Насловна
Општина Кисела Вода на сите граѓани им го честита 23 - ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.
Имено, на 23 Октомври 1893 година во Солун осована е Mакедонската револуционерна организација, која со сопствени сили се борела за слобода на Македонија. Основањето на истата го означило почетокот на организираната борба на македонскиот народ кој преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа преку НОБ се изборил за создавање современа самостојна македонска држава.
Нека ни е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.