• Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

    Советот на општина Кисела Вода ја одржа првата конститутивна седница и на истата беа верификувани мандатите на 23 - те нови советници на општината.

  • Започнаа приемните денови кај Градоначалникот Темелковски

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес започна со средби со граѓани, невладини организации и граѓански здруженија во својот кабинет.

  • Дечињата од ЈДГ „8 Март“ во посета на Општина Кисела Вода

    Градоначалникот Филип Темелковски денеска во својот кабинет ги прими дечињата од ЈДГ „8 Март“.

  • Финализираше целосната реконструкција на Паркот Шопен

    Општина Кисела Вода изгради две нови детски игралишта во Паркот Шопен.

 

 

Насловна

Општина Кисела Вода ќе ги унапредува спортските клубови

Спортот во Општината, мора да заживее а Oпштината Кисела Вода ќе биде двигател на клубовите во насока на развој на спортот во општината Кисела Вода. Ова е генералниот заклучок од денешната средба на спортските клубовите кои егзистираат на територијата на Oпштината Кисела Вода со градоначалникот Филип Темелковски.

Претставниците на спортските клубови ЖОК Јанта Волеј, ЖКК Бадел 1862, КК Ангели, РК Спартак, РК Металург-јуниор како и Унијата на спортски педагози Кисела Вода, ја истакнаа благодарноста кон Општината за одлуката да тренираат и да ги играат натпреварите бесплатно во спортските сали ,,Независна Македонија“ и ,,Архиепископ Доситеј“ притоа, давајќи им подеднаква шанса на клубовите добро да се организираат и на спортистите да им овозможат квалитетен тренажен процес.

Клубовите меѓу другото, истакнаа, дека, имаат потреба од повеќе термини за тренинг во спортските сали бидејќи сакаат во Општината да ги сместат сите возрасни категории на своите екипи. Исто така, беше потенцирано, дека, имаат финансиски проблеми, но и покрај тој хендикеп, сметаат дека, со помош на Oпштината Кисела Вода, успешно ќе ги реализираат своите програми во спортската сезона која е во тек.

-Нема дилема, дека, економските услови се клучни за стабилизирање на  спортските клубови кои егзистираат во Oпштината Кисела Вода а секако, тука клучни се и условите за тренинг и натпревари. Општината размислува во следната година да реализира серија проекти кои значат унапредување на спортските клубови, но и севкупно унапредување на спортот во Општината. Дел од проектите ќе бидат реализирани од буџетот на Општината, дел од нив ќе се реализираат заедно со Агенцијата за млади и спорт, а голема помош очекуваме и од стопанските субјекти кои егзистираат во Општината во делот на финансирање на клубови, според измените во Законот за спорт,- меѓу другото потенцираше градоначалникот Филип Темелковски.

     

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Викендов ,,Баделки“ го пречекуваат "Вардар" https://t.co/fuoXy9mH2x
9hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda “Next Time“ на час по музичко во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ https://t.co/bc71LdZFD6
9hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Крводарителска акција во Општина Кисела Вода https://t.co/Z9Yzgp55PQ
11hreplyretweetfavorite