• Жителите на Пинтија ќе добијат асфалтирани улици и атмосферска канализација

    Жителите на Пинтија на потегот од ул. „Саса 2“ до крстосницата со „Јабланица“ ќе добијат целосно реконструирана улица.

  • Децата и вработените во објектот „Мимоза“ на ЈДГ „Весели цветови“ ќе добијат подобри услови

    Градоначалникот Филип Темелковски потпиша договор за реализација на проект за енергетска обнова на ЈДГ „Весели цветови“, објект „Мимоза“.

  • Целосно е реновирана спортската сала Независна Македонија

    Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти - Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“

  • Градоначалникот Филип Темелковски во Владата на РСМ потпиша договор за набавка на товарно возило – кипер

 

 

Насловна

Традиционален турнир на лицата со инвалидност под покровителство на Општина Кисела Вода по повод 3-ти декември

По повод Одбележувањето на 3-ти декември, Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди на Кисела Вода одржа двонеделни турнири за своите членови и спортистите со инвалидност од град Скопје и најдобрата екипа во ГОЛБАЛ (Фудбал за слепи и слабовидни лица).

Овие натпревари, опремата и наградите, како и завршниот чин на 3-то декемвриските турнири беа под покровителство на Општина Кисела Вода на чело со градоначалникот Филип Темелковски и со поддршка од Директорот на Агенцијата за Млади и спорт на Република Северна Македонија, Дарко Каевски.

Градоначалникот Темелковски го отвори турнирот и ги додели наградите на спортистите, додека директорот на Агенцијата за Млади и Спорт, Каевски ги додели дипломите на првонаградените и го затвори турнирот.

Во двонеделното одржување на турнирите продефилираа околу 134 учесници во повеќе дисциплини: шах за сите лица со инвалидност, пикадо за слепи и слабовидни лица, пикадо за лица со телесна инвалидност и глуви лица, пикадо за лица со психофизичка попреченост, пинг понг за лица со телесна инвалидност, глуви лица и лица со психофизичка попреченост, стрелаштво за лица со телесна инвалидност и глуви лица, голбал за слепи и слабовидни лица  и забавни игри (домино, бриџ и јамб).

 33 натпреварувачи се закитија со трите највредни одличја.

ССРИ- Кисела Вода може слободно да се пофали од успешно завршената  година на спортски план и постигнатите поединечни и екипни успеси во сите спортови, на одржаните Државни првенства, Лига натпреварите во пинг понг, турнирите во спортско стрелаштво, натпреварите во шах и голбал за слепи лица и се помасовно вклучување на младите во спортот и рекреацијата на лицата со инвалидност.

 

На свечениот чин на затворањето на 3-то декемвриските турнири, градоначалникот на Општина кисела Вода Филип Темелковски и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски на присутните спортисти им ветија дека ќе продолжат да работат на подобрување на условите за спортување во постоечките и ќе се заложат за изградба на нови спортски објекти.

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода со голем број волонтери и ученици спроведе еколошка акција https://t.co/RSIOWdD6ki
13hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Учениците од ООУ „Рајко Жинзифов“ од населба Драчево го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со попреченост https://t.co/wN6gkH3FQ5
O_KiselaVoda Градоначалникот Филип Темелковски беше во работна посета на фирми од општината https://t.co/LXcCuhH04p