на зградата (станови),своето право на оштета можете да го остварите преку надлежните судски органи. Локалната самоуправа нема законски ингеренции да постапува во вакви случаи.Со почит


 Име и Презиме:Куќен совет

Датум: 01.12.2013

Прашање: Почитувани,Би сакал да ми одговорите која е процедурата за реконструкција на кров на станбена зграда (промена на стари со нови керамиди) и дали може самите станари да ја извршат промената со оглед на тоа дека се работи за парцијален дел, а не за цела зграда. Ви го пишувам ова како не би имале проблем со инспекции


Која е процедурата за асфалтирање или поплочување на станбен пат пред зграда или паркинг, бидејќи прочитав подоле коментар на кој кажувате дека тоа е во ваша надлежност.

Ви благодарам

Одговор: Почитувани,

Согласно член 97 од Законот за градење (“Службен Весник на Република Македонија” број 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/1, 79/13 и 137/13), за реконструкција на објект или дел од објект сопственикот на објектот до надлежниот орган од членот 58 (во Вашиот случај објектот е од локално значење и одобрение за градење издава градоначалникот на општината) на овој закон треба да поднесете барање за одобрение за реконструкција при што со барањето потребно е да поднесете:

-доказ за правото на сопственост на посебниот дел од објектот, односно станот или делот од стан,

-основен проект за предвидената реконструкција на објектот со извршена ревизија во два примерока,

-извод од урбанистички план со кој се потврдува дека објектот од ставот (2) на овој член е предвиден со важечкиот урбанистички план.

Во Вашиот случај барање треба да поднесе куќниот совет.

Во однос на вториот дел од прашањето не сме во можност да Ви дадеме конкретен одговор бидејки немаме податок чија сопственост е земјиштето.

 

За подетални информации обратете се во Секторот за урбанизам и просторно планирање секој вторник и петок од 13;00-15:00 часот


 

Име и Презиме: Саша

Датум: 26.11.2013

Прашање:Зошто на децата од населба Драчево кои учат а и живеат во близина им е ускратено право за бесплатно користење на игралиштето во школото Кузман Шапкарев? Истото во летниот период беше заградено(издадено под концесија) и сега се користи исклучиво за фудбал и истото нормално се наплаќа. Сето тоа и не е толку страшно меѓутоа некој требал да се пресмета дека истите тие деца во својот раст и формирање на свеста за  физичка култура и нивната секојдневна физичка  активност ќе им биде ускратена поради плаќање  за користење на игралиштето. Ве
информирам доколку некој не го согледал тоа дека децата цело време на тоа школско игралиште играа кошарка. Многу битен факт е дека на децата треба да им биде овозможено непречено дружење со спортот и предлагам да во толку голем школски двор  им биде направен нов терен за играње кошарка кој што искрено им фали.Сметам дека општината тоа може да го направи а особено поради тоа што и Владата лично има таков став по прашање на спортот.Зошто во школскиот двор  на основното училиште Кузман Шапкарев не може да се испланира и направи еден парк со карактеристики што ги имаат парковите во општина Аеродром?Не би се согласил дека е ДУП во прашање бидејќи другата комшиска општина што направи толку паркови (преубави) ги имала предходно во ДУП.Искрено сметам дека на тој дел од населбата Драчево му треба такво нешто за заживување и релаксација особено во летен период.Зошто на децата  им е ускратено право за бесплатно користење на игралиштето во школото Кузман Шапкарев? Истото пред некој месец беше заградено и сега се користи исклучиво за фудбал и истото се наплаќа. Сето тоа и не е толку страшно меѓутоа некој требал да се пресмета дека истите тие деца не можат да се физички активни со секојдневно плаќање  за користење на игралиштето. Ве информирам доколку некој не го согледал тоа дека децата цело време на тоа школско игралиште играа кошарка. Многу битен факт е дека на децата треба да им биде овозможено непречено дружење со спортот и предлагам да во толку голем школски двор  им биде направен нов терен за играње кошарка кој што искрено им фали.

Трето прашање  ми е, зошто во школскиот двор  на основното училиште Кузман Шапкарев не може да се испланира и направи еден парк со карактеристики што ги имаат парковите во општина Аеродром.
Однапред благодарен за одговорите на трите поставени прашања.

Одговор: Почитувани,

Игралиштето е дадено на уредување и стопанисување на приватна фирма под  услов да се користи за настава и потребите  на учениците   од основното училиште Кузман Шапкарев.Истата фирма треба да направи баскет игралиште за локалните жители и паркинг за потребите на родителите кои ги носат децата на тренинг.Во текот на летниот период се реновираше  постоечкото игралиште, а останатите работи  кои има потреба да се реновираат се оставени за период кога ќе се подобрат временските услови.Во иднина се планира  да се уреди просторот  во договор со жителите. Имено апелираме до локалните жители и нивните деца да не се уништува она што се гради.


 

 Име и Презиме: Лазареска

Датум: 28.11.2013

Прашање: Како и каде може да се отстранат стари телевизори од домовите ?

Одговор: Почитувани,На  ниво на Град Скопје сеуште нема донесено надлежен орган за остранување на технолошки отпат па затоа би Ве замолиле да се обратите во  ЈП Депонија Дрисла за поконкретен одговор на вашето прашање


Име и Презиме: Николина

Датум: 26.11.2013

Прашање:Почитувани, Сведоци сме дека многу општини во Скопје веќе одамна практикуваат енергетска ефикасност на старите згради односно правење на фасади и кровови на териториите на другите општини , до сега општината Кисела Вода нема ниту една направена на некоја стара зграда  а со оглед на тоа дека во општината како една од најстарите општини има најстари згради кои ниту една не е реновирана со пари кои ЕУ ги дава за енергетска ефикасност па се прашувам до кога мислите ова прашање да го игнорирате и избегнувате . Исто така би ве запрашала зошто не се градат подземни контејнери за ѓубре во општината Кисела Вода туку напротив има скапани контејнери по улиците на Кисела Вода од кои рипаат стотници мачки скитници за кое ништо не превземате . Се надевам дека ке добијам одговор за кое многумина жители сакаат да ги чујат за да знаат во иднина за кого би го дале својот глас затоа што има многу незадоволни жители на општината од  работата на општината Кисела Вода.

Одговор: Целосно се согласуваме со Вас дека фасадите на станбените објекти (оние кои се постари) се уништени и има потреба од нивна реконструкција и примена на мерки за енергетска ефикасност. Меѓутоа, зградите како станбени објекти се во сопственост на заедницата на станари и нивното одржување е комплетна одговорност на истите. Општина Кисела Вода е одговорна за јавните објекти во нејзина надлежност. Такви се градинките, основните училишта, бараките во кои е сместена локалната самоуправа и за истите се грижи и редовно спроведува нови мерки за енергетска ефикасност. За  ЕУ фондовите кои ги споменувате би Ви препорачала да аплицирате сами како правен субјект регистиран во РМ- односно Заедница на сопственици на станари.Што се однесува до подземните контејнери. Тоа е проект кои Општина Кисела Вода го имплементира во соработка со Градот Скопје и истиот е предвиден во програмата за 2014 година.


Име и Презиме: Тони

Датум: 26.11.2013

Прашање:Почитувани, Ве молам да ја разгледате можноста за денот на дрвото да засадите садници покрај улицата Борис Трајковски (Првомајска) во должина од општинските бараки па се до раскрсницата со улицата „Народни Херои“, на местото на дрвата кои беа исечени поради проширувањето на истата.

Одговор:Почитуван Г-дин Тони,

Акцијата денот на дрвото се одржа на 27.11.2013 год. и помина според однапред планирани активности , но Вашето барање ќе го разгледаме и ќе го  земеме  во предвид за наредната акција.


Име и Презиме: Александар Стојановиќ

Датум: 20.11.2013

Прашање: Почитувани,Поминаа повеке од 2 недели од насето барање за средба со  Градоначалникот на Општина Кисела Вода. Елементарна култура на комуникации подразбира барем негативен одговор.Со почит.

Одговор:Почитувани,

Се извинуваме што доцниме со одговорот. Градоначалникот на Општина Кисела Вода одржува редовни средби со граѓаните на општината. За да закажете средба Ве молиме јавете се на 2785-400.Со почит.


 

Име и Презиме: Томислав 

Датум: 19.11.2013

Прашање: Почитувани,Заинтерсиран сум за купување на станбен простор (стан) во вашата општина Кисела Вода 1 (Црниче).

Потребна ми е информација околу техничкиот прием на објектот.Прашањето ми е дали е одобрен и уредно добиен технички прием за објектот на улица Банско бр.9 инвеститор Ројал Васе дооел Пробиштип.
Благодарам.Поздрав

Одговор:Почитуван Г-дин Томислав,Ве известуваме дека согласно Законот за градење, Општините не прават технички прием на објектите од втора категорија. Односно, во  Општината од страна на изведувачот се предава Завршен извештај од надзорен инженер, кој само се заверува од страна на Општината со приемен штембил.Со почит


 

Име и Презиме: Ѓеорги

Датум: 19.11.2013

Прашање: Почитувани,За бесправно дограден објект,ме интересира кога ке ме викните за решение.

Одговор:Почитувани,Со цел да може подетално да се посветиме на поединостите на Вашиот предмет би Ве замолиле да закажете увид во педмет за легализација. Увид во предметите за легализација на бесправни објекти се врши секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот. Закажување на термин за увид може да направите во просториите на Општина Кисела Вода, барака 2, соба 8, или на телефон 2785-453, лице за контакт Мартин. Доколку е завршена целата постапка, за подигнување на решението ќе бидете телефонски известени.


Име и Презиме: Антонио

Датум: 18.11.2013

Прашање: Ме интересира на кое минимално растојание од ограда со комсиите  е дозволено граденје на базен

Одговор:Почитувани,Растојанјата помеѓу соседни објекти, растојание на ископ до соседна парцела и сл. се регулираат со Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање. Во зависност од Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање согласно кој е изработен Деталниот урбанистички план за Вашата градежна парцела ќе се утврди точното растојание кое треба да го има до соседната парцела. За подетални информации Ве покануваме да се обратите во во просториите на Општина Кисела Вода, барака 3, секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот.


 

Име и Презиме: Горан Божиновски

Датум: 12.11.2013

Прашање:Би сакал да Ве прашам за податок колку изнесува просечната цена на пазарна вредност за метар квадратен на земјоделско земјиште во Вашата општина за изминатата година? Доколку не можете да ми го дадете тој податок, би сакал да знам колку изнесува просечниот надоместок за метар квадратен експроприрано земјоделско земјиште во Вашата општина.

Одговор: За информации окулу просечната цена на пазарната вредност за метар квадратен на земјоделско земјиште ќе треба да се обратите во подрачната единица на Министерство за земјоделие, барака број 9 во кругот на Општина Кисела Вода.


 

Име и Презиме: Дејан Галевски

Датум: 12.11.2013

Прашање: Почитувани ве молам за информација кога ке се донесе дупот кај месноста градинар поточно после цементарските семафори.Имам подадено за улично осветлување август 2012 мегутоа не ми е поставено улично осветлување.Кога ке поставите улично осветлување на улица Првомајска бр.14?Однапред ви благодарам на одговорот.

Одговор: Согласно ГУПот на Град Скопје 2012-2022, градот е поделен на градски четврти кои се дефинирани со регулациони линии и за истите ќе се спроведат постапки за донесување на Детални урбанистички планови. Согласно Вашите информации делот за кој Вие се интересирате спаѓа во реон Ј, четврт Ј16, локалитет  Градинар.Во подпрограмата (Ф1) урбанистичко планирање, приоритетна изработка на урбанистички планови и урбанистичко планирање за вклопување на бесправно изградени објекти од програмата (Ф)  за урбано планирање на Општина Кисела Вода за 2014 година во Изработка на урбанистички планови во скратена постапка е вброена и изработката на Детален урбанистички план за реон Ј, четврт Ј16, односно реоните за кои Вие се информирате. За подетални информации можете да се обратите секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот во просториите на Општина Кисела Вода, барака 3.


 Име и Презиме: Антонио

Датум: 10.11.2013

Прашање: Ме интерсесира колку време е потребно да се добие дозвола за градба која што е поднесена по електронски пат,ја знам целата процедура и постапка за добивање на дозвола,По предпоставка да нема никакви забелешки на проектната документација,кое е времето за кое би добил конечната градежна дозвола?Однапред ви благодарам

Одговор:Почитувани,Временските рокови за добивање на дозвола за градење поднесена по електронски пат се регулирани согласно Законот за градење. Надлежниот Орган неможе да даде точен временски период бидејќи се бараат согласности од други релевантни институции


 

Име и Презиме: Цветанка

Датум: 08.11.2013

Прашање: Изминаа повеќе од две години како поднесов документи за легализација на бесправно подигнат обијект. Тогаш, пред две години (од кога комисијата беше на лице-место) ми беше речено за еден до два месеца ќе ве викнат во општината. До сега нема никакво повикување. Сакам да знам во што е работата, зошто не ме повикуваат? Мојот предмет е УП 08-3296/1 од 05.07.2011 и УП 08-3296/3 од 21.10.2011.

Одговор: Со цел да може подетално да се посветиме на поединостите на Вашиот предмет би Ве замолиле да закажете увид во педмет за легализација. Увид во предметите за легализација на бесправни објекти се врши секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот. Закажување на термин за увид може да направите во просториите на Општина Кисела Вода, барака 2, соба 8, или на телефон 2785-453, лице за контакт Мартин.



Име и Презиме: Васе Петрески

Датум: 06.11.2013

Прашање:Сакам да прашам дали има краен рок за откуп на државно земјиште сопственост на РМ и до кога е?А се однесува за објект кука во постапка за легализација во драцево која 75% лежи на земјиШте во сопственост на РМ?Кој документи се потребни за да се поднесат и дали треба до вас или до Кисела Вода? Ви благодарам однапред 

Одговор:

За барањата за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија со непосредна спогодба врз основа на објект изграден согласно законот за бесправно изграден објект ако во планот на таа  парцела не се предвидува изградба на објекти од јавен интерес утврден со закон НЕМА РОК во кој барателот  да го достави барањето, но при тоа треба да се има во предвид дека прво треба да се оконча постапката за утврдување на правен статус на бесправен објект, како што наведува странката дека има куќа, па потоа да се поднесе горенаведеното барање за земјиште. Во прилог кон барањето  да се достават следните докази во оригинал (фотокопија со нотарска заверка за верност на оригиналот) и еден примерок во копија:

               1. Извод од урбанистички план со дефинирана градежна парцела;

               2. Геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела;                       

               3.Имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на објектот на подносителот на барањето,

               4. Имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на земјиштето односно КП.,

             5.Имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена;

            6.Уверение за редослед на извршените промени во катастарската евиденција за предметното градежното земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина;

           7.Доказ за регистрација од Централен Регистар на Република Македонија ако подносител на барањето е правно лице односно фотокопие од лична карта ако подносител  на барањето е физичко лице.


 

Име и Презиме: Бранкица Атанасовска

Датум: 04.11.2013

Прашање:Во населба Црниче не постои ниту еден банкомат , а за банка и да не збориме . Колку што знам и во Пржино , а и во Бирарија нема такво нешто. Дали може општината да контактира , еве на пример со Комерцијална и НЛБ .Сакавме тоа прашање да го поставиме и на Градоначалничката , но не дојдовме на ред , па еве вака се обраќаме за помош , се надевам ќе ни помогнете , затоа што постари граѓани имаат најмногу потреба. Ви благодарам на отстапениот простор. Пишувам преку вашиот референт која многу пати прашувала , но немало  повратен одговор

Одговор: 

Почитувана Г-ѓа Бранкица,Банките се приватни правни субјекти во РМ. За да отворат експозитура или за да постават банкомат веруваме дека прават претходни анализи за потребите и фрекфенцијата. Комплетно се согласуваме дека постои потреба од банкомати и во овие месни заедници, но со ова барање како група граѓани Ве советуваме да се обратите до банките.


 Име и Презиме: Златко

Датум: 03.11.2013

Прашање:Почитувани ве молам ако сакате да ми кажете како можам да го видам деталниот урбанистички план за Драчево 2.Благодарам

Одговор: Почитувани,

Увид во Деталниот урбанистички план за Драчево 2 можете да направите во просториите на Општина Кисела Вода, барака 3, соба 5, секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот. Доколку имате потреба од Извод од детален урбанистички план за Вашата парцела треба да поднесете барање за Извод од план во Архивата на Општина Кисела Вода.


 

Име и Презиме: Даниела Мицковска

Датум: 03.11.2013

Прашање:  Ме интересира дали е готов урбанистичкиот план за Припор и ако е каде треба да се обратам за обештетување на пат.Ке Ве молам за точни и прецизни информаации кои документи се потребни и кај кое лице да се обратам.

Одговор: Согласно ГУПот на Град Скопје 2012-2022, градот е поделен на градски четврти кои се дефинирани со регулациони линии и за истите ќе се спроведат постапки за донесување на Детални урбанистички планови. Припор е застапен со две градски четврти Ј15 и Ј17.

Во подпрограмата (Ф1) урбанистичко планирање, приоритетна изработка на урбанистички планови и урбанистичко планирање за вклопување на бесправно изградени објекти од програмата (Ф)  за урбано планирање на Општина Кисела Вода за 2014 година во Изработка на урбанистички планови во скратена постапка е вброена и изработката на Детален урбанистички план за реоните Ј15 и Ј17, односно реоните за кои Вие се информирате.

За четвртите Ј15 и Ј17 Општина Кисела Вода има изработено Плански програми кои се во процес на одобрување во Град Скопје.

За подетални информации можете да се обратите секој вторник и петок од 13:00-15:00 часот во просториите на Општина Кисела Вода, барака 3.


 

Име и Презиме:Игор

Датум: 03.11.2013

Прашање:Имаме потреба од поставување на пристапна рампа за влез и излез во зградата, која не сме во можност сами да ја изведеме и финансираме.Рампата ние неопходна поради тоа што во зградата живеат лица кои се движат во инвалидска количка како и постари лица кои тешко ја совладуваат косината на влезните скали. До кого да се обратиме за наведениот проблем?

Одговор: Општина Кисела Вода нема ингеренции за градење на пристапни рампи  на влезови на  повеќестанбен објект   во приватна сопственост на физички лица со кој управува или управител или пак заедница на станари. Ве упатуваме на Законот за домување Сл. Весник на Р. Македонија бр.99/09 од 05.08.2009 година, во кој се наведени сите обврски и одговорности на сопствениците на станбените единици.


 Име и Презиме: Ана

Датум: 02.11.2013

Прашање:Почитувани,Би сакала да знам кога и дали воопшто планирате да се изработи детален урбанистички план за Расадник. Мислам дека е време празниот простор од Расадникот конечно да се урбанизира.Поздрав

Одговор: Почитувани,

Согласно ГУПот на Град Скопје 2012-2022, градот е поделен на градски четврти кои се дефинирани со регулациони линии и за истите ќе се спроведат постапки за донесување на Детални урбанистички планови. Ве информираме дека процедурата за донесување на Детален урбанистички план за реон Ј, градска четврт Ј14 (локалитет Расадник, со граница на плански опфат помеѓу: улица "Првомајска", булевар "Србија", улица "Сава Ковачевиќ" и улица "Народни Херои"), е започната и е во тек. Вашите забелешки и сугестии ќе ги очекуваме на јавната анкета и презентација за која граѓаните ќе бидат информирани во пишаните медиуми и на web – страната на Општина Кисела Вода.


 

Име и Презиме:Снежана

Датум: 30.10.2013

Прашање: Почитувани,По примерот на вашата општина кои други општини во Скопје доделуваат ваучери за новороденче?Однапред ви благодарам

Одговор:Почитувана,За информации кои не се однесуваат на Општина Кисела Вода не сме во можност да одговориме. Би Ве советувале да се обратите  поединечно во секоја од општините за која имате интерес.

Со почит


 

Име и Презиме: Ирена Арсовска

Датум: 24.09.2013

Прашање:

Почитувани,
Мојата керка е уценицка во 8 одделение во ОУ Круме Кепески-Кисела Вода.
Од училиштето ни рекоа да се обратиме до Опстината, за добиванје на бесплатна карта за ЈСП.
Условот за добивање е растојание до уцилистето над 2 км. Нашиот дом е на помало растојание,
но мојата керка професионално се занимава со пливање и патува до Олимписки базен секој ден,
а некој ден и по двапати има тренинг. Доколку постои мозност и интересен да се помогне,би мозеле да ги доставиме на увид сите постигнати резултати во текот на овие години( освоено 3 место на Маратон Козјак, 2 место на Маратон Дојран и др.)

Одговор:

Правото на бесплатен превоз  за учениците  регулирано во  член 61 од Законот за основно образование, секое постапување спротивно од  овој член  е спротивно на законито.


 

Име и Презиме: Тања Трпчевска

Датум: 23.09.2013

Прашање: Би сакала да знам како да закажам прием кај градоначалничката,како би можела да поразговараме а воедно и синот кој е спортист да ги презентира својте досегаши успеси.Разговорот би бил како она лично а и како градолначалник би можела да му помогне преку некој вид стипендија или еднократна парична помош.Парите би биле искористени да се покријат трошоците околу тренинзите или одењето на меѓународни  натпревари на кој ја претставува државата.Однапред благодарам.Поздрав.

Одговор: Градоначалникот на Општина Кисела Вода одржува редовни средби со граѓаните на општината. За да закажете средба Ве молиме јавете се на 2785-400.


Име и Презиме: Даниела

Датум: 22.09.2013

Прашање: Ве молам потребна ми е информација како да се пријавам за обука по Англиски јазик.Поздрав

Одговор: 

Општина Кисела Вода, во соработка со осумте основни училишта на нејзина територија, организира бесплатната обука за  основни познавања од информатика и англиски  јазик  за жителите на општината, без разлика на нивната возраст.

 Обуката официјално започна на 01.10.2013 година - вторник во  секое одредено училиште и ќе трае до 16.12.2013 година - понеделник, кога ќе им се доделат сертификатите за успешно завршениот курс.

Се надеваме дека сте го запазиле рокот за пријавување и дека сте дел од бесплатната обука.


 

Име и Презиме: Гордана Каранфилоска 

Датум: 04.09.2013

Прашање: Пишувам да прашам дали постои правна регулатива за мојот проблем. Имено, соседот веднаш до мене, го издигна нивото на неговиот двор за 30-40 цм повиско, сега сета вода од неговиот двор се слева во мојот, за време на врнежливи денови мораме да облекуваме гумени чизми, се плашам дека на тој начин ќе ја уништам подлогата на мојата куќа. Се работи за Драчево

Одговор:  Ве известуваме дека е потребно да ни дадете конкретни информации (адреса) како би можеле да извршиме увид на лице место и Ви одговориме на прашањето

 


 

Име и Презиме: Горан 

Датум: 04.09.2013

Прашање :Почитувани,

Доста се бавите со шминка, сто жалби Ви пративме да ги средите кафичите во блокот помегу Тодор Паница и Бозидар Адзија.Без било какво одобрение го узурпираа просторот помегу зградите, се прави бука а плус и пуштаат гласна музика со што малтретираат стотини грагани. АЈДЕ МАЛКУ КОНКРЕТНИ РАБОТИ СРЕДЕТЕ. Во контакт со Вашите служби самите кажуваат дека немаат издадено дозволи за поставување маси надвор од објектите.

Одговор: 

Почитувани,

Ве известуваме дека 

1. КАФЕ БАР УНА МАЏИЈА поставил урбана опрема по Одобрение за поставување урбана опрема бр.10/13-230650 од 22.04.2013год издадено од Град Скопје -Сектор за финансиски прашања
2.Д-Ј Трејд –КАФЕ БАР ЕХПОЗЕ поставил урбана опрема по Одобрение за поставување урбана опрема бр.10/13-232224 од 28.04.2013год издадено од Град Скопје -Сектор за финансиски прашања


 Име и Презиме: Магде

Датум: 25.08.2013

Прашање :Почитувани,

 Моето дете е родено на 08.12.2011 год, кога се интересирав за еднократна помош за моето дете, едни велат следува , едни не , јас се породив а од помошта од опстината ништо , демек не давала , многу ми е зал сто никогаш ништо немам добиено а имам 2 деца и тоа второто ми е родено на 40 год, молам за одговор , до кога во оваа држава еднаш важи еднаш не важи таа одлука , барам одговор веднаш

Одговор: Одлука за доделување на еднократна парична помош на семејства со новороденче на подрачје на Општина Кисела Вода од 20-06-2013год. до 31-12-2013год. донесена од  Совет на Општина Кисела Вода на Четвртата пленарна седница  одржана на  20-06-2013   и која стапува на сила од денот на  нејзино донесување што значи важи за новороденчиња родени од 20-06-2013год. 

Со почит


 Име и Презиме: Мирче

Датум: 24.08.2013

Прашање :Почитувани,

Сакам да купам градежен плац во Драчево.Кои документи треба да ги проверам за да бидам сигурен дека на тој плац може да се гради куќа?Која е постапката за добивање градежна дозвола?Колку изнесуваат комуналиите и дали има и други трошоци кон општината?Ви благодарам за одговорот на трите прашања.Со почит

Одговор: 

Почитувани,

За да проверите дали може да се гради потребно е да поднесете барање во архивата на Општина Кисела Вода за Извод од Детален Урбанистички план.За градежна дозвола потребно е да поднесете барање по електронски пат за одобрение за градење  со потребната проектно техничка документација според Законот за градењеКомуналиите зависат во кој дел на Драчево Ви е градежната парцела и истите се движат од 25 до 85 евра.По добивање на одобрение за градење други трошоци немате.

Со почит


 Име и Презиме: Владо Арсовски

Датум: 23.08.2013

Прашање: Почитувани,

Во нашата зграда имаме заедничка просторија -
Перална од околу 20 м2 која сакаме да ја продадеме со цел да го реновираме
влезот и покривот. Бидејки за неа не постои никаква документација ве молам да
ми кажете дали е можно за истата да се добие некаков имотен лист, каква е
постапката за тоа или да ме посочите од каде да започнам со голготата

Одговор: 

Потребно е да се провери во градежната фирма која го градела објектот или според издаденото одобрение за градење дали овој простор е внесен во катастар. Во Општината сега нема основ за издавање на било каков акт за да ја внесете пералната во имотен лист


Име и Презиме: Давор Петрушевски

Датум: 23.08.2013

Прашање: Би сакал да се информирам што треба да се направи во врска со мојот проблем? Моите комшии со живеалиште на ул.Иван Мештаник бр 23 во Населба Драчево кој покрај еднаш пријавени за одтстранување на домашни животни (кокошки,зајци и петли)пред 2 години.Со благодарност на општинската постапка тие беа отстранети.Мегутоа еве пофторно во урбана населба донесоа кокошки,зајци и петли,Кој неподносливо се гласни и поради нечистењето на местото кај што ги чуваат животните миризбата е неподнослива,се појавиа глувци бубашваби,И претерано многу муви.

Одговор: Ве известуваме дека е во постапка донесување на одлука за комунален ред со која се регулира чувањето на крупна и ситна стока,живина и пчелни семејства во урбана средина и населени места


 

Име и Презиме: Гордана Крстеска Арсовска

Датум: 22.08.2013

Прашање: Почитувани,

 Почитувани,
 Ко-сопственик сум на земјоделско земјисте во место викано Пинтија, индустриска зона. Која е постапката која треба да ја  спроведам за да истото го пренаменам од земјоделско во градежно? На Вашата веб страна ги пронајдов формуларите, но ..не знам  со кој и од каде да почнам.
 Се работи за КО Горно Лисиче, КП број 3705, имотен лист број 897.
 Ви благодарам однапред,
 Со почит
 Гордана Крстеска Арсовска

Одговор: 

Поднесете барање во опстина Кисела Вода за Уверение за карактер на земјиште. Со добивање на увеението ке видите дали парцелата Ви е во градежен реон или не, ако е вон опфат потребно е Општината да изработи Урбанистички план па тогас да можете да градите

Со почит


 

Име и Презиме: Нада

Датум: 20.08.2013

Прашање: Почитувани,

 Дали е планирано зелена површина со фонтана во Расадник и детско катче бар малку да наликува како во опстина АЕРОДРОМ. Дали нешто ке се превземе со казнени мерки за соптвениците на домашни миленичиња ,кои наутро прво ги носат кучинјата да вршат нужда во и она малку зеленило сто го има на тој дел на општината.

Одговор: 

Кога ке се изработи нов Детален Урбанистички план ако има земјиште на Република  Општина Кисела Вода

 Со почит


 

Име и Презиме: Maрика

Датум: 13.08.2013

Прашање: Почитувани,

Почитувани дали може да ме известите дали
општината почна со издаване на е-Одобрение за градба и кој е рокот од приемот
на барането

Одговор: 

Според законот за
градење од 01.06.2013 година Општина Кисела Вода отпочна со водење на постапка за
издавење на Одобрени за градење по електронски пат. На
web страната kiselavoda.gov.mk ке најдете упатство за
аплицирање. Рокот зависи од комлетност на барањети и од добиените согласности
од институции

 Со почит


 

 

Име и Презиме: Maрика

Датум: 09.08.2013

Прашање: Почитувани,

Дали може со 51% согласни станарите од здрадата Пушкинова бр.2 да почне доградба на терасите  и надградба над здрадата? Земјиштето под здрада и дворното место не е откупено. Во моментот се става домофон без состанок на станарите и без согласност на сите станарите. Дали општината има ингеренции да го спречи тоа поради безбедност на останати 49% станарите кои живеат во зграда стара веќе 50 години?

Одговор: 

Може со 51% од површината на објектот да почнете доградба и надградба на Стамбен објект. За доградба и надградба не е потребно земјиштето, потребни се имотни листови по етажи

 Со почит


Име и Презиме: Оливер

Датум: 08.08.2013

Прашање: Почитувани,

  Ме интересира до кога е крајниот рок за поднесуванје на елаботати се работи за драцево,,,благодарам однапред

Одговор: 

Краен рок е 01. јуни 2014 година

 Со почит


Име и Презиме: Александра

Датум: 08.08.2013

Прашање: Почитувани,

 Почитувана Г-ѓа градоначалник,
 прво да Ви честитам на изборот за градоначалник на нашата општина и сакам да Ве прашам кога се планира да биде изготвен новиот ДУП за Црниче 2 и Бирарија,Ви благодарам

Одговор: 

Градот скопје е во фаза на изработка на ГУП по регулациони линии, односно градските четврти да се поделат по квартови. По ова Општина Кисела Вода ке отпочне со изработка на ДУП за кватр. Инаки за делот каде прашувате е Градска четврт Ј 20 со површина од 150 хектари

 Со почит


 

Име и Презиме: Ивана

Датум: 06.08.2013

Прашање:

Почитувани,
Како заинтересиран купувач на стан, ќе ве замолам да ме упатите, каде да се обратам за да добијам податоци во врска со содржината на издадено одобрение за градење на станбен објект, кој се наоѓа на територијата на Општина Кисела Вода и е во фаза на градење?
Ви Благодарам!

Одговор:

 

Почитувани,
Како заинтересиран купувач на стан, ќе ве замолам да ме упатите, каде да се обратам за да добијам податоци во врска со содржината на издадено одобрение за градење на станбен објект, кој се наоѓа на територијата на Општина Кисела Вода и е во фаза на градење?
Ви Благодарам!


Име и Презиме: Ведран

Датум: 04.08.2013

Прашање:

Ме интересира дали ви паднало на памет дека во општина Кисела Вода не постојат зелени површини и дека местото кај старата фабрика за сапун би било идеално за парк.
Време е да се подигне квалитетот на живеење во населбата, а тоа со изградба на станбено/деловен простор нема да го постигнете.

 Одговор:Посочете површина која е сопственост на република Македонија или на физичко лице кој би ја отстапил градежната парцела за да општината може непречено да го оплемени просторот. Кога имотно правните односи ке се решат тогаш на просторот на старат фабрика за сапун може да се предвидува градба, независно од кој тип


 


Име и Презиме: Атанас Каракашов

Датум: 05.08.2013

Прашање: Почитувани,

Во зградата во која живеам на ул. Димо Хаџидимов бр.2 има вкупно 49 стана и на сите станови спалната соба е свртена кон населбата Пржино, а веднаш позади зградата е скривницата и над неа почнува ридот. На самиот рид на ул. Охридска бр 23 бесправно е поставената повеќе години наназад улична светилка без заштита во дворот на граѓанин кој работи во ЕВН. Се било во ред да таа светилка користи на граѓаните, но таа е поставена така да го осветлува само задниот дел на двориштето на истото лице и истата зрачи јака светлина така да станарите на нашата
зграда навечер неможат да спијат бидејки директно им светли во спалната соба, ќе признаете и самите дека во овие летни горештини неможе да се спуштат ролетни за заштита од самата светилка.
Повеќе пати се обраќавме претходно до Електродистрибуција, но тие останаа неми. Пред отприлика два месеца се обративме до Вашата служба каде ни дадоа мобилен телефон 072 31 49 64 на лицето Перо надлежен за улична рассвета, кој рече дека таквите беспаравно поставени светилки ќе бидат отстранети веднаш штом биде завршен тендерот за одржување на уличното осветлување и дека ќе биде извршена контрола на сите такви светилки и веднаш ќе бидат отстранети и дека ќе бидеме известени за тоа, но до денеска ништо!
Во име на сите станари на згредата молам што поитно, веднаш да интервенитрате како би ни го вратиле мирниот сон навечер.

Одговор: 

 Почитуван,

Одговорот сте го добиле и уште еднаш потврдуваме дека штом ќе се избере фирма за одржување на уличното светло, светилката ќе биде отстранета

Со почит

 


 

Име и Презиме: Билјана

Датум: 30.07.2013

Прашање: Почитувани,
Вчера електронски пријавив дефект на некоисијалици на улицата “Михаил и Ефтихиј“ кои не функционираат скоро десетина дена
(претходно сите не работеа). Бидејќи не добив одговор на пораката, денес се јавив на телефон (278420 од каде ме препратија на 2785422) и таму ми одговоријадека треба лично да доставам писмено барање до архивата на општината.Не ми се верува дека во денешно време насовремена електорснка комуникација, кога и на оваа веб страна фукционира сервисот „Види Пријави Поправи“ за пријава на дефект на сијалица е потребнописмено барање кое лично треба да се достави во архива??Сепак се надевам дека е доволно и многу поефикасно да се реагира и на електронска или телефонска пријава за ваков дефект. Но,доколку инсистирате на писмено барање, ве молам да ме известите дека истото е потребно, како и за работното време на архивата, за да го доставам барањето, бидејќи многу е непријатно да се живее во темница.

Одговор: 
Вашето барање по електронски пат е примено и истото е препратено до службите одговорни за уличното светло кои пак ќе излезат на терен во следните два дена и се надеваме дека до крајот на неделата сијалиците на ул.Михаил Ефтихиј повторно ќе светат.

Со почит


Име и Презиме: Билјана

Датум: 30.07.2013

Прашање:

Почитувана Градоначалничке,

Пред да го дадам својот предлог и мислење сакам
да го изразам своето задоволство од досегашната Ваша работа. Конечно по 8
години нешто започна да се работи во оваа општина, благодарејќи на Вашите
залагања и се надевам дека така ќе се продолжи. Како граѓанин на оваа општина
би сакала да дадам предлог а воедно и да ве замолам да се направи серија на
пошумување на општината(во кои можат да се вклучат и самите граѓани). Сметам
дека по должината на тротоарите на ул.Сава Ковачевиќ, ул.Првомајска  до
семафорите кај поранешна Билна аптека или Рампа има потреба да се засадат
поголеми садници дрва со што ќе се овозможи прочистување на воздухот како и
пријатно пешачење по тротоарите кои сега се само пеколница и асфалт. Засадување
на поголеми садници би требало да се реализира помеѓу зградите во Расадник а по
можност и на цела територија на Општина Кисела Вода, како и нивно одржување.

Сметам дека ова ќе придонесе за почист и
попријатен живот за сите граѓани на оваа општина.

Ви благодарам на разбирањето,

Со Почит

Одговор: 

Почитувана,

Голема благодарност за Вашите размислувања во врска со грижата за околината во која живеете,но ќе Ве замолиме ако можете овој допис да го испратите до ЈП Паркови и зеленило бидејќи тие се одговорни за делење на садници на куќните совети.

Со почит


Име и Презиме: Сашо

Датум: 30.07.2013

Прашање:

Почитувани,

Ве молам да го средите зеленилото кое е израснато и веќе во голем дел исушено, околу спортската сала Расадник.

Поздрав!

Одговор: 

Почитуван,

Зеленилото околу салата Расадник веќе е искосено, во текот на идната недела ќе се досреди и останатиот дел

Со почит


 

Име и Презиме: Ангел Василевски

Датум: 28.07.2013

Прашање: Дали е точно дека за приклучок на новата водоводна мрежа градоначалникот на град скопје госп.Коце Трајановски рекол дека приклучуванјето ке оди на водовод а копање на ровови на нас граганите.мислам на трошкови

Одговор: Според поставеното прашање заклучив дека станува збор за нас.Пинтија и приклучувањето кон водоводната мрежа. Значи постапката за приклучување ја одредува ЈП Водовод и Канализација со кои склучувате договор за приклучување. Општината како ИНВЕСТИТОР ја гради секундарната мрежа,а приклучоците ги регулира ЈП Водовод и Канализација,согласно ЗАКОН ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ВОДА ЗА ПИЕЊЕ И ОДВЕДУВАЊЕ НА УРБАНИ ОТПАДНИ ВОДИ


 

 

Име и Презиме: Никола

Датум: 28.07.2013

Прашање: Би сакал да ме информирате која е логиката на тоа да се отстрани еден стар и грд временски објект за да после неполн месец на истиот простор се постават два нови и уште погрди временски објекти, односно шупи коишто ги користи паркови и зеленило, наместо хортикултурно да се уреди просторот. Станува збор за објектот на улица Ѓорѓи Сугаре позади тинекс маркетот, а веднаш до основното училиште Невена Георгиева Дуња.
Однапред ви благодарам на одговорот

Одговор:  Во скоро време и времениот објект на пунктот на Паркови и зеленило ќе биде дислоциран, а на овој дел ќе се уреди зеленилото и ќе се дооформи постоечкиот паркинг


 

 

Име и Презиме: Владо Павлоски

Датум: 28.07.2013

Прашање: Благодетот од постоењето на пешачката патека пд Влае до Ново Лисиче го чувствуваат граѓаните на повеќе скопски општини (Центар, Карпош, Аеродром, ...). Потребата од постоење на една ваква патека во населба Драчево е неопходност за сите кои сакаат БЕЗБЕДНО и ЗДРАВО да рекреираат.Оваа идеја, верувам дека консензуално би била прифатена од сите ( >30.000 ) жители на оаа можеби најголема скопска населба. Не сум сигурен дека ја прочитав во Вашате програма, но ако ја нема таму, граѓаните на Драчево би Ви биле многу благодарни кога би сториле дополнителни напори оваа идеја да си го најде заслуженото место во Вашата програма

Одговор:   Со програмата на Градоначалникот  е  предвидено кејско уредување на Маркова река


 

Име и Презиме:  Верка Ангелковска

Датум: 26.07.2013

Прашање: Почитувани,

На улица Пандо Клјасев бр.68 
Прзино има две улицни осветлуванја кои подолго време не работат иулицата е во тотален мрак. Редовно плакаме струја а со тоа и улицно
осветлуванје и тоа два пати бидејки имаме 2 саата. Ве молам сто поскоро дефектот да се отстрани.

Поздрав

Одговор: 

Општинската служба  за уличното светло  неколку пати  беше на терен,но се додека не  заврши тендерот за избор на фирма која ќе биде задолжена за отстранување на дефекти,оваа улица ќе има проблеми со уличното светло


 

Име и Презиме: Верка Ангелковска

Датум: 26.07.2013

Прашање: Дали може да се издаде потврда за платен самодопринос за изградба на водовод во село Орешани пред многу години на име Ангеловски Иво, бидејки сега не можам да се приклучам на водовод бидејки комшиите не даваат

Одговор: Село Орешани припаѓа во Општина Зелениково,па за решавање на Вашиот проблем обратете се до надлежните Сектори во општината


 

Име и Презиме: Сава Ристевска

Датум: 26.07.2013

Прашање: Ви се обраќам во има на жителите на ул.Ратко Митровиќ бр. 7 (споредна улица на ул. бр. 5) да ни помогнете да се реши нашиот долгогодишен проблем, односно да ни овозможите самостојно да се приклучиме на новата водоводната мрежа, која е во фаза на реализација на соседната улица бр. 5.
Бидејќи од неодамна е започнато со ископување за поставување нова водоводна мрежа на соседната улица Ратко Митровиќ бр. 5, која се спојува со нашата улица, Ве молиме да ни овозможите ископувањето да продолжи и на нашата улица со цел и ние да се приклучиме како рамноправни граѓани.
Нашиот проблем постои повеќе од 35 години, односно од кога сме тука населени. Приклучени сме на водоводната мрежа од соседите, шахтите ни се во туѓи дворови, и цевките ни минуваат низ дворови на соседите. Се соочуваме со голем проблем со притисокот на вода во летниот период, додека во зима, доколку цевките испукаат од студот, скоро невозможно е да се реши проблемот, бидејќи секогаш во проблемот мора да биде инволвиран и соседот од каде е земен приклучокот на вода.
На ул. 7 живеат неколку фамилии (5-7) на кои им е потребен самостоен приклучок кон новата водоводната мрежа

Одговор: Инвеститор на новата водоводна мрежа   е ЈП  Водовод и Канализација, па за да можете да се приклучите на истата обратете се до надлежните во претпријатието


 

Име и Презиме: Даниела Веселинова

Датум: 25.07.2013

Прашање: Почитувана градоначалничке..Досега,цело време поставуваме конкретно  прашање кое  или некој не го објавува или на истото  прашање не добиваме конкретен одговор...Имено ние сме жители на Три круши  и имаме ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ. Цело лето во периодот од 16 до 22 часот сме без вода за пиење.На температури од над 40 степени  вракајки се од работа немаме вода да се напиеме а да не збориме за основните потреби...Дали грижата за граганите и нивните основни потреби за живот  е во ваша надлежност  ???? А најмногу иритира фактот што на самиот локалитет ТРИ КРУШИ што е многу повисоко од нашите куки цело време има вода...за тоа некој се потрудил да биде така....НАС граганите на ова место не интересира што треба да направиме за да добиеме вода за пиење....Поздрав и  чекаме конкретен одговор

Одговор: Општината почна со изработка на проектна документација за изградба на секундарна водоводна мрежа во месноста Порупи, а додека да се  реализира проектот  ќе ги имате овие проблеми исто како што горе на  локалитетот Три круши нема вода


 

Име и Презиме: Мирјана

Датум: 25.07.2013

Прашање:Ве молам да ми одговорите на две прашања. Сакам да купам станбен простор во вашата општина. Станбениот простор не е легализиран. Продавачот тврди дека има поднесено документи за легализација на просторот во 2009 година но го нема бројот на предметот. На кој начин можам да го дознаам бројот на предметот и до каде е постапката за негово разрешување. Во случај тој да нема поднесено документи за легализација и приватизација, дали може да се поднесат документите според истата постапка и цена

Одговор: Барањата за легализација на дивоизградените објекти траеше од 03.03.2011 година до 03.09.2011 година. Продавачот може да поднесе барање со наведено име и презиме, улица и број на објектот за кој е поднесено барање за легализација, потврдено со копија од лична карата на барателот. Органот по име и презиме ке го најде бројот на подносителот и на писмено ке му одговори. Подносителот со лична карта (за да се утврди идентитетот на барателот) ке го подигне одговорот на шалтер.За призатизацијата е надлежно Министерство за финансиии- Управа за имотно правни работи - Одделение за првостепена управна постапка во Кисела Вода сместени во барака 9 во кругот на Општина Кисела Вода


 

Име и Презиме: Марија

Датум: 24.07.2013

Прашање: Би сакала да се информирам за зградата помегу Драга Стојанова и Виктор Иго.Зградата, онака полурушена со години не е гибната. Дали општината презема било какви активности, да ја руши (еден од предходните градоначалници ја искрши и нагрди), да ја покрие или да ја легализира?Онаква како што е сега го нагрдува целиот простор и постојано во неа се собираат скитници.
Би благодарам доколку ми дадете одговор какви планови има општината за оваа зграда.

Одговор: Објектот за кој прашувате е објект на приватен имот, инвеститорите немаат добиено одобрение за градење. За да се легализира еден објект потребно е да претставива функционална целина, како што и сами велите овој објект не претставува функционална целина.

 


 

Име и Презиме:  Иван

Датум: 24.07.2013

Прашање: Почитувани,

Јас живеам на ул.Сава Ковакович23/б, Припор. На мојата уличка нема осветлување. Јас барам од вас да поставите сијалици за да биде осветлено

Одговор: 

Почитуван,

По изборот на фирма која ќе биде задолжена за уличното светло ќе пристапиме кон отсранување на дефекти и поставување на нови сијалични места

Со почит,


 

Име и Презиме: Драги

Датум: 24.07.2013

Прашање:Почитувана градоначалничке ...ке ве молам да ми одговорите до каде се постапките за легализација на земјиште на кое има изградено станбен објект повеке од 30 години,а објектот го легализиравме и добивме имотен лист...да напоменам дека за земјиштето поднесени се сите потребни документи...да ви појаснам се работи за нас.Пинтија

Одговор: Постапките за откуп на земјиште во сопственост на Република Македонија врз основа на легализиран објект ке започнат по донесување на измените на законот за градежно земјиште кој е во собраниска процедура. (Ова се однесува за барањата кои се поднесени на шалтерот во Општина Кисела Вода), ако барањето Ви е поднесено во Министерство за финансиии- Управа за имотно правни работи - Одделение за првостепена управна постапка во Кисела Вода сместени во барака 9 во кругот на Општина Кисела Вода, за истото ке се информирате во барака 9.


 

 

Име и Презиме: Верка Ангеловска

Датум: 24.07.2013

Прашање: Пред многу години мислам со самодопринос се изгради водовод во с.Орешани. И мојот сопруг Иво Ангеловски уцествуваше парично за тој водовод. Сега кога сакаме да се приклучиме комсиите не ни даваат. Каде да се обратиме за дозвола и каде можеме да добиеме потврда за учество во изградбата на водоводот

Одговор: С. Орешани е под надлежност на општина Зелениково

 


 

Име и Презиме: Даниел

Датум: 24.07.2013

Прашање: Се срушија дотрајаните киосци пред влезот на ОУ „Невена Георгиева - Дуња“, ако е ваша заслуга, честито. Прашањето е, што е планирано да се направи на тој простор?

Одговор: На просторот на кој стоеја руинираните киосци е планирано доизградба на паркинг простор согласно важечкиот ДУП


 

Име и Презиме: Томе

Датум: 23.07.2013

Прашање:Па се претера со водоводов во ПИНТИЈА па како да го градите ЛОНДОН мада тоа побрзо ке беше,па имате ли усул како се живее без капка вода да не се мачев сам за кукава ке ја запалев и ке бегав од оваа дупка, вие  ГРАДОНАЧАЛНИК барем изгледавте по разбрано за разлика од предходниот кој и ја засука цела работа и треба да одговара за ова,еве како изгледа доле во населбата живеат нормално пошо имаат вода а ние секој ден треба да проагаме од тука и да гледаме како поливаат,мијат коли,се бањаат???? ужас а ние со шишњјата (6 преку сила може да носиш) одиме нагоре и викаме добро е имаме шише повеке денес ке полиеме една саксија...по срамно нешо не сум видел.е па од причина што најголем дел од скопјево не знае дека може да постои ова ние ке си го кажеме јавно па барем нека ни се смејат насекаде!!!!

Одговор:  Најнапред се извинуваме што од технички причини се одложи примањето на резервоарот од страна на ЈП Водовод и Канализација, но по сите проценки на ЈП Водовод и Канализација ветија дека до средина на месец август нас.Пинтија ќе има вода,за што покрај Градоначалник Билјана Беличанец се заложи и Градоначалник Коце Трајановски. Благодариме на трпението

 


 

Име и Презиме: Вера

Датум: 23.07.2013

Прашање: Во двор во Црниче имаме доста стар бор, којшто е „болен”,  од него паѓаат иглички и постојано се собира отпад во дворот, а не може да расте тревата. Истиот треба да се отстрани, па ме интересира каква е постапката, дали треба некакво одобрение, од каде, дали треба согласност од непосредните соседи (на парцелата сме 5 косопственици) и слично.
Напоменувам дека ниските гранки на борот ги загрозуваат електричните и телефонските линии што минуваат преку дворот.

Одговор: Обратете се со барање за отстранување на дрвото до службите во Град Скопје,одделение за екологија

 


 

Име и Презиме: Бранко

Датум: 22.07.2013

Прашање:Во моментово има расправа за дупот во кисела вода.Граѓаните на улица Димо Хадџи  Димов од броевите 77 па надоле се обидуваме да учествуваме во неговата измена со тоа што сакаме да поднесеме барање за дозволена поголема висина , но никако неможеме да дојдеме во контакт со градоначалникот и по закажаниот состанок кој веќе чекам 1месец.

Одговор: За ДУП - овите кои се на јавна анкета во месната заедница можете да поднесете барање за да Ви се овозможи измена на ДУП – от или на шалтерот на Општина Кисела Вода. Вашето барање ке го разгледа комисијата заедно со планерот и ке Ве извести дали е возможно врз основа на законските и подзаконските акти да Ви се дозволи измена на ДУП – от


 

 

Име и Презиме: Дејан Галевски

Датум: 19.07.2013

Прашање: Кога ке се донесе дуп место викано градинар?

Одговор: По донесување на ГУП по регулациони линии Општина Кисела Вода ке започне постапка за донесување на ДУП – от. Се очекува постапката да отпочне по Нова Година.

 


 

Име и Презиме: Златко Лазаровски

Датум: 19.07.2013

Прашање: Ве молам да ми кажете кога ќе биде на разгледување Дуп-от за ул.Сава Ковачевиќ и Иван Козаров кај Чешма? Ние станарите конкретно имавме поднесено петиција со кој не сакавме да постои интерна улица помеѓу овие две улици бидејќи доста ни е од прекумерна бучава од овие две прометни улици па со постоење и на оваа интерна би ни било навистина неподносливо.Од друга страна пак да би се реалзирла оваа улица би требало да се урнат неколку куќи кој некој се легални а некои се заглавени со предметите за легализација токму поради овој проект.Затоа ние ќе
бидеме против оваа интерна улица.

Одговор:  ДУП - от за градска четврт Ј10 е во постапка за десетина дена ке биде на Јавна анкета во Месната заедница. Истиот ке биде достапен и на страниците на порталот на Општина Кисела Вода

 


 

Име и Презиме: Миодраг Марковиќ

Датум: 18.07.2013

Прашање: Молам да ми одговорите на моето  прашање :” Дали и кога ке се објави јавно ГУП , после  ДУП донесен 30 јуни 2006 неофицијално сум  информирам дека  мојата КП 823 која се наоѓа на ул. “Жил  Верн” бр.2/а  Кисела Вода,  поточно дали  има измени за “Цветен Димов “ и “ Скавија” во тој дел од ГУП-от.ф
Бев  на разговор со  градоначалничката на 20.06.2013 год. во 16,00 часот, Убаво примен  и ветување да моја парцела биде легализирана,.Добив  негативен писмен одговор  ШТО СЕГА???
Информиран  сум  од Урбанизам на  град Скопје,  дека се  чекало да се добие  планот  од  општина  Кисела вода, но до денес ништо не е направено,  се чека на Ваш предлог за ГУП. Ве молам НА ПИСМЕН  ОДГОВОР
ПС. Кога ке ни ги намалите секодневни проблеми што ги имаме  ние   со доселени ромски  семајства  во тој  реон,  тоа се улици”Балканска” , “Есенинова” и “Жил Верн”  и пошироко.
ПРОБЛЕМИ  ШТО  НИ ПРИЧИНУВААТ ПРЕМИНАЛЕ СЕКОЈА  МЕРКА НА  НОРМАЛНОТО  ОДНЕСУВАЊЕ, да не набројувамм се  пединачно 
Поздрав  до Вас од Миодраг  со  Семејството

Одговор: ГУП –от е донесен во декември 2012 година, Во моментот се носи ГУП по регулациони линии за четврти поголеми од 30 хектари. За Вашиот проблем односно за објекти кои излегуваат на Булевари, Општина Кисела Вода бара согласност од Град Скопје. 


 

 

Име и Презиме: Владимир

Датум: 17.07.2013

Прашање: При ПРЕНАМЕНА НА ТЕРАСА ВО СТАНБЕН ПРОСТОР, дали материјалот на градбата или начинот на изведбата при затворањето на терасата е битен за тоа дали е неопходно да се има Одобрение за изведба на градежните работи според Законот за градење или воопшто во ваков случај не треба да се има Одобрение?
Доколку е потребно да се добие Одобрение за градба, дали за добивање на истото треба да се поднесе барање за доградба или пак за реконструкција и адаптација на станбениот простор и каква е процедурата?
Интересот за пренамена на терасите е кај поголемиот број на станари од зградата и тоа со цврста градба и прозори.
Со почит,
Владимир
во име на Група на граѓани од Кисела Вода

Одговор: За да ја пренамените терасата во стамбен простор потребно е да поднесете барање за пренамена со Основен проект за пренамена, извод од ДУП, имотен лист и согласност од 51% од површината на становите


 

Име и Презиме: Александар Богданоски

Датум: 16.07.2013

Прашање:На излезот од населба Драчево, веднаш после пругите во правец на Долно Лисиче повеќе од 2 недели зјае огромна дупка, отворена речиси на коловозот. Претпоставувам дека се работи за отворена шахта без капак, длабока повеќе од еден метар и широка речиси еден метар. Дупката е потенцијална опасност не само за возилата што поминуваат секојдневно од таму, но и за пешаците. Претпоставувам и дека веќе одредени граѓани претрпеле штета бидејќи дефектот е отворен на многу прометна точка.Како граѓанин загрижен за својата безбедност и безбедноста на моите сограѓани во населба Драчево, молам итно да дејствувате и да го санирате дефектот.

Одговор:Дупката е детектирана и ќе биде санирана во најскоро време


 

Име и Презиме: Виктор

Датум: 16.07.2013

Прашање: Сите општини го имаат посатвено својот ДУП на својата веб страна, така да секој граганин може да си погледне барем отприлика тоа што му треба. За детали секако треба да отиде во општината.
Направете напор и КОНЕЧНО ставете го и вие ДУПот на вашата веб страна.
Кога може да очекуваме да го погледнеме ДУП на веб страната?

Одговор: Дуповите кои се во постапка ги има на порталот на Општина Кисела Вода и истите ке бидат повторно ажурирани по нивно усвојување


 

 

Име и Презиме: Петре Клинчаров

Датум: 15.07.2013

Прашање:Ви се обракам лично и во име  на станарите, како претседател на кукен совет на зграда на ул.Есенонова бр. 15.

  - Ме интересира зошто плановите од ДУП не ги ставате на сајтот на општината како би можеле во секое време да имаме увид на истиот , бидејки термините кои се дадени за разгледување во просториите на МЗ на многумина не им одговараат.
  - Исто така има реакција зошто истите се даваат на увид во време на годишни одмори неможат ниту да ги разгледаат , ниту да дадат свој коментар ,размислување, идеја. Ова посебно се однесува на нас станарите од зградава на “САМАРИЈА” , кои сме вплеткани во некое “ недоразбирање”  помеѓу истата фирма и  сопствениците на земјистето на кое е изградена зградата. Имено веке некое време ( 4 - 5 години) , крузат информации дека истите го цекаат новиот ДУП за кој лобирале да добијат повисока катност за веке изграденава зграда , а дека недоразбирањета се фарса како би добиле на време , а ние соочени со нивната проблематика имаме пречки за добивање имотни листови и со тоа не би имале право на одлуцување или партиципација во надграбата .

Одговор: Изработката на ДУП  за градска четврт се работи врз основа на новодонесениот ГУП. По донесување на истиот Општина Кисела Вода пристапи кон изработка на ДУП –ови  за градска четврт. Временскиот период за изработка истите се поклопи со годишните одмори што во законска процедура нема ограничување кога и во кој период истиот треба да се објави. Објавата на ДУП – от во Месна заедница е во период од 10 работно дена, овој период е сосема доволен за да го погледнете предлогот на поставениопт ДУП и да доставите пополнет анкетен лист.


 

 

Име и Презиме: Благоја Перковски

Датум: 15.07.2013

Прашање:Ме интересира кога почнува исплатата за еднократната парична помош за новороденче,барањето заедно со потребните документи се доставени околу 01.07

Одговор:По проверката на поднесените документи, се одлучува за изготвување на Решение за исплата  на еднократна парична помош за новороденче која ќе оди тековно


 

Име и Презиме: Митра Карадакова

Датум: 15.07.2013

Прашање:Јас живеам на ул Петар Делјан зграда 11 влез 1 стан 1.Не се сложувам да се прави паркинг под мојот балкон кој е на 1.5 метри висина од земјата.Не се сложувам под мојот балкон И под мојот прозор да вдишувам испарувања од бензин И од уље .Јас овде живеам од 1963 година или 50 години И никогаш овде според планот на општината немало паркинг туку секогаш имаше парк со уредено зеленило .Во петокот на
12-07-2012 дојдоа од општината И немилосрдно го уништија зеленилото ,цвекињата и тревата И тоа само под мојот балкон додека во останатиот дел од зградата остана зеленилото.Ве молам почитувана градоначалничке да го слушнете мојот глас И да ми помогнете да го спречите ова насилие И оваа нехуманост која се случува под мојот прозор.

Одговор:Паркинг просторот се гради по добиена согласност од сите станари односно куќниот совет на зградата поднесена во писмена форма  потпишана од сите станари


 

Име и Презиме: Весна Станисавовска

Датум: 15.07.2013

Прашање: Почитувани ке ве молам ако сте во можност да ми одговорите на прашањето.Во моментов  се одвива акцијата за санирање на дупките по патиштата и баш денес се работи на улица Славка Димкова населба Драцево,се работи за тоа што  местото каде што јас живеам се наога на крај од оваа улица и воопшто не е асфалтирано поточно од бр.81 добр.97.Ги прашав лугето на терен дали знаат до кога ке остане тоа така и дали е во план да се стори несто врска со тоа конечно да добиеме и ние асфалтирана улица во ова денесно време,немаа одговор.Па затоа истото прасање го упатувам и до Вас.Дали ке се асфалтира улицката?

Одговор: Вашето барање го земаме во предвид и ќе го реализираме


 

Име и Презиме: Зорица

Датум: 15.07.2013

Прашање: Ме интересира дали се планира за Пинтија (првиот влез) кај училиштето да се поставува фекална канализација и кога, и дали се планира да се асфалтираат уличките. Благодарам.

Одговор: Фекална канализација кај училиштето во скоро време не е предвидена бидејќи треба првично општината да изработи проектно-техничка документација,но се планира во наредниот период,а уличките кои се раскопани ќе бидат во скоро време санирани

 


 

Име и Презиме: Марија Тасевска

Датум: 14.07.2013

Прашање: Кога е приемен ден на градоначалничката со граѓаните на Општината

Одговор: Приемен ден на градоначалникот на општина Кисела Вода за граѓаните е секој четврток.Потребно е да се закаже приемот на следниов телефон: 2785-400


 

Име и Презиме: Светле Петрушевска

Датум: 12.07.2013

Прашање:Здраво,  ве молам да ми одговорите на прашањето:живеам на имот  веке 50 години а не е преведен врз мене.Дали сега со легализацијата можам да го преведам и кои документи ке ми требаат и каде да се обратам

Одговор:Врз основа на легализиран објект има можност за откуп на земјиште во сопственост на Република Македонија ако бесправниот објект ако е изграден на територија каде Општина Кисела Вода има изготвено ДУП. Ако имате стар договор со сведоци исто така постои можност за префрлање на земјиштето на Ваше име. И за оваа постапка потребно е да има Општина Кисела Вода изготвено ДУП. Барања во зависност од постапката која треба да ја водите можете да подигнете во Архива на Општина Кисела Вода


 

Име и Презиме: Десанка Донева

Датум: 12.07.2013

Прашање: Почитувани,мојата голгота ќе ја презентирам вака: нехумано е, нечовечно е, непринципиелно е и непрофесионално е префрлување на топката од една на друга страна на сметка на граѓаните. Јас живеам на ул.Првомајска 4 во населбата Усје и на оваа улица пред повеќе од две години беа преземени одредени активности со цел воспоставување на нова водоводна мрежа. По кршењето на асфалтот и направените кратерски ископи на оваа улица, никој никогаш не се засегна оваа улица да ја врати во првобитна состојба, бидејки на оваа адреса се наоѓаат повеќе од 100 куќи во кои живее секаков профил на население, луѓе кои секојденевно одат на работа, деца кои одат на училиште и стари, изнемоѓтени и инвалидизирани лица, на кои им е оневозможено секојдневното функционирање, само затоа што по толку години улицата веќе се претвори во апсолутна руина по која едвај чекориме, а камоли да има потреба од амбулантно возило или слично. Бевме сведоци и на пожар поради кој настанаа материјални последици само затоа што пожарното возило дојде предоцна од некој земнен алтернативен пат, бидејќи улицата е оставена ископана со искршен асфалт во срамна состојба, небаре овде не живеат луѓе на само 4 км од центарот на градот и тоа во 21 век. Во општината ни беше објаснето дека проблемот е во ЈП Водовод и канализација, поради што го консултиравме и г-динот Србиновски, кој со максимален револт кон неодговорниот однос на Опшина Кисела Вода, вината ја посочи кон оваа Општина со образложение дека во тендерската документација стои референца „враќање на улицата во првобитна состојба” која не може да се реализира поради непрофесионалното завршување на одредени технички работи во спроведувањето на овој проект. Ве молам објаснете ми, дали некој воопшто излегол на терен да ја види оваа ситуација или уште помалку се засегнал за надминување на истата. Срамно е на граѓаните единствена опција да им е јавен протест со блокирање на улици за асфалтирање на улица која не по нивна вина е доведена во апсолутна нефункционалност? Досега многупати ние, самите, жителите на оваа улица ги саниравме овие ископини, но после толку време, веќе и тоа  е невозможно. Ве молам, крајно време е да преземете нешто и да си го надминете спорот со Водовод и да ја асфалтирате улицата, дотолку повеќе што пред изборите, се мафташе со платени фактури за обезбеден асфалт! Револтот и незадоволството се навистина големи и се надевам дека ќе допрат  до вас и конечно ќе преземете нешто!

Одговор: Во  текот на следните два дена ќе се изврши технички прием на водоводната мрежа во с.Усје и дури тогаш откако ЈП Водовод и Канализација ќе ја примат мрежата во нивна надлежност ќе може да пристапиме кон асфалтирање на улицата.Големо извинување што досега моравте да се движите по раскопана улица ,но секогаш бевме стопирани од ЈП Водовод и Канализација и затоа  на улицата беше пролонгирано. Благодариме на трпението.


 

 

Име и Презиме:Весна

Датум: 12.07.2013

Прашање: Ние живееме во урбана средина за во која имаме платено по повеке од 1000евра за м2 и не е во ред да се даде неконкретен одговор во врска со ромите кај и околу фабриката Цветан Димов буквално се оди по нужда каде што ке дојде се живее со коњи и што ли уште не.Не живееме во Општина Шуто Оризари а така се осекаме дури и ни таму нема ваква депонија со Роми.

Одговор: Ве известуваме дека  изминатите години перманентно се врши  уривање на дивите населби чистење на сметот и иселување на ромите но за жал тие повторно се враќаат. .Секојдневно се вршат контроли на теренот,организирани се повеќе служби во Општината како и Министерството за труд и социјална политика.Општината работи на тоа да се отстрани фабриката Цветан Димов со што дефинитивно ќе се реши наведениот проблем.


 

Име и Презиме: Катерина

Датум: 11.07.2013

Прашање: Почитувани , Ве молам да извршите пополнување на дупката при влез во населбата Расадник од кај СП Маркет, поточно пред самиот кафич 63 која се протега низ целата ширина на улицата а исто така би сакала да ве информирам дека на ул. С.Ковачевиќ пред зградата 47 Ј (кај куќата со бр.33 Г) има отворена шахта која претставува опасност како за пешаците така и за возилата кој секојдневно тука поминуваат

Одговор: Кога екипите на фирмата ангажирана за крпење на ударни дупки ќе се наоѓа во овој дел,сигурно ќе биде третирана и оваа дупка


 

 

Име и Презиме: Алики Јовчевска

Датум: 11.07.2013

Прашање: Прочитав на порталите дека општината Кисела вода изведува акција “Види, пријави, поправи” за пополнување и асфалтирање на дупките на улиците. Таква ударна дупка, која од ден на ден се зголемува, има од поодамна и на ул. Михаил Чаков, на самиот влез на паркингот на зградата број 7. Ве молам, во склоп на вашата акција да ја пополните и оваа дупка која  причинува голем проблем  и на автомобилите и на пешаците

Одговор: Со акцијата крпење на ударни дупки,општината ќе се потруди да бидат опфатени сите отворени дупки на собирните и станбените улици


 

Име и Презиме: Марија Попова

Датум: 11.07.2013

Прашање: На улица Маркова река во нас. Драчево има голема дупка која е пожелно да се асвалтира

Одговор: Во моментов во нас.Драчево се затвораат сите ударни дупки,па сигурно и оваа ќе се земе во предвид.Доколку мислите дека нема да биде третирана обратете се во МЗ и на Секретарот објаснете му каде точно се наоѓа


 

 

Име и Презиме:Иван Митровски

Датум: 11.07.2013

Прашање: Почитувани,Ако може да ми помогнете или да ми кажете како да направам Пренамена на Деловен во Станбен простор. Дали треба нешто да се плати или да се поднесе некое барање.

Одговор: За да направите пренамена потребно е да доставите барање за одобрение за пренамена во Секторот за урбанизам и просторно планирање. Со барањето треба да доставите Основен проект за пренамена, извод од план, имотен лист за објектот и уплатница со уплатена административна такса


 

Име и Презиме:Савица Старковска

Датум: 10.07.2013

Прашање: Што е потребно да се направи да имам увид во ДУП или тоа е слободно (како во о.Аеродром во приемни денови). Воедно не барам извод од ДУП, туку само увид (на местото каде поседувам стан). Но може да ме информирате и за постапка за извод од ДУП, локација мегу ул.Б.Трајковски и Божидар Аџија

Одговор: Во приемен ден можете да дојдете во барака 3 соба бр. 5 за да извршите увид во ДУП на територијата на Општина Кисела Вода.Треба да ја знете катастарската парцела, катастарската општина, улица и број . На увидот неможе да Ви се издаде било каков документ.За да добиете извод од дуп во Архива на Општина Кисела Вода се поднесува барање и ке приложите имотен лист и копие од катастарски план

 


 

Име и Презиме: Весна Николовска

Датум: 10.07.2013

Прашање:Дали општината планира да организира собирен пункт за стара облека

Одговор: Општина Кисела Вода секогаш ја искажува хуманоста, помошта и грижата за граѓаните. Во своите програми приоритетно е и одржување на  хуманитарни акции како што се и собирање на облека , храна и сл. за потребите на граѓаните. Последната хуманитарна акција се одржа на 29.06.2013 г во соработка со Хуманитарното здружение на ,,Кралицата Есма и Стево Теодосиевски. Граѓаните се известуваат  преку соопштенија облеката да ја доставуваат во кутии до најблиските месни заедници.И овој пат граѓаните ја искажаа својата хуманост. Општина Кисела Вода продолжува со хуманитарните акции, за кои граѓаните ќе бидат блаоговремено известувани преку соопштенија и веб-страната на Општина Кисела Вода

 


 

Име и Презиме: Владо Павлоски

Датум: 07.07.2013

Прашање:

Почитувани, Сакам информација за одредени прашања во врска со единствената еднонасочна улица но населба Драчево (ул.Димитрија Чупоски - мислам се вика): - Зошто застана и кога ќе продолжи сечата на високите гранки на кои се вгнездуваат гаврани, чавки, страчки...? Убаво би било кога би се продолжило со кастрењето на високите гранки дури до полициската станица. - Дали некој се обидел по таа иста улица да се движи по тротоарот наменет за пешаци??? Секако дека НЕ - бидејќи такво нешто не постои. Ме интересира дали е во план да се постави тротоар по кој сите пешаци, мајки со деца, баби со внуци и лица со посебни потреби ќе можат безбедно да се движат и да стигнат до паркот полн со забава за деца (или до пазарот или поликлиниката - во спротивна насока)? - Тоа е улица која води кон плоштадот на нас. Драчево и несносливата смрдеа од контејнери, птици и проблемот со тротоарот кој претходно го спомнав, го руши урбаниот имиџ кој мојата населба го носи. Ве молам во најкраток рок да понудите решение за гореспоменативе проблеми, а бенефитот од тоа ќе го почувствуваат сите граѓани на Драчево, а не само жителите на спомнатата улица Со почит, Владо Павлоски

Одговор: 

Почитуван,

Се надеваме дека сте сведок на реконструкцијата што се прави на тротоарот,дрвата ќе се продолжи да се сечат на почеток на есента,бидејќи сега може само да ја уништиме вегетацијата


 

Име и Презиме: Владо Павлоски

Датум: 07.07.2013

Прашање:Почитувана градоначалничке,Ме интересира каде можам да го најдам и разгледам деталниот урбанистичк план на мојата општина (секако во електронска форма)? Дали можеби тоа е документ со класифицирана содржина?

Одговор:За секој дел од територијата на Општина Кисела Вода во барака 3 соба бр 5 во приемни денови можете да побарате увид за некој дел кој Ве интересира, Во дигитална форма нашиот сектор неможе да Ви достави.


 

Име и Презиме: Владо Павлоски

Датум: 07.07.2013

Прашање:

Почитувани,
Сакам информација за одредени прашања во врска со единствената еднонасочна улица но населба Драчево (ул.Димитрија Чупоски - мислам се вика):
- Зошто застана и кога ќе продолжи сечата на високите гранки на кои се вгнездуваат гаврани, чавки, страчки...? Убаво би било кога би се продолжило со кастрењето на високите гранки дури до полициската станица.
- Дали некој се обидел по таа иста улица да се движи по тротоарот наменет за пешаци??? Секако дека НЕ - бидејќи такво нешто не постои. Ме интересира дали е во план да се постави тротоар по кој сите пешаци, мајки со деца, баби со внуци и лица со посебни потреби ќе можат безбедно да се движат и да стигнат до паркот полн со забава за деца (или до пазарот или поликлиниката - во спротивна насока)?
- Тоа е улица која води кон плоштадот на нас. Драчево и несносливата смрдеа од контејнери, птици и проблемот со тротоарот кој претходно го спомнав, го руши урбаниот имиџ кој мојата населба го носи. Ве молам во најкраток рок да понудите решение за гореспоменативе проблеми, а бенефитот од тоа ќе го почувствуваат сите граѓани на Драчево, а не само жителите на спомнатата улица
Со почит,
Владо Павлоски

Одговор:

Почитуван,

Се надеваме дека сте сведок на реконструкцијата што се прави на тротоарот,дрвата ќе се продолжи да се сечат на почеток на есента,бидејќи сега може само да ја уништиме вегетацијата


 

Име и Презиме: Јован

Датум: 07.07.2013

Прашање: Почитувани во името на група родители на деца кои учат во училиштето К.Ј.Питу, побаравме разговор со директорката на тема, отварање на портите на школското  игралиште во  дворот. Одговорт нејзин беше, дека дворот мора да се оджува и  дека играта е дозволена само во термини кои таа ги одредила. Барањето од наша страна е  едноставно,  дворот и игралиштето  да бидат отворени за игра и релаксација на децата. Уште полошо е што најголем број од децата пак се во дворот но влезени преку опасните отвори во оградат што ги прават. Отворените училишни дворови сигуно барат повеќе грижа од сртана на менаџерката на школото, но сигурно е дека  за сметка на слободата на децат кој би ја уживале и во така стеснетите простори за игра треба да и биде посебен императив. Со израдбата на стамбена зграда ( под чудни околности ) на единственото игралиште од овој реон  во близина на школото состојбата во овој дел од населбата знчително се влоши. Веруваме дека градонцалникот ќе најде сила и обид да  реагира и помогне  за враќање  на   слободата на децата  во Општината. Благодарам за разбирањето.

Одговор:

Почитувани,

ООУ,,Кузман Јосифовски Питу”во својата долгогодишна работа како основна цел го има императивот на учениците.Доказ за тоа е комплетно реновирано училиште кое ги задоволува највисоките критериуми за одвивање на воспитно образовната работа. Дворовите во централното и подрачното училиште се наменети за игра и релаксација и слободни активности но не и за уништување на тревнатите површини оплеменети со цвеќиња и украсни растенија од несовесни граѓани кои ги шетаат своите миленичиња и воедно претставуваат и потенцијана опасност по здравјето на сите ученици.Исто така  перманентно се случува   уништувањето на фасадата на училишните објекти,заштитните огради ,клупте и другиот надворешен инвентар,а во вечерните часови дворот служи за собирање на лица кои конзумираат алкохол,пушат цигари и целокупниот отпад го оставаат и расфрлаат низ училишниот двор,кој што двор во предпладневните часови треба да служи за игра на најмалите.Соочувајќи се со овие проблеми на секојднено уништување на дворовите на училиштето, а земајќи го предвид здравјето,правилниот психофизички развој на нашите деца училишниот двор во централното училиште е отворен во текот на десет месеци во годината,започнувајќи од 15-ти август до 1-ви јули од 6 часот наутро до 20 часот,период кога нашиот персонал води грижа за одржувањето.

Знаејќи ја важноста на физичкиот и социјалниот развој на децата сметавме дека децата треба да имаат место за нивните игри и затоа на оддалеченост од 10 минути пеш од централното училиште е нашето подрачно училиште каде обезбедивме услови за слободни детски игри со изградба на детско рекреативно игралиште,целосно реконструирано во јуни оваа година,соодветен парк со клупи и зеленило,повеќе функционално игралиште за деца и младинци кои што се постојано отворени односно достапни за сите оние кои сакаат да го користат без никакви ограничувања освен во градењето на колективната свест за нивно чување.

Се надевам дека Вие како  родители ќе имате разбирање за овој период од годината и дека Вашите најмили ќе ги однесете токму во нашиот отворен детски рекреативен центар кој што се наоѓа над црквата св.Петка и заедно ќе уживате во летните игри и дружења.


 

Име и Презиме: Кристијан

Датум: 06.07.2013

Прашање: Дали може на кошаркарското игралиште во н. Драчево кај аптеката Зегин да ставите рефлектори? Со тоа би можело во летниот период да се спортува и до 22 - 23 часот

Одговор: 

Може да се постави рефлектор откако ќе ни доставите потпишана изјава од жителите на околните куќи дека се согласуваат да има рефлектор и во вечерните часови кошаркарското игралиште да се користи


 

 

Име и Презиме: Силвана Левајковска

Датум: 06.07.2013

Прашање:Ве молам за јасно изложување од ваша страна - Кога ке почне да се реализира ДУП за Кисела Вода и (како што знам дека на град Скопје е целосно усвоен - до каде е во општина Кисела Вода). Посебно ме интересира за предвидените урбанистички работи на ул. Невена Георгиева - Кисела Вода и (кај рампата). На вашиот сајт ништо не може да се види во врска со овој дел на ДУП.

Одговор:Територијата на Општина Кисела Вода е поделена на четврти кои се одредени со веке донесениот ГУП. Но Градот Скопје сеуште го нема донесемо ГУП-от по регулациони линии каде четвртите ке бидат поделени по квартови. За вашата четврт за две до три недели ке биде изложен на јавна презентација во месната заедница каде ке можете да го видите и да дадете свои забелешки. На веб страна  се објавува само усвоен ДУП


 

Име и Презиме: Маја Ивановска

Датум: 06.07.2013

Прашање:Значи ова со основното училиште во Драчево е ГОЛЕМА СРАМОТА!!!!!! Значи што да прашам.....па да ве прашам дали да го отпишам моето дете од невидливото училиште Рајко Жинзифов тоа вие да ми објасните.Па нели ви е срам , да правите триста глупости по Драчево а за деца кои што треба да се школуваат во нормални услови , они сепак во НЕНОРАМАЛНИ услови пак ќе се школуваат....Дали ова прашање го засегна некој од општината??? Дали Директорот на училиштето се потегна па да заземе став и да се среди ова што треба тука ..... Дали новата МАЈКА на општината се
загрижи за училиштето???
Значи сега се прави и се гради , но неееееее вие тоа ќе го почнете зимно време и после оооооо времето не се погоди да да тоа е цццццц СРАМОТА

Одговор: 

Почитувана Г-ѓа Ивановска,

Активностите за изградба на нова училишна зграда за О.У. Рајко Жинзифов ќе завршат кон средината на 2014 година, поради проблеми со усогласување на техничката докумантација. Општината ги презема сите потребни активности за надминување на овој проблем, при тоа запознавајќи ги сите надлежни институции со проблемот со кој се соочивме.

Во овој момент проблемот е надминат, техничката документација е усогласена согласно позитивните законски прописи во Република Македонија, подготвителните работи се завршени и поголемиот дел од материјалите потребни за изградба на новата училишна зграда се пристигнати во Република Македонија. Во краток рок очекуваме продолжување на градежните активности, со што во септември 2014 година децата новата учебна година би ја започнале во нов објект.

 


 

Име и Презиме: Катерина

Датум: 06.06.2013

Прашање:

 Кажете ми колку изнесуваат комуналиите за метар квадратен во населба Пинтија? 

Одговор:

 

Од 25 до 100 евра во зависност каде се наога објектот односно која зона.


 

 

Име и Презиме: Васка Богдановска

Датум: 05.07.2013

Прашање: Почитувани ,Ве молам да ми одговорите до каде е решението за рушење на старите куќи на потег од ул.Жил Верн и ул. Трпе Петровски ? Ве молам за исцрпен одговор а не официјален. И уште нешто .Овој линк http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=251 кој го давате да се проверат одлуките не е во функција.Зошто ? Поздрав се надевам дека искрено ќе одговорите .

Одговор:Бидејќи се работи за објекти изградени од постар датум  со донесување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти(Службен весник на РМ бр.23 од 25.02.2011) и Законот за изменување и дополнување на овој Закон (Службен весник на РМ  бр.54 од 14.04.2011год) се наметнува постапка според член 1 и член 2 став 2  од овој Закон и во согласност од тоа како ќе се примени Законот ќе постапиме или не по чл.24 став 1 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти.

 


 

 

Име и Презиме: Весна Петкова

Датум: 02.07.2013

Прашање:Дали и кога ке има дислкоција на ромите од позади зградата на Илинден. Состојбата станува алармантна бидејки се вршат физиолошки и секакви потреби во и околу зградата

Одговор:Ве известуваме дека  изминатите години перманентно се врши  уривање на дивите населби чистење на сметот и иселување на ромите но за жал тие повторно се враќаат. Секојдневно се вршат контроли на теренот. Со отстранување на објектот на фабриката Цветан Димов ќе се реши и  проблемот со сметот и ромите

 


 

Име и Презиме: Лазаревска

 Датум: 02.07.2013

Прашање:Јас ви напишав едно прашање на 27.06.2013 но гледам дека не ми одговоривте.Знам дека необјавувате непристојни прашања,а моето беше баш пристојно.Ке го повторам:прашав за еднократната помош за новороденчиња.Зошто истата неби важела за сите деца родени во 2013г. туку од 20.06.2013.Мислам дека треба да земете пример од другите општини каде даваат за целата тековна година.Мислам дека треба да ја преиначите вашата одлука и да ги израдувате сите ваши новородени жители на опшина Кисела Вода

Одговор:

Одлука за доделување на еднократна парична помош на семејства со новороденче на подрачје на Општина Кисела Вода од 20-06-2013год. до 31-12-2013год. е донесена на Седница на Совет на Општина Кисела Вода, одржана на ден 20-06-2013 година и  истоимената Одлука  стапува на сила со нејзино донесување, со самото тоа истоимената одлука неможе да се применува ретроактивно. Оваа активност, Општина Кисела Вода ќе ја  продолжи и во годините што претстојат.

 


 

Име и Презиме: Ц.Ојлевски

Датум: 27.06.2013

Прашање:Почитувани , Ве молиме да не информирате до која фаза дојде отстранувањето на диво населените Роми во м.з Цветан Димов затоа што вчера точно кога попуштија летните температури , повторно бевме задушени од чад на изгорена пластика ..... После вашата успешна акција од пред некој месец , истите тие сега повторно почнаа пак да се враќаат ....Ве молиме за брзо и ТРАЈНО решение 

Одговор:Ве известуваме дека  изминатите години перманентно се врши  уривање на дивите населби чистење на сметот и иселување на ромите но за жал тие повторно се враќаат. Секојдневно се вршат контроли на теренот. Со отстранување на објектот на фабриката Цветан Димов ќе се реши и  проблемот со сметот и ромите


 

Име и Презиме: Лазаревска

 Датум: 20.06.2013

Прашање:Кога ќе има презентација на измената на ДУП за населба 11 Октомври-Бараки

Одговор: Во вторник и петок Секторот за урбанизам и просторно планирање е отворен за странки, Повелете кај нашите референти за да казете точно за кој ДУП станува збор. Дали се работи за пооделни делови од 11 Октомври Бараки или за цела Градска четврт која се носи врз основа на ГУП от.

 


 

Име и Презиме: Јовица Миљковиќ

 Датум: 30.06.2013

Прашање:Почитувани, Живеам во Драчево. Дали поставувањето на бетонска плоча на местото на постојниот покрив подлежи на вадење градежна дозвола. При тоа, просторот нема да се користи како тавански простории. Благодарам однапред

Одговор:,    Во вторник и петок Секторот за урбанизам и просторно планирање е отворен за странки, Повелете кај нашите референти за да Ви кажат за каков вид на реконструкции се бара одобрение или Решение


 

Почитувани, Ве молам за информација во врска со дивата градба на ул. Виктор Иго. Онаа зграда каде што може да се врши нужда и да се фрла   отпад веќе неколку години. Пред 2 години рекоа дека работат на случајот и ме интересира до која фаза се надлежните. Ве молам потрудете се за некој конкретен одговор, или доколку имате капацитет може и состанок да закажеме.
Со надеж,

Одговор: Почитуван г-дине Русевски, Во Секторот за Урбанизам на Општина Кисела Вода се работи на измена на Деталниот Урбанистички план со што ќе се реши и проблемот со објектот на ул.Виктор Иго. Ви благодариме на разбирањето.
Поздрав  


 

 

Име и Презиме: Васко Русевски,

 Датум: 25.06.2013

 
   
Почитувани, ќе ве замолам дали ќе може некако да се реши проблемот со блокадата на патот во Пинтија, ни се одзема многу време на нас граѓаните од населба Драчево за да стигнеме до работа или за други ообврски што ги имаме до центарот на градот Скопје. Однапред ви благодариме!

Одговор: Почитувана Г-ѓа Стојановска, Општина Кисела Вода ги презема сите можни мерки како би се овозможил проток на возила на бул. Борис Трајковски. Остваривме средба со сообраќајната полиција и замоливме да бидат пропуштани возила од бул. Србија до првата рампа на фабриката Охис. Како и да е, од полицијата добивме одговор дека штрајкот е уредно најавен и немаат можност да ни излезат во пресрет и да ги отстранат блокадите. Ние искрено го разбираме Вашиот проблем и верувајте дека сите се соочуваме со истиот. За жал целата оваа ситуатија е надвор од наша надлежност и ние немаме никаков инструмент како би Ви излегле во пресрет и би го решиле овој проблем.  
 

Име и Презиме: Весна Стојановска,

 Датум: 24.06.2013

   
      koga ke bidat dadeni parite na lugeto sto bea angazirani na izborite na kutiite od togas pominaa nekolku meseci cekam odgovor odnapred vi blagodaram

Одговор: Почитувана Г-ѓа Латина, Советот на Општина Кисела Вода донесе одлука за исплата на средства, меѓутоа сеуште сме во очекување на одговор од ДИК, како би се разјасниле некои недоразбирања околу исплатите за вториот круг од овие локални избори.  
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

 Датум: 23.06.2013

   
Сакам да прашам зошто програмата од Културното Лето "Три Круши" целосно е сменето ? И зошто  е наречено Бранувано ?

Одговор: Почитувана Г-ѓа Спасовска, Овогодинешното “Бранувано Културно Три круши 2013-то лето” е конципирано како би се задоволиле сите вкусови. Преку детскиот фестивал и театарска претстава за најмалите,  концерти на музички групи како ДНК, Силви бенд, Синтезис и други , театарски престави изведени од Драмски театар, Театар комедија и Тетатрот за деца и младинци, до целовечерни концертни  изведби на многу наши реномирани уметници (Драган Даутовски, Миле Кузмановки, Војо Стојановски, Андријана Јаневска....). Токму од овие причини оваа година програмата е променета, со вклучени нови елементи во истата, со што искрено веруваме дека ќе ги задоволиме вкусовите на сите граѓани на нашата општина. Бранувано е затоа што освен на досегашната локација се дисперзира на повеќе локации во Општина Кисела Вода. Врпочем тоа и беше едно од барањата на жителите на Општина Кисела Вода.  
 

Име и Презиме: Лора Спасовска,

 Датум: 22.06.2013

   
На страницава постојано објавувате вести за седниците на советот на општината и нивниот дневен ред. Ме интересира одлуките што ги носи советот зошто не се објавуваат на вебот?

Одговор: Почитуван г-дине Миле, Донесените Одлуки на Советот на Општина Кисела Вода се објавуваат на веб-страната, веднаш откако ќе станат правосилни, односно ќе се објават во Службенио Гласник на Општината. Во прилог е линкот со донесените и објавени Одлуки на Советот на Општина Кисела Вода: http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=251 
 

Име и Презиме: Миле,

21.06.2013

   
Почитувани
Би сакала да ме информирате кој е должен да преземе мерки (дали тоа сте вие како општина) во врска со несовесни граѓани кои во зграда на тераси самите си имаат поставено одвод да си ги мијат својте тераси неводејки сметка дека додека си ја мијат својата тераса прљавата вода паѓа на другите тераси и прави хаос и со културното укажување тие повторно продолжуваат. Колку што сум информирана согласно Законот такви работи се недозволени.Ве молам да ми дадете насоки како да се реши овој проблем можеби за вас ке биде и смешно но верувајте воопштно не е пријатно да Ви се прави лом цела тераса со прљава вода. ТЕРАСИТЕ СЕ БРИШАТ ВО ЗГРАДИ а не се мијат затоа и  терасите на зградите се правени без одвод.
Се надевам дека ќе добијам одговор. Со почит

Одговор: Почитувана г-ѓо Тешиќ, потребни се конкретни податоци улица, бр. на зграда, тел. или најдобро да поднесете пријава. Имајте убав ден.  
 

Име и Презиме: Ирена Тешиќ,

 Датум: 20.06.2013

   
Почитувани, каде да се обратиме за големата бучава што ја прават станарите од соседната зграда што е на три метра од нашите прозори и тераси под кои тие играат со своите деца и немаме мир секое попладне од 17 до 22 часот.

Одговор: Почитуван г-дине Димитровски, За нарушување на јавниот ред и мир треба да се обратите до најблиската полициска станица. Имајте убав ден.  
 

Име и Презиме: Зоран Димитровски,

 Датум: 18.06.2013

   
Почитувани,
на улицата Франк Харкорд-Манинг во периодот кога се градеше пазарчето спроти маркетот Тинекс беше извршен прекоп на коловозот. Истиот подоцна е покриен со павер елементи како поефтинo и побрзо решение.
Како што се очекуваше, павер елементите пропаднaа и сега на истотo место зјае дупка со длабочина и до десетина сантиметри.
Бидејќи станува збор за фреквентна улица, Ве молам да реагирате и прекопот да биде соодветно саниран (асфалтиран) со што улицата ќе биде вратена во првобитната состојба.

Одговор: Почитуван г-дине Тони, Општината веќе заврши со изборот на фирма која ќе ги санира улиците така да во наредниот период ќе пристапи кон санирање на сите ударни дупки и прекопи. И ова Ваше барање ќе го земеме во предвид. Поздрав и имајте убав ден.  
 

Име и Презиме: Тони,

 Датум:18.06.2013

   
      Pocituvani,
Veke vtor den ul. Mihail Chakov nema ulicno osvetluvanje i se dvizime po temnica.Toa e na potegot od toplana do market "Cibus" Kolku dena na nadleznite im e potrebno da izlezat na teren i da go popravat ulicnoto osvetluvanje?

Одговор: Почитувани, Во врска со вашето известување за дефект на јавното улично осветлување на ул."Михаил Чаков", Ве известуваме дека е постапено по Вашето барање и дефектот е отстранет. Што се однесува до времето за кое екипите постапуваат, со почит Ве известуваме, дека веднаш откако ќе добиеме информација за дефектот, им се издава налог на сервисните екипи, кои во зависност од дефектот го санираат во рок определен со договорот, но не повеќе од 3 дена од добивање на налогот. 
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум :16.06.2013

   
      projde i pola juni a od vodata vo pintija ni traga .toa sto go vetivte na sostanokot vo pintija go nema nigde .pa zatoa ve molime da reagirate do vodovod kako sto ni vetivte deka ova leto sekoj dom ke ima voda.pozdrav imajte prijaten den.

Одговор: Почитуван г-дине Василевски, екипите на ЈП "Водовод и Канализација" веќе работат на терен и ја полнат и хлорираат мрежата, а наскоро ќе се започне  со приклучувањето на куќите. Ви благодариме на разбирањето и имајте убав ден.  
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум :15.06.2013

   
Почитувани , дали Општина Кисела Вода доделува субвенции за одгледувачите на пчелни семејства ?

Одговор: Почитуван г-дине Вагнеларов, Општина Кисела Вода не доделува субвенции наменети за земјоделци, односно за одгледување на пчелни семејства. За таква информација обратетет се кај надлежните во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Имајте убав ден.
 
 

Име и Презиме: Јово  Вагленаров,

Датум :14.06.2013

   
Почитувани, Живеам на улуца Ѓеорги Димитров бр.66, па сакам да ве прашам дали ке организирате кастрење на да дрвата што се на самата улица и преставуваат опасност од кршење и правење на матерјална штета на возилата, и лугето ако се во непосредна близина. Дрвата се стари веке повеке од 45 години. Кастрењето на дрвата е пожелно и поради осветлувањето на улиците, вака зашумени улиците се темни не безбедни. Ке ве молам превземете активности во таа област , да не дојде до несакани последици.

Одговор: Почитуван г-дине Васко, во почетокот на месец јули ќе се изврши кастрење на гранките во соработка со ЈП "Паркови и зеленило". Имајте убав ден.  
 

Име и Презиме: Васко,

 Датум:14.06.2013

   
      pocituvani                                                                                                      sakam de prasam dali ulicite vo usje nekogas ke se asaltiraat ili i ponatemu ke gazime po kal i pokraj mnogute vetuvanja.ili nie ne sme gragani na kisela voda .pozz     

Одговор: Почитуван г-дине Влатко, Во втората половина на месец јуни започнуваме со санација, крпење на ударни дупки и реконструкција по улиците на територија на Општина Кисела Вода. Вашата забелешка ќе ја земеме во предвид. Имајте убав ден.       
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум: 13.06.2013

 

 

Почитувани, Би сакала да ве прашам дали во општина Кисела Вода ќе се реализира продавање на плацови на аукција за оние фамилии што немаат никаков имот на свое име?

Одговор: Почитувани, Во Општина Кисела Вода продажбата на плацеви во сопственост на Република Македонија се реализира врз основа на Јавно наддавање кое се објавува на интернет страницата на Општина Кисела Вода, во два дневни весници и на интернет страницата за земјиште. Имајте убав ден. 
 

   Име и Презиме:

   Датум: 11.06.2013

 
   
Би сакал да ве замолам некако да се интервенира до Фабриката Усје бидејќи во последно време емитува неподнослива бучава, доколку не е во ваша надченост би ве замолиле истото да го препратите до оние кои се надлежни. Однапред Ви благодарам

Одговор: Почитувани, Ве известуваме дека надзорот врз емитувањето на бучавата од фабриката ОХИС е во надлежност на Државниот инспекторат при Министерството за животна средина и просторно планирање. Вашето барање ќе биде пренесено до надлежните. Имајте убав ден. 
 

Име и Презиме:Нино Паунов,

Датум: 11.06.2013

   
Почитувани,
Би сакала да прашам дали оваа година ќе следува паричен надоместок за првороденче, бидејќи како што разбрав секоја општина дава одредена сума на еднократна парична помош на секоја прворотка. Во изминатите години општината не даваше парична помош, се надевам дека оваа година со новиот градоначалник овие работи ќе се променат.
Одговор: Почитувана,
Општина Кисела Вода е во процедура на донесување на Програма за паричен надомест за секое новороденче во општината.
Истата се очекува да биде усвоена на некоја од наредните седници на совет, како би се започнало со исплата некаде во втората половина на јули.
Поздрав,
Со почит.  
 

Име и Презиме: Ирена,

Датум:11.06.2013

   
Почитувани ,
Прво , Ве молам да интервенирате со драконски казни за  граѓаните кои без никаков осет за градски урбан живот ги шетаат своите домашни миленичиња со единствена  намера да нивните физиолошки потреби ги остварат пред нашите дворови ,јавни тротоари и улици. Предлагам , тој што шета куче без лопатка и кесе во рацете да биде казнет на лице место а парите собрани од таа намена да се потрошат на ново парковско зеленило во Општината , секаде каде тоа е можно се разбира.
Срдечен поздрав ...
Одговор: Општината неможе да реагира според Вашите предлози бидејќи сме обврзани да постапуваме  според прописите и предвидените законски казни од Законот за комунална хигиена. 
 

Име и Презиме: Ц.Ојлевски,

Датум:10.06.2013

   
      Pocituvani , bi sakal da se nadovrzam na diskutantot podolu koj diskutirase na temata Romi vo Cvetan Dimov Fabrilkata a voedno i da prasam za slednoto : Romite koj opstinata i drugi organi se trudat istite da gi dislociraat ili izbrkaat od fabrikata , istite se vseluvaat vo zgradata na ul Viktor Igi i draga stojanova , taka da nisto ne se postignuva , od edno mesto se brkaat na drugo se vseluvaat , vo taa zgrada e vistinski Horor , gjubre, romi , izmet, i sto uste ne , nikoj nisto dosega ne prevzel okolu taa zgrada , a gragjanite koi sto ziveat vo okolinata trpat mnogu neprijatna mirizba , galama , tepanje megju  romite , MOLIME NESTO DA SE STORI , vo nekolku navrati apeliravme no nikoj-nisto , barem da se ogradi objektot , pozdrav
Одговор: Ве известуваме дека се работи на организирање на уривање на фабриката Цветан Димов и заградување на просторот 
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум:10.06.2013

   
Почитувани, поминаа веке сите ветени рокови за санирање на ил.Првомајска 4 во населба Усје. Оваа улица е комплетно раскопана повеке од 2 години поради воведување на нова водоводна мрежа. Истата е воспоставена, куќите се веќе приклучени а улицата од ден на ден тоне и веќе сериозно се доведува во прашање безбедносто движење по истата со автомобил, па и пешки. Непосредно пред изборите од претставници на општината беа презенирани и платени фактури за обезбеден асфалт за траса од 800 метри. Навистина е крајно време да се преземе нешто бидејќи револтот на луѓето кои живеат во повеќе од стотина куќи на оваа улица е евидентен. Ве молам информирајте ме за реалната ситуација и евентуално планираните мерки и активности кои е неопходно да бидат преземени од ваша страна. Однапред Ви благодарам 
Одговор : Почитувана, По завршување на објавениот тендер за санирање на улиците и избор на фирма која ќе работи за општината ќе пристапиме кон санирање на улицата. Благодариме на трпението 
 

Име и Презиме: Десанка Донева,

Датум: 07.06.2013

   
Почитувани, ме интересира дали од општината следува еднократен паричен надоместок за новороденче. До сега имам дознаено дека во сите општини следува, освен во општина Кисела Вода. Дали е тоа точно?
Одговор: Почитувана,
Општина Кисела Вода е во процедура на донесување на Програма за паричен надомест за секое новороденче во општината.
Истата се очекува да биде усвоена на некоја од наредните седници на совет, како би се започнало со исплата некаде во втората половина на јули.
Поздрав 
 

Име и Презиме: Наташа,

Датум: 07.06.2013

   
Почитувани ,
Живееме на самиот влез од Центарот на град Скоје во општина К.Вода и не смееме ни надвор да излеземе , зошто се шири неподнослива реа од диво населените Роми во поранешната сапуњара Цветан Димов. Прво беа само тие а сега и другите што претходно имаа ‘шаторска‘ населба во поранешна Пелагонија ,им се придружија и сега истите тие  се спуштија до влезот на фирмата Сивус . Како што времето се затоплува ситуацијата станува ужасно  неподнослива , плус улиците ни се полни со коњска фекалија поради нивните запрежни возила . Неколку пати интервенираше полицијата заради нарушување на јавниот ред затоа што стануваат се поагресивни а реагираше и против- пожарната бригада бидејќи им се запали огромниот куп од пластична депонија што ја собираат ....
Пред да постанеме потенцијално жариште на зараза Ве молиме за брза интервенција ....
Одговор: Ве известуваме дека перманентно организираме со помош на полицијата отстранување на сите кој доаѓаат на посочената локација за собирање на смет отпадоци и други материјали и истите ќе бидат отстранети – избркани .Организирањето за отстранување ќе продолжи и понатака за сите дојдени во иднина.

 
 

Име и Презиме: Лидија Тасињо,

Датум: 06.06.2013

   
Дали е во ваша надлежност за интервенција на незаконско одгледување животни во населбата Усје. Ако е во Ваша надлежност Ве молам да превземете некои мерки, бидејќи кога се високи температурите не се седи надвор од смрдеа
Одговор: Ве известуваме дека во рурални средини како Вашата е дозволено чување на животни и добиток. 
 

Име и Презиме: Марио ,

Датум: 05.06.2013

   
Почитувани,
Имајќи во предвид актуелноста на енергетски ефикасни домови како и акцијата на општина Центар за обновување на фасадите на определени згради (а со тоа и зголемувајќи ја енергетската ефикасност на истите), би сакал да ве прашам дали Општината има план и буџет за ваква реконструкција во наредниот период.
Одговор: Почитуван, Општината нема толкава финансиска сигурност за да може да предвиди и реконструкција на постоечки фасади. Со почит
 
 

Име и Презиме: Гоце,

Датум: 05.06.2013

   
      Dali ke se prodolzi rekonstrukcijata na ulicata Boris Trajkovski, ulicata e premnogu frekfentna, se stvaraat ogromni guzvi. Bi sakala da mi odgovorite dali e vo plan i od koga ? voedno Ulicata Zarko Zrenjanin vo nas. Dracevo po nejzino prekopuvanje, veke edna godina e ostavena taka, dali ke se prodolzi so rabota ili ke se sanira, do koga ke gazime i vozime po dupki i kalovi ?
Одговор: Почитувана, По завршување на граде/ните зафати по ул.Жарко Зрењанин ќе се пристапи кон нејзино санирање 
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум: 05.06.2013

   
      Pocituvani Do minatata nedela sekoj vtornik i petok graganite od naselbata Dracevo ne mozat da stignat do svoite rabotni mesta poradi strajkot na nekogasnite vraboteni od fabrikata Ohis. Se koristat nekoi pomosni patcinja niz seloto dolno Lisice, soobrakajot e oteznat, se sozdava ogromna guzva, docnime na rabota so casovi.Ovaa nedela pocnaa so sekojdnevni strajkovi. dali opstinata ima ingerencii da prevzeme nesto bidejki ne moze iljadnici luge da trpat poradi revolt na dvaesetina nevraboteni lica. mislam deka opstinata treba da prevzeme nesto za da gi zastiti svoite gragani 
Одговор: Почитувана,
Општина Кисела Вода нема надлежност и ингеренции по основ на штрајкот кој секојдневно се организира пред фабриката Охис.
Ние како локална самоуправа испративме молба до сообраќајната полиција да ги пропушта итните случаи и оние кои се обраќаат на потегот од
Булевар Србија до првата капија на фабриката Охис. Доколку имате некаква сугестија за тоа како би можеле да го решиме ова прашање, кое не засега сите нас лично, Ве молиме писете.
Поздрав 
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум: 05.06.2013

   
      Nasata zgrada treba da se renovira no sobiranjeto na sredstva odi mnogu bavno ( okolu 2000 den mesecno). Bankite ne davaat kredit za kukni soveti iako ne vodi nadvoresna firma. me interesira dali postojat nekoi drugi nacini za kreditiranje ili nekakvi megjunarodni fondovi kako USAID koi dejstvuvaat samo vo Karpos.
pozdrav
Одговор : Почитуван,
Фондовите на УСАИД не делуваат само на територија на општина Карпош.
Напротив со средства од проект на УСАИД беа реновирани прозорците на О. У. Кирил Пејчиновиќ. Ние како локална самоуправа досега не сме слушнале за фонд (странски или домашен) кој финансира или кредитира објекти кои не се од јавен карактер. Да бидеме појасни-фондовите подржуваат училишта, градинки, пензиски домови и слично. Одржувањето на зградите е работа на куќните совети.
Поздрав 
 

 Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум: 04.06.2013

   
      Pocituvani Postoi li nekoja organizacija za zastita na deca i ludje od kucinja? Vo Pripor na ul. Sava Kovacevic 24/11, odgleduvaat golem broj (20-30) krvolocni rasni kucinja. Mojata kuca e lepenka so nivnata i mozete da zamislite kolku e toa opasno za nas. Terasata ne mozeme da ja koristime zatoa sto mnogu lajat i mozat da preripaat zatoa sto e nisko, a i se siri nepodnosliva mirizba. Mirizbata se cuvstvuva i vnatre vo kucata. Sekade naokolu von nivnata ograda, se rasfrlani cebinja i razni partali na koi kucinjata vrsele nuzda, crni kesi polni so djubre. Imame malo dete i bremena zena i pocnavme sekade da barame zastita. Ova trae 2-3 godini, povece ne mozeme da izdrzime. Ima li propis na kolkavo rastojanie od kuci e ova dozvoleno. Kako majka na moite deca, za da gi zastitam moram sekade da se obratam. Ve molime pomognete ako imate nekoja nadleznost vo vrska so ova.
Одговор: Ве известуваме дека е потребно да се обратите во Агенцијата за храна и ветеринарство. 
 

Име и Презиме: Зорица Мицевска,

Датум: 04.06.2013

   
Почитувани,
гледам дека постојано има коментари за улицата во населбата Расадник која се сече со улицата Народни херои. Имено, улицата е необележана,  без дефиниран сообраќаен режим,  без било каква хоризонтална или вертикална сигнализација,  без обележани пешачки премини... Најлошо од се е што улицата се користи како паркинг и функционира еднонасочно поради тоа што не е доволно широка за да може да се разминат две возила кога на истата има паркирано друго возило. Бидејќи за дефинирање на сообраќаен режим задолжен е Град Скопје,  ги контактирав токму нив. Од таму добив информација дека е изработен проект за сообраќајно решение и истиот е доставен доОпштина КиселаВода за имплементација. Со оглед дека станува збор за многу фреквентна улица која ја користат илјадници жители од населбата Расадник, неимплементирањето на соодветниот проект за хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација ја остава оваа улица во сива зона. Незаинтересираноста на Општина Кисела Вода за решение на проблемите на своите граѓани е навистина зачудувачки. Прв прашање е како воопшто е направено свечено отварање на улицата без имплементација на сообраќајен режим. Постапка со која се игнорираат законски одредби доведува до тоа Општината да личи на рурална провинција,  на Авганистан! И не е работа на сообраќајната полиција да се справува со паркираните возила во услови кога за улицата НЕ ПОСТОИ решение за сообраќаен режим.  Можеби според проектот таму е предвидено паркирање на улица,  можеби улицата е еднонасочна... Никиј тоа не го знае додека Општина Кисела Вода не го имплементира проектот. Затоа,  наместо да пишувате неразумни и паушални одговори,  фатете се за работа,  седнете и сработете си ја работата за која сте ангажирани!
Одговор : Почитуван,За да може Расадникот во целост да се уреди односно да се изградат паркинзи каде ќе можат граѓаните непречено да паркираат,или да се постави вертикална и хоризонтална  сигнализација потребно е во целост да се урбанизира овој простор односно да се изготват ДУП-ови во кои ќе бидат точно дефинирани просторите за паркирање и ќе биде дефиниран рангот на улиците па потоа да се пристапи кон реализација на терен и обележување на улиците.Со почит 
 

Име и Презиме: Тони,

Датум: 01.06.2013

   
      parkot pozadi zgrada 9 na uluica puskinova (kade sto ja premestivte avtobuskata stanica od pred tineks) e poln so gjubre koe go frlaat lugeto sto cekaat avtobus bidejki nemaat nikakvi korpi. Isto taka sistemot za navodnuvanje e neispraven pa celiot park e poplaven (osven ako ova zelenovo sto raste ne e oriz). Zatoa ve molam po itno da se popravi sistemot za navodnuvanje da se postavat korpi egku parkot da se cisti barem ednas nedelno bidejki i so korpi nasive goveda pak ke frlaat gjubre vo parkot. bidejki na avtobuskata stanica se sozdava golema bucava od vozilata i od patnicite ve molam pokraj avtobuskata stanica da se zasadi ziva ograda ili drvored od elki so sto ke se namali bucavata i prasinata
pozdrav
Одговор : Почитуван, Паркот е во надлежност на ЈП Паркови и зеленило,односно бидејќи сега се реконструираше ул.Борис Трајковски, фирмата Жикол има обврска согласно договорот што го имаат потпишано со Градот да го одржува една година.Поставување канти за отпадоци долж улицата е во надлежност на Град Скопје и Општина Кисела Вода веќе реагираше истото да се заврши од страна на службите во Град Скопје. Со почит 
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум: 01.06.2013

   
Каде се наоѓа сега м.з.  Бирарија, откако старата барака беше урната поради изградба на зграда на нејзиното место? Или ако повеќе не постои оваа месна заедница, која друга е надлежна за реонот Бирарија?
Одговор : МЗ Бирарија се наоѓа во просториите на МЗ Цветан Димов се до целосно завршување на зградата. Со почит 
 

Име и Презиме: Анета Дамјановска,

Датум: 31.05.2013

   
Почитувани, Живеам во Драчево. Веројатно сте запознаени со штрајкот на вработените во „ОХИС“ и со хаосот што се создава кога автомобилите се пренасочуваат. Уште поголем проблем е тоа што деновиве, се асфалтира патот од Долно до Горно Лисиче, така што е речиси невозможно да се стигне од Драчево до Скопје без да се изгуби еден час и половина во утринските часови кога сите брзаат на работа. Би Ве замолил да ми одговорите : каде навремено да се информираме претходниот ден дали наредниот ќе има штрајк кај ОХИС, за да знаеме да се организираме со превоз (на 195 ни велат да се информираме на 192, а од 192 велат дека не се надлежни да даваат такви информации) и второ, дали може службите од нашата општина и општина Аеродром да се координираат и да не се работи на асфалтирање на патот во термините кога има штрајк на ОХИС. Ви благодарам на разбирањето. Во очекување на одговор, срдечно Ве поздравувам.
Одговор : Почитуван, Општина Кисела Вода исто така нема информации кога ќе се одвива штрајкот освен она што ќе се пренесе преку медиумите.Што се однесува до асфалтирање на патот во Долно Лисиче истиот е во  надлежност на Општина Аеродром и Ве молиме да се обратите до нивните служби. Со почит 
 

Име и Презиме: Владо Ралповски,

Датум: 31.05.2013

   
Почитувани, Во зграда А4 влез 6 приземје,имаме намалена светлина во станот.Каде да се обратиме за решавање на проблемот?
Одговор : Почитувана, обратете се до куќниот совет. Со почит 
 

Име и Презиме: С.Чекичевска,

Датум: 30.05.2013

   
Живеам воо за градата на Илинден позади нашата зграда има цела ромска населба во топлово време почнува да се шири реа што од нив што од животните.Ве молиме за дислокација бидејки станува сериозен проблем.

Одговор: Почитувани, Ве известуваме дека објектите се во фаза на отстранување. Имајте пријатен ден. 
 

Име и Презиме: Весна Петкова,

Датум: 30.05.2013

   
Помина една година откако се „заврши“ поставувањето на атмосферската канализација во населба 11 Октомври бараки, меѓутоа нема никакви знаци дека ќе се санираат лошо изведените работи, работа што неколку пати беше ветувана од страна на општината и на оваа веб страна. Ме интересира дали воопшто планирате да превземете нешто или се надевате дека ќе се заборави и заташка работата? Ние и да сакаме неможеме да  заборавиме, бидејќи секој дожд не потсетува.
Одговор : Почитувани, Бидејќи се работи за пообемен проект како за изведба така и за обезбедување финансиски средства, Општината конкурира во Светска Банка за обезбедување на финансиски средства и очекуваме дека во многу скоро време истите ќе ги обезбедиме. Ве молиме за малку разбирање од Ваша страна, а ние ќе го завршиме тоа што сме го ветиле. Со почит  
 

Име и Презиме: Михаил,

Датум: 30.05.2013

   
      Pocituvani.Pisuvam po vtor pat .Servisnata ulica pozadi zgradite vo Rasadnikot nema  ni vertikalna ni horizontalna signalizacija se vozi prebrzo ,vozilata se parkirani na samata ulica.Poradi ovaa situacija zagrozeni se i pesacite i protokot na vozilata. I uste edno prasanje .Delot pozadi salata Rasadnik ima samo edno malo parkince na koe mozat da parkiraat 30 vozila a okolu nego ima zgradi t.s.stanovi 350 i se gradi uste edna zgrada .Ima li moznosti da se resi parkiranjeto,a za detsko igraliste i da ne prasuvam .Pozdrav
Одговор : Почитуван, Сообраќајно улиците во Расадник ќе се решат во целост откако ќе се изготви проект за хоризонтална и вертикална сигнализација. Се надеваме дека во програмата за 2014година ќе бидеме подготвени со проектна документација за да можеме да го планираме за реализација. Со почит 
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум: 29.05.2013

   
Почитуван г-дине инспекторе Дали е во Ваша надлежност за интервенција на незаконско одгледување животни во населбата  Лисиче,поточно на ул.Тодор Чангов 3/11. Ако е во Ваша надлежност Ве молам да превземете некои мерки бидејќи кога се високи температурите не се седи надвор од смрдеа.

Одговор: Почитувани, ул. Тодор Чангов се наоѓа во Општина Аеродром. Имајте убав ден. 
 

Име и Презиме: Гордана  Симоновска,

Датум: 29.05.2013

   
Почитувани ме интересира по која цена се наплатува дворното место при легализација на дворно место.
ги имам поднесено сите документи во општина и веке неколку месеци чекам да ме известите која сума треба да ја уплатам.
Ме интересира да ми кажете колку е 1м^2 дворно место. Со Почит (ве молам за брз одговор)

Одговор: Почитувани, Откупот на дворните места не е во надлежност на општината Кисела Вода. За подетални информации ќе се обратите до подрачната единица на Управата за имотно-правни работи во општината Кисела Вода во барака бр. 9. Имајте убав ден.  
 

Име и Презиме: Ѓоровски,

Датум: 29.05.2013

   
Почитувани,
Живеам во стан во стара стамбена зграда (од 60тите), на приземје. Во станот се создава мувла од кондензација и лоша изолација. Дали смеам да ставам надворешна изолација (со фасада) на делот од мојот стан?

Одговор: Почитувани, За да можете да ги изведите гореневедените градежни работи, потребно е да добиете Одобрение за реконструкција и адаптација според Законот за градење. Во архивата на Општина Кисела Вода можете да подигнете барање за реконструкција и пренамена за да видите кои се документи Ви се потребни. Имајте убав ден. 
 

Име и Презиме: Мирче Војноски,

Датум: 28.05.2013

   
Почитувани - Дали можете да ми одговорите зошто надлежните во општината воопшто не реагираат кога граѓаните пријавуваат и бараат некаква интервенција на електричната мрежа. Конкретно- над кабелот од бандера до куќата на госпоѓата Љубица Спасовска на ул.,, Марко Орешковиќ,, бр. 34 има надвиснато гранки од околните дрва и опасно го нишаат кабелот при што доаѓа до искричење.  Опасноста од  избивање пожар на куќата е многу голема кога ке се земе во обзир дека е  дрвена градба. Не сакам ни да помислам што се може да и се случи на госпоѓата Љубица, која е беспомошна старица од близу 90 години. Соседот кој е сопственик на дрвата, безобзирно се изживува врз старицата и не го решава  проблемот. Некои од соседите , неколку пати го пријавувале случајот во месната заедница - реакција нема. Пред една недела беше пријавено и во ЕВН, тие веднаш одговорија дека тоа не е во нивна надлежност туку во надлежност на самата општина. Ве молам даго земете во предвид овој случај со сета сериозност.Превземете конкретни мерки,бидејки ако не дај боже се случи нешто,одговорноста ке биде голема.

Одговор:  Почитуван г-дине Мирчевски, Благодариме на сугестијата и соработката од Ваша страна, но досега не сме добиле пријава за кастрење на гранки на посочената адреса. Екипа од страна на Општината ќе излезе на терен, ќе го детектира проблемот и ќе интервенира во најскоро време. Срдечен поздрав,  
 

Име и Презиме: Стево Мирчевски,

Датум: 27.05.2013

   
      Pocituvan Gradonacalnik i site vraboteni vo Opstina Kisela Voda
Ovaa ogromna blagodarnost e vo vrska so realiziraniot proekt na fekalna kanalizacija vo Pripor, krak 23. Poveke od 50 familii usrekivte so ovoj realiziran proekt i neizmerno sme  blagodarni i srekni. Navistina ne mozeme da vi ja dolovime blagodarnosta kon vas i vasite vraboteni, ne mozevme ni da zamislime deka sevo ova tolki provesionalno i navremeno ke se zavrsi.
Voedno ogromna blagodarnost za do sektorot za Komunalem Urbanizam vo K.Voda na celo so gospogite Mimi i Viktorija.(obekano-realizirano) Golema blagodarnost i do MZ Pripor so golemite profesionalci  kako pretsedatelot Tose  na MZ Pripor,najdobrata  sekretarka Lile kako i kordinatorot gospodin Marjan Stojcevski, ekipa koja e maximalno profesionalna i odgovorna za sevo ova. Uste ednas golema blagodarnost do site vo opstina Kisela Voda. Sekogas ke mozete da se povikate na nas i sekogas ke ostaneme verni na vas.
Pozdrav. 
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум: 25.05.2013

   
      pocituvani bi sakala da ve prasam dali za da gradis potkrovje se doplaka nesto plus komunali i kako idat tie raboti?odnapred vi blagodaram.

Одговор: Почитувани, За надградба на поткровје потребно е да извадите извод од ДУП и врз основа на Изводот да изготвите Основен проект со сите фази кои се потребни според Законот за градење. Комуналиите за поткровје се 20% од основната вредност, и истата се пресметува во Град Скопје. Во архивата во Општина Кисела Вода имате урнеци-барања за доградба каде се наведени сите потребни документи за добивање на одобрение за доградба. Имајте убав ден.  
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум: 25.05.2013

   
      servisnata ulica vo rasadnikot (vlez od kaj kulite do kraj pa levo se spusta do ulica narodni heroi)nema nikakvi znaci se sece so dve raskrsnici i nekolku priklucni ulici.Problem parkirani vozila na samata ulica brzo vozenje na avtomobilite narocno na raskrsnicite.Parkiranite vozila smetaat za pesacite i za normalno odvivanje na sobracajot.    I vo rasadnikot pomegu zgradite Sava Kovacevic 47љ i Sava Kovacevic 47ф parkirame na zemjen parking ,koga ke zavrne  celata kal ja vnesuvame doma.ima li moznosti parkingot da se urbanizira.       

Одговор: Почитувани, Ве известуваме дека за непрописно паркираните возила, брзото возење  и непоставените сообраќајни знаци надлежна е сообраќајната полиција.                 
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум: 25.05.2013

   
      koga ke gi pustite vo funcija semaforite na  bul boris trajkovski  zosto se vozi kako na reli trki i ja zagrozuva bezbednosta vo sobrakajot

Одговор: Почитуван г-дине Галевски, Семафорите на бул. “Борис Трајковски” се во надлежност на Град Скопје. Општина Кисела Вода  испрати допис во кој бара веднаш да се реализира Вашето барање како и идентичните барања од многу други граѓани и се надеваме дека во најскоро време ќе се реши овој проблем. Имајте убав ден.  
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум: 24.05.2013

   
Почитувани,
Би ве замолил да се искоси тревата и уреди просторот од задната страна на салата Расадник, во непосредна близина на паркингот. Поздрав!

Одговор:  Почитуван г-дине Сашо, Ви благодариме на информацијата. Сезонските работници ангажирани од општината деновиве ќе излезат на терен и ќе го средат просторот. Имајте убав ден.  
 

Име и Презиме: Сашо,

Датум: 24.05.2013

   
      kogaq ke se pusti vodovodot vo pintija  

Одговор: Почитуван г-дине Неделковски, Се надеваме , а како и што ветивме на состанокот во МЗ Пинтија дека до средината на месец Јуни водоводот ќе официјално ќе се пушти во употреба.  
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум: 23.05.2013

   
      Pocituvani, dali mozete da mi dadete soodveten odgovor  zasto ne se kosi trevata na ulica mihail cakov 3 pomegu zdradata i novoto igraliste.tuka se izramni zemjisteto i se posadi treva i e prekrasno mesto no koga stanuva zbor za odrzuvanje na istoto se paga vo voda.da se dojde na lice mesto da se vidi zatoa sto trevata porasna poveke od 1 metar,ke ve zamolam sto poskoro da se sredi zatoa sto letoto e pred nas. odnapred blagodaram ubav vi den.

Одговор: Почитуван г-дине Србиновски, Заради дождливите денови немаше можност да се искоси тревата. Очекуваме деновиве службите од ЈП "Паркови и зеленило" да излезат на терен и соодветно да реагираат.  
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум: 23.05.2013

   
Почитувани ви пишувам веќе неколку пати во врска со канализацијата на улица Киро Фетак,дали ке се размрежува канализацијата по малите улички,истите дали ке се асфалтираат зошто веќе е неподносливо да се движиме по нив кога ке заврне и дали е можно шумата која е под надлежност на водовот да се уреди на некој начин. Однапред повторно ви благодарам.

Одговор: Почитуван г-дине Зафиров, За да може да ја размрежиме мрежата потребно е изградената мрежа да се прими од страна на ЈП "Водовод и Канализација", а за да се среди тоа мора прво фирмата "Алпине" да ги отвори шахтите по улицата. Се надеваме дека во најкус можен рок тоа ќе успееме да го завршиме. До ЈП "Водовод и Канализација" ќе испратиме допис со кој ќе побараме да го уредат просторот. 
 

Име и Презиме: Зоран Зафиров,

Датум: 22.05.2013

   
Контролира ли некој таму што се се гради во Црниче?

Одговор: Почитувани, контрола на градбите во Црниче, како и на целата територија на општината, вршат овластените градежни инспектори во општината. Имајте убав ден.   
 

Име и Презиме: се плашам да кажам,

Датум: 21.05.2013

   
Поцитувани, На улицата Киро Фетак, делот од каналот до пруга е обраснат со големи дрвја кои  им пречат на сијалиците( светат само 3) и на пешаците, Дали може да се очисти овој дел и да се сменат прегорените сијалици. Поздрав,

Одговор: Почитуван г-дине Трајковски, Служби од одделението за животна средина ќе излезат на терен и ќе констатираат кои дрва треба да се искастрат. 
 

Име и Презиме: Горан Трајковски,

Датум: 20.05.2013

   
Почитувани ви пишувам затоа што мислам дека ова морате да го знаете станува збор за тротоарот од раскрсницата со ул Народни Херои и бул. Борис Трајковски во павец кон нас. 11 Октомври бараки, имено на самиот тротоат пред семафорите кај 11 Октомври на самата автобуска има некој магацин што продава стиропорт гипс картон и што уште не неговиот возен парк односно камионите кои вршат дотур на стока постојано се на тротоарот и ни сметаат на нас пешаците тротоарот им служи како паркинг простор пред некој ден падна едно девојче пред мои очи беше со точак најверојатно си ја скрши и раката ја однесова со кола во болница а точакот го оставивне во блиските куќи тука , одејќи подоле кај дугите семафори ке видите паркирано БМВ со денови човекот си има работилница и си ги паркира колите на тротоар ама не есамо тоа и наспроти фирмата Младост има еден плац кој продава коли неговите коли преку ден се на тротоарот значи ме интересира тротоарот за кого е за пешаците и велосипедистите или им направивте паркиралишта на моите соседи кои и така имаат узурпирано државно земјиште узурпираат и тротоари би ве замолиле да си ги ангажирате инспекторите или редарите да излезат на терен и да ги опоменат сите овие луге да се придржуваат како и останатите а не да завземаат несто што не е нивно се надеваме дека ќе ни помогнете

Одговор: Почитувана г-ѓо Македонка, Ве известуваме дека комуналните редари ќе излезат на лице место и ќе постапат согласно Законот. Што се однесува до непрописно паркираните возила надлежна е сообраќајната полиција. Имајте убав ден. 
 

Име и Презиме: makedonka,

Датум: 19.05.2013

   
Почитувани, вторпат пат Ви пишувам иако не го видов објавен мојот текст.Се однесуваше за поставување на пешачки премин кај Тинекс 1 кај О.У Невене Георгиева Дуња.Наскоро откако го напишав текстот се постави преминот и се направи уште поголем проблем.Наместо да ја намалат брзината возилата што јурат како на трки по нашиот булевар Борис Трајковски,тие уште свират и негодуваат што воопшто како возач застанувам и уште мавтаат по мене како да сум згрешила нешто,а да не кажувам како се однесуваат кон пешаците што се осудиле да го поминат тој премин.Дури поради поставувањето на преминот моите деца мене ме обвинија,што сум напишала да се постави и ете се случи и првата жртва го прегазија едно девојче пред 20-тина дена вракајќи се од училиште. Истотака за уште нешто сакав да проговорам.Не можам да се помирам што ја тргневте чешмата што беше поставена на место по кое се викаше самото Маало во оваа општина по кое се препознаваше Кисела Вода.А сега поставивте споменик што воопшто не ни прилега и предизвикува револт кај секој наш сограѓанин.Не знам дали сте бесчуствителни или немате сенс да го почуствувате незадоволството кај нашите сограѓани,но би Ве замолила да излезете од своите канцеларии и да ја согледате состојбата.Да се реши пешачкиот премин со семафор како на Илинденска под итно за да не однесе уште некоја жртва,а за споменикот Вие си знаете.Најдобрата вода во Скопје што беше на Чешма нема да ја  пиеме по пат кога одиме кон Центарот туку ќе го гледаме Тодор Александров и ќе се мислиме како да им објасниме на децата како се нашол овде.

Одговор: Почитувана г-ѓо Костиќ, Хоризонталната сигнализација на ул. “Борис Трајковски” е во надлежност на  во Град Скопје до кои Општина Кисела Вода има испратено допис да се регулира согласно стандардите и законската регулатива. Хоризонталната сигнализација е веќе поставена ,а за вертикалната сигнализација доколку проценат дека е потребна се надеваме дека наскоро ќе биде поставена. Имајте убав ден.  
 

Име и Презиме: Тања Костиќ,

Датум:  19.05.2013

   
Почитувани,
Дали е потребна согласност од сосопственик на 1/4 идеален дел од земјиште доколку сакам да започнам постапка за надградба на постоен објект-куќа (постои можност за надгрдба и доградба согласно ДУП)?
Се работи за следнава ситуација: 1. Сопственик сум на 1/4 идеален дел од земјиштето, едниот од сопствениците кој дава согласност има сопственост 2/4 идеален дел од земјиштето 2. Сопственик сум на 1 посебен дел (од вкупно 3) од постојниот објект заведен во Имотен лист 3. Во ДУП објектот е со намена А1 – домување во станбена куќа која се состои од три посебни дела со 3 сопственици запишани во посебни имотни листови 4. Согласност имам од едниот сопственик при што мојот и неговиот посебен дел преставуваат повеќе од половината (3/4) од вкупната површина на објектот со имотни листови за посебните делови на објектот
Однапред ви благодарам на одговорот.
Со почит,

Одговор: Почитуван г-ѓо Денковска, За да отпочнете постапка за добивање одобрение за градење потребно е да извадите извод од ДУП каде ке ви биде одредена површината за градење. Во врска со  прибавување на согласности Ве известуваме дека потписите се задолжителни. Имајте убав ден.  
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум: 18.05.2013

   
      jas Zoran Jovevski  sakam da ve prasam edno prasanje: Dali i koga mozebi ke se donese zakon za legalizacija na divo izgradeni kuki,zatoa sto koga bese donesen ovoj zakon jas ne bev tuka,akoga se vrativ od stranstvo zakonot bese zavrsen pa ve zamoluvam ako mozete da mi kazete koga pak ke se donese ovoj zakon. Unapred vi se zablagodaruvam za odgovorot.

Одговор: Почитуван г-дине Јовевски, носител на законските решенија за законот за легализација на бесправно изградените објекти е ресорното министерство за транспорт и врски, а општините се само имплементатори на истиот. За информации во врска со носење на нов закон, или измени и дополни на постоечкиот, неопходно е да се обратите кај надлежните во министерството. Имајте убав ден. 
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум: 17.05.2013

   
      od igralisteto so vestacka treva koe se naoga vo golemiot park ima golema vreva do kasno vo nokta,znaci se igra i posle polnok.Kako moze da se regulira vrevata spored zakonot za javen red i mir,veke e nepodnoslivo .pozdrav

Одговор: Почитувани, за постапување по основ на нарушување на јавниот ред и мир, надлежно е Министерството за внатрешни работи. За овој проблем, неопходно е да ја контактирате најблиската полициска станица. 
 

Име и Презиме: жител на драчево,

Датум: 16.05.2013

   
      Pocituvani,
me interesira dali delot kaj stara fabrika Progres, segasna Makprimat, nekogas ke se zeme vo predvid i ke se posveti vnimanie? Dali nekogas ke se investira vo detsko katce (konkretno za ovoj del od opstinata)? Dali mozebi ke se smogne napor da se otvori getska gradinka ,bidejki site drugi se polni i nema mesto za zapisuvanje vo niv, odnosno se ceka mnogu dolg period? *Baram da se razgleda moznosta za postavuvanje na nadzemen pesacki premin na avtobuskata stanica -posledna 24, kaj Pelagonija, se so cel vo idnina bezbedno da pominuvame ulica. Ova e bitno bidejki i pokraj toa sto se instalirani kameri za video nadzor, sepak tie se nefunkcionalni i ne rabotat Pozdrav

Одговор: Почитувана г-ѓо Николовска, општината може да инвестира во изградба на детско игралиште откако ќе биде вметнато во ДУП-от. За изградба на надземен пешачки премин нема да има потрба бидејќи согласно проектот што го изработува Град Скопје на тоа место е предвидено поставување на кружен ток со што ќе се забави движењето на возилата и безбедно преминување на улицата. Имајте убав ден.  
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум: 16.05.2013

   
Почитувани,
Јас живеам во населба Пинитја на улица Саса 04. Во населбата се збори дека во населба Пинтија има промена на имињата на уличките. Дали е точно и како се вика сега таа улица ако стварно е променето. Воедно сакам да прашам дали ќе се асфалтира таа улица, зашто до мојот дом е 50 метри земјен пат. Ве молам ако може да се стави и таа улица да се асфалтира во вашиот план, бидејќи се работи за многу мал дел. Со почит.

Одговор: Почитувана г-дине Митровски, иманувањето на улиците го врши Советот на Град Скопје. За таа информација неопходно е да се обратите кај надлежните во Градот. Што се однесува до асфалтирањето, неопходно е да доставите барање до вашата месна заедница, по што истото ќе биде разгледано и ставено во годишната програма за работа на општината. Имајте убав ден. 
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум: 16.05.2013

   
Честитки и од нас за победата!!Не интересира сакаме да земеме стан на улица Н.Добровиќ 1/1-26 и е на последен спрат.Како иде откупувањето на местото над нашиот стан затоа што сакаме да си го купиме и да градиме. Од катастар ни рекоа дека тоа треба кај вас да провериме. Поздрав и ви Благодариме.

Одговор: Почитувани, за таква информација неопходно е да се обратите во секторот за урбанизам и просторно планирање во општината Кисела Вода, секој вторник и петок од 12-15 часот. Имајте убав ден. 
 

Име и Презиме: марија јанева трајкова,

Датум: 16.05.2013

   
      Pocituvana Gradonacalnicke,
Ziveam vo  n.Dracevo  vo zgradite kaj postata, pred nekoe vreme pocnavte da gi kastrite drvata no prekinavte. Jas Ve zamoluvam da prodolzite da gi dokastrite i drugite bidejci ima mnogu gavrani i pravat mnogu smet i ne e higienski .
Odnapred Vi blagodaram  !

Одговор: Почитувана г-ѓо Петровска, кастрењето на дрвјата го прават службите на ЈП "Паркови и зеленило" - Скопје. Општина Кисела Вода ќе ја пренесе информацијата до надлежните. Имајте убав ден. 
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум: 15.05.2013

   
      Zosto trevnikot pred igralisteto  koe go pustivte pred nekoj mesec  do ul. Mihail Cakov  ne ja odrzuvate   redno e da se odrzuva ajde novara gradonacalnicka treba da se pokaze zosto ja glasavme? ili ke si postavuva i odrzuva vo nejzinata naselba nemoze toa taka,,, trevata okolu patekata koja e do pruga treba da se kosi redovno a a ne da se plasime da pominuvame po neja! i redno e da ja sanirate bidejki e vo odredeni delovi upropastena, nemoze da se vozi velosiped ili ako se vozi mozete slobodno navecer osoboeno da se prevtite so velosipedot,, smetam deka ova e rabata na opstinata i treba da si ja sraboti, pozdrav,,

Одговор: Почитувана г-ѓо Зикова, Службите веќе се на терен и го средуваат тревникот околу игралиштето. Имајте убав ден.
 
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум: 15.05.2013

   
Почитувана Градоначалничке, Ви се обраќаме во името на граѓанската иницијатива BROTHERHOOD - љубители на уличниот баскет од Драчево. Сакаме да Ве известиме дека немајќи каде во населба Драчево да спортуваме (играме уличен баскет) го приспособивме со наши средства запуштеното игралиште во населба Драчево наспроти аптеката Зегин. Се надеваме дека за разлика од вашите претходници ќе имате повеќе сенс за спортот и културата во нашата општина. Колку за информација во Драчево нема ни еден терен за спортска рекреација. Цело Драчево спортува на еден кош и тоа кош кој самоиницијативно го приспособивме за да функционира. Од Вас бараме да ги поправите клупите што се наоѓаат на самото игралиште и доколку може да  направите и фонтана или чешма до самиот терен. Со почит, Brotherhood.

Одговор: Почитувани, Спортските игралишта треба да се предвидени во ДУП-от за да може да се изградат,значи во иднина ќе го имаме ова Ваше барање во предвид. Имајте убав ден.  
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум: 14.05.2013

   
Почитувани, Ве молам да ми објасните ште се планира да се прави со делот од Расадникот (зад спортската сала) кој остана неурбанизиран бидејќи се што беше планирано изградба на студентски град, аква-парк, улица, паркови, црква  и слично остана само како план. Навистина  овој дел од Кисела Вода  остана само како нива и вистински грдо изгледа. Можеби тука би можело да се подигне некој трговски центар, болница (нешто како поликлиниката Јане Сандански во стар Аеродром) и сл. Сакам да знам дали е нешто планирано и кон која насока се вашите размислувања за овој дел од Кисела Вода. Ви благодарам,

Одговор: Почитувани, Во постапка е донесување на нов ДУП за четврт врз основа на новодонесениот ГУП. Кога ке биде изготвен предлог планот истиот ке биде изложен во месните заедници за увид на граганите. По истиот можете написмено да дадете и свое мислење и видување. 
 

Име и Презиме: Ана,

Датум: 14.05.2013

   
      ziveam vo dracevo na ulica ratko mitrovik 21 na koja veke 2 nedeli nama ulicno osvetluvanje se javiv vo evn mi rekoa deka opstinata ima ingerencii za javno osvetluvanje pa ve prasuvam koga ke go pustite ulicnoto osvetluvanje za koe sekoe semejstvo plaka po 140 den ili do koga ke zemate pari za rabota koja neste ja izvrsile.

Одговор:  Почитуван г-дине Крстевски, Проблемите со осветлувањето се следат континуирано и така ќе се продолжи во иднина кога ќе заврши изборот на фирма за одржување на уличното светло на територија на Општина Кисела Вода. Срдечен поздрав  
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум: 14.05.2013

   
Ме интересира кога има приемен ден кај градоначалничката? Се надевам дека ке ми одговорите во најскоро време. Однапред ви благодарам. Поздрав.

Одговор: Почитуван г-дине Спасов, Приемен ден кај градоначалникот на Општина Кисела Вода е секој четврток во периодот од 13-16 часот. Закажувањето се врши кај портирот во барака бр. 8, на тел. 02/2785-400. 
 

Име и Презиме: Александар Спасов,

Датум: 13.05.2013

   
      Pocituvani, so radost go docekame prosiruvanjeto na Prvomajska. no postavuvanjeto na semaforite ne go podobri protokot na vozila, naprotiv. na sekoi 100m stoime na semafor, trgni-zastani. mozeli da se sinhroniziraat semaforite, so toa ke se pridonese i za namaluvanje na zagaduvanjeto na vozduhot od vozila koi stojat na semafori. dokolku prasanjeto e od nadleznost na gradot zamoluvame da go prosledite. fala i pozdrav.

Одговор: Почитувана г-ѓо Ани, поставувањето на сообраќајната сигнализација е во надлежност на Градот Скопје. Вашата информација ќе ја проследиме до надлежните. Имајте убав ден. 
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум: 13.05.2013

   
жител сум на драчево,веднаш до фудбалското игралиште со вештачка трева.Проблемот е што нашиот комшија среде населба а и веднаш до споменикот на бранителитекој нели ке биде најграндиозно нешто у драчево има фарма на крави,со што се соочуваме со непријатна миризба на измет.Бараме помош од општината.

Одговор: Почитувани, неопходно е писмено да се обратите до Секторот за инспекциски работи во општината, со конкретни податоци, како би можела инспекцијата да излезе на лице место и да постапи согласно Законот. Имајте убав ден. 
 

Име и Презиме: жител на драчево,

Датум: 13.05.2013

   
Почитувана Градоначалничке Пред се Ви ја честитам победата на локалните избори и Ви посакувам успешна работа. Воедно за да работата тргне успешно ќе Ви поставам неколку прашања. 1. Дали во населба Драчево се размислува за поставување на светлосна сигнализација(семафори) бидејќи постојат барем 3 раскрсници каде што се повеќе од потребни? 2. Дали постои можност во населба Драчево да се исцртаат или обележат пешачките премини бидејќи не постои ниту еден обележан а воедно и да се обележи на улицата и школото во моментот Кузман Шапкарев? 3.Постои ли можност во населба Драчево да улиците да ги мие комунално возило кое што ги мие улиците во централно градско подрачје? 4.Постои ли можност во населба Драчево да се закрпат сите дупки на асфалтирани споредни  улици бидејќи со години се така и ги има се повеќе и се шират? 5.Дали може во населба Драчево,  сезонските работници доколку општината ги има (како во населба Аеродром) да ги отсрануваат израснатите треви покрај коловозите со акцент на споредни улици кои ги има многу? 6.Кога е планирано  асфалтирање на улицата Жарко Зрењанин во населба Драчево,  која што е раскопана поради инсталирање на нова атмосферска канализација? 7. Постои ли можнност во големиот двор на основното училиште Кузман Шапкарев во Драчево да се направи некакво мини паркче налик на оние од населба Аеродром и Лисиче?
За сга толку и Ви благодарам однапред за Вашите одговори. Со почит

Одговор: Почитуван г-дине Георгиевски, Во врска со Вашите прашања: 1. Се размислува да се обнови хоризонталната и вертикалната сообраќајна сигнализација и за таа цел се изготвува сообраќаен проект, кој најпрво треба да биде одобрен од стручните служби (Секторот за сообраќај во Градот Скопје) и од МВР, по што ќе се пристапи кон реализација. 2. Во населбата Драчево ќе се пристапи кон санирање на ударните дупки, откако ќе заврши тендерската постапка за избор на најповолен, односно во најдоцна до месец Јули. 3. На улицата “Жарко Зрењанин” ќе се асфалтира прекопот, откако ќе се финализираат завршните бетонски работи над цевките, а во моментов се изготвува проект за санирање и реконструкција на целата улица, заедно со тротоарите, што значи во 2015 година, оваа улица ќе биде целосно реконструирана. 4. Благодариме на идејата, истата ќе се реализира согласно финансиските можности на општината. Имајте убав ден.
 
 

Име и Презиме: Саша Георгиевски,

Датум: 12.05.2013

   
      pochituvani i so predhodnata postava i za vreme na izborite so novava se vetuvashe da se sredat dvata kraci na ul.Drachevska 2 toa onaa shto vodi na Tri Krushi stanuva zbor za ne poveke od sto metri +/- dali asfalt ili bekaton vreme e da se sredi sramno e vo uslovi na dozd kal koga e suvo prashina se dogovorivme da ve podsetime i eve go pravime toa pozdrav i se nadevam deka ke se gledame  na teren

Одговор: Почитувани, во моментов општината распишува тендер за избор на фирма за санација на улици за 2013 год. по изборот на најповолен понудувач,  уличките ќе бидат санирани. Имајте убав ден. 
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум: 09.05.2013

   
Уште од пред една година е поднесено барање до месната заедница во населбата Драчево,  на улица Димитрија Чуповски бр.32 А спроти Детската Градинка за улична светлосна бандера која претходно беше пред паѓање, а сега повеке ја нема и останати се голи жици ,кои претставуваат опасност не само за децата туку за целата околина.Кога конечно ке се санира проблемот? Ви Благодарам

Одговор: Почитувана г-ѓо Неделковска, Во тек е распишување на тендер за избор на фирма за одржување на уличното осветлување. По изборот на најповолен понудувач ќе се излезе на терен во насока на отклонување на сите дефекти во уличната мрежа за осветлување. Имајте убав ден.  
 

Име и Презиме: Неделковска Нада,

Датум: 08.05.2013

   
      Pocituvani. Kojznae po koj pat se obrakam do nadleznite na opstinata za rekonstrukcija na ulicite i popolnuvanje na udrnite dupki. Vasite prethodnici bea tolku gluvi i arogantni po nekoi barani intervencii i prasanja sto ja svedoa nasava opstina megju najlosite ,ne vo Skopje tuku vo cela Drzava. Od nivnoto ne rabotenje i nezainteresiranost bevme na nivi na nekoja selska opstina'.Uste ova ke go kazam i dosta so kritiki. Pred edna ili dve godini na ulica Naum Ohridski na udarna dupka koja ne mozese da se izbegne , ja skinav gumata ud avtomobilot i napraviv stete od 150 evra. So zapisnik od uvidna policija se upoativ vo Ulici i patista koi me prepratija vo mojata opstina sto ukazuvaa deka taa ulica e pod opstinsko odrzuvanje.Posle nekolku matkanja edna vasa verojatno sega bivsa koleska t.e. ne znam civa sekretarka so zborovite'''' ( decko kako ne te mrzi za edna guma da doagas sto pati) me otkaci tolku arogantno sto i da sakav nekade da se zalam veke nemase kade.  Ili za dupkite sto gledam sega ste gi sanirale kaj cesmata sv. Petka nad MVR nikoj ni da gi pogledne . a nie koli iskrsivme. Pa zatoa sega novava postava npocnuvajki od gradonacalnigkata pa do sovetnicite VE MOLAM naj iskreno zavzeme te se malku okolu ulickite vo naselba Crnice . Prvo nov vodovod , pa opticki kabli ,pa na kraj i odvodni cevki. ulicite se dipka do dupka ,i ona sto go asvaltiraa povtorno propadna.VE MOLAM lugje kolite gi ispokrsivme vozejki sekojdnevno po niv , popravkite i gumite ne se bas evtini.Se nadevam deka ke ni izlezete vo presret. na teren, a ne samo so nekakvi sablonski odgovori i nisto drugo.Isto za taa ulica kaj Cesmata koga vrne od sahtata pokraj patot reka izvira.A ne znam kolku ste mokni da go rasite i parkiranjeto na vozilata od strana na vrabotenite vo MVR po ulickite i troroarite vo naselbata Crnice. Veruvajte imame ogromni problemi i so niv taka da ne mozeme nasite koli kade da gi ostavame . Se nadevam deka ne vi zdosadiv no ne si ja imame makata. A ako ste za sorabotka za podobra opstina togas odgovorite i kazite dali prifakate da se iznesuvaat site nasi problemi na ovoj nacin .a so toa ke mozete i da gi resite.Se nadevam deka ke ni izlezete vo presret i ke gi resite rabotite. Gledam dobro ste trgnale  taka i prodolzete. pozdrav.

Одговор: Почитувани, во моментов општината распишува тендер за избор на фирма за санација на улици за 2013 год. по изборот на најповолен понудувач,  ударните дупки на ул. Наум Охридски ќе бидат санирани. Улицата покрај Чешмата е во надлежност на Град Скопје (општината ќе интерве инра до надлежните). Што се однесува до паркираните возила, општината во континуитет испраќа дописи до МВР за нивно отстранување. Имајте убав ден. 
 

Име и Презиме: Vladimir Jovamovski,

Датум: 08.05.2013

   
Имаме стан во Кисела Вода купен во 2000 година, под хипотека до 2009 година. До сега не сме добиле известување за плаќање на данок на имот, па ме интересира дали сопствениците на имот треба да направат некакво пријавување на истиот кога е ослободен од хипотека за да се почне со плаќање на данокот? Благодарам

Одговор: Почитувана г-ѓо Чорбеска – Таневска, Во вашиот случај неопходно е да доставите даночна пријава во Градот Скопје, барака бр. 16. Имајте убав ден.  
 

АИме и Презиме: на Чорбеска-Таневска,

Датум: 07.05.2013

   
Од пред 10-на дена (20-04-2013) собрани се контенерите од ул.Народни херои 1 (позади Макси-Д) а од денеска 30-04-2013 и од Димо Хаџи Димов на самиот чатал со ул. Мариовска сакам да ми одговорите каде ние НАД 250 ФАМИЛИИ да го фрламе сметот.Ке ве молам овој проблем да го решите што е можно НАЈБРЗО

Одговор: Почитуван г-ине Трпчевски, на наша заложба до ЈКП "Комунална Хигиена" - Скопје, контејнерите се вратени. Имајте убав ден.  
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум: 30.04.2013

   
Почитувани,
Постапката за приватизација на државно земјиште заврши во декамври 2012 год. Ги имаме собрано сите потребни документи но задоцнивме со поднесувањето. Ме интересира дали ќе се продолжи рокот и дали ќе се разгледуваат барањата  што се поднесени во 2013 година или постапката е завршена. Ве молам за одговор.
Поздрав,

Одговор: Почитувана г-дине Настевски, приватизацијата на државното земјиште е во надлежност на Управата за имотно-правни работи. Неопходно е да се обратите кај надлежните. Имајте убав ден. 
 

Име и Презиме: Настевски Сашо,

Датум: 30.04.2013

   
      Pocituvani,
Ulicata Debarska i ulicata sto prodolzuva prema Rasadnik zgradite e sekogas polna so gjubre,prasina,smet po trotoarite. Kolite ne moze da se parkiraat, postojano ima kartoni,sisinja, zasto sluzbata za cistenje postojano gi izbegnuva ovie povrsini ? Ako moze nesto da se prezeme, se raboti za rutinsko cistenje ednas nedelno, Ve molam!
Pozdrav, Dejan

Одговор: Почитуван г-ине Дејан, за оваа информација неопходно е да се обратите кај скретарот во месната заедница, кој го има распоредот за чистење на јавните површини од страна на сезонските работници. Имајте убав ден. 
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум: 30.04.2013

   
Почитувани, Би сакале да ве замолиме за изградаб на парк и детски игралишта во Расадник кај новите згради бидејќи има навистина многу луѓе кои би биле пресреќни со такво проект, особено ако биде лоциран во зелениот појас помеѓу зградите и фабриката усје, фала однапред.

Одговор: Почитуван г-ѓо Ѓорѓиевска, Општина Кисела Вода е во фаза на разгледување на локација(државно неизградено градежно земјиште) во нас. Расадник за изградба на детски парк. според досегашните согледувања, најголем дел од површината во расадникот е во приватна сопственост, што претставува отежителна околност за изградба на ваков објект. Како и да е, во меѓувреме граѓаните можат да го користат паркот "Македонија", кој нуди доволно содржини и реквизити за рекреација. Имајте убав ден.  
 

Име и Презиме: Елена Ѓорѓиевска,

Датум: 29.04.2013

   
Почитувани, Секогаш ви поставувам прашање ама овој пат ќе биде молба до вас и до некои институции. Се работи за населба Пинтија, поточно на влезот во населбата ама не од главниот влез,туку пред главниот влез има еден друг влез поточно кај бившо WURTH. Неколку дена тече некоја си прљава вода која мириса на канализација. Мое мислење е дека некој ја празни септичката јама и таа вода оди се на ул.Борис Трајковски ( Првомајска ). Работата е застрашувачка бидејки поминуваат многу коли тоа се разгазува и се носи по сите улички и дворови. ВЕ ЗАМОЛУВАМ да искочите на терен и да видите за што се работи. Се надевам дека ме разбравте за која уличе станува збор, уличето води дирекно во школото во Пинтија. Сакам да напоменам дека ова не е прв пат и минатата година истото се случуваше ама се надевам дека овој пат ќе биде последен. Поздрав

Одговор: Почитуван г-дине Иван, во повеќе наврати се излегува на терен и се чистат фекалиите од страна на надлежното јавно претпријатие “Водовод и канализација” – Скопје, но несовесните граѓани повторно продолжуваат со ваквото однесување. Општинската инспекција ќе излезе на лице место и ќе постапи согласно позитивните законски прописи.  
 

Име и Презиме: Иван,

Датум: 29.04.2013

   
Кога планирате, во овие топли денови, да ја оспособите фонтатата (печурки) во паркот Македонија, како и единствената чешмичка за вода во радиус од 1 км во истиот парк. Чешмичката не работи подолг период, а паркот е преполн секој ден.

Одговор: Почитуван г-дине Серафимовиќ, поради некои технички проблеми, кои во најскоро време ќе се отстранат не е пуштена фонатаната во наведениот парк. Со отстранувањето на овој проблем и дефект на фонтаната, паркот “Македонија” ќе блесне во препознатливо светло. Имајте убав ден.  
 

Име и Презиме: Филип Серафимовиќ,

Датум: 29.04.2013

   
Ме интересира кога ќе се легализира делот во населба Пијтија кој се наоѓа над КНАУФ и старо ВУРТ па се до основното училиште.Повеќе од една година ми пласирате одговори што немаат никакво решение.Во што е проблемот и што да направиме да се убрза процесот,доколку е тоа можно. однаперд ви благодарам на одговорот.

Одговор: Почитуван г-дине Николче, Постапката  за легализација на објектите е во тек, направена е промена на намената на земјиштето на бесправно изградените објекти. Во постапка е изработка на детален план на реон  Ј19 каде е лоциран бараниот локалитет.  
 

Име и Презиме: Николче,

Датум: 28.04.2013

   
Почитувани.Кога ке се санира улица Жарко Зренјанин и Ужичка Република после изградбата на атмосверската канализација.И ул.Коперникова е во очајна состојба по целата должина.Ќе ве молам за одговор и за ОУ Рајко Жинзифов во н.Драчево.Благодарам.

Одговор: Почитуван г-дине Ставровски, Во моментов општината Кисела Вода подготвува техничка документација за санација на посочената улица. По завршување на законската регулатива ќе се пристапи кон санација на истата. Оваа улица е планирана за санација во 2016 година.  
 

Име и Презиме: фоте ставровски,

Датум: 27.04.2013

   
      pocituvani! Na kosot na semaforite na PRVOMAJSKA I SAVA KOVACEVIC karsi opstinata napravivte parking ,megutoa na samota mesto gi isekovte site mozni drva sto bea tamu  so obekavanje deka ke se nasadat novi ,del od mestoto pokraj trotoarot go ostavivte nenapraveno ,nekoj vikaat deka ke se postavi tuka nekoj spomenik.Sakam da prasam dali imate namera da nasadite nekoe drvo ili nekoe zelenilo barem na toa mesto sto seuste ne e napraveno ?nema smisla da secete drva  i pritoa da ne zasaduvate nito edno novo !!zar nemame pravo na zelenilo pa mora samo da se sece a da ne se sadat novi !!

Одговор: Почитуван г-дине Игор, Зеленилото ќе се обнови, откако ќе се создадат услови за засадување на нови дрвја. Дупката ќе се облагороди и ќе стане зелена површина (тоа го најавија надлежните од Градот Скопје), а на конкретната локација, согласно програмата за работа на општината Кисела Вода, предвидено е да се постави биста на борец, загинат во Шпанската граѓанска војна.  
 

iИме и Презиме: gor,

Датум: 27.04.2013

   
      pocituvani pred 40 dena podnesov baranje za promena na pregorena sijalica ulicna na ulica sasa 32/35 .baranjeto go podnesov vo m.z Pintija posle nekolku dena se javi odgovorniot od opstina K.Voda i mikaza deka barajneto e pusteno i deka sijalicata ke bide promeneta no NISTO.nekolku pati doaga kombe sto gi menuva sijalicite i ne ja menuva zatoasto nemal nalog i toa se rasprava DRSKO NONSALANTNO kakvo e toa ponasajne molam da se ispita i akovo idnina Cekame 2 meseci za promena na sijalica  ULICNO sto go placame preskapo neznam ako pobaram nesto dr kolku ke kekam blagodaram ja dadovme podrskata sega vie ste na poteg pozz

Одговор: Почитуван г-дине Миле, Во моментов се распишува тендер за избор на најповолен понудувач за одржување на уличната мрежа за осветлување. По завршување на сите законски и административни постапки за изборот на фирма, ќе се пристапи кон отстранување на сите дефекти во уличното осветлување.  
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум: 26.04.2013

   
Почитувани,
Кога ќе ја средите уличката за влез во Расадникот од страната на бензиската, се работи за само неколку метри!!!! Поздрав


Одговор:  Почитувана г-ѓо Јосифовска, Улицата која ја посочувате ќе се санира по завршување на тендерската процедура за избор на фирма за санација на ударни дупки и реконструкција на улици. Имајте убав ден.
 
 

Име и Презиме: бојана јосифовска,

Датум: 26.04.2013

   
Почитувани,
Уште минатата година во паркот Пушкин е отстранета фонтаната. Дали имате намера да поставите нова, почнаа горештините, паркот е полн со дечиња.
Поздрав!

Одговор:  Почитувани, Во најскоро време ќе се постави нова фонтана во паркот “Пушкин”. Имајте убав ден.
 
 

Име и Презиме: Родител од Пушкинова,

Датум: 26.04.2013

   
      koga ke postavite ulucno osvetluvanje na prvomajska 3 i koga ke se asvaltira patot bidejki seuste gazime kal

Одговор:  Почитувани, Улицата “Првомајска” бр. 3 не е предвидена за асфалтирање во Годишната програма за работа на Секторот за комунални работи за 2013 година. Оваа улица ќе ќе влезе во програмата за реконструкција и санација на улици за 2014 година. Имајте убав ден.  
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум: 24.04.2013

   
      Pocituvani,
Blagodaram za odvoenoto vreme za odgovor na moeto prasanje od 17.04.2013, no sepak ne go dobiv odgovorot na moeto prasanje (MOLBA), pa da bidam pokonkretna: Dali moze na ul Malesevska br.1 (samo pred prvata kuka), trotoarot (sto e vsusnost e pola trevna povrsina, a pola suva zemja), da go asfaltirate/betonirate ili da postavite paver elementi. Prethodno vi napomenav na problemite koi proizleguvaat od kalta od nego. Privremeno resenie dodeka ne se urbanizira ulicata, koe e minimalen zafat, no nam mnogu ke ni znaci. Pozdrav

Одговор:  Почитувана г-ѓо Теменугова, Делот од тротоарот кој го посочувате ќе биде саниран, откако ќе заврши тендерто за избор на фирма за санација, реконструкција и изградба на пешачки патеки, тротари идруго партерно уредување. Имајте убав ден.  
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум: 24.04.2013

   
      zosto opstina kisela voda nedodeluva ednokratna paricna pomos za novorodence, sledejki go primerot na opstinite centar i aerodrom.    statisticki, natalitetot vo ovaa opstina e vo postojano opaganje?

Одговор: Почитуван г-дине Велковски, Општина Кисела Вода не доделува еднократна парична помош за новороденче, но предлогот ќе биде земен во предвид, во согласност со финансиската состојба на општината. Имајте убав ден.  
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум: 23.04.2013

   
Почитувани Трим патеката во нас.11 Октомври бараки која е наменета  за пешаци  е постојано узурпирана од моторни возила од населените во дивите градби покрај пругата.


Одговор: Почитувани, отстранувањето на непрописно паркирани возила е во надлежност на ЈП Градски Пајак - Скопје и МВР.
 
 
Датум:  23.04.2013
   
Бидејки  е поминат рокот за поднесување барање за легализација на земјиште под зграда дали  наскоро ќе може да се поднесе барање за легализација. Однапред Ви благодарам

Одговор: Почитувана г-ѓо Весна, Предметите за легализација на земјиштето под објектите е во надлежност на Министерството за финансии, односно Управата за имотно-правни работи. Ве упатуваме да се обратите до надлежната институција. Имајте убав ден. 
 

ВИме и Презиме: есна,

 Датум:22.04.2013

   
      ve molam da mi kazete koga gradonacalnikot na k.vova ima priemen den za graganite na opstina kisela voda.pozdrav

Одговор: Почитувана г-ѓо Груевска, сеуште не е одреден приемен ден на Градоначалникот. Благовремено ќе бидете известени за денот кој ќе се одреди како приемен ден во општината. Имајте убав ден 
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум: 22.04.2013

   
Почитувани, Во Црниче, во станбена зграда П+2+Потк., во приземјето, поседувам деловен простор-канцеларии, со посебен влез и обезбеден паркинг простор. Дали можам канцелариите ( 8 на број ) да ги пренаменам во пансион,соби за ноќевање? Во истата зграда над деловниот простор,поседувам и стан од 100м2. Дали можам истиот стан да го вклучам во пренамената заедно со канцелариите?

Одговор: Почитувана г-ѓо Савеска, Потребно е да поднесете барање за пренамена . Комисија ке излезе на лице место да ја констатира фактичката состојба и да ја разгледа целокупната  документација  која ја поседувате за објектот  кој сакате да го пренамените.  
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум: 22.04.2013

   
      pocituvani..I pokraj poplakite od zitelite na Zil Vern ,Eseninova i dr, izgleda nema spas od divo naselenite romi pokraj prugite  kaj bivsa Pelagonija.Da ne gi nabrojuvam site neubavi raboti, vrv na se e golemata smrdea sto se siri sekoja vecer od zapaleni gumi i sto uste ne. ne mozeme da gi susime alistata ,da otvorime prozor i sl. Vetuvate deka ke storite nesto ama izgleda NEMATE  nitu zlbe nitu sila da napravite nesto

Одговор: Почитувани,  Ве известуваме дека повеќе пати е извршено уривање на дивите населби и нивно  иселување но тие повторно се враќаат. И денеска беше преземена акција во соработка со службите на МВР, при што истите беа легитимирани и даден рок од 24 часа за напуштање на просторот. Во наредните денови Општина Кисела Вода ќе пристапи кон чистење на депонијата.  
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум: 22.04.2013

   
      Kako zasegnata stranka (sopstvenik na stan) vo slucajot Raba bi sakala da ve prasam do kade e stignato so resavanje na problemot na zgradata koja bese rusena 2007 godina i se uste stoi kako ruina. Dali e tocno deka opstinata ke pokrene postapka da se razresa tvakvite ruini kade se sobiraat narkomani i bezdomnici vo opstinata K. Voda?

Одговор: Почитувани, За наведениот објект не е издадено одобрение за градење бидејки не се платени комуналии и од тие причини е извршено рушење на објектот. Општината неможе да покрене постапка  бидејки земјиштето е во приватна сопственост . Тоа може да го направат само сопствениците на земјиштето. Имајте убав ден.  
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум: 21.04.2013

   
Почитувани,
сакам да ве известам дека ситуацијата со диво населените Роми кај поранешна Пелагонија ....ЕСКАЛИРА !!!!!!   Нивниот број се зголемува ,постојано се  подигаат  нови најлон шатори + доаѓаат и коњи со запрежни возила . Но тоа не е се .Почнаа да прават и инциденти .Секоја вечер интервенира полицијата заради нарушување на јавниот ред. А со доаѓањето на летниот период постануваме и потенцијално жариште на зараза . Дојдовме до момент кога ние жителите на најурбаниот дел на К.Вода , до самиот центар на град Скопје , да се чувствуваме како да живееме на сред депонија и да не смееме веќе да излеземе од дома штом се стемни заради  чадот од изгорени гуми !!!!!! Доколку во најкраток можен рок оваа работа не се разреши , со присуство на медиуми ,  граѓаните на МЗ.Цветан Димов планираат  го искористат своето  граѓанско право  и да го изразат својот  протест  и пред самата Општина.

Одговор: Почитувани,  Ве известуваме дека повеќе пати е извршено уривање на дивите населби и нивно  иселување но тие повторно се враќаат. И денеска беше преземена акција во соработка со службите на МВР, при што истите беа легитимирани и даден рок од 24 часа за напуштање на просторот. Во наредните денови Општина Кисела Вода ќе пристапи кон чистење на депонијата.  
 

Име и Презиме: Ц.Ојлевски,

Датум: 20.04.2013

   
Почитувани, сакам да ве известам а воедно и да реагирам дека на улицата Георги Димитров кај трговскиот центар корисник од дуканите кој сече месо за продажба во еден од дуканите во кои нема услови за такво нешто хасап стандарди идр. секојдневно влегува со возило во трговскиот центар каде што не е место за возила ,а сега има и поставено барикада која е заклчена со клуч и камења на улицата каде се паркираат  возилата.Ве молам да излезете на терен да го решите случајот да се отстрани барикадата за да може ние граганите кои тука живееме да си ги паркираме возилата,а не да вртиме по три круга зашто му текнало на некој дека може тукутака да си загради место кое не е негово или и ние да си заградиме по едно паркинг место.

Одговор: Почитувани, Ве известуваме дека е извршен увид на лице место при што е констатирано дека е поставен метален блокатор, оставена е покана до инвеститорот за доставување на документација од што ќе зависи и постапувањето на градежната инспекција. 
 

Име и Презиме: Владимир Васиќ,

Датум: 20.04.2013

   
      pocituvani  pominasa izborite a nie graganite od opstinava nemame cuvstvo deka nesto se raboti.Dali bareb se planira nesto vo vrska starata f-ka Cvetan Dimov i koga konecno naselbava ka zalici na nesto urbano, zosto koga ke vlezes od rampa kon naselbata se nema cuvstvo deka na pet minuti nazad vo centarot ima civiliziran grad,a postinava na se lici samo ne na opstina vo koja ziveat luge sto zasluzuvaat poubava sredna.

Одговор: Почитувана г-ѓо Самоникова, во врска со старата фабрика за сапун "Цветан Димов" сакаме да Ве известиме дека во тек е расчистување на имотно-правните односи во тој дел. 
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум: 18.04.2013

   
Почитувани Пред  изборите имав напишано неколку прашања меѓутоа до ден денес не е одговорено на ниту едно ги разгледувам прашањава и гледам дека сте почнале секој ден да давате по некој одговор најверојатно причина е новиот градоначалник.Е па еве го моето прашање живеам во населба Пинтија на ул Саса 32 имам жива ограда со тоа сум заграден и од пред изборите бев опоменет дека треба да ја тргнам затоа што не сум имал некакво одобрение можеби и ќе ја тргнам ако мене некој од вашите инспекциски служби ми објасни зашто мојот сосед Трпковски Спасо од ул Саса 32 бр 26 кој има изидано ограда со бетонски блокови која е висока 4 до 5 метри како може тој да ја има и тоа му е диво градба и нема одобрение за градба ако има кој му дал да ја има во таа висина која е логиката па зар Општината односно инспекцијата кај вас за едни е мајка а за други макеа ве молам да ми објасните кога некој од далеку ќе погледне по нашата улица ќе помисли дека се наоѓа во Арачиново без навреди меѓутоа и таму повеќе не се градат такви високи огради односно зидини

Одговор: Почитувани, Повеќето од објектите а со тоа и оградите што се изградени во овој дел на нас. Пинтија се дивоградби за кои сопствениците поднеле барање за легализација на градба исто како и лицето Трпковски Спасо. Поради косиот терен наведената ограда која е изградена од постар датум на некои делови е изведена со висина поголема од 2м. При вршењето на увидот извршен е разговор со соседите и никој не се пожали на висината на оградата. Исто така, Ве известуваме дека во текот на 2012 год. на лицето Спасо Трпковски му се отстранети ограда и штала. 
 

Име и Презиме: Диме и соседи од САСА 32 населба Пинтија,

Датум: 17.04.2013

   
      Ne bi sakal pogresno da me svatite no krajno vreme da se resi problemot so cistotata vo opstinata duri i ako moze prosetatajte malku po opstinata pa ke vidite kakva e sostojbata okulu kontinjerite a najvise sto mi smeta a veke vo poveke navrati del od firmite so figuriraat vo nasat opstina gi koristat istite kontinjeri za isfrlanje na  nivniot steten otpadok a sto e  uste pololoso lokacijata na kontinjerite postaveni do ucilistata i gradinkite kade sto decata pominuvaat pa do koga ke bide vaka ako vi ja posocam opstina karpos ke recete deka sum od sprotivniot tabor a sepak ja ne bi ve izlozuval na pogolemi troskovi pa eden den prosetajte do opstina aerodrom pa ke vidite tamosnite sluzibi kako si ja vrsat rabotata zgora ne se i lugeto zadolzeni za praznenje na kontinjerite vo vecernite casovi ne si ja obavuvaat rabotata kako sto treba od koga ke gi ispraznat kontinjerite tie ne gi vrakaat vo prvobitna polozba mnogu gi ostavaat malte ne na ulica pa nautro koga treba da se odi vo skolo ili gradinka treba vistinsaka umesnost ili da si kaskader a i so bozja pomos da ne te udri nekoja kola bidejki mora de se dvizime po ulica zosto noknata sluzba na komunalec kontinjerite gi ostava ne na opredelenite mesta tuku tocno na sred trotar pa mora da se zaobikolat ne bi ve zamaral tolku samo uste edna rabota za pocetok kako moze nekako kaj kulite rasadnik  da se odviknat stanarite od tie zgradi vozilata da gi parkiraat na drugo mesto ili barem del da gi parkiraat kaj noviot parking od sprotiva ili da bideme srekni i zadovolni site da ostvarite sredba so zitelite na tie zgradi pa da gi zamolite da gi parkiraat podesno vozilata za da ostane del od trotoarite za da pomine eden peska zosto stvarno preteruvaat koj kako i kade saka se parkira pa neka im proraboti malku svesta zaradi nivnite parkirani koli decata mora da se dvizat po ulica koga se na odmor od ucilisteto krume kepeski se izvinuvam ako vi odzemam vreme za ovie banalni raboti sto ve zamaram  ama po moe mislenje prethodniiot sostav na opstinata ne obrna mnogu na ovie raboti vnimanie a i da ne zaboravam i predvreme da ve predupredam za msecite sto doagaat pogotovo avgust i septemvri za da gi docekate spremni kaj skoloto krume kepeski niknuva div kvantaski pazar pa so vreme nekako da go resite i toj problem ako moze 

Одговор: Почитуван г-дине Кочевски, Во врска со вашето прашање би сакале да Ве информираме дека ЈКП “Комуналец – Кисела Вода” интензивно работи на подобрување на состојбата со комуналната хигиена, користејќи ги максимално располижливите технички средства за работа. Истовремено,  ЈКП “Комуналец – Кисела Вода” е во секојдневна координација и комуникација со ЈП “Комунална Хигиена – Скопје”, во чија надлежност е поставувањето на контејнерите на територијата на Градот Скопје, нивното редовно празнење и чистење околу самите контејнери. Како и да е, во брзо време резултатите ќе бидат видливи на терен. Имајте убав ден. 
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум: 17.04.2013

   
      Pocituvani,
Ziveam na ulica Malesevska br.3, koja e postavena kako udolnica vo odnos na  glavnata ulica Dracevska. Bidejki ulicata ne e urbana ( nema celosni trotoari i atmosverska kanalizacija) imame golem problem so necistotijata koja se sleva od glavnata ulica, osobeno vo dozdlivi denovi. Za vakvata sostojba pridonesuva i Komunalna higiena, bidejki nikade ja nema (osven dva pati sto se pojavija so metlite vo raka , normalno pred izbori). Voedno i za ovaa sostojba pridonesuva i faktot sto trotoarot pred prvata kuka ne e asfaltiran, pa vo dozdlivi denovi,  ulicata vo pocetniot del  stanuva kaliva. Mojata MOLBA e slednata, dali e vozmozno , koga veke vo najbliska idnina ne e predvideno "urbaniziranje" na ulicata, da go asfaltirate barem toj del od trotoarot. Voedno bi Ve zamolila vo idnite planovi za sreduvanje na ulicite vo Dracevo, zaradi postavenosta na ulicata Malesevska, i problemite koi proizleguvaat od toa,  da ja zemete vo predvid i ovaa ulica.
I na kraj samo uste eden komentar, cesto se setam do mojata mala kerka pokraj skoloto, veke eve treta nedela kako nikoj ne go cisti gjubreto od trevnata povrsina (sto treba da bide trotoar) na ul Malesevska , pred skoloto. Nekulturata na lugjeto sto frlaat kesi gjubre tamu e golema, no sepak treba nekoj da se pogrizi toa da se sobere. Pozdrav

Одговор: Почитувана г-ѓо Теменугова, Во врска со Вашето прашање би сакале да Ве информираме дека метењето на улиците се врши паралелно со косење на дивоизраснатата вегетација, па затоа оди малку поспоро, но Ве информираме дека и Вашата улица во брзо време ќе дојде на ред и истата во континуитет ќе се чисти.  
 

Име и Презиме: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,

Датум: 17.04.2013

   
Почитувани ,
од последниот пат кога поставив прашање во врска со диво населените Роми кај поранешна гаража Пелагонија поминаа неколку месеци. Општината еднаш ги исели но тие повторно се вратија и не само тоа но нивниот број постојано се зголемува !!!! Местото го претворија во огромна дива депонија , навечер горат гуми и пластики и шират неподнослива реа , ракометното игралиште е тотално уништено а околните дрва се целосно исечени !!!! Со ефикасност и посветеност , исто како што ми го доставивте даночното решение за 2013 , очекувам  и овој проблем да биде решен .


Одговор: Почитувани, Ве известуваме дека повеќе пати е извршено уривање на дивите населби и иселување на дивовселените роми, но тие повторно се враќаат. Се вршат постојани контроли и преземаат акции во соработка со МВР. Општинските служби се во постојан контакт со МВР и Меѓуопштинскиот центар з