Насловна
Покрај шампионската титула во сениорска конкуренција, кошаркарките на ,,Бадел 1862“ ја докомплетираа сезоната со нови две златни медали во кадетска и јуниорска конкуренција. Со овои триумфи кошакарките од Кисела Вода докажаа дека се убедливо надобриот и најорганизираниот женски кошаркарски колектив во Македонија.
За кошаркарски до 16 години, ,,Бадел 1862“ во финалето на ,,фајнел-фор“ турнирот во спортската сала ,,Шабан Трстена“ во Чаир убедливо со 98:60 ја совлада екипата на ,,Шкупи“. Бронзениот медал го освои екипата на ,,Баскет кам“. За МВП на финалниот турнир прогласена беше кошаркарката од ,,Бадел 1862“ Матеа Атанасовска.
Во финалето, пак, во јуниорска конкуренција, исто така против екипатна ,,Шкупи“ во спортската сала во ,,Кале“ ,,баделки“ славеа дури по продолжението со 62:56. Третото место на овој финален турнир за кошаркарки до 18 години го освои екипата на ,,Струга 2009“.
,, Работевме напорно цела сезона и мислам дека заслуживме да се радуваме на ново освоените титули во кадетска и јуниорска конкуренција. Со ова докажавме дека ,,Бадел 1862“ перспективата во женската македонска кошарка ја темели на младите кошаркарки. Спортот не би бил спорт доколку енергијата не ја ,,црпите“ од младите. Токму поради овој факт, се радувам дека во новата сезона заедно со нашиот партнер и дел од спонзорскиот тим на клубот општината Кисела Вода, ќе успееме во целост да го имплементираме проектот ,,Спорт за секое дете“, кој ќе биде опфатен во сите осум основни училишта кои гравитираат во општината Кисела Вода, - истакна тим менаџерот на клубот Љупчо Павловски.