Насловна
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски со претседателот на Синдикалната организација-Кисела Вода, Александар Алексовски и со претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓаните на Република Северна Македонија – УПОЗ, Пецо Грујовски потпиша Колективен договор, од кој бенефит ќе имаат сите вработени во Општината.
Имено, договорот е потпишан врз основа на претходно потпишаниот договор помеѓу Владата на РСМ и УПОЗ, после точно 25 години.