• Жителите на Пинтија ќе добијат асфалтирани улици и атмосферска канализација

    Жителите на Пинтија на потегот од ул. „Саса 2“ до крстосницата со „Јабланица“ ќе добијат целосно реконструирана улица.

  • Децата и вработените во објектот „Мимоза“ на ЈДГ „Весели цветови“ ќе добијат подобри услови

    Градоначалникот Филип Темелковски потпиша договор за реализација на проект за енергетска обнова на ЈДГ „Весели цветови“, објект „Мимоза“.

  • Целосно е реновирана спортската сала Независна Македонија

    Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти - Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“

  • Градоначалникот Филип Темелковски во Владата на РСМ потпиша договор за набавка на товарно возило – кипер

 

 

Насловна

Извршена е енергетска обнова на градинката „Мимоза“

Денеска градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски заедно со министерката за финансии, д-р Нина Ангеловска ја посети реновираната градинка „Мимоза“, лоцирана спроти ТЦ „Шампионче“.

Во објектот „Мимоза“, кој е во склоп на ЈДГ „Весели цветови“ со грант средства од 4,7 милиони денари од Проектот за подобрување на општински услуги - МСИП, извршена е целосна енергетска обнова, поставена е нова фасада со термичка изолација, заменети се прозорците, надворешните врати и олуци.

Додека во внатрешниот дел од градинката поставена е нова плафонска изолација. Со ова обезбедени се потопли простории за вработените и дечињата кои поголемиот дел од денот го поминуваат во градинката.

„Со грант средства од 4,7 милиони денари од Проектот за подобрување на општинските услуги - МСИП, извршена е енергетска обнова на градинката „Весели цветови“ во Кисела Вода, која ја посетуваат околу 190 деца. Преку МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии, со поддршка на Светска банка, во моментов се реновираат и опремуваат уште пет градинки, со што ќе се обезбедат подобри услови за околу 1.100 деца кои ги посетуваат истите. Инвестициите во човечки капитал се неопходни за да се подобри продуктивноста на населението на долг рок. Градинките, односно предучилишната грижа, се од големо значење, бидејќи тука се остварува првиот контакт на децата со институциите и нивниот вовед во образованиот процес. Предучилишното образование е значајно за социјализација на децата, за стекнување самодоверба, когнитивни вештини, како и основа за понатамошниот образовен процес, особено ако се земе предвид дека најголем дел од развојот на мозокот на децата се случува до возраст од 5 години.Во Сопиште, Чаир и Василево е планирана изградба и опремување на градинките, во Делчево реконструкција и адаптација на постоечки простор и набавка на опрема, во Струмица, Гостивар и Ѓорче Петров доградба и набавка на опрема, во Гостивар, с. Бањица и во Илинден набавка на опрема за тамошните градинки,  а во Општина Илинден покрај набавка на нова опрема, предвидени се и машински инсталации. Децата се нашата иднина и преку вложувањето во образованието, здравството и социјалата вложуваме во целосно искористување на нивниот потенцијал, кој согласно денешните мерења е само половина искористен“ - рече министерката за финансии д-р Нина Ангеловска.

„Денес дечињата и вработените од објектот „Мимоза“ при ЈДГ „Весели цветови“ добиваат видно подобрени услови за престој и работа. Со проектот за енергетска ефикасност кој се работеше во изминатите месеци, објектот „Мимоза“ доби нова фасада со термичка изолација, нови прозорци, надворешни врати и олуци. Во внатрешниот дел на градинката се постави плафонска изолација. Инвестирањето во подобрување на условите во градинките, во обновување на секој постечки капацитет, како и отворањето на нови капацитети покажуваат дека се грижиме за нашите најмлади, за нивното здравје, раст и развој. Од тука само ќе потсетам дека започнавме со изградба на нова градинка во населбата Драчево за 125 дечиња, за која благодарност морам повторно да изразам до Светската банка за кредитот преку кој ќе се спроведе Проектот за подобрување на општинските услуги. Исто така сакам да најавам изградба на сосема нова градинка во Расадник. Грижата за нашите жители продолжува, а ветувањата стануваат реализирани проекти“ - кажа градоначалникот Филип Темелковски.

Општина Кисела Вода не запира, продолжува да инвестира, да обезбедува подобри услови за децата во градинките.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa