• Реновирана спортската сала во ООУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево

    Општина Кисела Вода инвестираше во целосна обнова на училишната сала во од ООУ “Св. Климент Охридски”

  • Францускиот амбасадор ја посети општината

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во својот кабинет оствари работен состанок со амбасадорот на Франција, неговата екселенција, Кристијан Тимоние.

  • Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ поставена е нова термоенергетска фасада

    Со завршување на градежните активности ООУ Кирил Пејчиновиќ доби нова термоенертетска фасада

  • Општина Кисела Вода сади нови 67 дрва на својата територија

    Општина Кисела Вода започна акција за садење на нови 67 разни видови дрва на повеќе локации на својата територија.

 

 

Насловна

Општина Кисела Вода потпиша Меморандум за соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски и деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје, проф. Д-р Вјекослав Танасковиќ, денес потпишаа Меморандум за соработка на овие две институции.

 

Согласно истиот, договoрена е активна соработка која ќе придонесе за унапредување на деловното опкружување, благосостојба и просперитет, со приоритет на спроведување на иновативно креативната платформа “Градиме здрава, зелена и безбедна иднина-Безбедна животна средина во локалната заедница-Take green action”.

Како што најавија градоначалникот на Општина Кисела Вода и деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје, заедничките активности ќе се спроведуваат преку организирање на специфични заеднички проекти со цел поттикнување  на одржлив развој и во руралниот и во урбаниот дел на општината, со приоритет на иновативно-кариерно вклучување на студентите во целокупниот процес на соработка.

На настанот во Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје, пристуствуваа и своја поддршка дадоа и градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски, директорот на Опитно поле ФЗНХ  Лидија Бурназова и директорот на ДУРДМОВ Димитар Влахов, Горанчо Јакмовски.

Токму во државното учулиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид лоцирано во Кисела Вода, ќе се одржи првиот од заедничките проекти кои ќе следат согласно договореното.

Настанот е закажан на 15 октомври, по повод Светскиот ден на храна, под мотото Ајде да садиме, здрава и органска иднина да градиме, а воедно со истиот ќе се одбележи и  Меѓународниот ден на слепи и лица со оштетен вид-Денот на белиот стап.

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Утре ул. Киро Фетак без струја https://t.co/s3wvNho8nX
O_KiselaVoda Во Кисела Вода се одржа Мултимедијален хепенинг на отворен простор https://t.co/5B8VQFyBaA
O_KiselaVoda Награди за најдобрите ученици, спортисти и просветни работници во училиштата и градинките https://t.co/kP5Y15ZpqK