Насловна
Во рамките на женската одбојкарска Прва лига, ЖОК Јанта Волеј Кисела Вода во спортската сала ,,Независна Македонија“ во сабота со почеток во 15 часот ќе се сретне со Универзитет Тетово. Бездруго, тоа е дерби на колото со оглед на фактот дека играат првиот и третиот на табелата.
Имено, гостите од Тетово се првопласирани со освоени вкупно 18 бода, додека одбојкарките од Кисела Вода во моментов се трети на табелата со вкупно 14 освоени бодови. Двојната спортска програма во сабота ја сочинува кошаркарската средба меѓу КК Ангели и КК Тетекс Тетово. Натпреварот во спортската сала ,,Независна Македонија“ е закажан за 12 часот и 15 минути. Љубителите, пак, на ракометот, исто така во сабота, но во спортската сала ,,Архиепископ Доситеј“ ќе можат да ја проследат средбата меѓу РК Спартак Кисела Вода и РК Риниа. Натпреварот се игра во рамките на Првата ракомет лига и се игра со почеток во 18 часот. За сите саботни спортски настапи на екипите од Кисела Вода, влезот за сите граѓани во спортските сали ,,Независна Македонија“ и ,,Архиепископ Доситеј“ е бесплатен.