Насловна
Проектот „Општинско - корисна работа“ кој Општина Кисела Вода го реализира преку успешната соработка со УНДП, дополнет е со уште 10 ново ангажирани лица кои ќе извршуваат работни активности во двете јавни детски градинки кои се под надлежност на Општината.
Истите ќе бидат финансирани од страна на локалната самоуправа преку Програмата Г10 Локален економски развој со потпрограма ГД0 - Проекти за енергетска ефикасност за 2018 година.
Имено, со ова, годинава Општина Кисела Вода има ангажирано вкупно 26 лица, од кои 15 образовни асистенти и 1 личен асистент за работа со лица со посебни потреби во осум основни општински училишта, како и 10 негуватели ангажирани во јавните детски градинки на територија на Општината.