• Реновирана спортската сала во ООУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево

    Општина Кисела Вода инвестираше во целосна обнова на училишната сала во од ООУ “Св. Климент Охридски”

  • Францускиот амбасадор ја посети општината

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во својот кабинет оствари работен состанок со амбасадорот на Франција, неговата екселенција, Кристијан Тимоние.

  • Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ поставена е нова термоенергетска фасада

    Со завршување на градежните активности ООУ Кирил Пејчиновиќ доби нова термоенертетска фасада

  • Општина Кисела Вода сади нови 67 дрва на својата територија

    Општина Кисела Вода започна акција за садење на нови 67 разни видови дрва на повеќе локации на својата територија.

 

 

Насловна

Екипата на ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода во Германија го победи Нирнберг

Девојките на ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода изминативе неколку дена на покана на  женскиот кошаркарски клуб „ Post SV Nürnberg“ престојуваа во Нирнберг, Германија.

На ова гостување кое се реализира во рамки на одлично воспоставената соработка на градовите Скопје и Нирнберг, кошаркарките од двата клуба се запознаа, заедно тренираа и разменија искуства. Тие разговараа и за нивните досегашни спортски успеси, нутриционизам, политика и култура. Девојките  одиграа и пријателски натпревар, на кој кадетската селекција на ЖКК „Бадел 1862“ го победи тимот од Нирнберг, со резултат од 87-69.

Покрај ова, баделки заедно со тим менаџерот, Љупчо Павловски остварија средба со градоначалникот на Нирнберг, др. Клеменс Геселл. На оваа средба, за одличниот прием и гостопримство на спортските екипи од Скопје во Нирнберг на градоначалникот Геселл од страна на Павловски му беше врачена Благодарница од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

-Овој престој во Нирнберг е драгоцено искуство за нашиот клуб, пред се за кошаркарките и тренерите, затоа што сите активности беа спроведени заеднички, тренинзите ги обавуваа тренерите од двете екипи, се запознавме со начинот на организација и функционирање на спортот во Нирнберг, го посетивме нивниот фитнес центар, се одржаа и неколку  едукативни предавања за правилата на 3X3 streetball, нутрицинизмот во спортот, како и многу други активности. Воедно, се договоривме наредната година да го возвратиме нивното гостопримство во Македонија со организирање на заеднички кошаркарски камп. – изјави Љупчо Павловски , тим менаџер на ЖКК „Бадел 1862“.

Воедно, продолжува победоносната серија на баделки во сите категории на натпреварувања. Изминатиов викенд сениорската екипа на ЖКК „Бадел 1862“ во рамките на првата женска кошаркарска лига на гостувањето во Делчево извојува висока победа против ЖКК „Патриот“ со 125-36. Додека, на домашен терен во рамките на Кадетската лига М16, кошаркарките на ЖКК „Бадел 1862“ ја надиграа  екипата на ЖКК Гостивар со резултат од 88-50. Во досегашните одиграни натпревари ЖКК „Бадел 1862“ не е поразен.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda ЈДГ „Весели Цветови“ одбележа 74 години постоење https://t.co/whbbZEVzdA
17hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Утре без вода ул. „Мариовска“ https://t.co/aE2W9kBFLp
O_KiselaVoda Денес ФК „Кул здравје“ од Кисела Вода ќе игра против ФК „Академија Постолов - Пандев“ од Штип https://t.co/s7PYjxw7gg