Насловна
По информација добиена од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ве известуваме дека утре, 27.12.2016 г. (вторник), поради уличен дефект од ф-600мм на бул.”Борис Трајковски” бб до “Техноскоп”, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од Усје до Зелениково (Усје, Пинтија, Пржино, Драчево, Охис ф-ка, Студеничани, Моране, Зелениково, Долно Лисиче) од 08:15 часот до санирање на дефектот. Ќе бидат обезбедени цистерни со питка вода за граѓаните на горенаведените населби. За сите дополнителни информации граѓаните можат да се информираат на телефонскиот број 023073010.