Насловна
„Културното лето Општина Кисела Вода 2019“ продолжува со познати музички имиња и одлична забава.
Денес во паркот „Македонија“ публиката ќе има можност да ужива во настапите на популарните македонски ѕвезди Александар Митевски, Драган Спасов-Дац и Кристина Арнаудова. Утре на свеченото затворање на културната манифестација, на месноста „Три круши“ концерти ќе одржат Мики Јовановски-Џафер, Искра Трпева, КУД „Китка“ и Ѓоко Танески. Концертите на двете локации ќе почнат во 20:00 часот.