Насловна
По повод одбележувањето на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје од фашистичкиот окупатор денеска Општина Кисела Вода Вода во соработка со Волонтерски центар - Скопје, во ЈДГ „8 Март“, објект „Расадник“ организираше настан насловен „Слободно Скопје, чисто Скопје“. Истиот има за цел подигнување на свесноста на граѓаните за заштита на животната средина и соодветен менаџмент со отпадот.
Градоначалникот Филип Темелковски, претседателот на Советот Дарио Шимиќ, секретарот на Општината, Александар Алексовски заедно со повеќе волонтери од земјава и странство спроведоа активности за цртање на подземните контејнери во близина на градинката.
Додека, на ѕидот на градинката насликаа графит преку кој се испраќа порака до граѓаните за совесно однесување и создавање на поздрава и почиста животна средина.
Овој настан беше збогатен со присуството на дечињата од објектот „Расадник“, кои пред градоначалникот Темелковски сликаа цртежи кои испраќаат пораки за зачувување на природата.
Присутни на настанот беа и членовите на Советот на Општина Кисела Вода, Зоран Ацевски и Дарко Филиповски.