Насловна
Општина Кисела Вода спроведува акција за пребележување на пешачките премини на улиците пред сите училишта и градиники на својата територија.
Пребележувањето се врши со цел за што поголема безбедност на учениците кои ги посетуваат основните училишта. Покрај ова, пребележувањето ќе ја подобри и безбедноста и на останатите учесници во сообраќајот.
Овие активности кои општината ги започна минатата недела според планот треба да завршат до почетокот на новата учебна година.