Насловна
Јуниорките на женскиот кошаркарски шампион од Кисела Вода ,,Бадел 1882“ обезбедија пласман во четврфиналето во регионалното натпреварување на ,, АБА“ лигата. Нашите јуниорки (на возраст до 15 години), во општинската спортска сала ,,Независна Македонија“ во изминатиот викенд, успеаа да триумфираат на последниот турнир од А групата.
Тие славеа и во двата натпревари со словенечките претставници. Прво беше победен тимот на Атлете Цеље со резултат од 66:45, додека во дербито, во вториот натпревар, кошаркарките од Кисела Вода беа поуспешни од Марибор со резултат 57:51. Со вкупен скор од 5 добиени средби и два пораза, македонскиот претставник ,,Бадел 1862“ во ова престижно јуниорско натпреварување на ,,АБА“ лигата, обезбеди пласман во четврфиналето кое ќе се одигра на 12.02. 2017 година. Овој успех на младите кошаркарки е уште позначаен, поради фактот што македонската женска кошарка во Македонија, полека но сигурно започнува да се промовира во перспективен спорт.
-Младите таленти на Бадел 1862 покажаа дека Македонија има светла перспектива во женската кошарка. Потребно е да се подржат овие таленти на секое можно ниво, да се направат услови за тренинг и натпреварување, и јас се надевам, дека во иднина ќе се радуваме на уште многу вакви успеси. Сакам да истакнам, дека, со општината Кисела Вода, почнувајќи од оваа година влеговме во еден амбициозен спортски проект кој значи афирмација на женската кошарка. Тренираме и натпреварите ги играме во спортската сала ,,Независна Македонија“ која ни ги дава сите услови за напредок во тренажниот и натпреварувачкиот процес. Исто така, со одделението за спорт на општина Кисела Вода, планираме веќе во следната година да заживее општинскиот проект ,,Спорт за секое дете“, кој треба да обезбеди едукација, масовност, селекција и развој на женската кошарка, - меѓу другото истакна Љупчо Павловски, тим менаџер на женскиот кошаркарски шампион ,,Бадел 1862“.