• Пакетчиња за дечињата од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

    Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот Филип Темелковски ги посети учениците од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

  • Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

    Советот на општина Кисела Вода ја одржа првата конститутивна седница и на истата беа верификувани мандатите на 23 - те нови советници на општината.

  • Започнаа приемните денови кај Градоначалникот Темелковски

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес започна со средби со граѓани, невладини организации и граѓански здруженија во својот кабинет.

  • Финализираше целосната реконструкција на Паркот Шопен

    Општина Кисела Вода изгради две нови детски игралишта во Паркот Шопен.

 

 

Насловна

Вечерва во спортската сала „Независна Македонија“ ќе се одиграат три напревари во женска одбојка

Денес во спортската сала „Независна Македонија“ ќе се одржат три одбојкарски натпревари.

Имено, вечерва ќе се одигра тромеч во женска одбојка на кој силите на теренот ќе ги одмерат сениорските тимови на ОК ЈАНТА ВОЛЕЈ од Кисела Вода, ОК НАКОВСКИ ВОЛЕЈ од Струмица, како и ОК ПАНДА од Врање, Република Србија.

Натпреварите ќе одиграат по следниот распоред:

- 18:15   ОК ПАНДА - ОК НАКОВСКИ

- 19:30   ОК ЈАНТА ВОЛЕЈ - ОК ПАНДА

-  20:45   ОК ЈАНТА ВОЛЕЈ - ОК НАКОВСКИ

- За вечерашниот тромеч можам да кажам дека е добра увертира на пролетниот дел од сезоната која треба да започне на 25.02.2018 година. Нашата екипа макотрпно се припремаше и ги одработи тренинзите во паузата па сега е добро време за уигрување на екипата. Да ги видиме нашите аномалии и да ги поправаме за да можеме да останеме во горниот дел од табелата, каде моментално сме трето место и да го подобриме, како би можеле да имаме подобра ПЛЕЈ ОФФ стартна позиција. Се надевам дека и оваа година како и предходните четири ќе се бориме за шампионската титула и титулата КУП на Република Македонија. Добро ќе ни дојде спарингот со ОК Панда од Врање и ОК Наковски од Струмица.

Ние како клуб континуирано работиме и со младите категории и таму сакаме да го поправиме минатогодишниот скор во кадетска и пионерска конкуренција каде што бевме трети, да бидеме како младинките кои беа шампиони на Република Македонија. Работиме со многу млади генерации кои треба да  нараснат и созреат за селекциите и првата екипа.

Се тоа со несебична помош од Општина Кисела Вода и одделението за Спорт кои ни овозможија максимум во условите за работа и тренажен процес. Го работиме заеднички проектот Спорт т.е. ОДБОЈКА за секое дете, каде може да се пофалиме со голема масовност каде земаат членство над 60 тина деца девојчиња. Се надевам на продолжување на соработката и напредување во секој поглед како во масовност така и во квалитет.

Исто така можам да кажам дека ќе ги помогнеме и активностите на реактивираниот Училишен Спорт и ќе имаме квалитетни меѓу училишни натпревари од каде ќе ги црпеме непресушните ресурси за селекциите во клубот, изјави тренерот на женскиот одбојкарски клуб „ЈАНТА ВОЛЕЈ“, Горан Јаневиќ - Јанта.

Инаку, вечерашните пријателски натпревари се подготовка за продолжување на сезоната во пролетниот дел и пласман во ПЛЕЈ ОФОТ.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Градоначалникот Филип Темелковски им додели благодарници на ЖОК Јанта Волеј, ЖКК Бадел 1862 и КК Академија ФМП https://t.co/3d6rz4TMTD
17hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода во повеќе паркови ја обнови урбаната опрема и детските игралишта https://t.co/oXV7zKjzip
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода избира најдобар наставник, воспитувач и негувател https://t.co/Ricks2VnWt