• Жителите на Пинтија ќе добијат асфалтирани улици и атмосферска канализација

    Жителите на Пинтија на потегот од ул. „Саса 2“ до крстосницата со „Јабланица“ ќе добијат целосно реконструирана улица.

  • Децата и вработените во објектот „Мимоза“ на ЈДГ „Весели цветови“ ќе добијат подобри услови

    Градоначалникот Филип Темелковски потпиша договор за реализација на проект за енергетска обнова на ЈДГ „Весели цветови“, објект „Мимоза“.

  • Целосно е реновирана спортската сала Независна Македонија

    Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти - Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“

  • Градоначалникот Филип Темелковски во Владата на РСМ потпиша договор за набавка на товарно возило – кипер

 

 

Насловна

Жителите на Кисела Вода на 16.000 м2 ќе добијат нова зелена парковска површина

Денеска градоначалниците на Општина Кисела Вода и на Град Скопје, Филип Темелковски и Петре Шилегов направија увид во работните активности за изградба на нов парк, лоциран покрај железничките пруги во урбаната заедница „11 Октомври - бараки“.

„Покрај инвестицијата што градот Скопје ќе ја направи во парковското уредување, ние како Општина партерно ќе го уредиме просторот заедно со детско игралиште и парк за миленичиња така што овој парк ќе биде една целина, која што ќе може да ја користат сите граѓани од сите возрасти“ - изјави градоначалникот Филип Темелковски.

Градоначалникот Темелковски истакна дека е благодарен на Градот Скопје за сите досегашни инвестиции на територијата на Општина Кисела Вода. Градоначалникот нагласи дека и во иднина преку соработка со Градот ќе продолжи разубавувањето на општината.

Градоначалнкот Петре Шилегов истакна дека на површината која беше голема дива депонија и запуштен простор граѓаните ќе имаат нов урбан парк кој ќе биде партерно и хортикултурно уреден, место каде што тие ќе рекреираат и шетат со своите дечиња. Градоначалникот Шилегов нагласи дека паркот ќе имаа детско игралиште и истиот ќе го збогатат 500 нови садници, од кои 350 листопадни и 150 зимзелени дрва.

​Општината во соработка со Градот Скопје, на 16.000 м2 ќе направи нова зелена површина која ќе се наводнува со современ автоматски систем. Покрај зеленилото, наскоро најголемата напуштена површина ќе ја збогати нова урбана опрема. Ќе бидат поставени клупи и летниковци за одмор и дружба, за најмладите жители на Општината ќе биде изградено ново детско игралиште, а со цел за развивање на спортот во план е да се направат и фитнес зони. Додека за сопствениците на миленици ќе биде изграден парк.

Локалната самоуправа во соработка со Агенцијата за млади и спорт, во должина од повеќе од 2 километри целосно ќе ја реконструира трим патеката, која почнува од влезот на Кисела Вода и завршува на булеварот Србија, во Општината Аеродром. Во периодот што следува нов парк ќе биде изграден и во урбаната заедница „Цветан Димов“.  

По завршувањето на градежните работи граѓаните ќе имаат место плус за спортски активности и релаксација.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa