Насловна
Во спортската сала „Независна Македонија“ во Кисела Вода утре со почеток во 10:00 часот ќе се одржи Меѓународен турнир во џиу-џица „Скопје опен“.
На овој турнир кој се одржува по деветти пат ќе учествуваат 250 спортисти од 25 клуба од 10 земји: Словенија, Турција, Бугарија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Р. Српска, Албанија, Грција и од Македонија. Додека, на борилиштата правдата ќе ја делат 16 интернационални судии. Турнирот кој е во организација на Македонската џиу-џица федерација свечено ќе го отвори градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски. На овој настан ќе присуствуваат претседателот на Советот, Дарио Шимиќ и секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски.