Насловна
Општина Кисела Вода информира дека утре во временскиот период од 8:30 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Михаил Чаков“ бр. 1, 3, 5, 7 и 11.
Исто така, утре во периодот од 9 до 14 часот без напојување со електрична енергија ќе останат и дел од корисниците од подулиците на улицата „Христо Татарчев“ со број 2, 8, 10, 12, 32, 34, како и неколку споредни улички на истата улица.
Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопштија дека прекините во напојувањето со електрична енергија ќе бидат поради закажани технички зафати во електромрежата.