• Жителите на Пинтија ќе добијат асфалтирани улици и атмосферска канализација

    Жителите на Пинтија на потегот од ул. „Саса 2“ до крстосницата со „Јабланица“ ќе добијат целосно реконструирана улица.

  • Децата и вработените во објектот „Мимоза“ на ЈДГ „Весели цветови“ ќе добијат подобри услови

    Градоначалникот Филип Темелковски потпиша договор за реализација на проект за енергетска обнова на ЈДГ „Весели цветови“, објект „Мимоза“.

  • Целосно е реновирана спортската сала Независна Македонија

    Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти - Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“

  • Градоначалникот Филип Темелковски во Владата на РСМ потпиша договор за набавка на товарно возило – кипер

 

 

Насловна

Општина Кисела Вода со поддршка од UN Women и Општина Струмица ја унапредува родовата еднаквост

Вработени од Општините Кисела Вода и Струмица во рамките на проектот на UN Women „Промоција на родовo одговорни политики и буџети: Кон транспарентно, инклузивно и одговорно управување“ дискутираа и разменуваа мислења за унапредување на родовата еднаквост.

За оваа цел, градоначалникот Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ и секретарот, Александар Алексовски во просториите на Општина Струмица остварија работна средба со струмичкиот градоначалник, Коста Јаневски и со претседателот на Советот на Општината, Марјан Даскаловски.

Заради тоа што Општина Струмица е прва општина во државата која ја изготви првата локална стратегија за родова еднаквост во рамките на проектот на UN Women „Промоција на родово одговорни политики во Југоисточна Европа и Република Молдавија“, претставниците од Општина Кисела Вода имаа можност од градоначалникот Јаневски и претседателот на Советот, Даскаловски да слушнат искуства и повеќе да се информираат за економското засилување на жените во Општина Струмица, за спречување на родово базирано насилство, за родовото одговорно буџетирање, како и за повеќе теми поврзани со родовата еднаквост.

На средбата, градоначалникот Коста Јаневски нагласи дека Општина Струмица во секојдневното работење, но и при реализација на општинските проекти, секогаш им дава еднакви можности на сите без никаква дискриминација.

Обуката одржана во Струмица, во организација на UN Women ја водеше тим на експерти за родово одговорно буџетирање.

Општина Кисела Вода како и досега така и во иднина нема да дозволува нееднаквост и дискриминација на ниедна основа. Општината продолжува да работи во насока на промовирање на родовата еднаквост и рушење на предрасудите.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa