Насловна
Во двете спортски сали ,,Независна Македонија“ и ,,Архиепископ Доситеј“, во сабота и во недела, граѓаните на општината Кисела Вода, може да проследат низа интересни спортски настани.
Во спортската сала ,,Независна Македонија“ (ОУ Н.Г.Дуња), во сабота, љубителите на женската одбојка со почеток во 13:00 часот ќе го проследат дербито на колото помеѓу актуелниот шампион ОК Јанта Волеј (Кисела Вода) - ОК Работнички. Веднаш по овој спортски настан , од 16:00 часот ќе започне дводневниот меѓународен турнир на регионалното женско кошаркарско натпреварување ,,АБА“лига. Овојпат, јуниорките на ,,Бадел 1862“ ќе бидат домаќини на Атлетик Цеље, Марибор и Баскет Кам. Во сабота со почеток во 16:00 часот на програмата е натпреварот Бадел 1862 - Атлете Цеље, додека од 18:00 часот ќе играат екипите на Баскет Кам и Марибор. На вториот ден од турнирот, во недела, ќе се одиграат уште два натпревари. Во првиот натпревар во 09:00 частот ќе се сретнат Баскет Кам - Атлетик Цеље, додека во 11:00 часот ќе играат Бадел 1892 и Марибор.
Во спортската сала ,,Архиепископ Доситеј“, пак, во рамките на Првата машка ракометна лига, во недела се игра дербито на колото РК Спартак Кисела Вода РК Вардар (јуниор). Натпреварот започнува во 12:00 часот. Граѓаните на општината Кисела Вода, сите овие спортски настани, во затоплените спортски сали ,,Независна Македонија“ и ,,Архиепископ Доситеј“, можат да ги проследат бесплатно.