• Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

    Советот на општина Кисела Вода ја одржа првата конститутивна седница и на истата беа верификувани мандатите на 23 - те нови советници на општината.

  • Започнаа приемните денови кај Градоначалникот Темелковски

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес започна со средби со граѓани, невладини организации и граѓански здруженија во својот кабинет.

  • Дечињата од ЈДГ „8 Март“ во посета на Општина Кисела Вода

    Градоначалникот Филип Темелковски денеска во својот кабинет ги прими дечињата од ЈДГ „8 Март“.

  • Финализираше целосната реконструкција на Паркот Шопен

    Општина Кисела Вода изгради две нови детски игралишта во Паркот Шопен.

 

 

Насловна

Се реновира градинката “Сончоглед” во Кисела Вода

По 42 години, објектот на градинката “Сончоглед”, кој се наоѓа на улицата “Локов” во населбата Кисела Вода и е дел од ЈДГ “Весели Цветови”, ќе добие нов лик.

Околу 900.000 денари е вкупната инвестиција за реконструкција на градинката, со која се опфаќа промена на ламинатот на површина од 800 квадратни метри, внатрешно молерисување на објектот, отстранување на старата ламперија и поставување на гипс-картон со глетување на ѕидовите.

Ова е прва фаза од целосната реконструкција на објектот, кој датира од 1975 година, а во која досега немало некој покрупен реконструктивен зафат. Втората фаза од реновирањето ќе се реализира до крајот на 2017 година и ќе опфати санација на тоалетите, а веќе во третата фаза која е предвидено да се реализира во 2018 година ќе се изврши реновирање на делот со јаслите, промена на прозорците и ламинатот.

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец Алексиќ денеска изврши увид во реконструктивните зафати за подобрување на условите за згрижување на околу 260 деца во оваа градинка.

-“Вложувањето во објектите на детските градинки е еден од врвните приоритети во работата на општина Кисела Вода, во изминатиов 4-годишен период. Изградивме 3 нови градинки, во Припор, Пинтија и Црниче, токму на местата каде што досега на територијата на општина Кисела Вода воопшто и немало, се со цел да се излезе во пресрет на потребите на жителите за згрижување на децата од предучилишна возраст” – изјави Беличанец Алексиќ.

Директорката на ЈДГ “Весели Цветови”, Валентина Божиновска се заблагодари на општината и на градоначалникот Беличанец Алексиќ за целокупната помош во делот на градбата на новите објекти и реконструкцијата на постоечките, со кои како што рече, се подобруваат условите за работа на персоналот, но и условите за згрижување на најмладите жители на општината.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Викендов ,,Баделки“ го пречекуваат "Вардар" https://t.co/fuoXy9mH2x
9hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda “Next Time“ на час по музичко во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ https://t.co/bc71LdZFD6
9hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Крводарителска акција во Општина Кисела Вода https://t.co/Z9Yzgp55PQ
10hreplyretweetfavorite