Насловна
Уште еден успешен концерт во низата културни случувања кои летово се одвиваат на “Три круши 2018”. Синоќа, публиката во селото Драчево имаше можност два часа да ужива во песната на Блага Петреска и Ѓоко Дончев.
Весело и разиграно, посетителите уживаа во хитовите “Наша свадба”, “Заиграј срцe”, “Ти ме предаде”,”Свени ми невене”, “Доме мој”, “Сношти Кате пак те видов”, “Која си, чија си”....
Општина Кисела Вода ве поканува и вечер да бидете дел од културното лето “Три круши 2018”. Со почеток во 20 часот, нa локалитетот Три круши концерт ќе одржи Дани Димитровска. Истиот претходно беше одложен поради временските неприлики.