Насловна
Општина Кисела Вода на сите граѓани им го честита 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје од фашистичкиот окупатор. На овој ден пред точно 73 години македонските партизани по целодневните деноноќни борби, водени низ градските улици го ослободија Скопје од фашистите.
Овој ден нека ни биде потсетник за херојството на македонските партизани кои со својата борба за слобода придонесоа градот Скопје да се развива и да прерасне во вистинска метропола.
Нека ни е честит и вековит 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје од фашистичкиот окупатор.