Насловна
Градоначалникот Филип Темелковски минатата недела оствари повеќе работни средби со жителите на Општина Кисела Вода. Темелковски во придружба на секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски, дел од раководителите на стручните служби од општината и претставници на ПС Кисела Вода оствари работна средба со граѓаните од урбаните заедници 11 Октомври – згради и Кисела Вода.
На овие две средби граѓаните имаа можност пред градоначалникот да ги претстават проблемите со кои се соочуваат во нивното секојдневние, како и да ги презентираат своите предлози и идеи, кои би придонеле за подобар живот за сите.
Градоначалникот Темелковски на средбата во УЗ Кисела Вода ги информираше граѓаните за активностите кои општината ќе ги преземе за подобрување на условите за живот во нивната урбана заедница. Во периодот што следи предвидено е да се изврши гасификација на урбаната заедница. Во соработка со градот Скопје ќе се вложат и максимални напори за побрзо завршување на градежните активности на кружниот тек на последната автобуска станица, број 24, како и на пропратните сервисни улици кои се составен дел од овој проект. Покрај ова градоначалникот најави дека во моментов во соработка со Министерството за здравство се работи за изнаоѓање на долгорочно решение за Домот за зависници. Беше најавено и скорешно започнување со работа на новоизградениот Дом на културата.
Исто така, градоначалникот Темелковски на средбата оддржана во урбаната заедница 11 Октомври - згради ги слушна прблемите на граѓаните и воедно, ги информираше за активностите кои Општина Кисела Вода ќе ги преземе во наредниот период.
Како дел од работните активности кои ќе се спроведат во периодот што следи е изработка на нов проект за трим патеката, како и поставување на соодветни реквизити на истата. Предвидена е санација на ул. Пушкинова со краците, енергетска ефикасност со модул за згради од 2019 година, како и изработка на нова енергетски ефикасна фасада на ОУ „Кирил Пејчиновиќ“. Градоначалникот информираше и за гасификацијата на Град Скопје со одредени нови линии за УЗ 11 Октомври – згради.
На овие две средби градоначалникот ги информираше граѓаните и за барањата за легализација на нивните имоти, кои заради несоодветна докуменатција и поминат рок за достава на елаборати беа одбиени. Темелковски ги повика повторно да поднесат барања до општината, како би ги легализирале своите имоти. Беше нагласено дека за социјално ранливите категории на граѓани изработката на елаборат во Катастар е бесплатна.
Граѓаните на овие средби избраа и свои претставници во советите на урбаните заедници.
За свои претставници во советот на УЗ Кисела Вода тие ги избраа: Сашо Матевски, Бранко Поповиќ, Ѓорѓи Ѓоргиовски, Даниела Настова Пиштолова, Борче Лазаревски, Елена Тодевска и Јорде Мукоска. Додека, избраните советници за претседател го избраа Сашо Матевски.
И во урбаната заедница 11 Октомври – згради граѓаните за свои претставници ги избраа: Сашо Ристовски, Илинка Доцевска Спасовска, Сашо Антевски, Мира Анѓушева, Емилија Владимирова, Снежана Маргиќ и Фросина Маријановиќ. За претседател беше избран Сашо Ристовски.
Градоначалникот Филип Темелковски вечерва ќе оствари работен состанок и со граѓаните од УЗ Цветан Димов. Истата ќе се одржи во просториите на Општина Кисела Вода, барака број 7, со почеток во 19:00 часот.