Насловна
Општина Кисела Вода информира дека утре во временскиот период од 08:30 до 13:00 часот жителите на дел од улицата „Кавалска“ ќе останат без напојување со електрична енергија, а во периодот од 11:00 до 12:00 часот без струја ќе останат и жителите од улицата „Томе Арсовски“.
Од Регионалниот центар за управување со кризи соопштија дека прекините во напојувањето со електрична енергија се поради изведување на планирани технички работи од страна на ЕВН Македонија.