Насловна
Интензивно работејќи на подобрување на патната инфраструктура, Општина Кисела Вода со свои финансиски средства ќе изврши реконструкција (рехабилитација) на коловоз на ул. Партизански пат во с. Драчево. За таа цел преку бирото за јавни набавки е распишан оглас со кој се повикуваат сите подобни и квалификувани понудувачи да дадат понуди за градежни работи кои вклучуваат реконструкција (рехабилитација) на коловоз на ул. Партизански пат во с. Драчево.
Заинтересираните понудувачи можат да добијат дополнителни информации на следнава интернет адреса https://e-nabavki.gov.mk на која е објавена целокупната тендерска документација.
Понудите може да се доставуваат преку електорнскиот систем на бирото за јавни набавки најдоцна до 03.03.2017 до 11:00 часот.