Насловна
Општина Кисела Вода информира дека утре во временскиот период од 09:00 часот без вода за пиење ќе останат дел од корисниците од високата зона, додека пак намален притисок ќе имаат и жителите на цела населба.
Од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, информираат дека причината за прекинот во водоснабдувањето е уличен дефект и изведување на водоводен приклучок со пречник од 200 милиметри на улицата „Христо Татарчев“ бб, кај новиот кружен тек во општина Кисела Вода.
Прекинот во водосанбдувањето ќе трае се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“, Скопје не завршат со активностите за санација на проблемот.