Насловна
Вечерва одбојкaрскиот клуб Јанта Волеј од Кисела Вода во Спортската сала „Независна Македонија“ ќе ја пречека екипата на Планет од Скопје.
Љубителите на одбојката овој натпревар ќе можат да го проследат во спортската сала „Независна Македонија“ со почеток од 18:00 часот.
-Пролетниот дел го започнавме успешно со победа над екипата Универзитет Тетово во Тетово со максимален резултат 3:0 и моментално се наоѓаме на второто место на табелата.
Со градскиот ривал Планет очекуваме да ја продолжиме победничката серија бидејки во есенскиот дел ги победивме на нивен терен. Сакам да нагласам дека многу добро сме подготвени во зимскиот период пред се благодарение на добрите услови кои ни се овозможени од страна на Општина Кисела Вода, градоначалникот Филип Темелковски и Одделението за спорт.
Успешно ја претставуваме одбојката во општината и континуирано сме во завршниците на првенството и купот на Македонија. Се надевам дека ќе успееме да се избориме за влез во финалињата и ќе дадеме се од себе да ги освоиме победничките пехари.
Нашиот клуб постојано се надополнува со млади таленти кои почнуваат со одбојкарската игра благодарение на проектот спорт за секое дете кој го реализира Општина Кисела Вода во соработка со нашиот клуб. Се надеваме дека соработката ќе продолжи и дека ќе ја омасовиме одбојката во нашата општина – изјави капитенот на женскиот одбојкарски клуб Јанта Волеј, Моника Јаневиќ.
Имено, овој натпревар кој ќе се одигра денес е во рамки од 11 коло на првата одбојкарска лига на Македонија за жени.