• Кисела Вода меѓу најуспешните

    Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ,доделија нови 50 решенија за легализација на дивоградби.

  • Ново училиште во Драчево

    Отворени вратите на на новоизграденото училиште во населбата Драчево ООУ “Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонското пријателство”

  • Отворена градинка во Црниче

    Градинката “Перуника” е првиот јавен објект кој за греење користи биомаса

  • Кисела Вода доби целосно нов Дом на културата

    Станува збор за целосно, темелно реконструиран објект изграден во 1959 година, руиниран и надвор од употреба од 1990 година.

 

 

Насловна

5200 основци во Општина Кисела Вода ја почнаа учебната година

За околу 5200 основци денес во Општина Кисела Вода училишното ѕвонче го означи почетокот на новата учебна година.  Првпат во училишните клупи, во осумте основни училишта во Кисела Вода седнаа вкупно 616 првачиња.

За потсетување, изминатиот период Општина Кисела Вода правејќи напори да обезбеди подобри услови за учениците на својата територија реализираше бројни проекти.

Беше изграден нов училишен објект за ООУ „Рајко Жинзифов  симбол на кинеско - македонското пријателство“, во кое започнаа градежни активности за изградба на нова училишна спортска сала.

Исто така и основците од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ добија нов училишен објект, како и енергетски обновена спортска училишна сала. Инаку, ова училиште кое е со површина од 2.200 метри квадратни има капацитет во две смени да прими 600 ученици.

Покрај ова, беше извршена темелна обнова и на повеќе други основни училишта на територијата на општина Кисела Вода.

Целосно беше реновирано централното основно училиште „Круме Кепески”, во кое беше извршена целосна замена на кровот, беа заменети постојните со нови прозори, се изврши и реконструкција на санитарните јазли, а беше поставена и ограда на училишниот двор. Исто така целосна реконструкција беше извршена и во ПОУ „Круме Кепески” во Припор, во кое се изврши замена на фасадата со енергетски ефикасна, беа заменети прозорците, беше обновен дотраениот покрив, а се постави и ограда на влезот на училиштето. Во истото беше отворена и првата детска градинка во Припор „Стапалче“, во која се изгради современо детско игралиште, а во дворот на истата изградена е и летна училница. Инаку оваа градинка се загрева со помош на биомаса.

Темелна реконструкција се изврши и во Подрачното Основно Училиште „Кузман Јосифовски Питу” во населбата Црниче, објект во кој се отвори и првата детска градинка во оваа населба. Во овој објект беше извршена реконструкција на кровот, фасадата и столаријата, а се постави и ограда. Покрај ова, во истото се изгради и повеќенаменско игралиште. Инаку ова е прв јавен објект во Македонија кој се загрева со биомаса.

Во објектот на  ООУ „Кузман Шапкарев“ во населбата Драчево беше извршена замена на прозорците, реконструирани се дел од тоалетите, а се врши и поставување на нова енергетска фасада. Во кругот на истото извршена е и изградба на спортска инфраструктура.

Реконструктивни зафати беа изведени и во ОУ „Кирил Пејчиновиќ”, во кое се изврши комплетна промена на столаријата, а беа реконструирани и тоалетите, во моментов, во истото, општината го обновува подот на училишната спортска сала.

Воедно, Општина Кисела Вода за што поголема безбедност на учениците кои ги посетуваат основните училишта, пред повеќето од нив изврши преобележување на пешачките премини.

За таа цел, преобележување на хоризонтална сигнализација беше извршена пред основните училишта „Невена Георгиева Дуња“, „Кирил Пејчиновиќ“ и „Круме Кепески“. Воедно, преобележување на хоризонтална сигнализација беше извршена и пред ПОУ „Кузман Јосифовски – Питу“ во кое е сместена и градинката градинката „Перуника” во населбата Црниче.

Покрај ова, преобележување на хоризонталната сигнализација беше извршена и пред градинката „8 ми Март“ во Пржино.

Со ова , локалната самоуправа направи уште еден чекор напред за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Општина Кисела Вода на сите ученици им посакува успешни училишни денови.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Улиците „Кавалска“ и „Томе Арсовски“ утре без струја https://t.co/OSABwNm7d8
O_KiselaVoda Утре две улици во Кисела Вода без струја https://t.co/BCepAyeMaQ
O_KiselaVoda Јавен оглас за вработување негуватели Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за врабоитување на... https://t.co/cnb4QuZbuw