Насловна
Престојниот викенд, жителите на општина Кисела Вода ќе можат бесплатно да проследат шест спортски натпревари на клубовите од општината. Централен настан ќе биде неделната средба меѓу ЖКК Бадел 1862 и Трокал во рамките од нашата најсилна женска кошаркарска лига.
Кошаркарките од Кисела Вода, ќе ја пречекаат екипата од Кавадарци во спортската сала ,,Независна Македонија“ во недела со почеток во 14 часот. Инаку, неделната двојна програма, два часа порано ќе ја отпочнат младинките на ЖКК Бадел, кои во натпревар од 4-тото коло ќе играат со Академик од Кавадарци. Во сабота , во спортската сала ,,Независна Македонија“ ќе има тројна програма. Во 10 часот, во рамките од втората машка кошаркарска лига младинците на КК Ангели се домаќини на ФМП, додека во 12 часот кадетите од КК Ангели -Кисела Вода во градското дерби ќе играат со Чаир. Љубителите на кошарката пак, во 14 часот ќе го проследат натпреварот меѓу јуниорските екипи на ЖКК Бадел и Шкупи. Исто така во сабота, со почеток во 13 часот во спортската сала ,,Архиепископ Доситеј“, во рамките од Првата машка ракометна лига ќе играат Металург-јуниор и Неготино Вардар.