• Реновирана спортската сала во ООУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево

    Општина Кисела Вода инвестираше во целосна обнова на училишната сала во од ООУ “Св. Климент Охридски”

  • Општина Кисела Вода сади 160 високо стеблести дрва на својата територија

    Општина Кисела Вода спроведува активности за садење на разни видови на високо стеблести дрва за парковско уредување на својата територија.

  • Францускиот амбасадор ја посети општината

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во својот кабинет оствари работен состанок со амбасадорот на Франција, неговата екселенција, Кристијан Тимоние.

  • Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ поставена е нова термоенергетска фасада

    Со завршување на градежните активности ООУ Кирил Пејчиновиќ доби нова термоенертетска фасада

 

 

Насловна

Меѓународниот ден на лицата со попреченост со свечена манифестација се одбележа во Кисела Вода

Одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост продолжи и денеска во Кисела Вода.

За таа цел , во спортската сала „Независна Македонија“ во организација на Агенцијата за млади и спорт и Општина Кисела Вода се одржа манифестација на која учествуваа деца од повеќе училишта за лица со попреченост, кои пред министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски изведоа повеќе музички и  уметнички перформанси.

На настанот присуствуваа и Александар Алексовски, секретар на Општина Кисела Вода, Стамат Стаматовски, член на Советот на Општината, како и претставници од невладини организации и директори на училиштата кои беа вклучени во истиот.

Манифестацијата свечено ја отвори министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска која пред присутните во своето обраќање истакна дека заеднички треба да работиме на тоа да го подобриме живеењето во општеството за сите граѓани. Во исто време Царовска повика сите ние да ги прифатиме различностите и дека сите мерки кои се преземаат на тоа поле имаат поддршка од премиерот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

- Сите мерки на светот можеме да ги донесеме во Македонија ама ако ние граѓаните не се прифатиме со различностите и не си помагаме да живееме квалитетно и добро во општината каде што припаѓаме ниедна мерка нема да ни помогне, нагласи министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

-Ми претставува задоволство што денеска сме организатори на овој настан по повод 3-ти Декември,  Ден на лицата со посебни потреби, ние секојдневно треба да се заложуваме да правиме што е можно повеќе вакви настани се со цел поголема инклузивност на дечињата со посебни потреби, - истакна Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт.   На крајот, Каевски нагласи дека Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи да им дава поддршка на лицата со попреченост.

Додека, градоначалникот на Општина Кисела Вода пред пристуните кажа дека како и досега така и во иднина ќе продолжи да работи во насока на подобрување на условите за лицата со посебни потреби.

-Благодарност до Агенцијата за млади и спорт што одлучи овој настан да се одржи во Општина Кисела Вода,  каде што има училишта за децата со попреченост со коишто постојано соработуваме во сите проекти кои ние ги правиме како општина.  Сакам да нагласам дека во иднина ќе продолжиме да вложуваме максимални напори да создадеме соодветни услови за сите наши сограѓани. Наша обврска како политичари е да ги рушиме бариерите, да покажеме дека во нашата држава создававме  услови за сите подеднакво, - истакна градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски.

На крајот од оваа манифестација насмеаните дечиња на градоначалникот и на директорот на Агенцијата за млади и спорт им подарија новогодишни честитки.

Воедно, присутните имаа можност на поставените штандови да си купат новогодишни украси.

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Утре дел од Драчево без струја https://t.co/jAUrow3lgu
8hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода го одбележа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик https://t.co/FDBdOCbMiL
14hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Утре дел од Кисела Вода без струја https://t.co/4m8Ie0mPGb