ankara escortcasino siteleri1xbet 2024ankara escort bayanankara escortkonya eskortizmir escortmebbis girişataşehir escortkadıköy escortbahsinewonoddbetmatikmariobettipobetonwinbahiscombahsineDenizli Escortdeneme bonusudeneme bonusu veren sitelerpaşacasinostarzbetMarsbahismarsbahisTarafbetTaraftariumonwin girişbetstarsbodogjoocasinoblizzcasinobitslotcasoojusbit.iomirax casinobitkingzmbitclubrichesinclavecasinosbetplay.ioonlineslotmachinesbets.ioresorts world casinoatlantic city casinosfanduel casinobitstarz casino real moneyoshifree slot gamescrypto casinosbitcoincasinobetus casinored dog casinono deposit bonus codes 2024online slots real moneyroulette casinooynabilmercurecasinobetyapankabahisregnobetboombetodeonbetyorkbetmavibetodeonbetistekbetbetebetkazansanacratosroyalsonbahisinterbahisceltabetbordobetlesabahisLucku Luke CasinoRaptor casinoTwin casinoBetoffice GirişCasibom girişmariobet twitterbetparkimajbetgüvenilir bahis siteleritrendyol indirim kodupendik evden eve nakliyattipobetPusulabettipobetbetsmoveCasibomstarzbettipobetstarzbetbetturkeybetturkey girişjojobetbetkommavibetbetistBahçeşehir Escortligobetpopsec.orgdeneme bonusudeneme bonusu veren sitelermaltcasinopalacebetnorabahismilosbetbetperbahigolordbahiscasinovalebetonredakcebetnoktabetcasibom girişMatadorbetXslotslot siteleri https://en-iyi-10-slot-siteleri.comsahabetstarzbet adamsah.nethilbetvenüsbetasyabahisbetkolikselçuk sportsbahis siteleriyouwinmariobet twittercasibommarsbahiscratosslotbetkomstarzbetstarzbetbetistbonusbayşanslıbetonredbetonredroketbetWinxbetBetsatBetexperNgsbahisceltabet girişbahiscombahiscom güncelbahiscom twittermarsbahisklasbahisbetkom girişby casinohttps://twitter.com/Ultrabetx_ultrabetBetco altyapılı sitelerbetkom girişmariobetholiganbetmariobet twitterholiganbetmariobet girişmariobetBaşakşehir escortonwingrandbettingtruvabetbahiscasinotarafbetbahiscommariobetbetistmarkajbetbetinematadornetcasibombelugabahisbetebet1xbetasyabahiscasinovalediscountcasinoelexbetfavoribahisesenyurt masaj salonubahiscombahiscombelugabahisbelugabahisbetistbetistceltabetceltabetklasbahisklasbahismariobetmariobetrestbetrestbettarafbettarafbettipobettipobetcasibomcasibomcasibomcasibomstarzbetsahnebetlimanbetredwinmatadorbetmatadorbetbetkombetkomsahabetvenüsbethilbetjasminbetpiabetartemisbetmaltcasinoasyabahisbetorspinbettiltmarkajbetbetkombelugabahisrestbetbetper
malatya escort pendik escort bayan antalya bayan escort ankara escort samsun escort bayan avcılar bayan escort anadolu yakası escort şirinevler escort bayan mersin bayan escort tuzla escort şişli escort bayan mecidiyeköy bayan escort
How Hot is Too Hot for Cats
Интегрален отчет на градоначалникот Филип Темелковски за сработеното во првата година од градоначалничкиот мандат

Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

 

 

 

 

  

Насловна

Интегрален отчет на градоначалникот Филип Темелковски за сработеното во првата година од градоначалничкиот мандат

Почитувани претставници на медиумите,

Пред една година на жителите на Општина Кисела Вода, на моите соседи, им ја презентирав својата визија, своето видување на Кисела Вода-како модерно, урбано место за живеење, во кое сите заеднички ќе се трудиме да наметнеме европски и светски стандарди.

И од првиот ден откако тие ми ја дадоа довербата, се зафатив со одговорна, чесна и домаќинска работа во насока на развој на она што за сите нас е ДОМ. Заедно со Советот, со општинската администрација, посветено работевме на подигнување на квалитетот на живеење на граѓаните. Една година е релативно кратко време за да можe да се зборува за комплетно сменет лик на општината, но сепак е доволен период за да говориме за конкретни резултати. За повеќе завршени проекти, за уште поголем број на отпочнати проекти на кои во моментов активно се работи, за трасирање на патот за решавање на заостанатите проблеми за кои е недозволиво да постојат во 21-виот век.

Во минутите што следат ќе потсетам на поставувањето на комплетна енергетска фасада и повеќето градежни зафати во ОУ Кирил Пејчиновиќ, термоенергетската фасада на ОУ Кузман Шапкарев, како и реконструктивните зафати во другите училишта, на наградувањето на најталентираните ученици на полето на науката, уметноста,културата и спортот и најдобрите наставници од основните училишта на територија на Општина кисела Вода. На преземањето на трошоците за физичко и патролно обезбедување на училиштата од страна на локалната самоуправа, на набавката на прочистувачи за воздух и мебел во градинките, за санација и рехабилитација на повеќе улици како Сердарот, Саса крак 32, како и асфалтирање и реконструкција на повеќе улици во сите месни и урбани заедници. Ќе проговориме и за комплетната реконструкција на водоводната мрежа во селото Дрчево од Порупи до Пеленица, како и за изведбата на атмосферска и фекална канализација на Рилски конгрес и Зеленгора 1. Ќе ја издвојам и реконструкцијата на детското игралиште во паркот Шопен, возобнувањето на училишниот спорт, материјалната поддршка на спортски клубови и спортски манифестации, формирањето на Советот на стопанственици, Ќе го издвојам и бројот на легализирани дивоградби кој само за една година изнесува една половина од бројот на решени предмети за претходните 6 години, како и други бројни проекти.

 Но дозволете ми малку подетално да ви презентирам само дел од сработеното во овие 365 дена.

-Големи беа заложбите за обезбедување на што подобри услови за најмладите, основците и дечињата во градинките. Токму затоа, градежно занатски и реконструктивни активности беа реализирани во сите основни училишта и градинки. Јас, ќе ги издвојам само покрупните.

 

-Со донација на Цементарница Усје, извршено е поставување на комплетна енергетско ефикасна фасада на ОУ Кирил Пејчиновиќ, со што ова училиште доби еден сосема нов лик, и она што е уште поважно, по оваа реконструкција ОУ Кирил Пејчиновиќ е комплетно енергетски обновен објект. Во овој училишен објект, Општина Кисела Вода ја реконструираше и спортската сала, отвори сензорна соба за ученици со посебни потреби, беа заменети и радијаторите, а беше обележано и спортското игралиште.

-Заврши поставувањето на енергетска фасада на ОУ “Кузман Шапкарев”. Средствата беа обезбедени како донација од Цементарница Усје и беа наменети за целосно нова енергетска фасада на ова училиште, на површина од 3.141 м2. Во моментов, во ова училиште Општина Кисела Вода работи на замена на дел од кровната конструкција.

- Во соработка со Министерството за образование и  ИППР Кина, Општина Кисела Вода продолжува со реализација на проектот за изградба на нова училишна фискултурна сала во состав на ОУ “Рајко Жинзифов”.

- Во  ООУ „ Св.Климент Охридски“, во завршна фаза е реконструкцијата на спортската сала, која опфаќа обнова на под, парно и стакла на прозорците.

Освен градежните работи во училиштата, преку бројни проекти работевме и на унапредување на наставниот процес и создавање на стимулативна средина и за учениците и за наставниците. Во таа насока, ги наградивме најталентираните 30 ученици  од областа на уметноста, науката и културата, а беше доделена и една групна награда. Награди добија и најдобрите наставници-вкупно 16 предметни и одделенски наставници од сите основни училишта на територија на општината. Сакам да нагласам дека оваа пракса ќе продолжи се до крајот на мојот мандат.

-Општина Кисела Вода за првпат во сите основни училишта кои се под нејзина надлежност ги презема трошоците за физичко и патролно обезбедување на учениците и објектите. Претходно оваа обврска беше на товар на родителите. Благодетите од обезбедувањето во сите 13 училишни објекти (централни и подрачни) ќе ги уживаат вкупно 5280 ученици, како и нивните родители.

 Од големиот  број на реализирани градежно-занатски и реконструктивни активности во јавните детски градинки во Општина Кисела Вода, ќе го издвојам следното:

 Во ЈДГ „Весели Цветови“

1.Набавка прочистувачи на воздух и мебел (креветчиња, шкафчиња, масички, столчиња и друг ситен инвентар), нови играчки и дидактички материјали во сите објекти на ЈДГ Весели Цветови

2. Во објект Сончоглед- варосување на ѕидови во занимални и ходници. Поставување на нови плочки

3.Во објектот Мимоза- варосување на кујна, сала и ходници.

4.Во објектот Синоличка-варосување на ѕидови во занимални и ходници и санирање на пукнатини на таваните.

 

Во ЈДГ „8 Март“

-Набавка на прочистувачи на воздух во неколку објекти во ЈДГ 8 Март

-Набавка на мебел (креветчиња, шкафчиња, масички, столчиња и друг ситен инвентар) за сите објекти во ЈДГ 8-ми Март.

-Набавка на кујнска опрема, ситен инвентар, теписони, косилки, униформи за вработени

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Во насока на подигнување на безбедноста на учениците и дечињата, набавивме и монтиравме сообраќајни знаци и сообраќајни огледала, а извршивме и обележување на хоризонтална сигнализација-пешачки премини во близина на училиштата и градинките.

Воедно, не ги заборавивме и нашите најмлади жители. Во првата година од мојот мандат, 400 семејства со новороденче добија ваучери од Општина Кисела Вода.

Од позначајните проекти од секторот за комунални работи, сакам да го  издвојам следново:

 

- Успешно беше реализиран проектот “Рехабилитација на ул. “Сердарот””, за што, по апликацијата на Општина Кисела Вода и беа одобрени средства од ЕУ ИПА грантот за рурална инфраструктура, во висина од 120.000 евра. Реализацијата на проектот беше преку проектот на Светска Банка, а за целосно заокружување на финансиската конструкција, од буџетот на Општина Кисела Вода за 2018 година беа обезбедени дополнителни 2.450.000 денари. На оваа улица, од страна на Општината, беа поставени и нови тротоари.

-Санација беше извршена на улицата Саса, крак 32, во должина од преку еден километар

-Паралелно беа асфалтирани и повеќе улици во Стакларница, во село Усје и во селото Драчево

-Кога зборуваме за санација на улици, треба да ги споменам и улиците Локов и Пушкинова, дел од улица Христо Татарчев, крак 24 во населбата Припор. На оваа улица беше изведено гребење на стариот и поставување на нов асфалт, исто како и на два дела од улицата Христо Татарчев крак 22 и на улицата Студеничанска во селото Драчево. На последниве две улици беше извршено крпење на ударни дупки, како и улиците Киро Фетак, Јабланица, ул. 1438, Козјак , ул. 1519, ул. 1510.

-Неделава отпочна реконструкција на коловозот и тротоарите на улицата Рилски конгрес во населбата Црниче. Во населбата Пинтија се реконструираше и се поплочува со павер елемени, крак на улицата Саса 2. Се изврши реконструкција и санација со павер елементи на улици и тротоари во селото Драчево, конкретно на улиците Сердарот, крак 1, крак 2, 3, 4, 5 и 6, како и крак од улицата Иван Хаџиниколов. Во населбата Драчево, пак, со вакви зафати беа опфатени краците 1, 2, 3, 4 и 4а од улицата Киро Фетак, како и на кракот 1 од улицата Малешевска. Воедно, во населбата Пинтија се изврши санација на оштетен дел од плато пред црката Свети Еремија, а изведен беше и потпорен ѕид во населбата Усје. Подготвителни работи за потпорен ѕид се извршија и на улицата Христо Татарчев крак 14 во населбата Припор.

-На цела територија на општина Кисела Вода, на повеќе локации беше поставена нова урбана опрема, додека постоечката беше одржувана и по потреба санирана. Она што сакам да го издвојам е реконструкцијата на детското игралиште во паркот Шопен каде се поставени нови реквизити и нова урбана опрема. Одржувани беа и другите детски и спортски игралишта, вршевме санирање на мостови, како оној на Црниот канал на улица Киро Фетак. Работевме и на одржување на постоечките фонтани,улични чешми и каптирани извори, едновремено работејќи и на подигнување на свеста кај граѓаните, кои за жал често ги уништуваат.

 

-Извршивме комплетна реконструкција на водоводната мрежа во селото Драчево, на потегот од Порупи до манастирот Св. Руса на Пеленица, со што после 12 години манастирот доби вода. Во изградба е водоводна мрежа на крак на ул. Банско. На крак од оваа улица, на потегот од ул. Востаничка до улицата Рилски конгрес беа изведени и атмосферска и фекална канализациона мрежа. Атмосферска и фекална канализација доби и улицата Зеленгора 1, пристапна улица 3, во населбата Црниче.

Не изостана грижата и за јавното осветлување. Продолжени беа голем број на линии за улично осветлување. Уличните светилки заменети со нови, а реагиравме со брза санација секогаш кога  на одредена локација во општината ќе се појавеше дефект.

Интензивно се работеше на подобрувањe на јавната чистота во овој дел од градот. Покрај редовните активности за чистење на отворените канали Мала Рада и Црниот канал во селото Драчево, повеќе пати редовно, а по потреба и почесто, ги чистевме и дивите депонии. Ќе споменам дека ја исчистивме депонијата позади Флетајрон, ја исчистивме депонијата на улицата Герника, каде се наоѓа последната постојка за автобусот со број 41, а овој простор и партерно и хортикултурно се уредува задно со ЈП Паркови и зеленило, со што оваа локација ќе добие комплетно нов и подобрен лик. Редовно се чистеа јавните површини, се косеше тревата, се сечеа суви гранки, на повеќе пати се организираа и акции за собирање на кабаст отпад. Во цифри, во текот на оваа година се собрани преку 1100 тона отпад. Беа извршени пролетна и есенска системска дератизација со поставување на мамци во шахти на територија на сите месни и урбани заедници во општина Кисела Вода.

За социјално загрозените жители на општината, набавивме и им поделивме огревно дрво во вредност од 1 милион денари.

 

Многу внимание посветивме на вложувањата во спортот, како неопходност за правилен раст на децата и младите, како наша иднина. Тргнувајќи од таа премиса, на полето на спортот, го реализиравме следново:

 

-Го возобновивме училишниот спорт. По регистрирањето во Централен регистар, беа формирани лиги во мал фудбал, одбојка и кошарка и беше одигран лига систем со плеј оф завршница

- Во двете спортски сали Независна Македонија и Архиепископ Доситеј беше реализиран Куп на општина Кисела Вода “Св Ѓорѓи”. Селекции на талентирани ученици од четири општини се натпреваруваа во мал фудбал, кошарка и одбојка. Беше одржан и состанок со претставници на општините Центар, Бутел и Аеродром. Се одржа куп систем во мал фудбал, кошарка и одбојка.

-Обезбедивме материјална поддршка на спортски клубови и спонзориравме спортски манифестации. Доделената материјална помош е во висина од  2.500.000 денари на вкупно 13 спортски клубови, кои опстојуваат на територијата на општина Кисела Вода и се натпреваруваат во најсилните спортски лиги. Доделена е и материјална помош од вкупно 1.355.000 денари на вкупно 8 спортски манифестации кои се одржуваат на територијата на општината Кисела Вода. Воедно, Општина Кисела Вода додели парична награда на 55 спортски таленти поединечно и една екипна награда  од основните училишта кои гравитираат на територијата на Општина Кисела Вода.

-Успешно го реализиравме проектот “Спорт за сите деца и граѓани”. Главен приоритет на овој проект е обезбедување на масовно спортување во клубови државни шампиони РК Вардар, ЖОК Јанта Волеј, ЖКК Бадел, Сојуз на педагози на ОКВ по субвенционирани цени, како и развој и унапредување на спортот и стекнување на спортски навики.

-Во текот на целата година течеше проектот “Спортска академија на Oпштина Кисела Вода”.Преку истата беше овозможено организирано присуство на ученици на  натпревари во Лигата на шампионите во ракомет, на натпревари на националните натпревари, на клубови од општина Кисела Вода, како и организирани посети на училиштата од страна на наши врвни  спортски репрезентативци од повеќе спортови.

-Успешно го реализираме и проектот “Спортуваме -Другаруваме”, наменет за лицата за посебни потреби. Во Кисела Вода има две такви училишта за деца и младинци со посебни потреби ,,Д-р Златен Стремец“ и ,,Димитар Влахов“. Општината организира натпревари во неколку спортови по избор на стручни лица.

 

Општина Кисела Вода реализираше и бројни проекти од сферата на културата, како „Пушкинови денови“,„ Ден на музиката на Шопен“, „ Мултимедијален хепенинг на отворен простор, одбележувањето на Националниот ден на Унгарија, одбележување на 63-тиот роденден на Општината 29-ти јуни, како и патронатот Ѓурѓовден 6-ти Мај. Летово се одржа и културното лето “Три круши” на истоимениот културно верски рекреативен објект во село Драчево, а беа поставени и спомен – обележја на на доајените на македонската народна музика Пеце Атанасовски и Никола Бадев на локација во Парк „ Македонија“.

-Реализирани беа и повеќе проекти од областа на социјалната заштита за подигнување на јавната свет кај граѓаните за социјално чувствителните прашања

Согласно дадените ветувања, на повеќе локации, паркови, игралишта, поставивме бесплатни безжични интернет зони, со што жителите на Опшина Кисела Вода и надвор од својот дом преку својот смарт телефон можат да бидат во контакт со светот.

-Значајно ветување во мојата програма беше подобрувањето на деловната клима во општината, редовни средби со бизнис заедницата и заедничко решавање на проблемите и предизвиците со кои се соочуваат стопанствениците, а се во делокруг на активностите на локалната самоуправа. Во таа насока, формиран е Совет на стопанственици на Општина Кисела Вода и реализирани се повеќе средби.

-Во соработка со УНДП, Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на РМ, по 4-ти пат во тек е реализација на проектот Општинско корисна работа, преку кој се ангажирани 26 лица кои се активни баратели на работа, како лични асистенти, образовни асистенти и негувателки во основните училишта и јавните детски градинки на територија на Општина Кисела Вода.

Во текот на годината, со цел реализација на повеќе проекти во интерес на нашите жители, беа потпишани бројни меморандуми и договори со повеќе субјекти, на кои во моментов сакам да им се заблагодарам. Тоа се Волонтер центар, UN Woman, American College, Факултетот за земјоделски науки, КРИК-младински центар, Здружението на пензионери од Кисела Вода, Црвениот Крст на Кисела Вода, повеќе Амбасади и многу други кои во текот на моето излагање ги споменав и со кои се надевам плодната соработка ќе продолжи и во годините што доаѓаат. 

Во рамки на Секторот за урбанизам и просторно планирање, сакам да ве известам дека во моментов, во постапка е ДУП за Градска четврт Ј20 БЛОК 04, по што граѓаните ќе можат да ги кажат своите забелешки на јавна анкета. Во завршна фаза е ДУП за градска четврт Ј14. Се работи на урбанистичкиот план за селото Драчево, како и за РеонЈИ, четврт ЈИ08.

Во процедура се :

ДУП блок Ј20.03, четврт Ј20, реон Ј,

ДУП блок Ј20.02, четврт Ј20, реон Ј,

ДУП блок15.01, четврт Ј15, реон Ј

ДУП блок15.04, четврт Ј15, реон Ј

ДУП блок15.05, четврт Ј15, реон Ј

ДУП Реон Ј20, Реон Ј, блок20.10

Во поглед на барањата за легализација, сакам да истакнам дека од вкупно пристигнатите 11.884 барања за утврдување на правен статус кои датираат од 2011 година, кога го презедов мандатот решени беа 5705 предмети. За само една година, сакам да ве информирам дека решивме 2414 предмети,  односно за само една година успеавме да решивме ½ од бројот на барањата за легализација кои биле решени во претходните 6 години.

Исто така, издадени се околу 2500 изводи од планови и уверенија, а завршени се и 250 предметни барања поднесени преку системот е-одобрение за градба.

На самиот крај, сакам да ви претставам и неколку проекти на кои ќе се фокусираме во новата година што е пред нас.

-Ќе започнеме со изградба на фекална канализација на дел од улица Методија Патчев во населбата Драчево. Паралелно, на оваа локација ќе се гради и водоводна мрежа.

-Во тек е реализацијата на третата фаза од реконструкцијата на дел од пристапен пат до рекреативниот центар “Теферич”. Проектот се спроведува во соработка со Центарот за Скопски плански регион, по одобрувањето на доставената апликацијата од страна на Бирото за регионален развој. По реализацијата на оваа фаза, пристапниот пат до рекреативен центар ,,Теферич'' ќе биде целосно реконструиран.

-2019-та година ќе ја одбележи и отпочнувањето на големиот проект за изградба на атмосферска канализација во населбата Пржино.

-Целосно е подготвена документација за изградба на две нови градинки. За првата, во населбата Драчево, веќе е изготвен основен проект, а за втората која треба да биде лоцирана во населба 11 Октомври Згради се подготвува проектно-техничка документација.

-Поради појава на свлечиште што ја загрозува безбедноста на граѓаните, ќе пристапиме кон изградба на потпорен ѕид на улица Христо Татарчев крак 14 во Припор.

-Во соработка со Град Скопје и Шумарскиот факултет, во фаза на подготовка е изработка на студија за санација на ерозивното подрачје на Теферич, што се појави како последица на изградбата на патот кон Сончев Град.

-Со катастарот на загадувачи, кој во моментот се одвива на територија на општината, и чие завршување се планира кон крајот на месец мај, ќе се добие база на податоци на сите деловни субјекти, со типот на производство, капацитетот, број на вработени и др. Истите податоци ќе бидат достапни до граѓаните, бидејќи ќе бидат поставени на веб страната на општината.

Подготвени се проекти за општа енергетска контрола и проекти за енергетска обнова на ЈДГ “Весели Цветови” – објект Мимоза и ЈДГ “Весели Цветови” – објект Сончоглед.

-Евалуација и продлабочување на процесот на инклузија и вклучување на дефектолози во работата со деца со посебни потреби

-Спроведување на проект “Кисела Вода се грижи-самохраните родители и нивните деца се рамноправни граѓани на нашата општина”

Подготвена е апликација до агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за мерка 322, која се однесува на подготовка на Детални урбанистички планови за с. Усје и с. Драчево.

Подготвена е апликација до агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за мерка 323, проект за реконструкција на патот до Туристичко верско рекреативниот центар Три Круши, с. Драчево

 Почитувани, на истекот од мојата прва година како градоначалник на Општина Кисела Вода би сакал да им се заблагодарам и на Советот на Општина Кисела Вода и советниците, без чија поддршка сите овие реализирани проекти немаше да бидат можни. На 16-те седници колку што беа одржани, усвоени беа 151 акт кои имаат за цел исклучиво да им го подобрат животот на жителите на општината. Воедно, би сакал да се заблагодарам и на Владата на РМ, Градот Скопје, на сите претпријатија во нивна надлежност, на сите Министерства за укажаната поддршка и соработката, како и на сите граѓани, кои секојдневно се тука како наш партнер во идентификувањето на приоритетите на оваа локална самоуправа. Дека ги имаме како рамноправен партнер, потврдува и фактот што во моментов, додека го подготвуваме Буџетот за 2019 година најпрво одржавме средби со сите нив, во нивните месни и урбани заедници за во прво лице да ги слушнеме нивните барања и потреби, одржавме работни состаноци и со граѓанскиот сектор и спортските здруженија, се со цел, Буџетот да биде скроен по мерка на оние за кои е наменет-жителите на Општина Кисела Вода.

 

Почитувани,

Пред една година ветив ЖИВОТ ВО КИСЕЛА ВОДА ЗА СИТЕ, денешниов отчет, е уште една потврда дека стојам на дадениот збор! Ви благодарам!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

 

 

 

 

 

   

 

 

 

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости