Насловна
Ве известуваме дека педесет и третата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 4 јули 2017 година (вторник) со почеток во 11:00 часот
-Усвојување на Записникот од 52-та пленарна седница на Советот
1.Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на Скопски плански регион за 2016 година;
2.Годишен извештај за работењето на Центарот за развој на Скопски плански регион за 2016 година;
3.Предлог-Одлука за усогласување на намените на земјиштето и објектите во КП 12369/1 КО Драчево 2, во идната урбанистичко-планска документација;
4.Предлог-Одлука за усогласување на намените на земјиштето и објектите во КП 12368/1 КО Драчево 2, во идната урбанистичко-планска документација;
5.Предлог-Одлука за усогласување на намените на земјиштето и објектите во КП 12269 и КП 12438/2 КО Драчево 2, во идната урбанистичко-планска документација;
6.Предлог-Одлука за усогласување на намените на земјиштето и објектите во КП 12368/4 КО Драчево 2, во идната урбанистичко-планска документација;
7.Предлог-Одлука за усогласување на намените на земјиштето и објектите во КП 12367/1 КО Драчево 2, во идната урбанистичко-планска документација;
8.Предлог-Одлука за утврдување правен статус на бесправни објекти за кое може да се изврши усогласување на намените во ДУП Стакларница, Четврт Ј19, Општина Кисела Вода;
9.Советнички прашања
Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.