Насловна
Општина Кисела Вода информира дека согласно Програмата на Секторот за комунални дејности, во тек е есенска дератизација на јавните површини на нејзината територија.
Постапката за уништување на глодарите започна од населбата Драчево, потоа мамци беа поставени и во селото Драчево и во Пинтија, додека денес се поставуваат во Пржино и Црниче. Со истата акција, во наредните денови ќе бидат опфатени јавните површини и низ останатите месни и урбани заедници низ општината. Дератизацијата ја спроведува Токси Вет во соработка со ЈП Водовод и канализација и општина Кисела Вода, преку Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина. Мамците против штетните глодари ќе бидат поставени во 3860 шахти.