Насловна
Соседска патрола се одвиваше синоќа низ општина Кисела Вода. Градоначаликот Филип Темелковски, заедно со претставници од Полициската станица од општа надлежност-Кисела Вода, како и од Одделението за превенција при СВР-Скопје, со советници од Советот на Општината, претстаници од месните заедници, родители од овој дел на градот, синоќа беа во обиколка на повеќе локации низ општината каде што има собирање на млади во доцните часови и на места каде што има евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир и зачестени кривични дела.
Се изврши обиколка на повеќе паркови, воспитно-образовни објекти, игралишта, напуштени објекти во урбаните заедници 11 Октомври –Згради, Цветан Димов, Кисела Вода, Расадник и Пинтија.
Со лицата кои беа таму затекнати се дискутираше околу законските правила и прописи за превенција од ситуации кои можат да доведат до посериозни нарушувања на јавниот ред и мир и безбедноста на жителите на ова подрачје.
Родителите,пак, кои беа дел од оваа патрола, имаа можост да добијат информација каде се движат и што прават нивните малолетни деца во текот на вечерните излегувања и дали има потреба од дополнителна комуникација меѓу нив. Проектот “Соседска патрола” кој го спроведува Министерството за внатрешни работи, преку СВР-Скопје и ПСОН Кисела Вода, заедно со локалната самоуправа, има за цел зголемување на сигурноста и безбедноста на граѓаните во нивните населени места, како и намалување на кривичните дела и нарушувањата на јавниот ред и мир на ова подрачје. Истиот ќе продолжи и во наредниот период.