Насловна
Општина Кисела Вода информира дека утре во временскиот период од 08:30 до 13:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат дел од улиците: „Јустинијан Први“ и „Речиште“ после училиштето во село Драчево, како и дел од ул. „Студеничанска“.
Од РЦУК - Скопје соопштија дека прекините ќе бидат заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.