• Жителите на Пинтија ќе добијат асфалтирани улици и атмосферска канализација

    Жителите на Пинтија на потегот од ул. „Саса 2“ до крстосницата со „Јабланица“ ќе добијат целосно реконструирана улица.

  • Децата и вработените во објектот „Мимоза“ на ЈДГ „Весели цветови“ ќе добијат подобри услови

    Градоначалникот Филип Темелковски потпиша договор за реализација на проект за енергетска обнова на ЈДГ „Весели цветови“, објект „Мимоза“.

  • Целосно е реновирана спортската сала Независна Македонија

    Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти - Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“

  • Градоначалникот Филип Темелковски во Владата на РСМ потпиша договор за набавка на товарно возило – кипер

 

 

Насловна

Учениците од Кисела Вода ги покажаа своите шаховски способности

Вчера во големата сала на Општина Кисела Вода, ученици од општинските основни училишта ги покажаа своите шаховски способности.

На турнирот, на кој беа откриени нови таленти се натпреваруваа вкупно 46 деца, од кои 24 беа од 5, 6 и 7 одделение, а 22 играа во конкуренција на ученици од 8 и 9 одделение.

Ученикот Матеј Илиевски со максимални 5 бода од 5 дуели без досегашна шаховска едукација беше препознаен како нов талент, а по него своите спостобности за игра ги покажаа и Христијан Андоноски со 3,5 бода и Милан Сегер како претставник од поголемата група играчи со 3 бода, но поради тај-брејк правилата стигна до медал за 3 место. Александар Стојчески и Стефан Дојчиновски, кои иако беа во конкуренција на играчи до 5 одделение, во игра со повозрасните освоија вкупно по 4 бода. За ова, тие беа наградени во својата старосна категорија, повторно подредени согласно тај брејк правилата.

Во категоријата на највозрасни ученици од 8 и 9 одделение, доминираше членот на ШК „Алкалоид“, Дино Табаковски, кој успеа да стигне до максимални 5 бода од 5 партии. Додека второто место го поделија Андреј Гроздановски и Бојан Цветковски со по 4 бода, со што исто така се етаблираа како идни надежи во древната игра. Одличната игра на децата ја проследија велемајсторите Роландо Кутиров и Драгољуб Јаќимовиќ.

На крајот од натпреварувањата претседателот на сојузот за училишен спорт на Кисела Вода, Јовица Ефтовски, и секретарот на Општината, Александар Алексовски на најуспешните им поделија медали и дипломи за постигнатиот успех.

Одржувањето на турнирот со свои производи го помогнаа фирмите „Магрони“ и „Гранд експорт“.

Со цел да открие нови таленти, Општина Кисела Вода во соработка со Сојузот за училишен спорт на Кисела Вода по долга пауза успешно ги врати традиционалните шаховски натпреварувања во општината.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa