Насловна
Врз основа на Меморандумот за соработка бр.08-7131/1, склучен на ден 09.08.2018 година, помеѓу Општина Кисела Вода, Град Скопје и ЈП Комунална хигиена, на ден 24.08.2018 година, Општина Кисела Вода објавува Ј А В Е Н П О В И К до сите заинтересирани граѓански здруженија, активисти и жители за заштита на правата на животните со адреса на седиште и живеалиште на територија на Општина Кисела Вода.
Општина Кисела Вода ги повикува сите заинтересирани граѓански здруженија, активисти и жители за заштита на правата на животните со адреса на седиште и живеалиште на територија на Општина Кисела Вода, да земат учество соодветно на нивните желби и можности, во програмата ХУМАНА КОНТРОЛА НА КУЧИЊАТА БЕЗДОМНИЦИ.
Во правец на успешно спроведување и реализирање на програмата, Општина Кисела Вода ги замолува сите заинтересирани граѓански здруженија и активисти, да достават список на волонтери (така наречени старатели), кои ќе прифатат без надомест да ги извршуваат следниве обврски:
- Пријавување единки за кастрација / стерилизација;
- Обезбедување помош на стручните служби од ЈП Комунална хигиена, за похумано и полесно заловување на бездомните кучиња и други животни;
- Следење на состојбата на кучето за време на престојот во стационарот “Вардариште“;
- Помош при вдомување на единките;
- Постојана комуникација со стационарот “Вардариште“ и пристап до кучињата за кои се одговорни.
Лице за контакт:
- Горан Петковски, одговорно лице за координација на активностите на Градоначалникот,
070/246-176, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
- Ана Ѓуроска, координатор на иницијатива, 078/226-148, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Општина Кисела Вода
Градоначалник
Филип Темелковски