Насловна
Најголемите свои хитови, вчера Миле Кумановски и’ ги отпеа на публиката во Драчево.
Од сцената на Три круши, прозвучеа Не кани ме, Крал без Круна, Огледало, Шприцер, како и многу други хитови чија изведба уште еднаш го позиционираше Кузмановски на естрадниот врв во Македонија.
И овој целовечерен концерт беше дел од овогодинешната програма на културното лето на Општина Кисела Вода “Три круши 2018”. Во рамките на истото, вечерва настапуваат Бени и Нон Стоп, а викендот е резервиран за Блага Петреска со Ѓоко Дончев и Дани Димитровска. Влезот за сите концерти е бесплатен, а истите започнуваат во 20 часот.