Насловна
Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски заедно со полициските службеници од СВР – Скопје на учесниците во сообраќајот и случајните минувачи им укажуваше за превенција и внимание во летниот период од пожари. Покрај ова, граѓаните добија шише вода и едукативни флаери.
Имено, кампањата „Лето без пожари“ која Општина Кисела Вода ја подржа се спроведува во соработка со Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи - Скопје и Полициската станица од општа надлежност - Кисела Вода. Истата има за цел спречување на пожари предизвикани од невнимание од страна на граѓаните, подигнување на свеста за заштита и зачувување на зелените површини, како би се намалиле еколошките штети, а со тоа би се подобрила и безбедноста на сите граѓани.
Кампањата „Лето без пожари“ која СВР - Скопје ја започна во месец јуни ќе продолжи да се одвива до крајот на летниот период во сите делови на територијата на град Скопје.