Насловна
Уште една крводарителска акција се одржа денес во Општина Кисела Вода. 40 хумани граѓани, во Големата сала на Општината даруваа крв и помогнаа да се спаси нечиј живот.
Меѓу нив имаше и вработени во општинската администрација, како и претставници од сите месни и урбани заедници од Oпштината. Најмладиот дарител имаше 20 години, а највозрасниот 63. Меѓу дарителите имаше и такви кои имаат ретка крвна група и нови, кои за прв пат даруваат крв.
Оваа акција која е во организација на Oпштина Кисела Вода и Општинската организација на Црвениот крст - Кисела Вода, во соработка со Заводот за трансфузиологија-Скопје, се одвива неколку пати годишно.