Насловна
Денес беше одбележан патрониот празник на ОУ Кузман Јосифовски – Питу во општина Кисела Вода. Во објектот на подрачното училиште, во Црниче, се одржа свечена програма, во која зедоа учество голем број на ученици, преку музичко-ритмички изведби.
-Ние денес одбележуваме 55 години постоење на нашето училиште, многу сум радосна што на овој ден имаме голем број гости. Во исто време го прославуваме ликот и делото на еден од главните организатoри на антифашистичкото движење во Македонија, Кузман Јосифовски Питу. Сакам да и се заблагодарам на Општина Кисела Вода за поддршката која постојано ни ја дава во реализација на нови проекти, изјави Мишела Милеска Николовска, директор на ОУ Кузман Јосифовски – Питу.
55 годишниот јубилеј оваа училиште го дочекува во темелно реновиран објект, по сите современи и еколошки стандарди.
За потсетување во подрачното училиште ПОУ Кузман Јосифовски – Питу , во Црниче, покрај vo замената на прозорците, столаријата, фасадата, покривот, Општина Кисела Вода инвестираше и во замена на системот за греење, така што истото е првиот јавен објект во Македонија кој се загрева на целосно еколошки начин, со помош на биомаса. Исто така, во еден дел од училиштето, беше отворена и детска градинка, прва во овој дел на градот, а во дворот, Агенцијата за млади и спорт изгради и повеќенаменско игралиште.
Годинава, во двата објекта на ОУ Кузман Јосифовски – Питу, и во основното и во подрачното училиште, настава посетуваат 582 ученици.